логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ЗОШТО МОЈАТА МОЛИТВА НЕ Е УСЛИШЕНА?
 
Драг баќушка!

Сега Црквата поминува низ Големиот пост, за  да „влезе во радоста на својот Господ“,  во великата Пасхална ноќ.
Повеќе пати сум слушала од другите луѓе, дека тие се грижат за тоа каква благодат ќе им даде Бог на Пасха.
Јас го молам Бог да  ми даде радост на празникот, но секој пат доживувам разочарување – дури до солзи.
Знам дека не треба да се очајува, особено не на таков ден, но мојата душа без утеха тагува.

Зошто ова ни се дава и како да се поднесе ова искушение?
Зарем и оваа година Господ нема да ја услиша мојата молитва?

М. Севастијанов, г. Калуга
 
Одговор:

 Св. Теофан Затворник вели дека кому му е од полза радоста, нему му се дава радост, а кому му е од полза жалоста, нему му се дава жалост.
Само кога последната би била во Бога.
Ова значи дека нашето покајание треба да стане посериозно, а нашите односи со другите луѓе потребно е построго да се испитаат.

Преп. Макариј Велики проповеда дека познавал мнозина кои на почетокот од патот биле неизмерно облагодатени, за подоцна да паднат на најжалосен начин.
А уште повеќе оние кои целиот живот се труделе во смирено послушание на верата, немајќи притоа особени успеси, но, достигнале спасение во вечната Пасха.

Самиот Христос упорно повторува дека ние не треба никогаш да очајуваме, дури и тогаш кога изгледа дека нашата молитва не добива веднаш одговор. Потребно е време за нејзино исполнување и молитвеникот треба да биде трпелив.

 Тој треба да копнее по Него – вели Господ – „ден и ноќ“ (Лк. 18,7).
Тоа е особен долг на оние кои Христос ги нарекува „избрани“, зашто со таква вера, таквото искачување без одмор го испитува нивниот призив.
Но, дали ние често среќаваме таква вера?
Господ изразува сомнеж во тој поглед, зашто, толку е ретка таквата трпелива вера, која не очајува никогаш!

Тој се плаши дека ќе најде многу малку од оние, верни Нему; или воопшто никого во часот на Своето Второ Доаѓање:

 „Кога Синот Човечки ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата“
Истиот сомнеж го слушаме кога Тој говори за знаците кои претходат на неговото враќање – „ќе залади љубовта кај мнозина“, а значи и верата.
 Кога очекувањето се оддолжува, кога изгледа дека Бог заминува од нас во таинствена и безнадежно далечна иднина, нашата вера може да почне да слабее. И  често  од мнозина повторуваниот збор, дека нивната молитва останала без одговор, - е уште една потврда дека колебливата вера не може да се одржи во искушенијата.

Господ го одложува одговорот и за тоа има причина.

Како што Второто Христово Доаѓање ќе биде на крајот од времето, а не утре – така и нашата молитва не мора веднаш да биде услишана.
 И како што е неопходно за Црквата долго исчекување, за таа да научи да стражари – стремејќи кон средбата со својот Небесен Женик, така е потребно време, нашата молитва да биде услишана.

Ова време може да се нарече свето, зашто тоа се освестува преку молитва и тоа ни се дава за да станеме длабоко свесни, дека невозможно е да се живее без врската со Бог.

И второ, молитвата е потребно да  продолжи, не само заради оној што се моли, туку и заради Бога,  Кој треба еднаш да ја услиша.

Зарем на Бог му е потребно време за да не чуе?
Се разбира, за Бог нема пречка, но, Тој не може да ја превиди тајната на човекот – таков каков што Тој Го создал.
Човекот живее во времето кое постои заради него. А секогаш кога Бог општи со човекот, Тој Самиот влегува во времето заедно со него.
 Колку векови го чекало човештвото јавувањето на Синот Божји?
 И колку векови тоа го чека Неговото Второ Доаѓање?
 И уште колку ќе чека?
Тоа му е единствено на Бог познато. Нам ни останува само молитвата – толку долга, иако неуслишана, но таинствено приближувачка  -  Неговото Второ Доаѓање. И таа нека биде единствена со молитвата на Црквата, со нејзиното дишење  и со скриените дамарења на срцето, иако ние не го гледаме нејзиното исполнување.

За ние ова подобро да го усвоиме, Христос во Евангелието ни предлага приказни (слики, образи), кои нам ни се крајно разбирливи.

Ликот на немилосрдниот судија, победен со недостапната молитва на вдовицата (Лк.  18, 16), или ликот на човекот чијшто мир е нарушен во ноќта, со неговиот пријател – и тој не може да не му попушти.
Образот на човек кој не е во состојба да им даде било што лошо на своите деца.

 Во вистината Бог толку длабоко влегол во нашето време и до толкава длабочина ние сме создадени според Неговиот Образ, што сите наши вредности и недостатоци, сета наша природа и сите наши гревови ги зел на Себе.
И се` што Тој прави, прави заради нас.
„ Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави?

Таквата молитва е дело на Самиот Бог, таа е во срцето на самата Црква.
 Во неа е благодатта, дарувана на сите крстени, а особено на оние кои се чувствуваат скриено привлечени од Него.

Да, оваа благодат е суштински неопходна, како и благовеста за вистината и љубовта кои им се обраќаат на сите луѓе. Тоа е признание на Црквата.
Без неа, се` останато нема смисла.

 Но, ние сме должни вистински да спознаеме дека таа е купена за нас по висока цена. Да, ние сме повикани  „да влеземе во радоста на својот Господ“.

Но, радоста на Господ е, пред се`, во тоа да ги види во срцата на избраните таквите молитви во кои никогаш нема очај и кои не може да ги обмане никакво одлагање.

И ние цврсто веруваме дека еднаш, кога нашите молитви ќе созреат до полнота, тие тогаш докрај ќе бидат услишани – зашто Бог стана човек, за човекот според дарот на Неговата љубов да стане Бог.

Подготви Мина Даниловска
 
"Руски Дом",
бp. 4/2005. г.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »