логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Џелалудин Мохамед Руми (1207-1273). Персиски  филозоф, поет, правник, учител и суфист. Еден од најголемите поети и мислители на сите времиња. Ремек-делото на Руми, Месневија, содржи 25 000 стихови. Тој не ја пишувал книгава туку последните 15 години од животот само беседел и рецитирал, а Хусамедин Челеби ги запишувал неговите зборови. Оваа поетска збирка според многумина спаѓа во редот на најголемите авторски и духовни дела во историјата на човештвото.

Не постои тема што му е туѓа, од најприземна до највозвишена; пишува за пријателството, убавината, зависта, фалбаџиството, скромноста, лицемерието, омразата, добрината, самобендисаноста, храброста, расипаноста, потребата од смисла, музиката, природата, пролетта, вистината, животните, растенијата, птиците, љубовта и смртта...  кај него наоѓаме стихови за Христос, Јосиф, Соломон, Гавриил, Мухамед... Верник е, но воедно и надвор од сите вери, вон секоја ритуализирана и јалова вероисповед. Храмот на неговиот Бог е во срцето, не е во зградата на џамијата, црквата или синагогата.

    Кога сум со тебе

    Кога сум со тебе

    остануваме будни цела ноќ,

    Кога не си со мене

    не можам да заспијам.

    И фала Му на Бога за овие несоници

    и за сета разлика меѓу нив

Песните ги преведував по чувство, без напор, онака како што мислев дека треба, на јазик разбирлив за секого; и за ѕидар, и за шофер, и за студент и за академик. Еден од главните чинители при изборот на песните за „Два света“ ми беше тие да звучат добро, лесно и неусилено на нашиот јазик, сакав зборовите да течат и тоа ме ограничуваше, но се надевам дека барем делумно сум успеал во намерата. Песните си ги преведував во умот при секое читање долги години, а интензивно се зафатив со работа есента 2017.  Некако ми појде тогаш, тркалото се сврте како што треба и запчаниците фатија.

Тихомир Јанчовски

******

Мачката и месото

Си била еднаш една чурук жена
која јадела сè што мажот носел дома
и лажела за тоа.

Еднаш, донел некое јагнешко за гостин
што требало да дојде. Мажот работел двесте дена
да го купи тоа месо.

Кога излегол, жена му си зготвила кебап
и го смафтала целиот, со вино.

Мажот се враќа со гостинот.
„Мачката го изеде месото“ вели таа.
„Купи друго, ако ти останаа нешто пари!“

Тој го праќа слугата да му го донесе кантарот,
и мачката. Мачката тежи кило и пол.
„Месото беше кило и пол.
Ако ова е мачката, каде е месото?
Ако ова е месото, каде е мачката?
Почни да го бараш едното или другото!“

Ако имаш тело, каде е духот?
Ако си дух, што е телото?

Ова не е наш проблем да му ја мислиме.
Двете се двете. Житото е клас и стебло.
Божествениот касап ни сече парче од слабините,
и парче од вратот.

Невидливото, видливото, светот
не функционира без обете.

Ако фрлиш прашина врз нечија глава,
нема ништо да се случи.

Ако фрлиш вода, пак ништо.
Но помешај ги во грутка.

Таа венчавка
од вода и кал ќе ти ја отвори главата
а потоа има други венчавки.

******

Суштината на машкоста

Суштината на машкоста не произлегува
од фактот дека си маж, како што ни сушноста
на пријателското чувство не доаѓа од оние што тешат.
Твојата стара баба ти вели„ Може не треба
да одиш на школо. Нешто си ми блед.“
Бегај од таквите изјави.
Подобри се силните шамари на татко ти.
Твоето телесно битее копнее по утехи.
Строгиот татко бара духовна јасност.
Тој те кара, но на крајот
те изведува на отворено поле.
Моли се за строг учител,
да те наслушне, подучи и да остане во тебе.
Се замајувавме со собирање утехи.
Направи да се уплашиме од тоа какви сме биле!

* За настанот

 

Извор: https://off.net.mk/dva-sveta-od-rumi-vo-izbor-i-prevod-na-tiho

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 237
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 691
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 913
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »