логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Matka.odLit4.jpgВесна штотуку  пристигна кај  мене,  живо  заинтересирана  што  ми  се   случува  во  последно време.  Таа  беше  жена  со  среден раст  и тежина, костенлива коса,  со  жив  љубопитен поглед, потсетуваше на  срна. Веќе беше во четвртата деценија од  својот  живот,  темпераментна, лојална и едноставна. Со неа  се  чувствував како  со себе  си самата и затоа  ми  беше  лесна  за комуницирање, ја чувствував како  род.
- Кажи што  ќе правиш  сега со ова  што  ти се случува? - праша, сркнувајќи од кафето и вдишувајќи  значајно длабок  чад од цигарата.
- Навистина не знам,  но барам  рационално објаснување.  Ти  барем  знаеш  дека   и  кога   бев помлада чувствував нешто  слично, но  сепак, не на овој начин - одговорив.
- Марија, дали ти алудираш на оностраното, на некој парапсихолошки феномен? - ме  прекина Весна.
- Многу  е можно.  Сум читала дека  сите  ние, луѓето, сме енергетски во симбиоза со  колективното  несвесно,  па   можно е  преку   некои   такви енергетски канали  да  се  проицира мисла, намера,   чувство   од  нечија потсвест  или  свест. Што мислиш за ова? - ја прашав самозадоволно, како да  сум  открила којзнае  каква универзална  мудрост.
- Добро, Марија, но што мислиш за категоријата минато? Како оттаму доаѓа  информацијата, ако тоа е веќе завршена ситуација?
- Па,  знаеш, Весна, во општата универзална космичка библиотека, од каде што црпиме  информации, втиснати се сите искуства, мудрости, настани; минати, сегашни и идни,  во  едно.  Значи,  димензијата време тука  не  важи. Таа е наша перцепција со сетилата на  ова  наше материјално тело.  Според тие  закони сѐ се случува сега - завршив,   влегувајќи  во  „филм",  небаре треба  да  се кандидирам за Нобелова награда, бидејќи ги надградувам базичните, познати теории за енергијата и оностраното. Но, најмалку беше   време  за шегување.
Од оваа временска инстанца не ме одбегнува горчината и необичниот  презир кон  силите  на кои им се предавав во тоа време.  Ја оплакувам  таа  Марија, тогаш,  а кога  би постоела временска машина што од 2006  би ме вратила во таа 1988, во тој ден, на тој разговор, во тие  толку  одлучувачки  моменти,  би ја прегрнала и би ѝ рекла:
„Застани, не  оди  понатаму, ниту  еден  чекор напред! Не  си  свесна во  што  влегуваш, кому  се предаваш и што допрва ќе те снајде во состојбата на падот."
И сега, додека трае оваа реминисценција, повторно доживувам психофизички тегоби. Токму и заради тоа  во  изминативе десетина години како од змија  се  чувам  од овие сеќавања. Но, да  ви бидам барем  малку  од полза  предизвикот ми даде  сила, покрај сите ризици, да се  соочам со минатото.
Да продолжам со објаснувањето, ако е воопшто можно со човечки зборови да се пренесат тие ужасни состојби на умот и душата, кога,  веројатно, дружев со поднебесните сили. Тие безмилосно и секојдневно ме влечеа во нови  и нови искуства, со нови  содржини, кои ме мелеа во круг.


3.

Од  последниот  разговор  со  Весна  поминаа неколку  месеци. Во тој  период се  случија  многу настани, во кои,  иако  со  невидлив отпор,  сепак, одев  напред. 
Многумина разбраа  за  мојата т.н. дарба за ретрокогниција – гледање во минатото и прекогниција - гледање во иднината и беа  еу- форично   заинтересирани  да   ме   запознаат,  да разговараат со мене за своите проблеми. Започнав  да контактирам со моите  подалечни познаници, потоа  со познаниците на нивните познаници, па така, веќе  надалеку се прочу  за некоја Марија, која  е натпросечно надарена да им помага на  луѓето. Дури и некои медиуми беа заинтересирани да  имаат контакт со мене.  Сега  ќе спомнам само  за едно  интервју, заради насловот што  спонтано им  го  сугерирав, „Божја или  сатанска  работа".
Се  прашував:  „Од каде  таа  противречност за потеклото на „дарот" и под  кое  влијание сум  сега?" Веќе  во тие  денови  почувствував  блага  борба  во моето срце  и  чувство   на  вина  дека   некому грешам,  но, недоволно освестено. Одев понатаму. . .
Сакајќи да го верификувам  својот  т.н. талент, отпатував   во   Белград,  на   Воено   медицинската академија кај професорот д-р Станковиќ, кој, покрај  психијатриската дејност, се  занимаваше и со парапсихологија.
Човекот со љубопитност ме прими и ми  објасни како ќе изгледа парапсихолошката проценка.
Просторијата  во  која  што  седев   личеше на мало  студио,  со  неопходната изолација  наоколу. Меѓу  мене и екипата од тројца  луѓе  и професорот беше поставен стаклен  параван.  Подоцна, пред  мене, на масата поставија неколку карти со исцртани геометриски форми превртени наопаку. Беше оставено на  мене,  како  и на кој  начин, со допир  или  не, со отворени или  затворени очи,  да ги погодам геометриските форми.
Потоа  следеше вториот круг.  Ми беа дадени десетина фотографии на луѓе  чиј што идентитет, нормално, не го знаев. Се бараше од мене спонтано да говорам за  нивното здравје и  други  аспекти  од нивниот живот. Морам да признаам дека добро  се измачив.
Најпосле, следеше последната проверка. Поставија телефон пред  мене на  кој требаше да се  јават десетина луѓе.
Потребно беше да ги идентификувам,  опишам и да зборувам за детали од нивниот живот и здравствена состојба. Но, тука постоеше смислена замка, што  требаше да  внесе  евентуална забуна  кај  мене.  Всушност, луѓето од фотографиите беа  истите оние со кои  потоа разговарав на  телефонот. И да не должам  многу  - резултатот гласеше: натпросечно интуитивна личност со  изразени  елементи на  телепатија.

  Летајќи назад кон  Скопје,  имав време,  по кој знае кој пат, вознемирено да се прашувам:
„Што  ми требаше сево  ова,  кој  ме  раководи во овој период од животот?"


4.


Се разбудив доцна претпладне. Веќе беше  јануари 1990  година.  Бучавата на  автомобилите, џагорот и силната музика  во кафулињата спроти зградата беа неподносливи, а јас станав од креветот  со  чувство  на  тежина и  исцрпеност. На  масичката во дневната соба беше отворената тетратка со имињата на луѓето, кои вчера ме посетија. Под  нив,  моите забелешки за одредени нивни  проблеми и распоред на оние  кои требаше да дојдат тој ден.
Веќе  една  година во мојот  дом  организирано доаѓаа луѓе  со закажан термин, како  да  доаѓаат во  некоја  психолошка  ординација.  Сите   беа   од различни професии - електричари, професори, доктори, судии, бравари, возачи, домаќинки, вљубени  двојки  итн.  За  тој  ден  беа  предвидени  три жени,  меѓу  кои  и  Снежана. Имаше дваесет и пет години, и  како  некој  зависник,  инсистираше да доаѓа секоја недела, по можност барем еднаш.
- Марија, едвај  дочекав да те видам - задишано  изговори, бакнувајќи ме на влезната врата. - Верувај  ми, сѐ се случи  така како  што ти ми рече  претходниот пат... од почеток до крај!
 - Навистина? - промрморев мрзеливо, навикната  на такви изјави.


 - Да,  да, Иван  ми се врати  во саботата вечер, токму  како што  ти ми  рече,  долго  се извинуваше за грешката што ја направи со Маја. Се оправдуваше  дека  Маја  била   пријателка  на  келнерката од ноќниот клуб  „Златната  роза"  и токму  како ти  што  ми кажа,  буквално му се  наметнала сама, откако  Иван  испил повеќе од  три  вотки.  Тој  ме молеше, плачеше, ми  вети  дека  тоа  нема повеќе да се  повтори.  Си споделивме  нежности и јас  му простив. Сѐ онака како што  ти  предвиде. Но, те молам, Марија, види што  понатаму, да  му  верувам ли?
Гледајќи пред  себе  си, лесно  и извежбано, се исклучив за сите надворешни дразби, го почувствував оној  благ  порив  некаде над  градите, кај вратот, па сѐ до главата и говорев  спонтано, без рационализација и логика. Едноставно следев некаков  внатрешен диктат, чие  што потекло и понатаму беше  непознато, но функционираше беспрекорно точно.
 - Тој сѐ уште те  љуби, Снежана, но  тоа  чувство не  му е доволно освестено.  За  вистински однос  се  потребни двајца, нели, па дај му прилика да го осознае тоа - и продолжив:
- Д...Д..., Даниела, во негова близина е...  близу пазар..., да, тука  некаде живее...  бел тен,  висока...  сестра..., да, таа  има  сестра. Осмиот  ден од денес - средба. Тие  се  насмеани... Тони  и Даниела,  по долги години  - нивна средба!

 

Додека ова  го  зборував, очите   ми  трепереа како  крилцата од пеперутка, погледнав во неа  и што да  видам,  таа  беше  вкочанета, бледа  и расплакана.
- Марија, што  зборуваш, зарем пак!? Точно  е тоа, ми раскажувал порано за Даница, не Даниела,  Даница ѝ е името. Но не ми кажа  ништо  повеќе, освен дека биле пријатели од студентските денови... Што  да  правам,  зарем пак  ќе  се  борам за него? - прошепоти изнемоштено.
- Смири  се, Снежана, најмногу десетина дена  од денес ќе имаш некакви сознанија за оваа  ситуација. Дури мислам дека ќе видиш и со сопствените очи... некаде во кафулињата во Лептокарија.
 Прегрнувајќи ја,  се  разделивме. Го  отворив прозорецот,  ми  требаше  воздух.   Се   чувствував исцрпено, како  да  ми  беше  испиен дел  од мојата енергија. Не ме напушташе и сѐ уште  неосвестеното  чувство  на  вина:  „Интервенираш во судбината   на  другите. Со  кое  право   и  во  чие  име  го правиш тоа?"
Но, на вратата веќе заѕвони следниот посетител. Тоа беа госпоѓата Ана и нејзиниот сопруг.  Таа  се  втурна  низ  влезната  врата,  па  плачејќи шеташе  нагоре-надолу во очај.  Сопругот  беше очигледно сериозен и срамежлив човек, па  цело време се  обидуваше тивко  да  ја смирува. Таа  го оттурна со лактот од себе  и хистерично вресна:
 - Ќерката, Марија... девојчето ми  го нема веќе трет  ден.  Сега  доаѓаме од црква.  Се молев  на Бога  да  ми  го покаже  патот,  да  ми  помогне. Помагај, сестро моја,  од Бога  си  пратена... помагај, те  молам - во  краен  очај  молеше  госпоѓа  Ана, гледајќи ме како единствен и последен спас.
При  нејзиното  спомнување на  Божјото   име ме  преплави страв и нејасно чувство  на  вина,  некое неосвестено сознание дека  многу греши кога  верува дека Господ  ја пратил кај мене.
- Смирете се,  не плачете веќе,  не испраќајте лоши информации и не  ја предизвикувајте несре- ќата. Та вие,  барем, како  врвен  интернист, умеете  да ги  контролирате емоциите - се обидов  да  ја успокојам.
 По неколку секунди молчење си го чув сопствениот глас:
- Ќе ја најдете... ќе  ја најдете... убаво ѝ е, но малку е  збркана... не е  исплашена. Зелено... дрва... до планина во источниот дел на Македонија, на  двесте метри  од  патот лево. Претходно има табла со натпис, триесет до четириесет километри до населено место.
Кога  повторно  ја  погледнав,  очите  на   Ана светеа од радост, таа  силно  го прегрна сопругот, а  потоа   и  мене  околу  вратот што  се  капеше во пот.

* * *


Испив чаша студен сок. Погледнав во  големото огледало спроти мене и со прекор се запрашав:
- Ако грешиш? А, што  ако  им  даде лажна  надеж и  насока? Ќе ја понесеш ли одговорноста за тоа?  Во чија  служба си, Марија?
Повторно телефонот заѕвони со вознемирувачки тон. Од другата страна се  слушаше еуфоричен, пискав женски глас.
- Марија, ти благодарам, го пронајдовме изгубениот автомобил. Се сеќаваш на  мене,  нели? Бев  кај тебе  пред  пет дена.
- И  тогаш  што  сум  ви  рекла?  Кажете,  не  се сеќавам добро.
- Марија, ти ми рече  дека  во интервалот меѓу девет и тринаесет часот наредниот ден, на  паркингот пред  некоја  банка ќе си  го најдеме автомобилот. Неверојатно, така  и се  случи.  Токму  на паркинг  просторот  на   Комерцијална  банка   го пронајдовме. Колку сме  среќни и благодарни.
 - Убаво,  се радувам за вас  - реков  и ја спуштив слушалката.
Подоцна се потсетив на случката со автомобилот.  Штотуку  го купиле, кога  една  вечер околу полноќ некој  им го  украл  од паркингот во скопската населба Лептокарија.


Барајќи си  оправдување за  ова  што  го  правам,  се  прашував: Каде  е тука  гревот? Зошто  на црквата ѝ е потребен  тој  фанатизам и  таа  нефлексибилност  дека   ваквите   способности  се  демонски,  дека  не  се дар  од Небото? Та, нели да го успокоиш и утешиш ближниот свој е основна порака во Евангелијата!?


5.


Во  тоа  време,   не  го  знаев она  што  сега го знам.  Подоцна  ми  се  откри Вистината различна  од  тогашната  логика, Вистината за слободната  волја   како  божествен дар  и  во Негово име, произлезена од  Него, тогаш кога  ние  самите ќе  се отвориме  за Него со  Љубов.
 Тогаш, со спасителна молитва бараме и  бараме, ако  добиеме, благодариме, ако не  добиеме, пак благодариме. Зашто, сигурно Тој ќе  ни го даде  само  она  што  е од полза за нашето тело  и душа. Тоа значи доброволно  откажување од стариот  човек и откривање на  внатрешниот-новиот,  со  сите  негови Богочовечки својства. Таквите разбудени луѓе дефинитивно знаат каде  да  побараат, за да го добијат вистинскиот одговор.
Оние  другите, пак,  наивните кои  спасот го бараат кај видовити луѓе,  треба да знаат дека  дури и оние  најнадарените не се во состојба да гледаат  јасно,  во секој  миг,  кога  ќе посакаат.
Многумина од нив се измамници кои вешто  лажат,  измислуваат и  манипулираат. Понекогаш случајно нешто и ќе погодат, нешто што ќе прочитаат од изразот на луѓето. На крајот,  успеваат да  создадат имиџ  и да направат пари.

Другите,  пак,   со  помош   на   поднебесните сили,  добиваат по  некоја информација од извор што ниту  самите не го познаваат, но многу  љубат да истакнат дека  тоа  е Божји  дар  и гласот Негов. Не   сакам  ниту   да  помислам  колкава  штета  си навлекуваат врз  себе  и какви  последици по нив и нивните  поколенија, ако  искрено  не  се  покајат, по дадената изјава дека е тоа  Божји  дар. 
Третата Божја  заповед  е  јасна: „Не  го  изговарај напразно името на Господа,  твојот Бог". Но, таа информација што ја добиваат тие луѓе, што ја добивав и јас,  понекогаш е појасна, понекогаш нејасна, но секогаш, запомнете, секогаш, само за минатото и поблиската иднина. Изворот од кој се црпат  сознанијата е од несовршените  сили,  а бидејќи   се  несовршени, тие луѓе делуваат ограничено.  Повеќе знаат за  минатото на  човекот и донекаде за иднината. Кога велам донекаде, мислам на иднината гледана од аспект на нашето поимање на времето и просторот.
Сите други муабети подоцна, претставуваат само полуинформации, импровизации,  подредување  на  вашата  слободна волја  на  волјата на ви- довитиот, онака  како   што  разумот ќе  му  каже.
 Но, бидејќи тој веќе е „голем авторитет", наивниот слушач  прифаќа сѐ,  од  почетокот до  крајот. Човекот што гледа, под тие силни  енергетски влијанија (преку кои се добиваат  информациите) може  да го прави тоа  кратко време.  Невозможно е тој интензитет да се издржи подолго време, а да не дојде до сериозни последици по здравјето.
 Целта на  тие  енергии на  лошите  духови  е да  ве фасцинираат, да ве убедат  дека  секој  проблем има  решение само  за неколку минути. Затоа тие, лошите духови, ќе повлијаат да се исполнат изговорените  зборови на  „надарениот", не само  на краток рок,  туку  неретко и  подолгорочно. Како поинаку би ве држеле под контрола, како поинаку би ве оттргнале од тешкиот пат на христијанското  живеење,  од Христа  и сите  Негови дарови.
Видовитиот човек ќе ви изгледа како  најголем  добротвор, жив  светец, Божји  пратеник, човек со ангелско лице и добри намери. А како  поинаку би биле прелажани и држени во зависност?
Понекогаш, лукавиот, уште повеќе, ќе му вметне во устата на  видовитиот со таква прецизност  одредена  информација  - време, час,   место на настанот - што вие ќе останете без  здив. 
Тоа и јас го правев безброј пати.  А како поинаку вие би се враќале повторно кај  истиот „спасител"? Постепено, тој ќе ви стане  идол, за него  ќе прераскажувате, ќе му се восхитувате, ако треба, ќе  се борите  со  сите  негови  неистомисленици. Па  така,  не знаејќи што правите, ќе се  претворите во дел од една  слепа  армија, со слеп  водач,  со кого заедно, кога  и да е, сигурно ќе пропаднете во бездната на богоотпадниците.
Ќе ви откријам и некои други  замки. Некои  од нив „добрите дела" ќе ги прават бесплатно, сериозно убедени, повторно  од лошиот  дух, дека  се месии, избраници од Бога  (само  кој Бог?),  а тоа е за нив  позначајно од парите. Вие, пак, наивните ќе заклучите: „Не зема пари, па тоа  е Божји  човек!"
  Каков полн погодок! Заведен „месијата", заведени и вие. Со еден удар - две муви. И двете задоволни и убедени дека умираат за Вистината!
Каков  грев  е, пак,  баењето, правењето магии  и  гледањето  пред  икони,  за да  се  заведат и верниците ако може!?
Аман, ве молам, не правете го барем тоа!  Премногу е опасно за вашата душа. Оставете ги,  барем,  иконите на  мира,  за она  што им е  единствената  намена:  вистинска  молитва кон Бога  и ништо  повеќе. Така,  подалеку од иконите,  продолжете  си ја вашата мисија, ако  е тоа ваш  дефинитивен избор.  Постои една  позната изрека:  „Не слушајте гаталец, слушајте  паталец". Јас, пак, како  една  од вас,  ќе додадам: „Слушајте ем гаталец, ем паталец"!
Ако не  им  верувате  на   Светото  Писмо,   на мудрите совети на светите отци, имате причина да ми  поверувате мене,  за  жал,  на  која  како  на идол  ѝ  верувавте,  која  директно ја  почувствува моќта  на  лукавиот. Ги научив механизмите по кои тој функционира и господари со мене, па ме претвори во возгордеана, тврдоглава, слепа, во падот.
 Неговата моќ е застрашувачка, а последиците  се  долготрајни.  Никогаш нема  да  сфатите што ви зборувам, додека и вие  заведените и вие што  заведувате не  му  го  свртите грбот  на  „ѕверот"  во вас и не тргнете напред со крстот во рацете. Успеав, со  исповед, покајание, пост, молитва. Ќе успеете и вие!

 


6.


 Сега би се вратила назад, за да ви дообјаснам за случувањата во семејството Димовски.
Тие немале  знаења за тоа  дека  можеби  со молитва  би  го  добиле   одговорот дали  треба да  го пронајдат автомобилот или не,  туку потрчале кај својот  идол  Марија, за  таа  да  ги  упати,  па  така веројатно и самите превзеле дел  од одговорноста за подоцнежните последици во нивниот живот.
Уште еднаш  ќе повторам дека  видовитиот човек  може полесно  да  се  шета  во минатото, малку во иднината, а многу видувања за  подалечната иднина се  повеќе  само   рационално  изговорени мисли,  а  нивната материјализација се реализира со помош  на „оние"  сили.
Истото важи  и за оние  кои  прават т.н.  бели,  црни  и  какви  уште  не,  магии.  И тие  дејствуваат на краток рок.
Само по неполна година од последната средба  со  семејството  Димовски, случајно  на  улица  ме сретна наш заеднички пријател. По кус разговор,  со  малку   прекор  во  очите, ми  кажа  нешто што ме погоди  како  гром!
- Знаеш ли што е најважно, Марија? Се случи  голема  трагедија! Синот на Димовски заедно со свршеницата патувале  за Охрид  и доживеале судир  со  тежок  камион.   Свршеницата му  била  во кома  и не знам што  се  случи  со  неа,  но  момчето починало на самото место.
- Кога  се случило тоа?  - запрашав со  стегнато грло.
- Знаеш кога?  Само  по четири дена  откако го пронајдоа автомобилот! Го пронајдоа со твоја  помош,  но си го изгубија чедото  во истиот  тој автомобил!  - проговори значајно и како  за  себе,  промрморе:
- Можеби  Господ  сакал да не го пронајдат, за да си останат  живи и здрави!?
Што мислиш, Марија, а?  - значајно изговори  и  без  поздрав замина.
 Со испомешани чувства тргнав кон дома,  уште  повеќе убедена дека   подалечната  иднина не секогаш може јасно  да  се  знае.  Се чувствував како  учесник  во  заговор,  а  чувството  на  вина  ме растргнуваше, ме опоменуваше.
 Дали  барем  малку  повеќе ви е јасно  или  треба уште  примери  да ви откривам?
Но, ќе го сторам тоа подоцна.
Претходно ќе  ве запознаам со едно  друго  искуство интересно за вас,  а моето  сознание е дека,  кога човек еднаш ќе се предаде во тие  гранични димензии, треба да очекува дека  ќе  доживува  сѐ нови  и нови  чудни  и опасни појави.


(Продолжува)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

Мирјана Даниловска- Мина: „ОД УМОТ ДО СРЦЕТО" (1)

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 209
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 420
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 567
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »