логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.trubaОд страв од смртта, вие сте принудени да ги изучувате микроскопските паразити, бацили, разни видови вируси и ешерихија коли, да ги проучувате сопствените измет и урина – затоа што се одвративте од размислувањето за Бога, разбирањето на небесната чистота и запознавањето со Ангелите.Таков е законот на животот надвор од Рајот.

3.angeli.so.trubaОтец Герасим се упокоил во Господ на 26 декември 1951 година. Чувствувајќи дека му се ближи крајот, отишол до креветот на својот мачител, кој, исто така, умирал во истата соба, и искрено му рекол: „Од сѐ срце ти простувам. И бидејќи јас ти простувам, несомнено Христос, Кој е бесконечно помилостив од мене, исто така, ќе ти прости. И за тебе има место во рајот!“

Nedela.SV.Otci.jpgВо истиот тој ден, седмата недела по Пасха, го славиме Првиот вселенски собор во Никеја, каде што се собрале 318 богоносни Отци, од следнава причина: Бидејќи Господ наш Исус Христос, Кој се облече во тело слично на нашето, неискажливо ја исполни сета промисла и пак се врати кон престолот на Отецот, Светите Отци сакале да покажат дека Синот Божји навистина стана човек и, како совршен човек и Бог, се вознесе и Отци, кои Го проповедаа како вистински Бог и вистински човек, Кој се вознесе во тело.

3.angeli.so.truba Тропар, глас 8: 
Препрославен си, Христе Боже наш, Кој на земјата ги постави нашите Отци како светила,

и преку нив нѐ упати сите нас кон вистинската вера.

Многумилостив (Господи), слава Ти!

3.angeli.so.trubaЗошто токму 40 дена требало да поминат до Вознесението? Бројот 40 имал големо значење воопшто на древниот Блиски Исток, а особено тој број има големо значење во Библијата: претставува символ на завршено дело, генерација и исполнување. Св. Никодим Светогорец вели дека Христос, според Својата човечка природа, примил три раѓања (1.Воплотувањето од Дева, 2.Крштението од Јован и 3.Воскресението), и во трите раѓања е наречен – првороден (1.од многуте браќа по тело, 2.во новото

Кога се вознесуваше од Маслинската Гора, Христе, силите (небесни), гледајќи Те, еден на друг си велеа: Кој е Овој? А еден силен глас од небото им велеше: Овој е Силниот во војните, Овој е навистина Царот на славата. А зошто Му е црвена облеката? – Затоа што доаѓа од Восор, односно од телото; Самиот,пак, Ти, откако седна од десната страна на величието како Бог, ни Го испрати Светиот Дух, да ги води и спаси душите наши.

Voznesenie.Markov.jpg

По Своето воскресение Господ не бил постојано со своите ученици, но им се јавувал во разни места и разно време, откривајќи се Себеси жив во славата на своето воскреснато Тело.На кои и по своето страдање им се покажа жив со многу вистински докази јавувајки им се четириесет дена и зборувајќи им за Царството Божјо (Дела. 1,3)

 

3.angeli.so.trubaКога без наша согласност ќе нѐ нападне некоја нечиста помисла, која не ја сакаме и кога ненадејно, како разбојник, ќе навлезе во нас, таа ќе успее насилно да завладее со нашиот ум. Но, сепак треба да знаеш дека и таа помисла произлегла од самите нас, затоа што по крштевањето сме се предавале на таа помисла, иако не сме ја извршувале на дело; или, пак, по наша слободна волја, сме задржале во себе си некои семиња на злото,

3.angeli.so.trubaСветиот апостол Јован ни кажува: „Совршената љубов го отфрла стравот“. Онаму каде постои страв, нема љубов, туку мизерија и негодување, лаги и лицемерие, права и сметки за тоа колку дадовме и колку сме зеле. И таму каде што има љубов, нема страв, туку прегратка на прифаќање и прошка без сметки; постои взаемна љубов и меѓусебно разбирање.

 Штом го рече тоа, Христос плукна на земјата, направи кал и го намачка местото кај што се сместени очите, и му нареди да отиде во бањата Силоам и да се измие, за да покаже дека Он е тој што во почетокот зеде прав од земјата и го создаде човекот. И бидејќи окото е еден од најважните органи на телото, го создава, иако тоа не постоеше, за да покаже, исто така, дека Он е тој што и дава движење и на душевната сила.

Bogorodica.SHirshaja.Preubava3Има многу луѓе кои се „удавени“ од неправдите и здробени од искушенијата на животот. Тие одат кај својот свештеник во потрага по одговори. Тие, исто така, се обидуваат да ги испросат неговите молитви за да го запрат тоа „неправедно зло“ што ги мачи.
Секако никој од нас не сака да страда, никој не сака да претрпи маки, неправди, клевети, искушенија, болка, предавства, измами.

Преживување- тоа е прилагодување, а прилагодување- тоа е равенка, затоа пред христијанинот секогаш има избор: или прилагодување на лагите или прилагодување на свирепостите на овој свет, односно, да се игра човек, а да не се биде тоа, или да се влезе во борба со светот, да се стане против овој железен валјак, кој руши се на својот пат.

Создателу на сѐ и Владико Христе Боже, на половината од Празникот кој беше пропишан со законот, Ти им говореше на оние што Те слушаа: Пријдете, и нацрпете од водата на бесмртноста! Затоа и ние Ти се поклонуваме и верно Ти викаме: Дарувај ни ги Твоите добрини, зашто Ти си Изворот на нашиот живот.

Hristos.Sudija.jpgВо средината на четвртата недела, свечено се одбележува денот што паѓа на половината на периодот од Велигден до Педесетницата. Во тој ден Христос дојде да ги поучи луѓето на Својата спасителна мисија и на сите да им ја понуди водата на вечниот живот. Господ уште еднаш не потсетува на своето присуство и на даденото ветување: Кој е жеден нека дојде кај Мене и нека пие (Јн. 7, 37).

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 745
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…