логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TviTER1015

Прослава на Свети Климент во Соборниот храм

Arhierejska.Soboren

Arhierejska.Soboren1

На 8.12.2025 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше со Божествена Литургија во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите: Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј.

На Литургијата во чинови протојереи беа ракопроизведени јереите: Даниел Јовановски и Антонио Апостолоски.

На самиот крај, празничната беседа ја прозинесе Митрополитот Јосиф.

Многубојниот светиклиментов верен народ се причести со светите Христови дарови.

 

Arhierejska.Soboren3

https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sv-kliment-2025/

Foto: Aleksandar Pavlovski

 

Drugo: preminportal.com.mk

 

  • DSC_3169
  • DSC_3174
  • DSC_3191
  • DSC_3193
  • DSC_3197
  • DSC_3198
  • DSC_3209
  • DSC_3211
  • DSC_3217
  • DSC_3221
  • DSC_3227
  • DSC_3230
  • DSC_3233
  • DSC_3235
  • DSC_3236
  • DSC_3241
  • DSC_3248
  • DSC_3253
  • DSC_3254
  • DSC_3256
  • DSC_3260
  • Untitled-5
  • Untitled-6

 

 ОПШТА ПОУКА ЗА НЕДЕЛА
Свети Климент Охридски
Должни сме, браќа, да ги почитуваме Божјите празници, воздржувајќи се од секакво зло, одбегнувајќи секаква нечистотија, уподобувајќи се на светите Божји угодници, читајќи ги нивните житија во светите книги, и да се трудиме со вера и од сето срце да дознаеме со која добродетел, или со кои добри нарави го најдоа Царството небесно? Како го пренебрегнаа овој минлив живот? Оти мнозина од нас заминуваме од овој свет, без да го познаеме. Или, пак, нашето богатство, што сме го стекнале со многу труд, и тоа ни се одзема во еден ден? Размислувајќи за ова, светите Божји угодници се предаваа на подвизи, на бдеење и на секакво воздржување. Поради тоа, браќа, и ние сме должни да го следиме нивниот пример и низ подвиг да го бараме нашето спасение. А најмногу од сите празници да го почитуваме денот на Христовото воскресение, односно светата недела. Зашто во тој ден се оствари почетокот на сето видливо создание; во тој ден архангелот Гавриил ѝ го благовести Божјото воплотување на Света Богородица, и во тој ден нашиот Господ Бог воскресна од мртвите, откако го уништи адот и, со Својата смрт, ја порази вашата жестока, лоша и престапничка волја.
Со радост да го празнуваме овој ден, за слава на Христовото воплотување, на Неговото воскресение, и на почетокот на овој видлив свет, украсувајќи ги црквите Божји со духовни песни, и насладувајќи ги своите срца и души со богогласни четива. Оти Самиот Господ Бог наш го озакони овој ден, кога му рече на Мојсеј: „Шест дена нека работи твојот слуга и твојата слугинка, твојот вол и твоето осле, а во седмиот да почиваат!“ Да се собираме во црква на молитва, зашто овде примаме исцеление на душите и на телата; овдека заради нас се извршува страшна тајна; овде гласот Божји ги огласува срдечните уши и, заради нас, се извршуваат неискажливи работи; овде се прогонува гревовниот мрак од нашите срца; овде Синот Божји лежи пред нас на страшна трпеза, заради нас излевајќи ја како јагне Својата чиста крв, за прошка на гревовите, сакајќи да нѐ направи учесници во Неговото царство.
Затоа, браќа, со покајание треба да отстраниме од себе секаква нечистотија, и така да Му пристапиме, откако со солзи ќе ги измиеме знаените и незнаените гревови, и со смирение ќе го понизиме своето срце, како што и Он се смири Самиот Себе, и стана Бог и Човек истовремено, за да го спаси човекот од прелеста ѓаволска, и ни го покажа патот на спасението, велејќи:
„Блажени се смирените по дух, зашто нивно е Царството небесно!“
„Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!“ Кој, пак, не плаче поради своите гревови, тој без успех ќе плаче неутешно во вечната мака.
„Блажени се кротките, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“
„Блажени се милостивите,зашто тие ќе бидат помилувани!“
Да побрзаме, браќа, и ние да се удостоиме за ова блаженство, правејќи од себе Црква Божја на Светиот Дух, без да држиме злоба еден кон друг, цветајќи со благоверие, светлејќи со љубов кон бедните, украсувајќи се со братољубие, да бидеме духовно распламтени, служејќи Му на Бога, пристапувајќи кон Него со страв и со чистота, за да се покажеме достојни пред Него, како што Самиот Он рекол: „Ќе се вселам во нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ“. А како ќе биде тоа? Зар оној, во когошто ќе се всели Бог преку причестување со Неговото животворно тело, не е почист од злато? Зар тој не се обновува катадневно со чистота како орел, и со умот не полетува угоре? Разбирајќи го ова, браќа, да се обновуваме со добрина и со чистота, и животот да ни биде достоен; по светост, а не само по име да се нарекуваме христијани! Откако ќе се оддадеме на духовен подвиг, еден друг да се натпреваруваме со добрина, та и нам да ни рече нашиот Господ: „Дојдете, благословени на Мојот Отец, наследете го Царството кое ви е подготвено од создавањето на светот“. Него, впрочем, да Го прославиме отсега со добри дела, иако досега бевме свикнати да живееме во слабости и во мрзливост, но од овој ден па натаму, да се потрудиме да правиме добри дела, оти Царството небесно се зема насила, и силните го грабаат, преку Христа Исуса, нашиот Господ, Кому нека е слава, сега и секогаш и во веки веков.
Свети Климент Охридски

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

27/01/2026 - вторник

Св. Нина, просветителка на Грузија; +Св. Сава, архиепископ Српски; Преп. маченици Синајски и Раитски; Св.. Илариј, епископ Поатиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 28 јануари/15 јануари   2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 28 јануари/15 јануари 2026

Достоен стана о ти преподобен оче Прохоре,Христов ученик да се наречеш,затоа што светот и неговата прелага ги остави,и душата своја...

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци  27 јануари/14 јануари  2026

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци 27 јануари/14 јануари 2026

Безводната пустина стана извор благодатенод вашите молитви, о отци Синајски и Раитски,бања за искупување и семе за нови христијанипослужи крвта...

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски  26 јануари/13 јануари  2026

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски 26 јануари/13 јануари 2026

Радувај се народе за кого пред ГосподаЈаков свети се моли, подвижникот Христов,скротувачот на пустината,со Божја благодат телото го смири,епископ милостив...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная