ВЕЛИК ВТОРНИК

Утрена, Велик вторник
Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
![]() |
|
Во светиот и Велики Вторник правиме спомен на параболата за десетте девојки. Зошто Господ, искачувајќи се во Ерусалим за да пострада во него, им кажува на своите ученици вакви параболи? Затоа што овие параболи, вели Он, се однесуваат и на Евреите. Всушнос, Он ја раскажува параболата за десетте девојки за да обрне внимание на милосрдието, а истовремено ги поучува сите да бидат подготвени пред крајот, бидејќи за девството Он им зборувал повеќепати, како и за евнусите.
На 18.4.2022 година, Македонската Православна Црква започна со свештениот обред на Мироварение. Овој чин, којшто нашата Света помесна Црква го извршува по четврти пат од своето возобновување, започна со Литургија на Претходноосветените Дарови на која во присуство и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,
Исусовата молитва се дели на три или четири степени. Првиот степен – усна молитва, кога умот често бега и човекот мора да вложува голем напор за да ги собере расеаните мисли. За оваа молитва е потребен труд, но истата на човекот му дава покајничко расположение. Вториот степен е умносрдечната молитва, кога умот и срцето, разумот и чувствата се едно; тогаш молитвата се извршува непрестајно, без разлика што и прави човекот – јаде, пие, одмора – молитвата си тече.
Според едно предание по ова, Ираклиј заповедал вратата да биде заѕидана, бидејќи како што рекол “ штом низ оваа врата поминал Светиот Крст, никој друг не би трабало повеќе да го гази местото со нозе“ .
Според друго предание Златната порта била заѕидана дури во времето на султанот Сулејман Велики – од суеверие – за да не се оствари верувањето на христијаните дека на Судниот Ден, преку оваа порта, одново ќе влезе Спасителот.
Ако го достигнеме ова самопознание и покајание, Великиот пост нема да ни биде време мрачно и тешко, или едноставно време за исполнување на нашите „морални должности“, туку дадена можност да ги омекнеме своите скаменети срца, што ќе нѐ приведе кон љубов за другите луѓе и непоколеблива љубов кон Бога.
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ.
Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница со Бог се осветува или очистува и целиот човек. Затоа „само нозете“.
Во овој свет и Велик Понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф, и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа поради некое негово видение на сон. Најнапред тој бил скриен во една јама, а неговиот татко е измамен од неговите браќа со неговата искрвавена облека,...
Св. Кирил Александриски во негова беседа на Неделата на Цветници се осврнува на релацијата, но и на разликата помеѓу двата големи Господови празници. Вчера, вели, т.е. на Лазаревата Сабота, празнуваше Витанија, денес, т.е. на Неделата на Цветници, целата Црква го прима Божјото присуство. Вчера Христос му подари живот на друг, т.е. на Лазара, денес Самиот доаѓа кон смртта. Вчера воскресна четвородневниот, денес доаѓа во Ерусалим тридневниот.
Вистина непоколеблива имајќи во срцата ваши
Агатоподе и Теодуле,
познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,
а верата во Љубовта го отвора пaтот до вечноста.
Христос Господ кој ве приведе кон такво познание,
Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа сила која го воскреснува умрениот? Со целото свое празнување Црквата одговара на ова прашање: Христос плаче затоа што во оваа смрт на својот пријател Тој го созерцува торжеството на смртта во светот, која Бог не ја создал, но која се зацарила и царува во .
И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот Давидов; благословен е Кој иде во името Господово, Царот Израилев.
Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.
Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече, оставајќи му место на злото.