логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 
Прво: да ја заборавам светлината, облакот од светлина што никој не го виде освен мене, кога тој влезе во одајата на логотетот. Ни логотетот, власт врвна, не го виде облакот виолетова светлина околу телото на Философот. По тоа знаев дека јас и Философот сме подобни: гледаме невидливи нешта. Со очи внатрешни гледаме.

Светлина таква никогаш немав видено, дури ни кога сум го призивал Бога, во часови бестелесни, бесчулни. И музика, вселенска, што никој, освен мене не ја слушнал. Три нешта видов: светлина, боја и музика. Ете како лаже писмото, бедни, ете како е лажовна устата, превртлив јазикот, несигурно словото; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлинан и музика, и како што музиката е светлина и боја! Еден е Господ, Седржителот, и голем е, и во сподобија различни ни се јавува тоа едно. И многу зборови се нужни за да се искаже тоа едно, иако за едно нешто еден збор најдобра служба врши. Но тој збор јас не го знам. А кога многу зборови за едно нешто се сочинуваат (како во речениците на јазиците вавилонски), тогаш тие го ронат тоа едно во многу нешта, па едното веќе не е едно, и ние, говорејќи со многу зборови веќе не зборуваме за Него. А без зборови, пак, неможно е да се каже нешто. Господ не се изговара, бедни, но јас го изговарам со многузборство оти срцето слабо ми е, и се што знам е да мислам со разум и слово да чинам, со рака.

Да пробам, значи, со букви да опишам, иако однапред знам дека описот неподобен ќе биде на видението: музика беше тоа од најфини тонови, најзвучна, и затоа што најзвучна е, увото земно не ја слуша. Потем: светлина звучна со сите бои во неа; светлина што кога влегува во секое нешто, неговиот зрак му го вдахнува и го обојува со бојата подобна за тоа нешто, сдетлина непроменлива, од прапочетокот, а променлива кога во стварите ќе влезе. Светлина што е убава, а убава е затоа што е убава во исто време во сите свои делови, затоа што е убава секогаш во исти однос и на ист начин, затоа што ниту настанува ниту исчезнува, ниту се зголемува ниту се смалува; затоа што не е во еден дел убава а во друг грда, ниту пак во едно време убава а во друго грда, ниту пак по однос на една ствар е грда а по однос на друга убава, ниту пак на едно место е убава а на друго грда, ниту пак за едни е убава а за други грда, туку сама по себе е убава сега, секогаш и во вечни векови, секогаш сама на себе подобна по форма, светлина што во себе го носи изворот на убавината: светлина, музика и боја. Светлина што се гледа со срце, а што се распаѓа на бои кога се гледа со разум; музика што се слуша со срце, а што се распаѓа на гласови кога се слуша со разум.

* * *

Филозофе, Филозофе! Човек во телото, ангел во душата!

Ти, Филозофе, беше дрво благородно; дрво ружино, со трње обиколено, со дванаесет трнчиња отровни, оти доблеста секогаш е опкружена со беда и страдања, и оти ì завидуваат, и да ја отстранат, да ја убијат сакаат оние кои нижи духом се. Но јас не те изневерив тебе поради недостиг од љубов, туку спротивно, од љубов преголема. Од љубов и за љубов те предадов и те продадов, о Филозофе ангел во душата, човек во телото, а вие, бедни и блажени духом, ќе дознаете, ќе видите, ќе чуете, кога за тоа ќе дојде времето, оти времето уште не е дојдено.

Дрво беше Филозофот, дрво што колку повеќе расте, толку подлабоко ги пушта жилите свои во земјата, оти растејќи во височината се смирува пониско, долу оди, а смирувајќи се пониско – се возвишува. Без длабоките корења на смиреноста, никогаш човек не е сигурен од опасноста од падот. Голем е нискиот, и смерноста е височина; колку длабоко некој се смирува, толку повеќе се извишува. Патот на смиреноста и понизноста низок е, но кон висока Татковина води; и секој што сака до неа да стигне, по тој пат треба да оди, како Филозофот, нека му е слава вечна во станот небесен!

Венко Андоновски,

Папокот на светот



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 370
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 208
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 207
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »