логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

На празникот на Успението на Пресвета Богородица или како што уште го нарекуваме и Второ Воскресение, македонскиот народ повторно силно ја демонстрираше својата силна православна вера, својот вистински православен христијански дух, посетувајќи ги масовно храмовите низ целата држава, поклонувајќи се и просејќи благослов од Мајката Божја за застапништво пред престолот на Севишниот Бог. Недогледна колона од луѓе пред храмот на Успението на Мајката Божја во Велес, кои смирено го чекаат својот ред за да ја целиваат плаштаницата на Пресвета Богородица, поставена во средината на храмот, големиот број на верници кои молитвено го очекуваат принесувањето на Светите Христови дарови за да се соединат со Христос, велелепните и ангелски звуци на црковните хорови се моментите кои го одбележуваат овој прекрасен ден во градот Велес.

Чествувањето во Велес, започна на 27. 08. 2019 со Вечерна Богослужба, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на која служеше Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенослужители од градот. Во  средината на храмот беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица. Централниот настан на чествувањето беше Светата Божествена Литургија следниот ден со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес. На Литургијата Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе во чин ипоѓакон, богословот Драган Тасевски од Велес.

 

 

 

 

 

 Извор:http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport