логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 bogorodica.k.dol.jpg

НА РЕКИТЕ ВАВИЛОНСКИ
 
Со приближувањето на Великиот Пост, ние забележуваме дека во Црковните Богослужби се јавуваат посебни молитви кои Црквата премудро ги одредила за да не подготви за овој период на пост, молитва и покајание. Така, во Неделата на Митарот и Фарисејот, на утрената Богослужба се започнува со пеење на покајната песна „Отвори ми ги вратите на покајанието, Животодавче“ (Покајанија двери отверзи ми Жизнодавче).

Во наредната недела, пак, а тоа е Неделата на блудниот син, освен оваа прекрасна молитва, на Утрената почнува да се пее и Давидовиот псалм „На реките Вавилонски“ (Псалм 136). Во Псалтирот овој псалм е поставен веднаш после торжествените и Богопофални псалми 134 (Хвалите имја Господње) и 135 (Исповједајтесја Господеви јако благ), но по својата содржина тој премногу се разликува од нив.

Накратко, псалмот ни раскажува за еден период од животот на древните Евреи, поточно, за нивното прогонување во Вавилон и нивната неизмерна тага за родниот Ерусалим. Псалмот се пее и наредните две Недели – онаа на Страшниот Суд и Неделата на простување, т.е. онаа пред самиот почеток на Великиот Пост.

А зошто Црквата го одредила пеењето на токму овој Псалм? Како неговата содржина се однесува и на нас?
Еве како тоа го објаснуваат Господовите служители во своите обраќања кон верните:

Великиот Пост , Нашето прогонство
Од отец Серафим Роуз (март, 1965)


  bogorodica.k.dol.jpg

„На реките Вавилонски, таму седевме и плачевме, кога ќе си спомневме за Сион“.
Овие зборови на Великопосниот Псалм, нам, на Православните Христијани, Новиот Израел, ни напоменуваат за нашето прогонство. Овој Псалм има посебно значење за православните Руси, истргнати од Русија, но и за сите нас, Православните Христијани, кои живееме во овој свет како во прогонство, копнеејќи да се вратиме во нашиот вистински дом – Рајот.

За нас  Великиот Пост е еден вид период на прогонство, востановен од нашата Мајка, Црквата, за да го освежи во нас споменот за Сион од кого многу далеку сме залутале. Ние сме го заслужиле тоа прогонство, а заради нашата голема грешност имаме и голема потреба од него. Само преку горчините на прогонството , за кои ни напоменуваат постот, молитвата и покајанието на овој период, ние успеваме да ја сочуваме во себе визијата за нашиот Сион.

„Ако те заборавам Тебе, Ерусалиме...“
Слаби и заборавни, ние и во деновите на Великиот Пост живееме така како Ерусалим никогаш и да не постоел за нас.Ние сме вљубени во нашиот свет, нашиот Вавилон; ние сме заведени од обилните задоволства на оваа „туѓа земја“ и ги занемаруваме службите и поученијата на Црквата кои не потсетуваат за нашиот вистински дом. И полошо од тоа, ние ги љубиме самите наши поробувачи – зашто нашите гревови не држат во заробеништво многу поцврсто отколку секоја човечка стража – и ние им служиме, минувајќи ги бесполезно драгоцените денови на Постот, кога треба да се подготвуваме за пречекот на Сончевиот Изгрев на Новиот Ерусалим, за Воскресението на нашиот Господ Исус Христос.

Но сеуште има време; ние мораме да си спомнеме каде е нашиот вистински дом и да заплачеме за гревовите кои не изгониле од него. Да ги земеме при срце зборовите на Светиот Јован Лествичник: „Прогонството е оддалечување од се, со намера да се сочува нашиот ум во неразделно единство со Бога. Прогонетиот го љуби плачот и самиот непрекидно плаче.“ Изгонети од Рајот, ние не можеме да се надеваме на повторно враќање во него доколку најпрво не бидеме изгонети од светот.Тоа можеме да го постигнеме поминувајќи ги овие денови во пост, молитва, оддалечување од светот, посетување на црковните Богослужби; со солзи на покајание, со подготвување за радосниот Празник кој ќе го означи крајот на овој период на прогонство, и сведочејќи им на сите во оваа „туѓа земја“ за настапувањето на еден уште поголем Празник – денот кога нашиот Господ ќе дојде да ги врати  Своите луѓе во Новиот Ерусалим, кој ќе биде за вечност и од кого никој веќе нема да биде прогонет.

За значењето на псалмот „На реките Вавилонски“
(извадок од беседата на Митрополит Филарет Вознесенски, Првоиерарх на РПЦЗ од 1964 до 1986)

bogorodica.k.dol.jpg
 

Основната смисла на псалмот „На реките вавилонски“', посебно за нас, Христијаните, не е во историските случувања , но во тоа што овој псалм ни напоменува за тоа како Евреите бивајќи во заробеништво во Вавилон, се научиле да ги љубат своите светињи, да ги чуваат во себе и да ги носат во своите срца. Жестоките поробувачи им говореле: „Пејте ни од Сионските песни“, а тие одговарале: „Како да ја пееме Господовата песна на туѓа земја?“

Така ни прилега и нам, кои сме се востановиле на многу реки, далеку од своето родно место, да земеме пример од Еврејскиот народ кој се научил бивајќи во заробеништво да ги носи во себе своите светињи, да ги почитува и да ги чува.
„...Ќерко Вавилонска, опустошителке, блажен е Оној Кој ќе ти врати за делото шо ни го направи! Блажен е Оној Кој ќе ги зграби и разбие твоите младенци од камен...“

Но, основната, духовна смисла на овој псалм, во согласност со други свети оци била објасната и од големиот старец Амвросиј. Во едно од своите поучителни писанија о.Амвросиј се обраќа кон самиот себе си говорејќи:      „ Ќерко Вавилонска, моја грешна плот, кога ќе се научиш да ги разбиваш гревовните твои младенци од каменот на верата?“ Светите оци го нарекуваат гревот „гревовен младенец“ кога тој само се појавил во човековата душа но сеуште не завладеал со неа. Тоа значи дека соблазната на гревот се појавила во душата, но човекот може да ја победи таа соблазна, која е нужно да ја отфрли од себе веднаш штом ќе се појави. Ако човекот го задржува она што го соблазнува во душата и мислите, посветувајќи му внимание, тогаш тоа со секој момент станува се посилно и попримамливо, и што подолго соблазната останува во душата, толку потешко ќе биде таа да се победи. Токму затоа и големиот старец говори дека е неопходно „гревовните младенци да се разбиваат од каменот на верата“ и да се води борба со гревот, изгонувајќи го надвор веднаш кога тој ќе се појави во душата, додека е уште слаб, како младенец и сеуште не завладеал со душата.                                                                                      

Ова треба да го помни секој од нас.

„На реките Вавилонски, таму седевме и плачевме кога ќе си спомневме за Сион...Како ќе ја пееме Господовата песна во туѓа земја?“
Митрополит Јов (надлежен Архиереј за Чикашката и Средно-американска Епархија на Православната Црква на Америка од 1993 до 2009)     

           bogorodica.k.dol.jpg
 
 (Великопосен период, 2003)

Возљубени во Господа,
Со овие таговни, а воедно неописливо убави и силни зборови на Псалмот 136, ние влегуваме во Великопосниот Период. Се сеќаваме на зборовите на Свети Павле кој вели:„Ние немаме постојан град, но го бараме оној што треба да дојде“(Евр. 13:14). Ние сме во Вавилон и копнееме да се вратиме во својот дом. Ние сме во туѓа земја, каде што многупати е тешко да се пее Господовата песна, песната на нашиот вистински идентитет и на нашиот роден крај.

За Христијаните, секоја земја е туѓа земја, далеку од Царството Небесно. Секоја земја, нација или град што е од овој свет, порано или покасно се манифестира како воено поле, воена опасност, непризнавање на божественото значење на човечкиот живот, алчност за материјална добивка, и секаков вид на морална дигресија. Великиот пост не повикува да ја оплакуваме оваа бедна состојба во која себеси се наоѓаме како заробеници. Нашите срца очајно повикуваат:„Навистина, како да ја пееме Господовата песна?“

Сепак, во Христовата светлина, ние согледуваме дека можеме и мораме да ја пееме Господовата песна.Ние откриваме дека иако секоја земја е туѓа земја, таа е, сепак, земјата во која сме повикани да бидеме сведоци и рефлекција на Светлината што  преобразува се. Со помош на Господовата благодат која толку обилно се излева на нас преку нашиот живот во Господа Исуса Христа, ние согледуваме дека можеме да ја поправиме навидум безнадежната состојба на овој паднат и скршен свет, и тоа почнувајќи најпрво со нашите сопствени срца; ние согледуваме дека и туѓата земја може да ни постане „дом“ ако Го носиме Христа во срцата. Ние можеме да го почувствуваме предвкусот на Царството Кое е нашиот дом и  тоа преку светата Евхаристична трпеза на која се принесува Телото и Крвта на нашиот Бог, преку светите црковни Богослужби, преку слушањето и читањето на Светото Писмо и житијата на Светиите кои се секогаш присутни со нас во Црквата, преку нашите лични молитви и преку нашиот пост. Чувствувајќи го на тој начин присуството на Царството, ние тоа можеме да го споделиме и со другите правејќи им добрини и така повлекувајќи ги во мрежата на Господовата љубов и благост.

Ова е „радосната тага“ на Великиот Пост. Иако тагуваме поради гревовноста на светот, а пред се, гревовноста на нашите животи, ние, сепак, не тагуваме како „оние што немаат надеж (Солун.1, 4:13). Нашите очи се фокусирани на Светата Пасха, потеклото и исполнувањето на нашето Великопосно делување. Се што зборуваме и правиме за време на овие Великопосни денови има само една цел: да бидат отстранети сите препреки што го заматуваат нашиот духовен вид, а се поставувани од нашата волја, за да можеме повторно да се фокусираме на „надежта која е припремена (за нас) во Рајот“ (Колос. 1:5). Токму оваа надеж – во уништувањето на смртта преку Христовото распнување и Воскресение, ја разведрува нашата тага. Ова е таа надеж, сигурна и непоколеблива надеж во Господа, која ни овозможува да ја пееме Господовата песна иако пребиваме во Вавилон.

Возљубени, да го започнеме овој благословен период на покајание со радост, тежнеејќи кон Светата и Величествена Пасха. И секогаш да ја имаме Господовата песна на нашите усни, песната која не повикува од нашето прогонство во радоста на вечниот живот!

Подготви и преведе од англиски и руски С.Л.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная