логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф

СВЕТИЛО ШТО НЕ ЗГАСНУВА1

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!


                  Ваше Блаженство, Почитувана претседателке, Ваши Високипреосвештенства, почитувани претставници на државните институции, чесни отци, драги браќа и сестри,

                      Вдахновен од Светиот Дух, Кој повторно се излеа на ова евхаристиско свештенодејство, по молитвите на нашиот патрон свети Климент, во чиј спомен веќе неколку дена прославува целокупната наша Црква и држава, ете во овој празничен миг, со благослов на нашиот блаженејши Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан – застанувам на ова амвонско место за да произнесам слово за оној, кој нè воспита во верата, кој нè научи преку своите писанија и ни даде пример како треба да се говори за оние што оставиле вечно наследство што „ниту молец го јаде, ниту рѓа го уништува“

V.Josif.Beseda.sv.Kliment2


Стоејќи тука во неговиот свештен храм, каде што е собрана живата Црква македонска и светиклиментова со благодатно чувство потполно свесен за величието Климентово и за значењето на денешново сенародно чествување мора да искажам дека со човечките
можности тешко можеме во целина да ја доловиме неговата света личност и живот, како и важноста на неговото дело и мисија во македонските краишта, со кои не само што го оживеаа христијанското слово, туку и го удри темелот, ја даде основата на идниот развој
на црквата во Македонија низ годините и вековите.


Во овие сепразнични мигови, кога, повторно го празнуваме неговиот божествен спомен природно е да се потсетиме на неговиот свет живот, на неговите слова и на неговите бесмртни дела, со кои како што пееме во неговиот тропар „се издигнал кон божествен и блажен живот“ 3. Воздигнувајќи се кон небесата со својот неуморен подвиг тука на земјата, себлажениот Климент осветен зачекори во вечниот живот, постанувајќи ни пример за следење во сите времиња. Неговата светост стои над времето и над сите земни граници и секогаш го осветлува нашиот духовен мрак. Затоа и покрај сета

---------------------

1 Пригодно слово во чест на свети Климент Охридски изречено на литургиската прослава на патрониот празник на МПЦ-ОА
2 Сп. Матеј 6, 19
3 Види: празничен тропар на свети Климент Охридски

временска минливост, покрај сета неизвесност што ја носи животот и покрај сите наши човечки лутања под небото, секогаш како топол заштитник и прибежиште од нашите животни искушенија го имаме светиот Климент, кој како Божји светител и наш молитвеник неизмерно стои над времето, како најсилен столб и наше засолниште преку чие богоносно наследство и пораки повторно го наоѓаме патот кон Бога. Тој е нашето нашето светило, кое според библиските зборови, не може да се сокрие, туку ни свети на сите и го осветлува патот кон вечноста. Зашто светлината на верата што тој ја запали не згаснува со вековите, туку останува да биде утеха, поткрепа и сигурен ориентир кон вечноста за сите што ја бараат вистината и спасението во Христа.


            Почитувани,


         Осветлени и просветлени од светлиот лик на нашиот небесен покровител и од ризницата на неговото духовно наследство – создавано од него како наш пастир, епископ, учител, просветител, книжевник, мисионер, светител и патрон – ние со восхит гледаме на
светиот Климент како на достоен продолжувач на мисионерското дело на плејадата богоносни духовници ширено на македонската библиска земја, во која христијанството најпрво го засади светиот апостол Павле. Тоа семе на верата, одгледувано од првите
христијански мажи и жени, напојувано со крвта на мноштвото маченици, воздигнато од ранохристијанските отци и епископи од Стоби и Хераклеја до Лихнида, па сè до Скупи и Баргала, понатаму прославено преку архиепископијата Јустинијана Прима и чувано од
многуте знајни и незнајни христољупци и од светите рамноапостолни словенски учители Кирил и Методиј – во свети Климент го доби своето обновување, својата полнота и својот благодатен процут. Носејќи ги тој длабоко во себе чисти Светото предание и сите црковни традиции и останувајќи верен на кирилометодиевата традиција дошол во оваа земја, покажувајќи се на дело, по Христовиот пример, како вистински добар пастир, кој си ја полага својата душа за своите 5 , како што слушнавме од евангелското четиво. И тој наш пастир, не само што го продолжил евангелизирањето на својата доверена паства, туку и постанал вистински народен предводник, кој со својот духовен труд и ревност постана наш образец за следење, светилник на словесноста и темелник на нашата духовна
самобитност.

___________________
4 Сп. Матеј 5,14-16
5 Сп. Јован 10,11

               За таа сеопфатна Климентовата дејност, во неговото опширно житие, меѓу другото е напишано и следното: „… грижата за народот му била храна и задоволство. Тој секогаш поучувал и секогаш распоредувал, поправајќи го незнаењето, и доведувајќи го во ред безредието, станувајќи се за сите (сп. 1 Кор. 9,22), според потребата на секого“ 6 . Гледате ли каков душегрижник прославуваме. Гледате ли каков дар од Бога за нашиот народ е светиот Климент? Неговото доаѓање во Охрид и во нашата Македонија несомнено е дело на неискажливата Божјата промисла за целокупниот наш народ. За таа милост кон нас денес пак да Му заблагодариме најнапред на Семудриот Бог што ги услиша молитви на нашите предци и им го испрати за пастир светиот Климент, кој иако живеејќи во еден
специфичен историски контекст, сепак од бреговите на Охридското езеро со Божја помош и со својот неуморен духовен труд успеал да ја „осветли темнината 7 “ , која во тоа мрачно време била присустна на македонските простори и да ги утврди темелите и зародишот на идната Светиклиментова Охридска архиепископија. Благодарение на него, во овие тешки современи времиња полни со разни искушенија и предизвици ние ја чувствуваме силата и благодатта на апостолска вера што непрекинато низ вековите го хранеше, водеше и оформуваше самостојниот духовен и културен бит и идентитет на македонскиот народ, кој до ден денешен е единствено верен на Светиклиментовото дело и традиции.


            Возљубени чеда на свети Климент,


            Денес, по повеќе од илјада години од блаженото упокоение на нашиот свет отец и просветител, повторно нашиот народ е соочен со бројни искушенија и проблеми – и духовни, и општествени, и семејни, и лични. Истите оние бранови на неизвесност, кои во
Климентовото време ја притискаа македонската земја, и денес на друг начин ги допираат срцата на луѓето, обидувајќи се да ја затемнат светлината на верата и да го разнишаат духовниот мир на нашиот народ, држава и црква. И во тие мигови кога повторно се
соочуваме со разни оспорувања и предизвици, сакам да нагласам дека секогаш треба пред нашите очи да го имаме светиот Климент, нашиот патеводител и нашиот постојан молитвен застапник пред Бога. И, славејќи го неговиот спомен, особено е важно како
народ да разбереме нешто суштинско, што при овогодинешното чествување сакам да го потенцирам. Никогаш да не го сведуваме празнувањето на нашиот Климент само како

--------------------

6 Свети Климент Охридски, Собрани дела: слова, поуки и житија, стр. 13
7 види празничен тропар на свети Климент

историска личност, туку најпрво да го чествуваме достојно како светител — како оној кој успеал да ги победи искушенијата и да се овенча со венецот на правдата 8 и вечниот живот. А за начинот како доликува достојно празнување на споменот на светителите,
вклучително и на денешниот празник, поука ни дава самиот денешен славеник, кој во едно од своите слова, говорејќи за празнувањето во духот на Евангелието, најнапред вели: „Да се собереме во црква на молитва.“ 9 , вака како што и ние во овие мигови сме тука во храмот литургиски собрани со искрени молитви кон нашиот патрон за тој да се застапува пред престолот Божји и да не крепи во сите животни бури да останеме цврсти во верата, трпеливи во надежта и истрајни во доброто.


        На ова негово вдахновено поучување би ги додал и следните негови зборови со кои тој ја дава подлабиката смисла на прославувањето на празниците, а кои се надоврзуваат во истото слово: „А кога ги славиме празниците на светите, тоа треба да го правиме вака: пред се, треба да се уподобуваме на нивната чистота, на нивниот добар живот и на нивното угодување на Бога“ 10 . Овие Светиклиментови зборови се пораки што нèповикуваат без двоумење да чекориме по патот на вистината, љубовта и словото
Христово. Тоа се пораки што и денес го осветлуваат нашето патешествие како народ и како Црква и нè водат по оние патеки што самиот тој прв ги утврди со својата светост и со своето неуморно духовно и просветителско дело.


             Возљубени празникољубци,


             Како народ, како Црква и како држава треба постојано да се трудиме најдостојно да го прославуваме светиот Климент, нашиот небесен покровител и закрилник пред Бога, бидејќи само така ќе го зачуваме неговиот свет спомен, а чувајќи го неговиот спомен и
традиции ние се чуваме себеси, нашата држава и нашата црква, зашто неговиот живот, дело и поуки, односно неговата богољубива и света личност е наша основа, поткрепа и патоказот кој што нè води по патот на верата, мудроста и словото. Да продолжиме по
неговиот пример непоколебливо да чекориме по патот на добродетелта и спасението, секогаш имајќи на ум дека Бог сите нас нè повикува кон преобразување и достигнување на светоста.

--------------------
8 сп. 2 Тим. 4,8
9 Општа поука за апостол, маченик или светител,
10 Исто

         На тој пат кон спасението да се помолиме да нè води светиот Климент, зашто тој е оној чиј живот и чија духовна оставина се темел на нашата духовна свест и идентитет. Да го чуваме Светиклиментовиот завет и сè она што ни го остави во наследство, да живееме според неговата поука и да се насочиме и да стоиме во единството што тој го заветуваше — единство во Христа, единство во Црквата и единство во доброто. И како што во сите  времиња го крепеше нашиот народ, така и денес, по неговите свети молитви, да нè укрепи Господ да ги победиме сите искушенија што стојат пред нас, да ги надминеме сите меѓусебни поделби и недоразбирања за да останеме народ Божји, народ Христов, народ светиклиментов.


            Озарени од Светиклементовата светлина што не згаснува и така преку неа силно утврдени во верата, просветлени во умот и облагородени во срцето, да продолжиме да чекориме по патот што ни го осветли нашето најсјајно светило– светиот Климент,
постојано и сега и секогаш и во сите векови! По неговите свети молитви, да биде благословено нашето празнување, да биде благословен нашиот народ и да бидат благословени нашата држава и светата Црква. Амин! Нека е за многу години црковно- државниот празник! Свети Клименте моли Го Бога за нас!

V.Josif.Beseda.sv.Kliment4

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2214
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2505
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4760
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 812
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1427
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1771
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1865
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

10/12/2025 -среда

Божикен пост; (строг пост)

Св. маченик Јаков Персијанец; Седумнаесет Индиски преподобни маченици; Преп. Роман Чудотворец; Преп. Пинуфриј; Преп. Натанаил;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември  2025

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември 2025

Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален го покажа во неискажливите страдања: прекрасни благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,

Тропар на свети Алимпиј столпник 9 декември/26 ноември  2025

Тропар на свети Алимпиј столпник 9 декември/26 ноември 2025

Столб на трпение стана, кога преподобно ревнуваше како праотците,Јов во маките, Јосиф во искушенијата,и живот на бесплотните во тело.

Тропар на светиот Климент Охридски 8 декември/25 ноември  2025

Тропар на светиот Климент Охридски 8 декември/25 ноември 2025

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,со делата си се издигнал преблажен,кон божествен и блажен живот.Со чудеса си...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная