логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Националната галерија на Македонија (НГМ) денеска ја промовираше монографијата „Никола Мартиноски до 1945“ - истражувачки проект на Кирил Пенушлиски. Тоа беше прв настан од трите кои овој месец НГМ ќе ги организира за Мартиноски - на 11 мај во Мала станица ќе биде отворена изложба на фоторепродукции на дела од Мартиноски од 1919 до 1929, а на 16 мај авторот Пенушлиски ќе одржи предавање „Од Мартин до Мартиноски“.

Кирил Пенишлиски (1977), кој му е внук и го носи името на основоположникот на науката за фолклор во Македонија, и е син на академскиот сликар Илија Пенушлиски, рече дека монографијата е прв дел од истражувањето за Мартиноски,  за кого во воведот на изданието истакнува дека е несомнено најголемиот и најважниот македонски уметник на 20 век.

- Ова дело произлегува колку од повеќегодишно истражување на уметноста на Мартиноски, толку и од повеќедецениско дружење со неговите слики. Англичаните имаат еден израз  - labor of love - и тоа е навистина оваа книга. Јас години поминав по правливите архиви, како во Македонија, така и во другите југословенски републики, трчајќи по колекции кои повеќе не постојат, евидентирајќи ги сликите кои не знаевме каде се, за да се појави оваа книга, рече Пенушлиски. Додаде дека се надева за некоја година да биде промоцијата и на вториот дел кој ќе го опфати творештвото на Мартиноски од 1945-та до неговата смрт во 1973 година.

Глава на жена Мартиноски

Академик Влада Урошевиќ, кој и самиот лично го запознал Мартиноски и го посетувал неговото ателје, рече дека студијата на Пенушлиски се надоврзува на студијата за Мартиноски  на проф. Борис Петковски од пред 35 години. Иако донесува некои нови сознанија таа, рече Урошевиќ, не ја негира претходната, туку е комплементарна и е во дијалог со неа, резултат е на интересирањата и потребите на новите генерации.

- Вистинските вредности во една култура секогаш одново побудуваат интерес и секогаш одново им даваат можност на новите генерации да откријат една нова, своја визура во пристапот кон тие вредности. Во оваа книга присуствуваме на едно повторно откривање на оваа голема тема која го претставува делото на нашиот сликар... Делото на Никола Мартиноски е толку богато што не може да биде исцрпено низ само еден приод и низ само една студија. Сегашната монографија донесува низа мошне значајни сознанија за делото на Мартиноски кои не беа присутни во книгата на Петковски. Ова е добро за македонската култура, покажувајќи ја својата способност да се возобновува низ континуитет, истакна Урошевиќ.

Монографијата има пет дела, почнувајќи од биографијата на сликарот во која, според промоторот Урошевиќ, може да се насети симболика за исклучителноста на Мартиноски - како тоа дека бил роден во Крушево во деновите на Илинденското востание или дека првите практични поуки во сликарството ги добил од Папрадишки. Според промоторот, Пенушлиски открил досега непознати факти за букурешкиот период на Мартиноски и за влијанието на париската ликовна школа од престојот во Париз (1927-1928) кој рече длабоко бил втиснат во неговата уметничка меморија. Посочи и на честото навраќање на сликарот кон експресионизмот, како што рече, „негова никогаш докрај непрележана болест“. - Во тоа и такво видување на светот, тој ќе ги постигне врвните резултати, додаде Урошевиќ.

Во поглавјето „Сликарски теми и мотиви“ Пенушлиски го опфатил циклусот цртежи со молив на хартија именуван „Цвеќиња на злото“, а пишува и за фреските што Мартиноски ги насликал за скопската кафеана „Океан“ во 1930-тите години, кои исчезнале со нејзиното исчезнување. Овие сега веќе непостоечки дела на Мартиноски кои биле еротски насочени според Урошевиќ се интересни зашто ги покажуваат личните афинитети на сликарот и неговите обиди со отстапки да го ублажи судирот кој поради нив ги имал со власта. Меѓу другото, Пенушлиски во монографијата објавил и две песни кои Мартиноски ги напишал на српски јазик.

- Книгата на Кирил Пенушлиски е мошне темелно и промислено составена. Таа претставува една цврста и логична градба којашто постепено ја открива својата содржина пред читателот, додаде Урошевиќ.

Слика Мартиноски

Аакадемскиот сликар Рубенс Корубин подвлече дека се што е напишано во книгата е резултат на детаљни анализи, проследено со многу факти кои се уредно третирани и лоцирани.

- Пенушлиски ни претставува два нови момента за Мартиноски: првиот - експресионизмот е во неговата природа и се појавува во неговото творештво пред да се сретне непосредно  со делата на неговите веќе познати современици Кислинг и Модилјани. Вториот момент - неговото сликарство се темели на бројни студиски цртежи кои самите стануваат тема за сликање, рече Корубин.

Директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова-Ќерими рече дека е горда и почестена што е организатор на настанот посветен на човекот кој бил прв директор на Уметничката галерија во Скопје.

- Можете да замислите јас како директор со која возбуда ја поздравувам оваа монографија и изложбата што ќе следува. Посебно сум горда на личности коишто оддаваат почит и одвојуваат време за творештвото на нашите големи уметници, како што е Никола Мартиноски, истакна Старова-Ќерими.

Авторот Кирил Пенушлиски (Скопје, 1977) дипломирал историја на уметност со филм и филмска теорија во САД, магистрирал историја на уметност во Единбург, докторирал на Националниот институт за уметност во Париз во 2013 година. Визитинг-професор е на академијата Нова во Белград и професор по историја на уметност на ЕСРА-Скопје. Автор е или коавтор на други изданија од областа на уметноста, а има објавено и трудови за стрип и за филм.

Извор: http://sitel.com.mk/ngm-promovirashe-monografija-nikola-martinoski-do-1945-od-kiril-penushliski

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 374
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 270
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 372
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »