логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Марк Твен

 

Минатата недела, Боб Дилан стана првиот текстописец од Западот што ја доби Нобеловата награда за литература, бидејќи „го создаде новиот поетски израз во рамки на големата американска музичка традиција“, со што им се придружи на прочуените имиња на Бертранд Расел, Винстон Черчил и Ернест Хемингвеј како лауреат. Долги години пред да се случи одликувањето, многумина типуваа дека е следниот добитник, а сега веќе неговите стихови и официјално се прогласени за уметност од страна на авторитетната комисија од областа на литературата.

Но, прашањето е како некој може да се стекне со ова признание?

Зад секоја Нобелова награда стои организација задолжена за доделување на признанието, конкретно за литература одговорна е Шведската академија. Секоја година, Академијата испраќа барања за номинации до илјадници поединци. Меѓу нив спаѓаат поранешни добитници, членови на академијата, професори по литература од целиот свет и водачи на здруженија на писатели. Сите номинации од стотици се сведуваат на пет имиња во рок од два месеца, а потоа се посветуваат неколку месеци во дискутирање на заслугите на финалистите. Победник може да биде личност која претходно барем еднаш била финалист.Боб Дилан претходно се стекнал со правото да биде избран, а наградата ја добил зашто бил оценет како најдобар избор во однос на останатите финалисти. Сепак, јавноста оваа одлука ја смета за контроверзна. Францускиот писател, Пјер Асолин, прокоментирал дека одликувањето на Дилан значи презир кон писателите. Шкотскиот автор, Ирвин Велш, пак, смета дека доделувањето е избор на сенилни хипици.  

       
Наградата за литература одамна е засенета од контроверзии. Вкусовите на водството на комисијата не ги сметале за достојни за наградата богатите опуси на големите автори како што се Лав Толстој и Марк Твен. Секоја од Нобеловите награди е спорна, најчесто доделена на личности кои помалку ги заслужуваат во споредба со други, но се чини дека Нобеловата за литература предничи во своите „пропусти“.Инаку, Жан Пол Сартр одби да ја прими оваа награда со изговор дека принципиелно не прифаќал никакви награди. Борис Пастернак, авторот на Доктор Живаго, беше принуден од страна на Советската влада да ја одбие наградата. Критериумите за наградата не предвидуваат постхумно одликување, па затоа авторите како Франц Кафка не се земале предвид.
Боб Дилан е првиот Американец кој по две децении ја добил Нобеловата награда за литература и воопшто вториот текстописец Нобеловец.   
 
Објавено на 22.10.2016
Подготвил: Б.Б.

Извор: http://www.fakulteti.mk/news/16-10-22/kako_se_dobiva_nobelovata_nagrada_za_literatura.aspx



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 224
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 675
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 886
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »