логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 Прашање од: С.Н

 

Нашиот мозок го сочинуваат две хемисфери: лева и десна. Левата се центрите за анализа, калкулација, проценка, размислување, ги контролира способностите за зборување, читање.... А десната хемисфера е задолжена за креативност, уметност (музика, сликарство), емоции, релија.
Се прашувам дали може од овде да се воспостави врска дека не случајно десната хемисфера е одговорна за овие креативни способнисти и пројавувањето на интерес за духовност со оглед на тоа што знаеме дека Бог ни го дава дарот за креативност, а и десната страна е претставена како чест и вистина, па оттаму и и Христос седи од десната страна на Отецот, а и праведниците ќе бидат од десната страна на Христа.

 

Одговор:

Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста. И разумот како секундарна функција кога  умот не се храни со Бога туку со световните страсти за кои се прврзуваме и се храниме. Молитвата нѐ држи да ја реализираме неговата примарна функција, преку покајанието, а демонот се бори да ја оствариме само секундарната функција, како разум. Целта е човекот да го очисти срцето од страстите, да го просветли умот преку молитвениот литургиски живот, умот да слезе и зацари во срцето преку благодатта Божја и сиот човек да ја оствари својата цел, единство со Бога и растење во љубовта.

 

 Друго:

 +++

Послушанието е активирање на примарната функција на умот – соединување на нашата создадена енергија со несоздадената Божја енергија преку молитвата, како и пренасочување на неговата секундарна функција кон исполнување на Божјите заповеди. Послушанието е прием на вистинското Предание на Светите Отци. Послушанието е останување во рамките на соборноста на Православната Црква – без оглед на тоа кој што си мисли. Послушанието е процес на Божествено преобразување, растење и созревање до достоинството на дете Божјо. Послушанието е сѐ во Црквата Божја. Послушанието е возможно само во Црквата Божја.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, дај ни што повистинско послушание и помилуј!

Митрополит Струмички Наум

(Извадок од беседата:  „Послушанието е премин од противприроден во природен начин на живот’ (04.11.2017 )

 

 Чувај се од она што мислиш дека си
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

 +++

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

+++

 И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (22.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.07.2019)

 Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски     Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.07.2019)

 Светиот великомаченик Прокопиј Роден е во Ерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смртта на таткото мајката го воспита синот сосема во духот на...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.07.2019)

  Светата великомаченичка Недела     Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.07.2019)

    Преподобен Сисој Велики     Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.07.2019)

 Преподобен Атанасиј Атонски Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.07.2019)

Свети Андреј, архиепископ Критски     преп. Андреј Рубљов Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.07.2019)

Светиот маченик Јакинт Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.07.2019)

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородицаво Влахерна2 јули / 15 јулиБогородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.07.2019)

Светите маченици Козма и Дамјан Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат...

« »

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 213
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 423
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 569
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…