логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Гоце Смилевски, добитник на награда на ЕУ: Местото на македонската литература одамна е во Европа

Скопје, 13 декември 2010 (МИА) - Наградата е потврда за авторот за она што го работел и е можност за поширока промоција на книгата. До неа се доаѓа со долготрајна и посветена работа, изјави Гоце Смилевски, кој за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ годинава ја доби Наградата за литература на Европската унија  со уште десет автори од Европа.

По повод наградата, која му беше врачена на 18 ноември во Кралскиот фламански театар во Брисел, вечерва беше организирана свеченост во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, каде што писателот истакна дека на македонската литература одамна и е местото во Европа зашто во последните две децении дала доволно добри автори кои би можеле рамноправно да стојат до своите европски колеги. За него е важно што со наградата, Македонија станала дел од европското семејство, бидејќи од 11-те земји чии автори се наградени,  е единствена што не е членка на Унијата.

- Се надевам дека и нашата читателска публика ќе почне и ќе продолжи да се развива. Мислам дека мораме да размислуваме во тој правец, пред се, ние творците да изградиме стратегија која ќе ги врати книгите пред читателите, рече Смилевски.

Организаторот на настанот, евроамбасадорот Ерван Фуере, му ја честиташе наградата на Смилевски нагласувајќи дека таа ја покажува културната димензија на европската интеграција. Задоволен е што од Смилевски дознал дека врз него влијаело творештвото на Џејмс Џојс, кој и нему му е најомилен автор од неговата родна Ирска која, како што рече, е земја на писатели и дала и други големи книжевници како Шо, Вајлд, Бекет...

- Оваа награда е признание за големото богатство на македонската литература и, секако, ова ново дело ќе ја збогати европската литературна традиција, рече Фуере.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека наградата е голем настан за македонската култура и држава што го потврдува литературниот потенцијал во земјава.

- Ова е уште еден доказ за високото вреднување на македонската литература и доказ дека времето е мудра категорија која ги потврдува вистинските творци и вистинските вредности, рече таа, додавајќи дека Смилевски е млад автор кој се движи по патеката која оди надвор од нашите граници, трасирана од Живко Чинго, Петре М. Андреевски и Венко Андоновски.

Покрај Смилевски, наградата ја добија и  автори од Германија, Данска, Белгија, Финска, Луксембург, Романија, Кипар, Естонија, Словенија и Шпанија по избор на национални жирија. Европската комисија во соработка со Европската федерација на издавачи им ја доделува наградата на млади писатели со цел да се зголеми читаноста на нивните дела надвор од матичните  земји. Наградените добиваат по 5.000 евра, а преведувањето на нивните книги ќе биде поддржано од ЕУ. Наградените книги ќе бидат претставени и на најголемиот саем на книга - во Франкфурт.

Романот за Адолфина Фројд е приказна за животот на сликарката од раѓањето до затворањето во логор. Првпат се појави во 2007 година, а неодамна издавачот „Дијалог“ објави ново, дополнето  издание на книгата. Фрагменти од неа лани беа објавени во антологијата „Најдобра европска проза“  во издание на „Далкеј Аркајв Прес“ од Чикаго.

Смилевски (1975) го привлече вниманието на читателската јавност и со својот прв  роман „Разговор со Спиноза“, кој доби голем број награди, има пет изданија и е објавен во САД, Полска, Словенија и Хрватска, а „Архипелаг“ од Белград го презентираше во рамки на едицијата „100 словенски романи“. Смилевски за медиумите изјави дека и за  „Сестрата на Зигмунд Фројд“ се договорени десетина преводи во Европа и во САД. Рече и дека работи на нов роман, но оти не сака да открива. хс/ 20:24



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 379
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 210
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 210
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »