За новиот „Ценовник“ во Црквата

„Ценовник“, „тарифник“, „џипови“, „скандали“, се зборови кои најуспешно го привлекуваат вниманието на луѓето. А пак: „Во Бога верувам, но во црквата и поповите не верувам“ би бил еден од најчестите коментари, и оправдувања за својата незаинтересираност, соблазнетост и невоцрковеност. Се чувствуваме сопственици на Црквата и на државата, неоткинлив дел од нив,...















Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.































