Старец Софрониј - Поука на денот (27.02.2015)

„ Безнадежноста е загуба на свеста дека Бог сака да ни даде вечен живот. Светот живее во безнадежност. Луѓето самите себе се имаат осудено на смрт. Животот на светот е устроен околу некоку човечки страсти, а духовниот живот се наоѓа на периферијата. Должни сме да направиме пресврт во ваквата состојба на работите, да го поставиме духовниот живот во срцето на нашиот живот.






Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.










































