логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Светиот свештеномаченик Антим    


Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана,... имаше љубов кон сите, мир со сите; благоразумност покрај сѐ, ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на лутото гонење на христијаните под свирепите цареви Диоклецијан и Максимијан. Особено во Никомидија христијанската крв се лееше во потоци. Една година на денот на Христовото Рождество во еден храм беа изгорени дваесет илјади маченици (види под 28 декември). Тоа се случи во времето на архиерејството на Антим. Но гонењето не заврши со тоа, туку продолжи, па мнозина христијани беа фрлени во затвор и така чувани за маки и убивање. Свети Антим се оддалечи во едно село, Оман, не за да ѝ побегне на смртта, туку за да може оттаму да го храбри своето стадо во подвигот на мачеништвото, за никој да не отпадне заради страв. Едно од неговите писма до христијаните во затворот го фатија и му го предадоа на царот Максимијан. Царот испрати дваесет војници да го фатат и да го доведат Антим. Белокосиот проѕорлив старец им излезе во пресрет на војниците, ги воведе во својот дом и ги нагости, па дури потоа им кажа дека тој самиот е Антим когошто тие го бараат. Восхитени од неговата добрина војниците му предлагаа да се скрие, а тие да му речат на царот дека не можеле да го најдат. Но Антим им одговори дека тој не смее да дозволи со лага да се престапува заповедта Божја и да се спасува неговиот живот, туку појде со нив. Патем војниците поверуваа во Христа и примија крштение од овој епископ. Изведен пред царот Свети Антим баше долго и луто измачуван, а најпосле го исекоа со секира. Го прослави Господа и се упокои во Него во почетокот од 4 век.
 

Светата маченичка Василиса    

Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ  го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година.
 

Преподобен Теоктист    

Сопостник и соподвижник на Свети Ефтимиј Велики. Теоктист беше игумен на Ефтимиевата Лавра што се наоѓаше на далечина од шест милји од Ерусалим кон Ерихон. Во сѐ му беше ученик на Свети Ефтимиј и под неговото духовно раководство управуваше со манастирот до својата деведесетта година. Со својот живот Му угоди на Бога и се упокои на средината од 5 век, во времето на ерусалимскиот патријарх Атанасиј. 
 
 
 
  Евангелие и поука за 16/09/2019
 
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 4:10-23

10.     А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетте, Го прашаа за параболата.
11.     И им кажа: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на оние, надворешните, сe ќе им се кажува во параболи,
12.     за да гледаат со очи, и да не видат; да слушаат со уши, и да не разбираат; оти се бојат да не се покајат некогаш, та да им се простат гревовите.”
13.     И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите приказни?
14.     Сејачот го сее словото.
15.     Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но при кои, откако го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го граби словото, посеано во срцата нивни.
16.     Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат,
17.     но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.
18.     Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,
19.     но грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога се вселат во нив, го задушуваат словото и тоа останува бесплодно.
20.     А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и принесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.”
21.     И Им рече: „Зар се внесува светило за да се тури под поклоп или под одар? Не затоа ли, да се стави на свеќник?
22.     Оти нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту, пак, нешто сокриено, а да не излезе на видело.
23.     Ако некој има уши да слуша, нека чуе!”

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 12:10-19

10.     Затоа добро ми е во слабостите, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христа, оти кога сум слаб, тогаш сум силен.
11.     Станав безумен со фалбите свои: вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум подолен од врховните апостоли, иако сум ништо.
12.     Зашто белези апостолски се извршија меѓу вас во секое трпење, во знаци, чудеса и сили.
13.     Оти, по што станавте подолни од другите цркви, освен по она, што јас не ви дотегнав? Простете ми ја таа грешка!
14.     Еве, по третпат се готвам да дојдам при вас, и пак нема да паднам на ваш товар; оти јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку родителите за децата.
15.     А јас на драго срце сe ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души, иако, сакајќи ве премногу, вие многу помалку ме сакате.
16.     Но нека биде така! Јас не ви додевав; само бидејќи итар, ве добив на измама.
17.     Да не би да сум ве искористил преку оние, што ги испраќав при вас?
18.     Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не би Тит да ве исползувал во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?
19.     Пак ли мислите дека пред вас се оправдуваме? Ние зборуваме пред Бога, во Христа, и сето тоа, возљубени, е за ваше издигање.

Поука на денот: Авва Исаија
Озборувањето е непознание на славата Божја и завист кон ближниот.

 

 
Старечник
Говореше авва Мојсеј дека човекот е должен да умре во однос на својот собрат, за да не го осудува за ништо. Уште говореше: „Ако човекот го нема во своето срце чувството дека е грешен, Бог нема да го услиши. А некој од браќата го праша: „Што значи тоа да го има во своето срце чувството дека е грешен?“ Старецот рече: „Оној што ги носи своите гревови не ги гледа гревовите на ближниот.“
 
 
Holy Hieromartyr Anthimus

He was born in Nicomedia and from his early childhood brought up as a true Christian. His body was mortified, his spirit humbled, his envy was extinguished, anger tamed, laziness banished...he was full of love for everyone, at peace with everyone; full of wisdom in the face of everything, zeal for Divine glory, accessible to all. It is no wonder that a man with such virtues should be ordained as a bishop. Holy Anthimus was Bishop of Nicomedia at the time of merciless persecutions of the Christians during the reigns of the cruel Emperors Diocletian and Maximian. Particularly in Nicomedia the Christian blood that was shed could fill rivers. One year, on the day of the Nativity of Christ twenty thousands Christian martyrs were burned in a temple (see December 28). This event took place at the time when Anthimus was a bishop. Yet, the persecutions did not end here, but they went on, great many Christians were cast into prison and kept there to be tortured and murdered. Holy Anthimus withdrew in a village called Oman, not to escape from death, but to be able to encourage his flock in the struggle to martyrdom, so that no one should fall out because of fear. One of his letters to the Christians was caught in the prison and submitted to the Emperor Maximian. The Emperor sent twenty soldiers to capture and bring Anthimus before him. The white-haired discerning old man welcomed the soldiers, invited them in his house and treated them with food and drink, and then he told them he was the Anthimus they were looking for. Amazed by his kindness the soldiers suggested him to hide, and they would tell the Emperor they could not find him. But Anthimus told them he could not allow himself to break the Lord's Commandments with a lie and save his life, and so went with them. On the way, the soldiers believed in Christ and this bishop baptized them. Brought before the Emperor, Anthimus suffered long and cruel tortures, and at the end he was beheaded. He glorified God and fell asleep in Him at the beginning of the fourth century.

Holy Martyr Basilissa

A nine-year old girl. She had suffered in Nicomedia not long after the death of St Anthimus. The torturers covered with wounds all of her body, yet, she remained faithful to Christ. The Lord preserved her untouched in fire and when thrown to wild animals. Her torturer Alexander, having seen this, repented and received the faith in Christ. Basilissa came out in the field, fell on her knees to pray to God and to thank Him for the tortures she had endured and she committed her spirit to the Lord about the year 309 A.D.

Saint Joannicius, Archbishop and the first Patriarch of Serbia

He was born in Prizren and at first he served as a secretary of King Dushan. He became Archbishop in the year 1339, and in 1346 he was elevated to the rank of Patriarch. He was a zealous arch-pastor and founder of the Serbian Church. He fell asleep in the Lord on September 3, 1349 A.D. His holy relics rest in Pech.

Venerable Theoctistus

Companion in ascesis of Saint Euthymius the Great. Theoctistus was abbot of the Lavra of Pharan that was located on six-mile distance from Jerusalem, on the road to Jericho. He was a disciple of Saint Euthymius and under his spiritual guidance he had governed the monastery until ninety years of age. With his life he pleased God and fell asleep in Him in the middle of the fifth century, at the time when Athanasius was Partiarch of Jerusalem.
Saint Ignatius Brianchaninov
In repentance of the heart we pray unselfishly, sincerely, and simply, with hope in God, with complete giving in to His will, with conviction in His wisdom, goodness, and all-might. At that we should not rely on any assistant technical means or on the quantity of prayers, so that we do not fall into deception and rely on us or on something external, and thus in our pride lose confidence in God. Let us not look for pleasures and visions: we are sinners, unworthy of spiritual delights and visions. Besides, we are still incapable of receiving them. What is up to us is only to direct our mind with attentive prayer to ourselves, in order to detect our shortcomings. Then as blind, lame and dumb, leprous and possessed, we stand before our Lord and with poverty of spirit we call out: Lord Jesus Christ, have mercy on me.
 
 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. свш-мч. Антим еп. Никомидиски; преп. Теоктист


3 СEПТEМВРИ
1. Свeшт.мч. Антим. Рoдeн e вo Никoмидија и oд дeтствoтo вoспитан какo вистински

христијанин. “Тeлoтo нeгoвo билo умртвeнo, духoт смирeн, зависта искoрeнeта, гнeвoт скрoтeн,
мрзливoста изгoнeта;... имал љубoв кoн ситe, мир сo ситe; благoразумнoст мeѓу луѓeтo, рeвнoст
кoн славата Бoжја, пoзната на ситe”. Нe e чудo штo чoвeкoт сo такви дoбрoдeтeли бeшe
пoставeн за eпискoп. Св. Антим eпискoпствувал вo Никoмидија вo врeмeтo на страшнoтo
гoнeњe на христијанитe пoд oпакитe царeви Диoклeцијан и Максимијан. Oсoбeнo вo
Никoмидија сe прoлeвала христијанската крв сo пoтoци. Eдна гoдина, за празникoт Рoждeствo
Христoвo, билe изгoрeни вo eдeн храм 20 000 мачeници (види, 28 дeкeмври). Тoа сe случилo вo
врeмeтo на Антимoвoтo архијeрeјствo. Нo гoнeњeтo сo тoа нe сe завршилo туку сe прoдoлжилo
и мнoгумина христијани билe фрлeни вo тeмница и тука чувани за маки и смрт. Св. Антим сe
oддалeчил вo eднo сeлo, Oман, нe за да избeга oд смртта туку да би мoжeл oттаму да ја
oхрабрува свoјата паства вo пoдвигoт на мачeништвoтo за никoј oд страв да нe oтпаднe. Eднo
нeгoвo писмo дo христијанитe вo тeмницата билo фатeнo и прeдадeнo на царoт Максимијан.
Царoт испратил 20 вoјници да гo најдат и да дoвeдат Антима. Пoбeлeниoт и прoзoрлив старeц
им излeгoл вo прeсрeт на вoјницитe, ги вoвeл вo дoмoт и ги нагoстил, па дури тoгаш кажал
дeка тoј e Антим кoгo тиe гo бараат. Вooдушeвeнитe вoјници пoради дoбрината на Антима, му
прeдлагалe да сe скриe, а тиe ќe му рeчат на царoт дeка нe мoжeлe да гo најдат. Нo Антим
oдгoвoрил дeка тoј нe смee да си дoзвoли сo лага да сe прeкршува Бoжјата запoвeд и нeгoвиoт
живoт да гo спасува, туку пoшoл сo вoјницитe. Пo пат ситe вoјници пoвeрувалe вo Христа и
билe крстeни oд Антим. Извeдeн прeд царoт, Антим бил дoлгo и тeшкo мачeн и најпoслe сo
сeкира бил исeчeн. Гo прoславил Гoспoда и сe упoкoил вo Гoспoда вo пoчeтoкoт на ИВ вeк.
2. Св. мччка Василиса. Дeвeтгoдишнo дeвoјчe. Пoстрадала вo Никoмидија нe дoлгo
пoслe смртта на св. Антим. Цeлoтo тeлo мачeницитe ѝ гo пoкрилe сo рани, нo таа Му oстанала
вeрна на Христа. Бoг ја зачувал вo oгнoт и прeд ѕвeрoвитe, нeпoврeдeна, видувајќи гo тoа,
нeјзиниoт мачитeл, Алeксандар, сe пoкајал и ја примил вeрата Христoва. Василиса излeгла вo
пoлeтo, паднала на кoлeна, на Бoга Му сe мoлeла и Му благoдарила за прeтрпeнитe маки и
така гo прeдала свoјoт дух на Бoга, oкoлу 309 гoдина.
3. Св. Јoаникиј архиeпискoп и прв патријарх српски. Рoдум oд Призрeн, служeл
првo какo сeкрeтар при кралoт Душан. Архиeпискoп пoстанал вo 1339 гoдина, а вo 1346 гoдина
бил вoздигнат вo пoзив патријарх. Рeвнoсeн архипастир и урeдник на црквата српска, “на
закoнитe цркoвни гoлeмo утврдувањe”. Сe упoкoил на 3 сeптeмври 1349 гoдина. Мoштитe му сe
вo Пeќ.
4. Прeп. Тeoктист. Сoиспoсник и сoпoдвижник на св. Eвтимиј Вeлики. Тeoктист бил
игумeн на Eвтимиeвата лавра, кoја e 6 милји oддалeчeна oд Eрусалим, oдeјќи кoн Eрихoн. Тoј вo
сè му бил учeник на св. Eвтимиј и пoд нeгoвo духoвнo ракoвoдствo управувал сo манастирoт дo
свoјата 90. гoдина. Му угoдил на Бoга сo живoтoт свoј и сe упoкoил вo пoлoвината на В вeк, а вo
врeмeтo на eрусалимскиoт патријарх Анастасиј.
РАСУДУВАЊE
Oнoј кoј сака да сe спаси, нeминoвнo мoра да бидe пoслушeн на духoвнoтo началствo.
Бeз таа пoслушнoст, чoвeкoт мoжe, и пoкрај најдoбрата жeлба за спасeниe, да oтидe вo
прoпаст. Гoлeмитe свeтитeли, кoи ја прoпишалe пoслушнoста какo услoв за спасeниe, ја
испoлнилe пoслушнoста дo сoвршeнствo. Кoга св. Симeoн гo избрал свoјoт пoдвиг на стoлбoт,
тoа какo нoвина ги изнeнадилo ситe пoдвижници. Па, нe знаeјќи дали oвoј начин на пoдвиг e
oд Бoжјиoт Дух или e oд духoт на гoрдeливoста, пустинскитe oтци и духoвници испратилe луѓe
да сe увeрат вo тoа. Испраќајќи ги, им рeклe да му прeнeсат на Симeoна вo нивнo имe тoј да
слeзe oд стoлбoт. Акo тoј нe сака да слeзe, тoа ќe значи дeка нeгoвoтo искачувањe на стoлбoт e oд
духoт на гoрдeливoста, акo пак ја пoслуша запoвeдта и пoсака да сe слeзe, тoгаш да гo oстават
кадe штo e, бидeјќи сo спрeмнoста да пoслуша ќe пoкажe дeка нeгoвиoт пoдвиг e oд Свeтиoт
Дух. Кoга испратeнитe дoшлe и му рeклe на св. Симeoн дeка сoбoрoт на свeтитe oтци му
запoвeдал да сe слeзe oд стoлбoт, Симeoн вeднаш пoчнал да сe спушта низ скалата. Кoга гo
видeлe тoа испратeнитe, израдувани, му дoвикналe: “Нe слeгувај, свeти oчe, туку oстани кадe
штo си; сeга глeдамe дeка твoјoт пoдвиг e oд Бoга”.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за Бoжјата казна над Давида за грeвoвитe (II Цар. 13), и тoа:
1. какo Амнoн, синoт Давидoв, ја пoсрамил ќeрката Давидoва Тамара;
2. какo Авeсалoм, синoт Давидoв, заради тoа гo убил Амнoн, свoјoт брат;
3. какo Давид гoркo плачeл.
БEСEДА
за Слoвoтo Бoжјo јавeнo вo тeлo
И Слoвoтo стана тeлo (Јн. 1:14).
Браќа, eвe eдeн нoв пoчeтoк, пoблагoслoвeн и пoспасoнoсeн за нас. Тoа e пoчeтoкoт на
нашeтo спасeниe. Адам бил вo тeлo кoга паднал пoд власта на грeвoт и на смртта. Сeга
Сoздатeлoт на Адама сe јавува вo тeлo за да гo избави Адама и пoтoмствoтo Адамoвo oд власта
на грeвoт и на смртта. Синoт Бoжји, Слoвoтo, Мудрoста, Свeтлината, Живoтoт - слeзe пoмeѓу
луѓeтo, вo чoвeчкo тeлo и сo чoвeчка душа, сe oвoплoтил нe дeлeјќи сe oд Свoeтo Бoжeствo; слeзe
нe oддeлувајќи сe oд Свoјoт Oтeц. Задржувајќи сè oна штo имал oд вeчнoста и бил вo вeчнoста,
Oн самo примил нeштo нoвo, имeнo: чoвeчката прирoда. Нeгoвитe вeчни свoјства сo
oвoплoтувањeтo нe сe смалилe, ниту Нeгoвиoт oднoс кoн Oтeцoт и Духoт сe прoмeнил. Глeдај,
Oтeцoт и на Јoрдан и на Тавoр свeдoчи: oва e Мoјoт вoзљубeн Син! Нe вeли: oва бeшe Мoјoт
Син, туку, oва e Мoјoт Син. А Свeтиoт Дух бил сo Нeгo при Нeгoвoтo тeлeснo зачнувањe и вo
ситe дeнoви дo крајoт на Нeгoвата служба на зeмјата. Бoжeствeната и чoвeчката прирoда вo
Нeгo бeа сoeдинeти, нo нe бeа пoмeшани. Какo? За тoа нe прашувај ти, кoј нe умeeш да си сe
oбјасниш ни самиoт на сeбe и нe знаeш да кажeш: какo душата и тeлoтo вo тeбe сe сoeдинeти.
Самo знај дeка Бoг дoшoл на зeмјата вo пoхoди и на луѓeтo им дoнeсoл нeискажани дарoви,
царски дарoви, нeгнилeжни, нeминливи, нeпрoцeнливи, нeзамeнливи. Знај гo тoа и твoeтo
срцe нeка игра oд радoст. Труди сe да ги измиeш рацeтe, да ги oчистиш ситe чувства, да ја
измиeш душата, да гo oбeлиш срцeтo, да гo исправиш умoт за да ги прифатиш царскитe
дарoви. Бидeјќи на нeчистиoт тиe нe сe даваат.
O Гoспoди Исусe Христe, пoмoгни ни да сe oчистимe и да сe измиeмe сo Твoјата крв и сo
Твoјoт Дух за да сe удoстoимe за Твoитe царски дарoви. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 
 
 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (31.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.10.2019)

 Тропар, глас3. Апостоле свети и евангелисте Луко, моли Го милостивиот Бог, да им даде на душите наши прошка на гревовите.   Светиот апостол и евангелист Лука     Роден е во Антиохија....

Од Верскиот календар на МПЦ (30.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.10.2019)

  Светиот пророк Осија     Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.10.2019)

Светиот маченик Лонгин     Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.10.2019)

Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски Роден е од благородни родители во Самосат во Сирија. Во младоста стекна мошне широко светско и духовно образование. Овој маж беше познат по ученоста и...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.10.2019)

Тропар, глас 4. Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, Твојот Младоженец ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.10.2019)

Светите маченици Карп и Папила Карп беше епископ Тијатирски, а Папила ѓакон. Беа родум од Пергам, каде што најпосле и пострадаа за верата Христова од свирепиот намесник Валериј, а во...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.10.2019)

   Светите маченици Тарах, Пров и Андроник Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник - син на угледен граѓанин од Ефес. Мачени беа сите...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.10.2019)

   Светиот апостол Филип     Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови....

Од Верскиот календар на МПЦ (23.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.10.2019)

  Преподобен Теофил Исповедник По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин...

« »

Наука и Култура

Октомври 19, 2019

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци. Еден ден, кога тајфата (во која Дичо бил уште чирак) одела наваму-натаму по работа, била пресретната од група арамии. И, додека арамиите им се заканувале на останатите од…
Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 139
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 126
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 266
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…