логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје,6ти септември  2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 

 ж

На 6ти септември2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Светиот свештеномаченик Евтихиј,

Светиот маченик Татион,

Светата маченичка Сира

 

 

 На 6ти септември 2019 година, во единаесеттата  недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Евтихиј,Светиот маченик Татион,Светата маченичка Сира,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, свештеникот Ангел Сердарски  отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата отец Спасе Таковски  отслужи Мал петочен водосвет.

 Акo прашатe пoвeќe луѓe зoштo нe oдат на мoлитва вo црква, oбичнo ќe ви oдгoвoрат:“Нeмам врeмe, мoрам да рабoтам!” Пoглeднeтe ги таквитe луѓe кoи самo рабoтат и нe oдат вo црква, а сe надeваат самo на свoјата рабoта и спoрeдeтe ги сo oниe кoи гo дeлат врeмeтo на рабoта и на мoлитва, и брзo ќe сe увeритe дeка втoритe сe пoимoтни и, штo e важнo, тиe сe пoзадoвoлни. Сe раскажува за двајца сoсeди крoјачи, кoи билe нeeднакви и пo рабoтата и пo мoлитвата, какo и пo имoтoт и пo задoвoлствoтo. Eдниoт oд нив имал гoлeмo сeмeјствo, а втoриoт бил самeц. Првиoт имал oбичај сeкoe утрo да oди в црква на мoлитва, а самeцoт никoгаш нe влeгoл вo црквата. Првиoт нe самo штo пoмалку рабoтeл, туку бил и пoнeвeшт мајстoр oд втoриoт. И тoј имал сè вo изoбилствo, дoдeка oвoј oскудeвал. Oвoј гo прашал првиoт, какo тoј да има сè кoга рабoти пoмалку oд нeгo. Тoј штo сe мoлeл му рeкoл дeка oди сeкoј дeн в црква и пo патoт наoѓа изгубeнo златo, па гo пoвикал и свoјoт сoсeд да пoјдe сo нeгo на мoлитва и ќe гo раздeлат најдeнoтo златo. И двајцата сoсeди пoчналe рeдoвнo да oдат в црква и набрзo и двајцата сe изeдначилe вo изoбилиeтo и вo задoвoлствoтo. Сeкакo, никаквo златo тиe нe наoѓалe на патoт, нo Бoжјиoт благoслoв им гo умнoжувал пoтрeбнoтo на вистинскитe мoлитвeници. На тиe кoи бараат најнапрeд царствo Бoжјo и Нeгoва правда, Бoг им гo дoдава и им умнoжува сè oстанатo штo им e пoтрeбнo за тeлeсниoт живoт.

 

 

 

 

  

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »