логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светата
Христова преподобномаченица
Параскева Римјанка
26 јули / 8 август


Параскево света девственичке,
Словото Божјо во тебе сила покажа,
нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,
ти Христа го исповеда и прослави,
моли се света маченичке,
прелестите на овој свет да не нé прелажат,
туку по твоите молитви нашите души да се сочуваат.

    Извор МПЦ – ОА
   Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
Христова маченица
Ореозила
26 јули / 8 август

Желбата на душата твоја:
Христос вистинскиот Бог и Спасител,
Го придоби, о, Ореозило невесто Господова,
благодатно обдарена, мноштво приведе
во познание на вистината,
и крвта твоја осветена,
рани телесни и духовни исцелуваше.
Затоа сега за нас моли се света маченичке,
кои го чествуваме светиот спомен твој.



 
   Извор МПЦ – ОА
       Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Мојсеј Угрин
26 јули / 8 август

О, Адаме кого змијата не го опрелести,
о, Мојсее кого Ева не го наговори,
туку ти оче преподобен за Христовата чистота се приви,
душа си излечи и крвоточиво мачеништво
за сведоштво придоби.
Моли се за нас воину Господов
дарот на светот да не нѐ измами:
и пред Бога во чистота да се претставиме.



 Извор МПЦ – ОА
             Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
свештеномаченик Христов
Ермолај и со него Ермип и Ермократ
26 јули / 8 август

Презвитеру свети Ермолае,
со силата и власта ти дадена одозгора
ја разреши душата Пантелејмонова од лагата демонска
и срцето негово го приви за Господа.
Радувај се свет свештеномачениче
заедно со Ермип и Ермократ:
за делата по Христа извршени,
за верата спасоносна исповедана,
и за нас молете се од одаите на вечноста.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Геронтиј
основач на скитот св. Ана на Света Гора
26 јули / 8 август

Имајќи го горе срцето Геронтие свети,
Игуманијата Атонска молитви ти послуша,
и вода жива лековита подари,
на соборот од црнорисци.
Избегнувајќи ги светските суети,
море во далечина, а молитва во срце,
и на усни да имате, и Господа Го прославите.
Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј нѐ !

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 08/08/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.Petka.Rimjanka.jpgПреподобната маченичка Параскева

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и и  ставија усвитен шлем на главата. Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим.

 Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.

Кондак на св. Параскева, глас 4.

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го мракот на прелеста, и благодат неисцрпна им дава на верните, кои викаат: Радувај се маченице, многустрадална.

 

Светиот свештеномаченик Ермолај

Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан беше со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај некако ја избегна смртта во таа прилика, заедно со уште двајца други свештеници, Ермип и Ермократ. Тој го крсти Свети Пантелејмон и заедно со него беше изведен на суд, мачен и најпосле убиен со меч. Со него пострадаа и Ермип и Ермократ и сите беа овенчани со венци на победа и слава во Царството Христово. Чесно пострадаа околу 304 година.

 

Преподобен Мојсеј Угрин

Беше на дворецот на младиот руски кнез Борис. Кога безбожниот Свјатополк го уби Борис, Мојсеј се избави и побегна во Киев. Но малку подоцна беше одведен како роб од полскиот крал Болеслав во Полска, каде што за илјада златници ѝ го продадоа на некоја млада скверна вдовица, жена на загинат војвода на Болеслав. Оваа изопачена жена го наведуваше Мојсеј на блуд, но тој не дозволи да биде заведен, зашто се имаше заветувано да живее чисто пред Господ. Тогаш таа му предложи брак, но ја одби. Тајно прими монашки чин од некој светогорец и се јави пред својата госпоѓа во монашко расо. Таа го врза, нареди да го шибаат и да му го отсечат тајниот орган. Маките траеја цели пет години. Цели пет години траеше заведувањето на оваа бесрамна жена, а други пет години маките и истизавањата. Но во некоја буна ненадејно загина кралот Болеслав, а ја убија и Мојсеевата господарка. Тогаш тој слободно замина во Киев и се предаде на подвиг на безмолвие кај Свети Антониј. Бидејќи ја имаше победено срамната похот во себе, на мнозина им помагаше да се спасат од неа. Неговите Свети мошти исто така им помагаат на многумина (види го житието на многустрадалниот Јован под 8 јули). По десетгодишен подвиг на безмолвие во една пештера, Свети Мојсеј се упокои на 26 јули 1043 година и се пресели во Христовото Царство.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 114
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 79
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 205
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

« »