логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Деновиве излегоа од печат двата тома „Критички методи и толкувања“, издание на МАНУ кое произлезе од научноистражувачкиот проект „Методи на книжевната херменевтика“. Томовите се приредени од академик Катица Ќулавкова, а во нив се објавени текстови на 22 автори.
Во македонската книжевна наука досега немало ни изворни (македонски), ни преработени книги (зборници, хрестоматии), во коишто систематизирано се претставени систематизирани водечките критички и толкувачки методи. Во овие два тома се прикажани најзначајните критички методи на книжевноста (од дијалошката критика на Бахтин, структурализмот и семиотиката, до постструктурализмот и деконструктивизмот, теоријата на рецепцијата и критиката на читателскиот одговор, потем психоаналитичката, архетипската,  ритуалистичката и интертекстуалната критика, постколонијализмот, синкретичкиот и интермедијалниот метод, новиот историцизмот, културолошките, наратолошките, театролошките и филмолошките стратегии, како и стрип-етстетиката. Секој прикажан метод е, во одделен оглед, проследен со оригинални толкувања на конкретни книжевни и уметнички дела на македонски и светски автори.

Како автори на текстовите се јавуваат, покрај К. Ќулавкова, и универзитетските професори: Иван Џепароски, Венко Андоновски, Јасна Котеска, Антоанела Петковска, Лидија Капушевска Дракулевска, Марија Ѓоргиева Димова, Ангелина Бановиќ Марковска, Мируше Хоџа, Владимир Мартиновски, Силвана Балнат, Бујар Хоџа, Вангел Ноневски, Ана Стојаноска, Калина Малеска, Соња Стојменска Елзесер, Анастасија Ѓурчинова, Нина Анастасова Шкрињариќ, Ана Кечан, Искра Тасевска, Кристина Димовска и Бошко Караџов.


Функцијата на оваа двотомна хрестоматија не е поврзана само со нејзиниот теориски карактер туку и со нејзината наставно-образовна функција. Поради тоа, ова издание е колку репрезентативно толку и корисно за  македонската современа наука и култура.

Книгите можат да се набават во книжарницата на МАНУ.

Извор: МАНУ

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 335
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 798
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1040
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »