логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Зошто нашите Православни браќа, МПЦ – ОА ја сметаат за расколничка и не ја признаваат?


Одговорот од една страна е многу едноставен, а од друга е имагинативно комплициран, се зависи од тоа дали сакаме на вистината да се погледнеме во очи или пак си бараме за себеси, но, за себеси оправдувања.
Треба да се запрашаме како станавме Христијани, а одговорот ќе го добиеме ако се вратиме на изворот, а тоа е она што претходно го нагласивме дека треба да поверуваме во Бога Спасителот, во домостројот на Спасението, кое Он го востановил, да го прифатиме тоа, да се крстиме во Неговотот Име и да се трудиме да живееме по тој домострој.

Со други зборови, Неговите главни заповеди треба да бидат докажани со нашиот начин на живеење, значи да се љубиме еден со друг, тоа првенствено Он го бара од нас. Да живееме во соборност, тоа е второто, "Каде што се двајца или тројца собрани во Мое Име таму сум и Јас среде нив." (Мат.18,20) тоа понатаму се проширува и на целиот "народ" кој единствено би имал смисла да постои ако му служи на Бога, односно ако љубовта е основното начело за неговото постоење.
Така собрани, ние неминовно ќе допреме уште неколку многу значајни начела на христијанскиот начин на живеење, помеѓу кои ќе бидат и тие: да научиме едни со други да си простуваме, да не се предизвикуваме, да се трудиме со нашите раце, умови од Бога водени и  нашата надеж да ја полагаме на љубовта Божја, а не на минливите придобивки од овој свет, коишто често пати за да се добијат се плаќаат премногу високи цени. Следствено на тоа ќе има уште многу други работи коишто имаат духовна основа и ќе помогнат да ја оствариме таа соборност, но, секогаш се тргнува од примерите на поединците од христијанскиот живот, а тоа се светите отци на Црквата: преподобните, мачениците, исповедниците, и т н. И секое наше делување ќе треба да биди поткрепено од нивниот живот и поуки.
Сето ова ја привлекува Благодатта Божја и на тој начин ќе бидиме признаени како ученици Негови коишто ќе ги сакаат своите непријатели и ќе се молат за нив.

Па замислете во една земја живеат еве два милиони луѓе, не се делат помеѓу нив, нарочито не партиски, за идеали коишто се овоземни, нема помеѓу нив кавги – туку има разговор. Следствено на тоа пастирите во помесната црква духовно до таму се подигнале, така да делуваат како еден глас и со нивните животи претставуваат пример на христијанско живење и добродетели – паствата таквите ги следи до пеколот и назад – тоа е народ Божји, тие се признаени од Бога, другите би можеле само да се поучуваат од нив, бидејќи додека ги колнат тие благословуваат, додека ги оговараат тие простуваат, додека фрлаат со камења по нив тие цркви градат.

Кој не би го препознал Христос во Тој народ.
Тоа е народот кој самиот Спасител се залагаше да постои, за таков народ Он Себеси се даде, таков народ ќе го наследи Царството Небесно и тој народ ќе добие ново име и нов знак а тоа е Христов народ и Крстот ќе стои пред него.
Од друг аспект ако сакаме да погледнеме кои услови ги бара светот во неговата административна дејност за наше признавање, ќе видиме дека тоа се човечки критериуми. Ниту се соборни – од вселенските собори, ниту имаат духовна основа, а уште помалку дека сме некои расколници од проста причина што нивните ставки према нас се оние ставови кои Црквата би требало да ги има према еретиците, бидејќи тие го одлачуваат народот, а не само клирот од причестување, а од друга страна поставуваат  услови кои чисто имаат политички или светски карактер: ако ми се покориш, ако ме прифатиш јас да ти бидам глава, јас да ти бидам мајка.
Не – на Бога му се поклонувам, на Неговите заповеди се покорувам, Неговата волја ја барам и затоа Светото Писмо вели на човечка грижа не ме оставај.
Тоа е овој свет, но сепак позади сето тоа стои демонот и неговата желба да раздели па да владее, гордоста да ја надминат и  небесата.
Кривицата е секако првенствено наша, бидејќи не ги задоволуваме барањата од духовен аспект кои се однесуваат на љубовта помеѓу нас и соборнсота помеѓу нас.
Еврејскиот народ беше воспитуван четриесет години во пустината, од дванаесет колена Бог на крајот остави само едно, и тоа Јудиното, но сепак и тоа колено кога Христос дојде при своите, тие не го примија, затоа имаме понатаму и дванаесет апостоли кои ја освоија вселената, покрај благодатта над секој од нив, силата беше во нивната соборност, иако некогаш може ќе се појавеле различни мислењеа, одговорот го барале, во соборна молитва, од Бога.
Господ кажа стадо мое мало, наше е да ги љубиме сите, а ако некој праша колку – до САМОЗАБОРАВ, да простуваме, а ако некој праша колку – повеќе отколку што дишење имаме.
Одговорот се однесуваше на оној народ кој што треба да биди Божји, независно од тоа какво име носи овде на земјата.

Слепченски Претеченски манастир

3-ти јули 2018 лето Господово

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (10.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.12.2018)

Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.12.2018)

Преподобен Алимпиј Столпник Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.12.2018)

Свети Климент, архиепископ Охридски      Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум,...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.12.2018)

   Светата великомаченичка Екатерина Ќерка на царот Конста. По смртта на татко и  живееше со својата мајка во Александрија. Мајка и  беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон...

Од Верскиот календар на МПЦ (06.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (06.12.2018)

Свети Амфилохиј Икониски     Сонародник и пријател на Св. Василиј Велики и на другите големи светители од 4 век. Рано го остави светскиот метеж и се повлече во една пештера,...

Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2018)

  Светата маченичка Кикилија (Цицилија)      Родена е во Рим од богати и угледни родители. Имаше голема вера во Христа и голема ревност за верата. Заветувана на Бога на вечна девственост,...

Од Верскиот календар на МПЦ (04.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (04.12.2018)

Воведение на Пресвета Богородица    4 декември Лето Господово Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да...

Од Верскиот календар на МПЦ (03.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (03.12.2018)

    Преподобен Григориј Декаполит        Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна...

Од Верскиот календар на МПЦ (02.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (02.12.2018)

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во...

« »

Наука и Култура

Декември 09, 2018

Просветител и апостол на македонизмот

Светиклиментовото дело како основоположник на македонската просветителска и духовна дејност е една од најзначајните цивилизациски придобивки на денешниот македонски народ, кој го живее благодатот да биде негов наследник. Неоспорните факти дека словенската…

Спомен на Светите Отци од Седмиот Вселенски собор

Ное 06, 2018 Историја 151
Постојат 7 Вселенски Собори кои што се одржувале во периодот од 4 до 8 век и тоа: 1 во…

Најдобриот жив математичар - Григориј Перелман живее аскетски живот, чита книги и тоа го прави бескрајно среќен

Ное 02, 2018 Друго од култура 266
Математиката не е работа на мислење, како што ни човекот не е рационално суштество.…

Првата конференција за е-трговија во Македонија

Ное 02, 2018 Друго од култура 709
Дигитализацијата создава можности за креирање на нови бизнис модели, но и овозможува…