логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

Противставувајте му се на ѓаволот и настојувајте да ги распознавате неговите лукавства. Својата горчевина тој обично ја скрива под привидна сладост. А за да може да ја прикрие, тој измислува разни привидности, кои имат прекрасен изглед, со цел да ги измами вашите срца со подражавање на вистината, која е со право привлечна. Кон тоа е насочена сета негова итрина: со сите свои сили да и се спротивставува на секоја душа, која добро Му служи на Бога.

Тој вложува во душата многу и разни страсти, за да го изгаси во неа божествениот оган, во кој е сета сила. Особено го прави тоа што ни нашепнува да го запазуваме спокојот на нашето тело и се што е соединето со него. И кога, најпосле ќе увиди, дека вистинските подвижници од сето тоа се запазуваат и ништо од него не прифаќаат и не му даваат никаква надеж, дека некогаш ќе го послушаат, тогаш тој отстапува посрамен.

Тогаш се вселува во подвижниците Божјиот Дух. А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во сите свои дела. Тогаш им станува слатко да го носат Божјиот јарем. Тогаш се остварува смислата на Христовите зборови: “Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11, 29-30). Тие се спокојни, иако го зеле јаремот Негов на себе си. Тогаш тие стануваат неуморни, како во самите добродетели, така и во извршувањето на своите послушанија и во ноќните бдеења; не се гневат на никого, не се плашат од никого и од ништо, ни од човек, ни од звер, ниту од лош дух. Затоа што радоста на Господа е со нив и дење и ноќе го оживува нивниот разум и ги храни. Душата расте од оваа радост и станува способна за се и совршена. Со оваа радост се издигнува на небото.


Свети Антониј Велики

 

Избор од фб профил на

ПравославноСлово

Друго:

Преподобен Антониј Велики- НЕКОЛКУ ДОБРИ СОВЕТИ ...

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie