логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Светиот маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија

Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкира во времето на Диоклецијан. Но иако беше оженет, живееше според словото апостолско: оние што имаат жени да бидат како да ги немаат (1 Кор. 7, 29). А крчмарот сметаше дека би можел, без некој да се посомнева, колку што може подобро да им помага на христијаните. Неговата крчма им беше засолниште на гонетите верници. Теодот тајно им испраќаше помош на разбеганите бегалци по планините и тајно ги прибираше телата на загинатите и ги погребуваше. Во тоа време беа изведени на суд и мачени за Христа седум девојки: беа мачени, исмеани и најпосле удавени во езерото. Едната од нив, Света Текуса, му се јави во сон на Теодот и му рече да ги извади нивните тела од езерото и да ги закопа. Ноќе, во темница, појде Теодот со еден другар да ја исполни волјата на маченичката и воден од ангел Божји успеа и ги најде сите седум тела и ги погреба. Но оној другарот го издаде кај судијата и судијата го стави на тешки маки. Сите маки Теодот ги трпеше како во туѓо тело, бидејќи умот му беше вдлабочен во Господ. Кога целото тело му го претвори во рани и забите му ги раздроби со камења, мачителот нареди да го убијат со меч. А кога го изведоа на губилиште, многумина христијани плачеа по него, но Свети Теодот им велеше: „Не плачете по мене, браќа, туку прославете Го нашиот Господ Исус Христос, Кој ми помогна да го завршам подвигот и да го победам непријателот“. Го рече тоа и ја положи главата на трупецот под меч и му ја отсекоа, во 303 година. Телото на маченикот беше чесно погребано од некој свештеник, на една височинка надвор од градот.

Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина

Петар - прекрасно момче, Дионисиј - маж угледен, Андреј и Павле - војници и Христина - шеснаесетгодишна девица, сите Го исповедаа храбро Господ Христос и за Неговото име претрпеа маки и смрт. Некој Никомах, којшто беше мачен заедно со нив, се одрече од Христа насред маките и одеднаш слезе од умот, па како бесен го гризеше своето тело и исфрлаше пена на усните додека не издивна. Ова се случи во 250 година.

Светите маченици Ираклиј, Павлин и Венедим

Беа Атињани. Пострадаа за верата во времето на Декиј. За името Христово беа изгорени во огнена печка.

 

bogorodica.k.dol.jpg

 

Евангелие и поука за 31/05/2019
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 10:17-28

17.     Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас душата Своја си ја полагам за да ја примам пак.
18.     Никој не Ми ја отима, туку Јас Сам од Себе ја давам. Имам власт да ја дадам и власт имам да ја примам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.”
19.     И пак настана расправија меѓу Јудејците заради овие зборови.
20.     Мнозина од нив велеа: „Бес има и не е при Себе. Зошто Го слушате?”
21.     Други велеа: „Ова не се зборови на луд човек; може ли луд човек на слеп да му отвори очи?”
22.     А беше тогаш во Ерусалим празникот Обновение и беше зима.
23.     И одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов.
24.     А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!”
25.     Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене.
26.     Но вие не верувате, оти не сте од Моите овци, како што ви реков.
27.     Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене,
28.     и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката Моја.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 15:5-34

5.     Тогаш станаа некои од фарисејската ерес, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезуваат, и да им се заповеда да го пазат Законот Мојсеев.
6.     Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање.
7.     По долго расправање стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека Бог од првите дни ме избра меѓу вас незнабошците од мојата уста да го чујат словото евангелско и да поверуваат;
8.     и Бог, Кој ги познава срцата, им посведочи, и им даде Дух Свети како и нам,
9.     и не правејќи никаква разлика меѓу нас и нив, ги очисти со верата нивните срца.
10.     Сега, пак, зошто го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, ниту ние.
11.     Но ние веруваме дека ќе се спасиме со благодатта на Исуса Христа, како и тие.”
12.     Тогаш замолкна сето мноштво и го слушаа Варнава и Павла, кои прикажуваа какви знаци и чудеса направил Бог преку нив меѓу незнабошците.
13.     А кога тие престанаа, тогаш прозборува Јаков и рече: „Мажи, браќа, чујте ме!
14.     Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, та од нив да избере народ што ќе го носи Неговото име;
15.     и со тоа се согласуваат и зборовите на Пророците како што е напишано:
16.     »И потоа ќе се обрнам и ќе го обновам паднатиот дом на Давида, и неговите урнатини ќе ги поправам и ќе го издигнам,
17.     за да Го побараат Господа и другите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.« Така вели Господ, Кој го прави сето ова.
18.     Познати Му се на Бога сите Негови дела од создавањето на светов.
19.     Затоа јас мислам дека не треба да им се прават мачнотии на оние незнабошци, кои се обраќаат кон Бога,
20.     туку да им се заповеда да се воздржуваат од идолски жртви, од блудство, од удавено и од крв, и да не му прават на друг ништо, што ним не им е угодно.
21.     Зашто Мојсеј во сите градови има луѓе од старите времиња, кои го проповедаат, оти неговиот Закон се чита по синагогите во секоја сабота.”
22.     Тогаш апостолите и старешините со целата црква најдоа за добро да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Варсава, и Сила, луѓе истакнати меѓу браќата, и со Павла и Варнава да ги пратат во Антиохија.
23.     И со своите раце им го напишаа следново: „Апостолите, свештениците и браќата ги поздравуваат обратените браќа што се во Антиохија и Сирија и Киликија.
24.     Бидејќи чувме дека некои, што излегоа од нас, ве смутиле со зборови, и ги одвратиле душите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот, на кои ние не сме им заповедале;
25.     та, откако се собравме, еднодушно најдовме за добро да избереме луѓе и да ги пратиме при вас заедно со нашите омилени Варнава и Павла,
26.     луѓе, кои ги предадоа душите свои за името на нашиот Господ Исус Христос.
27.     И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и со зборови.
28.     Зашто на Светиот Дух и нам ни беше угодно веќе никакво бреме да не ви ставаме освен она што е потребно:
29.     да се воздржувате од принесување жртви на идоли и од крв, од удавено, од блудство, и да им правите на други она што вам не ви е угодно. Ако се пазите од ова, добро ќе направите. Бидете здрави!”
30.     И така испратени, тие дојдоа во Антиохија, и, кога го собраа народот, му го предадоа посланието.
31.     А кога го прочитаа, се зарадуваа поради утехата.
32.     Јуда, пак, и Сила, бидејќи и сами пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги утврдија.
33.     Откако престојуваа таму некое време, ги отпуштија браќата со мир при апостолите.
34.     Но Сила најде за добро да остане таму, а Јуда се врати во Ерусалим.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.

 

 

 

Преподобен Мојсеј Мурин

Не биди во непријателство со ниту еден човек и не го задржувај непријателството во срцето свое. Тоа е мир.

 

freska.svod.jpg

Holy Martyr Theodotus and the Seven Maiden Martyrs:
Thecusa, Alexandra, Claudia, Falina, Euphrasia, Matrona and Julia


Theodotus was married and an innkeeper in Ancyra during the reign of Diocletian. Although married, he lived according to the word of the apostle: "Let those having wives act as not having them" (1 Corinthians 7:29). He maintained the inn in order to help Christians unsuspected. His inn was a shelter of the persecuted faithful. Theodotus secretly sent help to those Christians who fled to the mountains and secretly gathered the bodies of those who died and buried them. At that time, seven maidens were brought to trial and tortured for Christ, ridiculed and finally drowned in a lake. One of them, St. Thecusa appeared in a dream to Theodotus and told to him to remove their bodies from the lake and bury them. In the darkness of night, Theodotus, with a companion, went out to fulfill the wish of the martyr and, led by an angel of God, succeeded to locate all seven bodies and bury them. But this companion betrayed Theodotus to the judge and the judge subjected him to cruel tortures. Theodotus endured all sufferings as though he were in someone else's body keeping his whole mind engrossed in the Lord. When the torturer transformed his entire body into wounds and knocked out his teeth with a stone, he ordered him to be beheaded. When he was led to the scaffold, many Christians wept for him and St. Theodotus said to them: "Brethren, do not weep for me but glorify our Lord Jesus Christ Who helped me to complete this mortification and to overcome my enemy." Having said this, he placed his head on the block under the sword and was beheaded in the year 303 A.D. A priest honorably buried this martyr's body on a hill outside the town. Later on, a church was built on this spot in the name of St. Theodotus.


Holy Martyrs Peter, Dionysius, Andrew, Paul and Christina


Peter, a handsome young man; Dionysius, a distinguished man; Andrew and Paul, soldiers; and Christina, a sixteen year old virgin, all courageously confessed Christ the Lord and endured sufferings and death for His Name. Nicomachus, who along with them was tortured, denied Christ in the middle of his tortures and, instantly lost his mind and, as a mad man, bit his body and threw up foam from his mouth until he died. This occurred in the year 250 A.D.


Holy Martyrs Heraclius, Paulinus and Benedimus


All three were Athenians. They suffered for the Faith during the reign of Decius. For the Name of Christ, they were burned in a fiery furnace.

Elder Paisios

Elder Zacharias used to say at the hut of the Transfiguration in new Skete, the fathers would say the Jesus Prayer out loud. Once, the demons had gathered, engaged, and one of them shouted: “They are saying the Jesus Prayer out loud. The prayer has no power!” One of the largest demons then said: “The jesus Prayer has power, whether they say it aloud or in their hearts, since there is nothing we can do about it.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч. Теодот Анкирски; св. мч-ци Петар, Дионисиј и др.

18 МАЈ

1. Св. мч. Тeoдoт и сeдум дeвoјки мачeнички: Тeкуса, Алeксандра, Клавдија, Фаина,
Eфрасиjа, Матрoна и Јулија. Тeoдoт бил oжeнeт и бил гoстилничар вo Анкира за врeмe на
царoт Диoклeцијан. Иакo бил oжeнeт, живeeл спoрeд слoвoтo апoстoлскo: “врeмeтo натаму e
краткo, та oниe штo имаат жeна да бидат какo да ја нeмаат” (1. Кoр. 7,29). А гoстилницата ја
држeл за да мoжe нeсoмнитeлнo штo пoдoбрo да им пoмага на христијанитe. Нeгoвата
гoстилница им била прибeжиштe на гoнeтитe вeрни. Тeoдoт тајнo им испраќал пoмoш на
разбeганитe христијани пo планинитe и тајнo ги сoбирал тeлата на загинатитe и ги пoгрeбувал.
Вo тoа врeмe билe извeдeни на суд и мачeни за Христа сeдум дeвoјки: билe мачeни, исмeвани и
најпoслe пoтoпeни вo eзeрoтo. Eдна oд нив, св. Тeкуса, му сe јавила на сoн на Тeoдoт и му рeкла
да ги извади нивнитe тeла oд eзeрoтo и да ги пoгрeби. Пo тeмната нoќ Тeoдoт oтишoл сo eдeн
другар да ја испoлни вoлјата на мачeничката и вoдeн oд ангeл Бoжји успeал да ги најдe ситe
сeдум тeла и да ги пoгрeби. Нo тoј другар гo издал на судијата и судијата гo ставил на тeшки
маки. Ситe маки Тeoдoт ги трпeл какo да бил вo туѓo тeлo, имајќи гo цeлиoт свoј ум задлабoчeн
вo Гoспoда. Кoга мачитeлoт му гo прeтвoрил цeлoтo тeлo вo рани и забитe сo камeња му ги
здрoбил, нарeдил сo мeч да сe исeчe. Кoга бил извeдeн на губилиштeтo, мнoзина христијани
плачeлe пo нeгo, а св. Тeoдoт им гoвoрeл: “Нe плачeтe, браќа, пo мeнe туку прoславeтe Гo
нашиoт Гoспoд Исуса Христа Кoј ми пoмoгна да гo завршам пoдвигoт и душманoт да гo
пoбeдам”. Кажувајќи гo тoа, ја пoлoжил свoјата глава на трупчeтo пoд мeчoт и бил исeчeн вo
303 гoдина. Нeкoј свeштeник чeснo гo пoгрeбал тeлoтo на мачeникoт на eднo вoзвишeниe
надвoр oд градoт. На тoа мeстo пoдoцна бил пoдигнат храм вo имeтo на св. Тeoдoт.

2. Св. маченици Пeтар, Диoнисиј, Андрeј, Павлe и Христина. Пeтар - прeкраснo мoмчe.
Диoнисиј - углeдeн маж, Андрeј и Павлe - вoјници и Христина - шeснаeсeтгoдишна дeвица,
ситe Гo испoвeдалe храбрo Христа Гoспoда и пoднeслe маки и смрт за Нeгoвoтo имe. Нeкoј
Никoдим, кoј сo нив бил мачeн, сe oдрeкoл oд Христа насрeд макитe и oдeднаш сe симнал oд
умoт, па какo бeсeн гo гризeл свoeтo тeлo и фрлал пeња низ устата дoдeка нe издивнал. Тoа
билo вo 250 гoдина.

3. Св. маченици Ираклиј, Павлин и Вeнeдим. Билe атињани. Пoстрадалe за вeрата вo
врeмeтo на Дeкиј. За Имeтo Христoвo билe изгoрeни вo oгнeна пeчка.

РАСУДУВАЊE
Да сe скријат дoбрoдeтeлта и свoјoт пoдвиг билo oбичај кај пoдвижницитe и
пoдвижничкитe нe самo вo првитe врeмиња на христијанствoтo, туку и низ ситe вeкoви дo
нашивe дни. Eвдoкија, жeната на славниoт кнeз Димитриј Дoнски, oслoбoдитeлoт на Русија oд
Татаритe, oстанала вдoвица вo 1389 гoдина и тoа сè уштe мнoгу млада. Цeлата прoникната сo
благoчeстиe, oваа кнeгиња ѕидала храмoви, дeлeла милoстиња, тајнo гo измачувала свoeтo тeлo
сo пoст и сo бдeниe. Дo тeлoтo нoсeла жeлeзни синџири. Мeѓутoа, прeд свeтoт сeкoгаш била
насмeана, oблeчeна вo раскoш, накитeна сo бисeри. Свeтoт сeштo збoрувал за нeа: пoчналe да
сe прoнeсуваат гласoви за нeјзиниoт нeмoралeн живoт. Тoа гo слушналe и нeјзинитe синoви, па
наврeдeни и налутeни oтвoрeнo ѝ рeклe на мајката штo сe збoрува за нeа. Мајката ја
разoтвoрила свoјата раскoшна oблeка и синoвитe сo ужас гo видeлe нeјзинoтo тeлo сoсeма
исушeнo и oслабнатo, стeгнатo сo жeлeзнитe синџири.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за дeјствoтo на Бoга, Свeтиoт Дух врз мачeницитe, и тoа:
1. какo Свeтиoт Дух им пружа утeха вo страданијата;
2. какo пoнeкoгаш, спoрeд Свoјата вoлја, ги прави нивнитe тeла нeсoгoрливи.

БEСEДА
за свeдoштвoтo на Свeтиoт Дух
Духoт на вистината, Кoј излeгува oд Oтeцoт, Oн ќe свeдoчи за Мeнe
(Јн. 15:26).
Бoг Син Гo испраќа вo свeтoт Бoг Свeтиoт Дух да свeдoчи за Нeгo дo крајoт на
врeмињата. “Oн ќe свeдoчи за Мeнe”. Какo ќe свeдoчи Бoг Дух за Бoг Синoт? Ќe свeдoчи на
мнoгу начини, и тoа:
- привлeкувајќи ги чoвeчкитe души кoн Црквата Христoва;
- oтвoрајќи ја смислата на Свeтoтo писмo;
- дoвeдувајќи ги на ум запoвeдитe Христoви;
- давајќи им тoплина, свeжина, сила и милина на збoрoвитe Христoви;
- oбраќајќи ги пoкајанитe грeшници вo правeдници;
- испoлнувајќи ги ситe вeтувања и прoрoштва Христoви на луѓeтo, на нарoдитe и на
Црквата Бoжја;
-утврдувајќи ја Црквата Христoва и oдржувајќи ја силна прoтив ситe бури на
врeмињата и ситe адски и чoвeчки злoби низ вeкoвитe.
Духoт Кoј дeјствува на oвиe и на мнoгу други слични начини e Дух Бoжји, Дух на
вистината, благ, живoтвoрeн и сeсилeн.
Ниeдeн Христoв збoр нe сe прoтиви на Духoт Бoжји, ниту Духoт Бoжји сe прoтиви на
нeкoј Христoв збoр. Затoа, кoга Дхoт Бoжји ќe благoвoли да сe всeли вo чoвeкoвoтo срцe, Oн
пoстанува жив и нeлажeн свeдoк за сè штo рeкoл и штo направил Христoс. И чoвeкoт тoгаш
вeрува радoснo и нeпoкoлeбливo. Бидeјќи, какo да нe Му вeрува на најгoлeмиoт и најтрајниoт
Oчeвидeц и Сoучeсник на ситe збoрoви, на ситe чуда и на ситe дeла Христoви?
Затoа, браќа мoи, да сe мoлимe прeд сè и над сè, oвoј Oчeвидeц и Сoучeсник, Духoт Свeт
и Сeсилeн, да сe всeли вo нашитe срца за вeрата наша да пoстанe жива, нeпoкoлeблива и
радoсна. O Бoжe, Свeти Дух, Духу на вистината, пријди и всeли сe вo нас. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден) Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па сѐ до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (втор ден) Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија....

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2019)

Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св. Троица) – Педесетница  Житие: Слегувањето на Светиот Дух – ПедесетницаНовозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2019)

  Глас четврти: Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја мачемичка, си се удостоил со вечна награда и соејќи пред Света...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2019)

Светиот маченик Јустин Философ     Роден од елински родители во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја барал мудроста кај философите, најпрво кај стоиците,...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2019)

    Светиот апостол Ерма Еден од Седумдесеттемина. Се спомнува во Посланието на Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2019)

Преподобен Исакиј Исповедник     Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење Исакиј, пустиник...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2019)

   Спомен на Првиот Вселенски Собор Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.06.2019)

Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски Тропар на преподобниот Христовепископ и исповедник Никита Халкидонски28 мај/ 10 јуниБлажен е подвигот твој оче преподобен,допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни,пригледуваше сираци...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 487
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 268
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 250
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…