логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ    

Тропар на соборот на
светиот Архангел Гаврил
26 март / 8 април

Тебе, кој благовестуваше спасение на
целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,
Гавриле Божји гласниче,
те молиме и со љубов и радост празникот твој
го празнуваме, моли се за нас секогаш пред
овоплотениот Бог, да ги прости нашите прегрешенија
и ни дарува милост голема.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар
на Христовиот монах
Малх
26 март / 8 април

                                                за девственоста

Величина си ти пред Господа премудра чистото:
неосквернетост не само телесна
туку неострастеност која води кон слобода.
Сознание си за оние кои по Бога трагаат
и кон совршена Љубов итаат.
Затоа праобраз имаш во рајската градина
а живот и пример црпиме од Пресветата
Која е Неосквернета, Пренепорочна, Чиста Дева,
Мајка на Нашиот Спасител
и Покров на родот човечки.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите Христови
дваесет и шест Готски маченици
26 март / 8 април

Пламенот на злобата е немерлив во споредба
со огнот на верата запален во вашите срца
о свети Готски маченици,
благодатта ве приведе низ оган да се очистите,
и како мирис благоухан пред Спасителот
да стигнете каде сега за нас се молите
ликувајќи во небесните градини.

 

*Имињата нивни: Ватусиј и Верк – презвитери со нивните два сина и три ќерки,
монах Арпил, мирјани: Авип, Агнас, Риакс, Игатракс, Искос, Силос, Сигицас, Сонирил,
Сајмблас, Термас, Филгас и седум жени: Ана, Ала, Вариса, Моика, Мамика, Вирка, Анимаиса.
Нивните мошти ги собра царицата готска Гата која потоа беше со камења убиена.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов угодник
Василие нови
26 март / 8 април

Радост си на Црквата Христова,
миленик на Божјата Мајка,
горостас на блаодатта Господова,
името твое ја покажа круната со дарови украсена,
од Христа подарена о Василие Божји угодниче.
Моли се за нас ти по чии молитви душите
и митарствата безметежно ги поминуваат:
со радост да стигнеме до Небесните живеалишта.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (08.04.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

 

ПреминПортал

2020 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

 

Светиот Архангел Гавриил



Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред претолост Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж - Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж - Бог, крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На овој број некои им го додаваат и Еремиил. Секој од нив има посебна служба, а сите тие се рамночесни. Зошто Бог не го испрати Михаил? Зашто неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера. А службата на Гавриил е благовестење за човековото спасение.


Преподобен Малх


Малх беше земјоделец од околината на Антиохија и од младоста со сиот дух беше устремен кон Бога. Арапите го заробија и во ропството го натераа да земе за жена една Црнкиња. Но тој и нејзе ја приведе кон Христовата вера и поживеа со неа како брат со сестра. Се договорија и побегнаа од ропството. Арапите за малку ќе ги стигнеа. Бегалците се засолнија во една пештера во која сретнаа една лавица со малечки лавчиња, па се исплашија. Но нив лавицата не ги повреди, а закла еден Арапин кој сакаше да влезе во пештерата за да ги фати. Кога стигна во својот крај, Малх ја даде жена му во еден женски манастир, а самиот отиде во машки. Поживеа многу години во подвиг и се пресели меѓу небесните граѓани во 4 век.

Преподобен Василиј Нови


Прво живееше в шума, без покрив и огниште. Кога го фатија и го прашаа кој е, одговори: „Еден од живите на земјата“. Се посомневаа во него дека е шпион и многу го намачија. На крајот проживеа на слобода во Цариград многу години. Проѕираше во човечките тајни, ја претскажуваше иднината, вршеше големи чуда. Послушничка му беше старицата Теодора, која кога умре му се јави на Василиевиот послушник Григориј и му ги опиша дваесетте митарства низ коишто поминува секоја душа после смртта. Свети Василиј мирно се упокои и се пресели во прекрасните небесни живеалишта на 25 март 944 година. По смртта еден од жителите на Цариград го виде во голема слава на небесата.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »