логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Тропар на светите
Христови маченици
Маркијан и Мартириј
25 октомври / 7 ноември

Господи Боже наш, Ти Кој се вочовечи,
телото наше го зеде но Бог по суштина остана,
мачениците Твои Маркијан и Мартириј, вистинската вера ја испишуваа,
но не само на хартија туку и со своите животи ја посведочија.
Примајќи го нивното исповедување, со двоен венец ги украси
и по нивните свети молитви ги спасуваш,
оние кои го примија словото од нив запишано.


 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 07/11/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Светите маченици Маркијан и Мартириј

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин Ариевата ерес, којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат од престолот и протеран во Ерменија, каде што Аријанците го удавија. Патријаршискиот престол го зазеде злочестивиот Македониј. Во тоа време, кога Православието имаше пред себе две лути борби, една со незнабожците друга со еретиците, Маркијан и Мартириј се заложија за Православието со сета сила и одлучност. Маркијан беше чтец, а Мартириј ипоѓакон при соборната црква и под патријархот Павле беа патријархови нотари. Аријанците се обидоа најпрво да ги потплатат, но кога овие Свети мажи го одбија тоа, тие ги осудија на смрт. Кога ги изведоа на губилиштето, ги воздигнаа рацете и Му се помолија на Бога благодарејќи Му за маченичкиот крај на својот живот: „Господи, се радуваме што од овој живот излегуваме со ваква смрт. Удостој нѐ да бидеме причесници на животот вечен, Ти Којшто нам Си ни живот!“ Тогаш ги потклонија своите глави под мечот и беа обезглавени, во 355 година. Над нивните чудотворни мошти подоцна во нивно име подигна црква Св. Јован Златоуст.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie