Благочестието против логиката (23.05.2015)
Кај мене на исповед дојде едно болно девојче на 12 години од детскиот дом за ментално заостанати. Тоа не можеше да поврзе ни два збора, постојано се вртеше, имаше ненормален поглед, постојани гримаси – сето тоа Зборуваше за нејзината „неполноценост“ (недоволност). И, ете, таа започна да се исповеда и причестува секоја недела. По една година кај неа се појави потреба да ги открие своите помисли.