логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Goce.Protopsalt.jpg

Краток Зборник на псалтикијни литургиски химни 

СВЕТА ЛИТУРГИЈА НА АНГЕЛОГЛАСНИОТ ПСАЛТ ОД ПРИЛЕП

Goce.Protopsalt.jpg

Во време кога во Република Македонија издавањето на музички изданија со црковно пеење од источна традиција е вистинска реткост, појавувањето на второто по ред музичко остварување, на веќе потврдениот и исклучително талентиран ангелогласен протопсалт од Прилеп, Георгиј Секуловски, претставува навистина несекојдневен настан. Дотолку повеќе, што ова негово вешто вообличено второ остварување, претставува, всушност, заокружена целина на неговата долгогодишна пејачка и музичко-педагошка дејност на нашите простори.
Протопсалтот Георгиј Секуловски е високообразован, млад, македонски музичар, кој својот професионален профил го вообличил на Музичката академија во Скопје, на вокално - инструменталниот отсек, во класата на проф. д-р Благој Ангеловски, во периодот од 1996 до 2000 година. Со неговата интимна, лична пасија, црковно пеење од источна традиција, почнал да се занимава за време на неговиот студентски престој во Скопје, некаде кон средината на 1996 година.
Несекојдневниот талент и целосната посветеност на ова дотогаш речиси непроучено подрачје, постепено резултирале со наполно совладување на источното нотно писмо - невмите, а потоа и со суштинско восприемање на осмогласниот музички систем на црковното пеење од источна традиција. Како резултат на тоа, во 2004 г., објавено е неговото прво музичко издание Литургиски химни, на кое протопсалтот Георгиј Секуловски, освен како добар познавач, се јавува и како маестрален интепретатор на источното црковно пеење. Всушност, ова издание претставува прво музичко остварување во поновата историја на Република Македонија, на кое сите литургиски химни се испеани врз основа на музички партитури напишани со невми и во духот на источното црковно пеење. За ова музичко остварување, во тоа време, висока оценка дадоа низа еминентни музички експерти по источно црковно пеење, протопсалтот Исаиј Григоријатски од Света Гора и протопсалтот Љубомир Игњатов, професор по источно пеење во Софиската семинарија.
Како вистински професионалец, чувствувајќи потреба да остави и пишан белег за музичките композиции исполнети на неговото прво музичко издание, протопсалтот Георгиј Секуловски, во 2003 г. издава книга со наслов Зборник на литургиски и псалтикијни сочиненија, во која со невматско писмо се забележани сите композиции застапени на музичкото ЦД Литургиски химни. Оваа книга, во рамките на црковното пеење од источна традиција во Република Македонија, претставува прва авторска збирка на литургиски песнопеења и напеви, напишана со невматско писмо, на кои се присутни и неколку оригинални композиции на авторот. Таа наиде на срдечен прием кај псалтите во сите епархии на Македонската православна црква, а и денес е во употреба во голем број на цркви ширум Македонија.
Како дел од активностите превземени на полето на возобновувањето на црковното пеење од источна традиција во Република Македонија, треба да се одбележи и музичко-педагошката активност на протопсалтот Георгиј Секуловски. Со одлука на Светиот синод на Македонската православна црква, во 2004 г., тој е назначен за професор по црковно пеење од источна традиција во Македонската православна богословија Св. Климент Охридски. Тоа е прво вакво звање во историјата на постоењето на Македонската православна црква.

За неполни четири години, протопсалтот Георгиј Секуловски, успева со учениците на Православната богословија Св. Климент Охридски да оформи машки хор и да произведе низа исклучително талентирани млади псалти. Резултатите од дејствувањето на овој хор се забележани на музичкото издание под наслов Статии на Велик петок, излезено и презентирано пред македонската јавност на 17 мај 2008 г., во рамките на манифестациј ата Денови на Јустинијан I, во храмот на Пресвета Богородица во Скопје.
Музичкото издание кое ее наоѓа пред нас, и за кое овде треба да говориме, едноставно е насловено Света Литургија. Тоа е надополнето и со истоимен музички зборник. Всушноет, овој вешто осмислен проект, претставува едно логично продолжување и заокружување на севкупната музичко-педагошка и едукативна активност на полето на црковното пеење од источна традиција на протопсалтот Георгиј Секуловски. Поучен од долгогодишната хорска активност, со црковни хорови што самиот ги формирал и водел во Прилеп, Штип, Велес и Ресен, како и од искуството стекнато со учениците во Православната богословија Св. Климент Охридски; во исто време чуствувајќи потреба источното црковно пеење да го доближи до сите оние што не го познаваат источниот нотен систем, протопсалтот Георгиј Секуловски со изданието за кое говориме прави револуционерен чекор. Тој севкупниот материјал од неговиот прв литургиски зборник Литургиски химни, напишан со невматско писмо, заедно со низа нови корисни надополнувања, го преточува во зборникот Света литургија, во кој сите литургиски пеења овој пат се предадени на западни ноти. На овој начин, источното црковно пеење, во овој миг, станува достапно на секој љубител на црковното пеење, на секој верник, на обичниот човек. Значењето на ова издание е дотолку поголемо, што тоа во исто време, нуди можност да се слушне нотниот запис преку извонредна интерпретација.
На ЦД-то Света литургија, каде доминира брилијантниот глас на протопсалтот Георгиј Секуловски, заедно со него настапуваат и најталентираните ученици, од неговата класа од Православната богословија Св. Климент Охридски. Тоа покажува дека овој млад музички деец успеал во Република Македонија, не само да го посее семето за љубов кон источното црковно пеење, туку и да ги види првите плодови од него.
Што се однесува до изборот на литургиските химни, треба да се напомене дека се тие избрани со особено големо внимание и осет. Покрај напевите што се присутни, како вообичаени напеви кои се потпрени на преданието на црковното пеење во Православната црква, во зборникот се застапени и литургиски химни што се пееле во родниот град на протопсалтот Георгиј Секуловски, потоа во Битола, Ресен и во други градови во Република Македонија. Сите тие на некој начин имаат своевиден музички национален белег, со што ова музичко издание го прават уште подрагоцено. Освен тоа, во зборникот се присутни и неколку авторски творби на протопсалтот Георгиј Секуловски, кои претставуваат вистински раритет во поновата историја на источното црковно пеење во нашата татковина. Овој млад музичар не ги заборавил ниту нашите преродбеници, кои се исто така застапени со неколку свои творби во неговиот зборник.
Генерациите произлезени од пеачката школа на протопсалтот Георгиј Секуловски, допрва доаѓаат. Тие се присутни и на ова музичко издание. Нивното време е блиску и уверен сум дека токму тие генерации ќе ја исцртаат физиономијата на македонското црковно пеење од источна традиција. Тоа е сосема природен од на нештата и убеден сум дека тие денови не се далеку. Овој зборник им е наменет на сите нив, за да ги подучува во текот на совладувањето на оваа прекрасна уметност. Овој зборник и ова ЦД ни се наменети и нам, обичните луѓе, да ни помогнат молитвено да проникнеме во најдлабоките тајни на најсветата служба на Православната црква - литургијата и со помош на милозвучните црковни напеви непрестано да го воспеваме и славиме Бога. Ова музичко издание, во исто време претставува и повик и поттик до сите оние што го практикуваат ова пеење, да ја понесат одговорноста и да го споделат товарот во сеопштото ни заедничко музичко дело.
На крај, како што и доликува, ќе му се заблагодариме на овој млад ангелогласен протопсалт од Прилеп, што вака не израдува и што ни овозможи духовно да се насладуваме со ова прекрасно музичко доживување, посакувајќи му за во иднина секакво добро.


Во Битола 09.02.2009год.
 
Протопсалт Александар Гулевски

Goce.Protopsalt.jpg

 

Друго:

Фестивал на Источно-црковно пеење, во Скопје на 17.05.2008

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 22, 2020
3.angeli.so.truba

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се соочи човештвото. Радува фактот дека и покрај ограничувањата поради пандемијата, фестивалот се одржува по петти пат. Целите на фестивалот, зачувувањето на моралните…
Август 27, 2020
TVITer21

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од страна на комисијата, по што беа сумирани резултатите и беше дискутиран финалниот избор. Комисијата имаше мошне слични ставови во изборот. За победници на конкурсот за млад…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 700
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Апр 29, 2020 Литература 710
3.angeli.so.truba
Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 674
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

« »