Св. СИМЕОН, ЈУРОДИВ ЗАРАДИ ХРИСТА
Од Ерусалим отпатувал за Емеса и веднаш почнал да ја игра улогата на јуродив:
Еве како тој влегол во градот: Блажениот нашол мртво куче на едно буниште надвор од градот и го врзал за едната нога со јаже со кое бил врзан околу појасот. Додека одел, го влечел зад себе мртвото куче, како да бега од него. Така влегол низ градската порта. Во близина се наоѓало училиште и кога децата го здогледале, почнале да викаат: „Гледајте, луд монах!” и почнале да трчаат по него и да го удираат.