логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од местото на Марија и нејзината сестра Марта.
2.     А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса.
3.     Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.”
4.     Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.”

Покажувајќи на главата, ми велеше:

– Еве каде се нивните болести. Како можат нешто да работат, ако постојано размислуваат за своите болести!..

И замислете, таа сè уште е жива! Од тогаш во манастирот веќе умреа други две монахињи, а мајка Елисавета сѐ уште е таму…

Бидејќи веќе наближуваше спасителното страдање, требаше да се даде посигурно уверување во тајната на воскресението. Исус престојуваше од другата страна на Јордан, каде што најнапред ги воскресна Јаировата ќерка и синот на вдовицата. Погоден од тешка болест, умре и Неговиот пријател Лазар. Исус беше далеку, но им рече на своите ученици: „Лазар, нашиот пријател заспа"

Треба да го практикуваме Божјото присуство во нашиот секојдневен живот. Свети Јован Кронштадски вака ни го објаснува ова: „Верувај непоколебливо дека Бог те гледа како што веруваш, дека секој што стои лице во лице со тебе те гледа, само со таа разлика, што Небесниот Отец гледа сè што е во тебе, сè што си ти… Бог ни е поблизок нам од било кој човек, во било кое време. Затоа мораме секогаш да Го ставаме Бога пред нас, на нашата десна страна, и таму да Го гледаме;

Св. Амфилохиј, епископ Икониски, земјак, другар и пријател на св.Василиј Велики и св.Григориј Богослов, високо образован и голем подвижник, ја опишува следната потресна случка: Имало некој човек, напaднат од блудната страст; тој многу често паѓал во грев, но, исто така, многу често прибегнувал кон Бога со покајнички солзи и молитви. После покајанието, победуван од навиката, тој повторно грешел.

- Што правите во Црквата?
- Ништо.
- Ништо не правите?
- Да!
- Тогаш зошто одите во Црква?
- Епа добро, бебето во утробата мајчина прави ли нешто? Тоа е во утробата на мајката и само се храни и расте, а кога ќе дојде времето, ќе се роди. И ние го правиме истото.

...Еден млад монах го видел старецот надвор од ќелијата, легнат на земјата како им рони трошки леб на мравките, кои на тоа место имаа направено гнездо. „Што правиш таму, старче? – го прашал, а тој му одговорил: „Еве што правам, се учам на сострадание…“ Токму ова сострадание и љубов кон секој човек, животно, растение, дрво и сето создание, ќе го сочинува критериумот на нашето спасение.

Жезалот во рацете на ангел е симбол на моќ и достоинство. Архангел Гаврил или Михаил може да се видат на иконите со глобус или огледало, кои ја означуваат небесната сфера, симболизирајќи универзум, диск или штит. Глобусот во повеќето случаеви се претставува светол и транспарентен како стаклена топка или сфера.

Додека убиството на децата не биде прогласено за

најголемото злосторство и ставено вон законот,

сите повици на мир и праведност ќе

бидат само маска на канибалското лице.

Поучувањето во Православната Вера не може да ги следи методите на световната настава. Формалното образование пренесува знаење со цел да ги оспособи студентите за чување и анализирање на информацијата. Затоа, колку повеќе изучува, колку повеќе аналитична станува личноста, толку повеќе се вели дека е образувана. Поучувањето во верата не пренесува толку многу информации, колку што се стреми да го образува умот Христов (1 Кор. 2, 16) во душата на оние кои се поучувани.

И секогаш кога нешто силно ми недостигаше или кога губев нешто омилено, јас размислував за кожената тетратка и за изреката на дедо ми. Јас и сега тоа го нарекувам „правило на среќа“ или „закон на оловниот војник“. Ми се чини дека овде е замешана и сказната на Андерсен „Истрајниот оловен војник“: малиот бил храбар – поминал низ оган и вода, и дури со око не трепнал…

Blagovestenie.Markov.jpgМногу сме Ѝ должни на нашата Пресвета Богородица. Затоа Црквата толку многу Ја почитува и слави. Затоа свети Григориј Палама, сумирајќи ја отечката теологија, вели дека Богородица е втора после Света Троица, дека е Бог после Бога, граница помеѓу создаденото и несоздаденото, „претстојател на спасените“, според еден друг убав израз на богословот на нашата Црква. А свети Никодим Агиорит,

Света ГораКога размислувам за мојата огревовеност, во мене се јавува каење (раскајување). Значи, не станува збор за покајание (метаноја), туку каење. Покајанието е дар на Светиот Дух. Бог ќе ми даде покајание. На пример, си сторил нешто и си велиш „Оф леле! Што направив? Зошто не го послушав старецот? Сега старецот ќе ме прекори!“ Ова е каење. Но, кога јас ќе те викнам и ќе ти речам, „Чедо мое, што стори?“

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1483
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 938
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1187
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…