логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Crkva.Vegoshti

– Високопреосветен владико, која е највисоката точка на светот?

– Се разбира, вашето прашање е во врска со книгата која ја напишав за Света Гора, „Највисоката точка на земјата“, и за моите доживувања таму. Тоа е само игра на зборови, не постои највисока точка на земјата, може да е една гробница, еден аеродром, една болница, едно место на голема радост, може да е еден храм. Највисоката точка на земјата може да е и Света Гора, место на средба со Бога. Бидејќи зборуваме за Божик, јас навистина доживеав на Света Гора многу убав Божик, во 1988 година. Ќе ми остане незаборавен спомен. Постои уште една книга „Сеќавања од Градината на Богородица“, од еден многу мил човек, како го доживеал Божик на Света Гора во 1940 година среде пустината. Ќе ви кажам, во еден светогорски општежителен манастир, поим за божикна украсена елка, поим за безбројни колачиња, поим за подароци, поим за божикни песни (каланди, коледарски) – не постои. Постои нешто оголено од таквите нешта, и нормално некој би се запрашал, како е можно да се празнува Рождеството, без тие надворешни услови? Сакам да ве уверам, дека таквиот Божик е иконичен, и ве вознесува кон друг свет.

Навистина, во општожитието каде што престојував, уште во навечерието на Божик (на Бадник), е ден за строг пост. Значи, по завршувањето на богослужбата, нема трпеза за да одиме да јадеме, туку поминува гостоприемникот и ни разделува на сите мали парчиња леб, суви смокви и еден сад со мед, и секој може да земе една лажичка мед. Ете, тоа е навечерието (Бадник). И остануваме во исчекување на друга храна дури во наредниот ден, кога, се разбира, се поставува убава трпеза по завршувањето на богослужбата. Псалтите пеат убаво и бавно, и секој си стои на своето место неподвижно, и по завршувањето на богослужбата излегуваат од храмот и одат во своите ќелии.

Во книгата што ја спомнав за подвижниците, нешто што ме трогна кога ја читав и ме вдахнови, кога вели дека за празникот Рождество Христово служеле во една пештера посветена на празникот, на Каруља, на Света Гора. Тоа е еден непрооден предел, во кој, за да отидеш, треба да се качуваш по еден синџир, или да се искачуваш по скали, кои се прицврстени за карпите, и таму е многу опасно. Значи, тој младиот кој тогаш отишол, отиде таму да види, кај тој прочуен духовник, како живее во таа пештера, како го прославува Божик. Навистина, вели, вечерта почнаа да слегуваат некои луѓе – подвижници, некои со скали, некои со синџири, чекорејќи по карпите, за да стасаат до тој предел, и штотуку ќе стасаа, влегуваа во храмот, којшто е вграден во пештера. Таму секој се подготвува и го очекува бдението. И нема ништо друго. Навечерие со бдение. Седат таму и поклониците и монасите, започнува бдението, ја доживуваат тие десетина луѓе таа атмосфера – духовно чиста. Еден од отците немал чевли, па си ги завиткал нозете со вреќишта (платно од вреќи). И бидејќи му студело ноќта, отишол во близина на ќумбето, кое горело среде храмот, за да се загрее. Без да забележи му се запалиле вреќите на нозете и притрчале два-тројца од помладите и му ги изгасиле. Останатите биле толку потонати во молитва, што не ни забележале што се случува. И овој настан го вдахновил да види како би можел некој на таинствен начин да ги живее овие настани, надминувајќи ги своите сетила. И кога завршило бдението, вели, го запеавме тропарот, седнавме просто, испивме по едно кафе, и потоа на една обична трпеза, на која имаше само ориз и бакалар, кои му ги донеле од скитот на подвижникот, и потоа секој се заблагодари и си замина. И тоа беше цело празнување. Немаше ништо друго! Имаше само служба на Бога и обид за средба со Него. Тоа е големо нешто.

– Имаме слушнато многу раскажувања за молитвата. Вие лично, во молитва, сте Го сретнале Бога?

– Јас не верувам дека само на Света Гора можеш да Го сретнеш Бога. Бога можеш да Го сретнеш среде многу настани. Во еден сиромав човек, среде една голема радост, во една голема тага, во еден безизлез, во еден благослов. Но за да Го сретнеш и да Го спознаеш, потребна е една изворна болка, и малку смирение. Тоа е големо нешто. Се молам сиот свет да го доживее тоа, да почувствува дека поголемо нешто во верата од средбата, чувството на Божјото присуство – не постои на овој свет.

Што значи блескавата ѕвезда на Рождеството Христово?

– Блескавата ѕвезда ја објаснуваат различно, дека била ѕвезда, дека биле повеќе ѕвезди, но едно е јасно – тоа била натприродна појава. Светиот Јован Златоуст вели дека тоа бил ангел.

– Тројцата мудреци со даровите си го најдоа ли својот пат?

– Тие најдоа друг пат. Не го најдоа тој пат на земјата, но го најдоа патот кон Бога. Очигледно тие бараа нешто друго, па и јас во мојот живот таков пат барав и сакав да видам некоја таква ѕвезда и го најдов. И не кријам дека сум среќен што се најдов во овој свет, во овој живот. Јас бев трето дете на моите родители, и тие можеа да имаат две деца, па јас воопшто да не постојам, но се чувствувам многу среќен, не затоа што студирав, не затоа што имав можност да имам пари, не затоа што запознав исклучителни луѓе, мислам дека затоа што имав прилика, среде оној начин кој го има црквата, среде тој мистичен начин на доживување на Бога, да го почувствувам Неговото присуство. Многу сум среќен…

 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Sample Image

Православна светлина бр. 52

Електронска (PDF) верзија на списанието.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 744
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…