логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Најискусната од трите авторки, Оливера е вистинска мајсторка во книжевната работилница, во која другите две имаат уште штоф за порабување. Шиењето во насловот на книгата има врска со структурата, ритамот и формата на расказите (групирани според типот на бодови - основен, „слеп“, оверлок и цик-цак, кои ете на овој начин ги научивме), но истовремено воспоставува и симболичка врска помеѓу двата чина на креација, кои од ништо-то создаваат нешто - едниот со помош на порхетчиња, вискозички и тешки штофови, а другиот со зборови, прашалници, акценти, долни и горни наводници.

„Нештото“ што притоа се создава се раскази скроени со очигледен фат, во кои сè е на местото на коешто треба да биде, без препумпарести ракави и без пренападно деколте. Сепак, речиси во секој од нив се чувствува притаена сензуалност, која благо поттурната би можела да се растркала како топ тешка свила (топ платно да ти се викало „траба“ - ете и тоа го научивме), па од работилницата право низ врата, разлеано по градските улици. И воздржаноста во изразот има еротски ефект, но не би имале против од Оливера да прочитаме и нешто навистина раскалашно, па макар го објавила и под псевдоним, и макар го следела теркот на некоја друга домаќинска активност (чистење пајажина, редење шифоњери, местење кревети?)

А градовите и нивните куќи и улици се токму едни од главните ликови во книгата. Всушност целиот прв дел („Основен бод“) се состои од раскази поврзани со скопски улици кои ги имаат променето имињата, со тоа на суптилен или на драстичен начин влијаејќи врз судбините на луѓето кои живеат на нив. Оливера ги има претходно објавено во серија - кога ги читав на сајтот на Призма некако ми беше сомнително дека можеби „Небеска Скопјановна“, како што се потпишани расказите, е всушност таа.

Токму оваа првична група раскази инспирирани од промена која е претставена повеќе како расцеп и дисконтинуитет отколку како можност за нов почеток, го одредува тонот и на остатокот од книгата, која е полна лузни од спомени, не длабоки или животно загрозувачки но сепак видливи, како и тазе ранички од сегашноста. Неостварени љубовни приказни долги само 1,36 километри, банани пржени на путер и зелник со ким направени со многу љубов а оставени неизедени, прашлив тросед од „комбинована“ во куќа која умира. Има тука многу посакувано а неостварено, но и многу мудрост произлезена од сознанието дека токму ваквите искуства се нејзин извор.

И не дека сè е мрачно и мрак ме обвива во книгата - има тука и хумор, и подадена рака кон колегите-писатели (особено кон писателките), има музика, а има и надеж дека после освртов Оливера ќе ни сошие макар едно торбуле, точно според форматот на „Сошиените раскази“, за да послужи и како нивна втора корица, но и како потсетник за вистинската мерка на физичките и духовните нешта.

Извор: off.net.mk



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 238
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 691
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 913
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »