логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Прва молитва кон светите Методиј и Кирил
Светите Методиј и Кирил

О, преславни учители и просветители на словенските народи, свети рамноапостолни Методиј и Кирил. Кон вас, како чеда кон своите отци, со светлината на учењата и од буквите ваши просветени и во верата Христова поучени, сега усрдно прибегнуваме и со скрушени срца се молиме. Ако вашите завети, како непослушни чеда, не ги запазивме и за угодувањето на Бога, како што нè учевте, не се грижевме, и од едномислието и љубовта, коишто на словените, како на браќа по вера и по плот, за добро им ги заповедавте, отпаднавме, но, како што некогаш во вашите житија не ги остававте без добрина неблагодарните и недостојните, туку со добро на злото возвраќавте, така и сега не ја отфрлајте молитвата на вашите грешни и недостојни чеда, туку, бидејќи имате голема смелост пред Господа, умилно молете Го, да нè поучи и упати на патот кон спасението, расправиите, пак, и раздорите, кои се појавуваат помеѓу едноверните браќа, да ги смири, отпаднатите пак во едномислие да ги приведе и сите нас во единство со дух и љубов во едната, Света, Соборна и Апостолска Црква да нè соедини. Бидејќи знаеме, дека многу може да направи молитвата на праведникот пред Милосрдниот Владика, дури и кога за грешни луѓе е принесувана. Не нè оставајте нас, очајните и недостојни ваши чеда, заради чиишто гревови вашата паства, од вас собрана, со непријателство е разделена и од соблазните на иноверните соблазнувана, се намали, нејзините, пак, овци словесни расеани, од духовните волци се грабнувани, по вашите молитви дадете ни ревност, та од неа разгорувани, отечките преданија добро да ги сочуваме, правилата и обичаите црковни верно да ги запазиме, од секакви лажни и туѓински учења да се оддалечиме, и така, во богоугоден живот на земјата да пребиваме, да се удостоиме со рајски живот на небесата, и таму со вас заедно, Владиката на сите, во Троица Едниот Бог да Го прославиме во вечните векови. Амин!

Превод од руски јазик:

ѓакон Јани Мулев

Молитва втора кон светите Методиј и Кирил

О, сефални и рамноапостолни Методиј и Кирил, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, коишто со вашиот труд бевме просветени, и оградете нè нас со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје, што го насадивте, и не го оставајте на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Македонска Православна Црква, којашто вие ја изградивте врз камен-темелникот, Христос, та да биде непоместлива, и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците, за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта бидете ни на сите нас благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стигнеме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да Ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2012/05/23/molitvi-kon-sv-metodij-i-kiril/?fbclid=IwAR3Fw_XMLEHjnKjkL8kIhfkHnDKdgGinLOYzy1amEHA1o16u7DjdtU8l8Is

24ти мај 2019 лето Господово

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1089
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1653
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1088
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…