Свети Преп. Пајсиј Светогорец: За стариот календар (24.12.2015)
Преподобниот Пајсиј беше многу загрижен поради промената на календарот во Грција. Беше загрижен поради многуте проблеми што оваа промена ги предизвика и се молеше за нивно разрешување. Беше особено загрижен поради групите што ги создадоа „Старокалендарците“ и што дејствуваа самостојно, без благослов на Вселенскиот Патријарх и без заедништво со Помесните Православни Цркви.