логоFacebookTwitterYouTubeeMail

СЛИКАР ОД БАЈКИТЕ


- за целовитоста на светот на Вангел Наумовски -Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети - тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта... Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. Волшебните светови на соништата на Наумовски се раѓаат од неговиот однос кон природата, опкружувањето, традицијата, митовите и стилски и тематски заземаат издвоено и препознатливо место со специфичното хуманистичко и пантеистичко чувствување на светот и на човекот во него. Многупати досега за него е истакнато дека претставува одраз на невообичаеното, а како оригинален творец извршил среќен спој помеѓу наивноста и апстракцијата.  
Се чини премалку да се каже дека сликарството на Вангел Наумовски се одликува со исклучителна препознатливост. Иако самоук сликар, тој се вбројува помеѓу малиот број уметници од Македонија кои достигнуваат најголема афирмација и надвор од нашата земја уште за време на своите најактивни творечки години. Со автентичен и препознатлив ликовен израз надвор од уметничките трендови, секогаш актуелен, сензибилен и повеќестрано креативен, на почеток е забележан во историјата на македонската (и пошироко, на југословенската) ликовна уметност како најистакнат претставник на т.н. „наивна уметност“, определби што се менуваат подоцна заради констатациите за неговото тежнеење кон фантастичниот надреализам. Сите овие дефиниции на творештвото на Вангел Наумовски се речиси митски поврзани и со неговата личност. Поимот „наива“ и „надреално“ најчесто се користат како класификации за неговото творештво и ги пренесуваме со искажаните ставови на неговите современици, вклучени во ова издание со дел текстови што ги потенцираат најзначајните определби за овој автор. Сеопфатното презентирање на создавањето на Вангел Наумовски претставува должност кон историјата на македонската ликовна уметност, не во насока на дефинирање на неговото многупати потврдено место, туку како потсетник на значајните легати на нашите големи уметници.
Истражувачкиот проект, ретроспективната изложба и монографското издание се дел од програмските активности на Националната галерија на Македонија за 2016 година, согласно со мисијата за репрезентативното одбележување на уметниците што се застапени во постојаната поставка и во колекцијата на македонската ликовна уметност на оваа национална установа. Реализацијата на потребните активности беше овозможена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а голем број државни и јавни институции во Република Македонија, приватни галерии и особено неговото семејство и голем број приватни сопственици овозможија увид во делото на Вангел Наумовски. Проектот во оваа фаза ги опфаќа делата што се наоѓаат на територијата на Република Македонија и значителен број дела што се наоѓаат на просторите на поранешна Југославија.
Од предговорот во монографското издание (автор Маја Чанкуловска--Михајловска):Национална галерија на Македонија

 

Биографија
1924    На 22 март е роден Вангел Наумовски во с. Скребатино, Охрид, во сиромашно работничко семејство
1933    го прекинува школувањето во второто одделение од основното училиште
1935    работи и учи разни занаети: градинар, слаткар, месар, колар, фурнаџија, овчар, ѕидар, лимар и др.
1945    се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, и го завршува првиот клас
1947    исклучен е од училиштето како „неталентиран“
1948    работи како цртач во атељето за резба во Охрид
1950    релативно редовно се занимава со сликарство
1963    се вработува како цртач во претпријатието за градење и проектирање „Трудбеник“ во Охрид
1965    почнува да работи пластика и архитектонски визии
1967    станува член на ДЛУМ
1969    преоѓа во слободна професија како сликар
1983    „Култура“, Скопје ја издава монографијата „Вангел Наумовски“ од авторот Ото Бихаљи-Мерин
1985    Alpine Fine Arts, Collection, ltd. Од Велика Британија ја издава на англиски јазик монографијата “Naumovski” од авторот Ото Бихаљи-Мерин
2006    починал на 13 јуни во ОхридСамостојни изложби
1954    Охрид, Салон на хотелот „Турист“
Струга, Простории на Социјалистичкиот сојуз
1955    Скопје, Работнички универзитет
1958    Охрид, Работнички универзитет
1959    Битола, Уметничка галерија
1960    Прилеп, Народен музеј
1963    Загреб, Galerija primitivne umjetnosti
1964    Струмица, Работнички универзитет
1965    Рим, Vangel Naumovski, Studio Margutta
Охрид, Иван Генералиќ / Вангел Наумовски, Уметничка галерија, Охридски летен салон
Скопје, Вангел Наумовски, Музеј на современата уметност
1966    Рим, Studio Margutta
1967    Рим, Vangel Naumovski, CM 13 Studio d’Arte moderna
Кортина д’Ампрезо, Vangel Naumovski, Galleria Selene
Каљари, Vangel Naumovski, Galeria D’arte Moderna
Лондон, Vangel Naumovski, Don Quixote Art Gallery
1968    Милано, Galleria il Giorno
1969    Комо, Galeria d’Arte
Новара, Galleria il Corile
Охрид, Уметничка галерија
Скопје, Вангел Наумовски: Слики, цртежи, скулптури, макети, Музеј на современата уметност
1970    Загреб, Vangel Naumovski, Galerija primitivne umjetnosti
Париз, Naumovski, Galerie ‘Mona Lisa’
1971    Скопје, Вангел Наумовски, Центар за култура и информации
1972    Белград, Галерија “Homo Homini”, хотел „Југославија“
1973    Торонто, Gallery “Joso 25”
1976    Белград, „Галерија 73“ и „Атеље 212“
1979    Охрид, Изложба на слики на Вангел Наумовски, Информативен центар РО НИП „Нова Македонија“
1981    Охрид, Историски архив
Скопје, Вангел Наумовски, Уметничка галерија - Скопје
1983    Скопје, Вангел Наумовски - акварели 1982-1983, Музеј на современата уметност
1984    Минхен, Galerie Hell & Hell
Солун, Vangel Naumovski, L’Institut Francais de Thessalonique
1985    Загреб, Vangel Naumovski: akvareli i ulja 1982-1985, Galerije grada Zagreba, Galerija primitivne umjetnost
1986    Цирих, Galerie und edition Hannes Koll
1987    Загреб, Caffe-Galerija ‘85
Охрид, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
1988    Охрид, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
1989    Загреб, Galerija “Mirko Virius”
Скопје, Вангел, изложба: нова техника, Центар за култура и информации
Охрид, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
1990    Будва, Модерна галерија
1991    Охридска порта, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
1992    Охрид, Завод и музеј - Охрид, Уранија
1994    Охрид, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
1996    Скопје, Салон „Ѓурѓа“
1997    Охрид, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
1998    Битола, Циклус Нав Муан, Завод, музеј и галерија - Битола
2002    Скопје, Нау Ван (цртежи), Културно-информативен центар
Охрид, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
2004    Охрид, Уметничка галерија „Охридска порта - Љубица“
2014    Охрид, Вангел Наумовски - портрети и ликови, Куќата на УранијаГрупни изложби
1954    Скопје, изложба на УЛУМ
1958    Скопје, изложба на УЛУМ
1959    Ото Бихаљи-Мерин го претставува во ревијата „Југославија“ (бр. 17)
1962    Чачак, I квадриенале наивне уметности, Галерија Надежда Петровиќ
1963    Загреб, Наивни 63
Вастерас, Југословенска сувремена уметност, Bad Godesverg
Дортмунд, Југословенска наивна уметност
1964    Darmstadt, Recklinghausen, Хамбург, Линц, Грац, Југословенса наивна уметност
1966    Дубровник, Минхен, Братислава, I тријенале наивне уметности
1968    Амстердам, Гронинген, Костањевица, Париз, Вупертал, Бремен, Каисерслаутерн, Загреб, Дубровник, Хлебине, Мексико Сити, Гуанајуаго, Морелиа, Гвадалахара, Сан Луис Потоси, Агуаскалиентес, Тореон, Монтереј, Џалапа
1969    Лавал, Музеј А. Русо
Лугано, I Naifs
Братислава, II триенале наивне уметности
Београд, Сараево, Загреб, Современа македонска уметност
Скопје, Загреб, Истанбул
1970    Светозарево, Галерија самоуких ликовних уметника
Загреб, Галерија примитивне уметности
Хлебине, Галерија
Копривница, Наивни ‘70, Музеј града
1971    Парис, L’Art Yugoslave de la Prehistorie a nos jours, Grand Palais
1972    Романија, Современа македонска уметност
Хлебине, Наивна уметност Југославије
Ереван
Рим, Artisti Jugoslavi di Oggi, 16 Pittori Macedoni Contemporanei
Москва, Лугано, Интернационална изложба наивних сликара
1975    Љубљана, Југословенска наива, Модерна галерија
Мајнц, Графика и цртежи наивних уметника из југославије
Сомбор, V тријенале сувременог југословенског цртежа, Градски музеј
Скопје, Цртеж ‘75, ДЛУМ
1976    Париз, Yugoslavie - Meintres et Sculpteurs naifs, Grand Palais
Лондон, Naive Art in Yugoslavia, Kamden Art Centre
САД, Канада, Naive Art in Yugoslavia
Прибој на Лим, Нова Варош, Пријепоље, Рудо, Фоча, Вишеград, Горажде, Плевље, Бијело поље, Колашин, Иванград, Сјеница (патувачка изложба)
1978    Сомбор, VI тријенале сувременог југословенског цртежа, Градски музеј
Светозарево, Изложба самоуких сликара и вајара југославије, Галерија самоуких и ликовних уметника
Сан Пелегрино Терме, Naifs 1978, Casino Municipale
Грац, 16 zeitgenossisische Makedonische Maler, Landesmuseum Joaneum
1979    Тузла, Југословенски портрет
Брадфорд, Дубровник, Сараево, Љубљана, Приштина, Белград
1980    Рим, Милано
Тузла, Нови Сад, Марибор
1981    Светозарево, I биенале југословенске самоуке ликовне уметности
Термо, Пратола, Пелиња, Рим, Монако
Белград, Триенале
Загреб, Вустерас, Карловац
1983    Карловац, Бијенале акварела Југославије, Карловац ‘83
Пореч, XXIII Anale, Изворна умјетност данас - ситуација и перспектива
Cahors, Musee Municipal
Париз, Les Naifs Yugoslaves, Културно информативен центар на СФРЈ
1984    Скопје, Цртеж ‘84, ДЛУМ
Куманово, XV графичка изложба на ДЛУМ
Скопје, Современ македонски акварел, Центар за култура и информации
1986    Ленинград, Југословенски наивни уметници, Руски музеј
Токио, Evelen naive artists from Yugoslavia, Sategaya Art Museum
Осака, Evelen naive artists from Yugoslavia, Daimaru, Sinasaibashi
1987    Колективна изложба Галерија над Атлантиком
„Сликарство мак формат“, Скопје: Центар за култура и информации
1988    Скопје, Надреализмот и неговите видови во современото македонско сликарство, Музеј на Македонија;
Тетово, Надреализмот и неговите видови во современото македонско сликарство, Дом на културата
Десетта ‘Галерија над Атлантик
Скопје, Македонската ликовна уметност во Уметничката галерија - Скопје 1948-1988, Уметничка галерија
1989    Београд, Савремена македонска графика, Галерија УЛУС
1990    Будва, Сисак
1991    Скопје, Нова постојана поставка на Музејот на совтемената уметност Скопје (избор од македонската, југословенската и меѓународната колекција), Музеј на современата уметност
Скопје, Студио Пановски, Галерија ДЛУМ
1992    Куманово, Современи македонски сликари и скулптори од колекцијата на МСУ, Скопје, Уметничка галерија Куманово
1993    Охрид, Изложба од збирката на Заводот за заштита на спомениците на културата и народен музеј - Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и народен музеј
Скопје, Приватни колекции, Галерија Стоби
1996    Скопје, Медитеранскиот контекст на македонското сликарство и таписерија, Уметничка галерија
1998    Скопје, Од ризницата на Уметничка галерија - Скопје 1948-1998, Уметничка галерија
2000    Скопје, Национална поставка XIV-XX век, Национална галерија на Македонија
Охрид, 10 традиционална изложба по повод 18 Мај - меѓународниот ден на музејските работници, Завод за заштита на спомениците на културата и народен музеј
Скопје, Современа македонска графика, Збирка на ликовни уметности при Народната и универзитетска библиотека ‘Св. Климент Охридски’, Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
2003    Скопје, Изложба од колекцијата на МСУ - Скопје, Музеј на современата уметност
2004    Скопје, Збирката на градот Скопје, Музеј на град Скопје
2005    Скопје, Наивна уметност, избор од колекцијата на МСУ, Музеј на современата уметност
2006    Скопје, Акварел: Избор од колекцијата на МСУ, Музеј на современата уметност
2015    Скопје, Од колекциите на Скопје: изложба на уметнички дела во сопственост на Град Скопје, Музеј на град СкопјеНагради и признанија
1962    
- Повелба на уметничката галерија "Надежда Петровиќ", изложба „Прво квадријенале наивних уметника Југославије“, Чачак, Србија1966    
- Благодарница од Струмичка ликовна колонија, Струмица, Македонија1968    
- Почесна диплома од Доленски културен фестивал и Горјупова галерија, изложба „Свет наивних“, Костанјевица на Крки, Словенија1969
- Награда за цртеж "Свадбен венец" на изложбата на ДЛУМ во Скопје ("Аспекти на цртежот во Македонија"), Скопје, Македонија
- Награда „7. Ноември“ за сликарство на градот Охрид, Охрид, Македонија1974
- Grand Prix за сликарство од Колекцијата Winston, Женева, Швајцарија
- Признание „30 години слободен Охрид“, Собрание на Општина Охрид, Охрид, Македонија1978
- Награда за сликарство "Нерешки мајстори" на ДЛУМ, Скопје, Македонија
- Награда "Premio internazionale di pittura", Valle Roveto, Италија1979
- Станува член и добива златен медал и диплома за уметничко творештво на "Accademia Italiana de Belle Arti e del Lavoro", Италија
- Откупна награда за графика на Музејот на современа уметност, 10. графичка изложба на ДЛУМ, Скопје, Македонија
- "Premio internazionale di pittura", Комо, Италија
- Номинација за академик со златен медал од "Academia delle Belle Arti e del Lavoro", Италија1980
- Награда "Premio d`Italia 1980", Италија
- Диплома за наименуван академик ("Accademico d`Europa" од "Centro Studi e ricerche delle Nazioni", Италија1981
- Откупна награда за цртеж на “1. Биенале на југословенската самоука ликовна уметност“, Галерија самоуких ликовних уметника, Светозарево, Србија
- Награда за цртеж од Музејот на современа уметност, Скопје, Македонија1983
- Номинација за "Accademico d`Europa" од "Centro Studi e ricerche L`Academia d`Europa", Италија
- Номинација за "Accademico delle Nazioni" од "Centro Studi e ricerche delle Nazioni", Италија1984
- Награда "Premio Mondiale della Cultura" и "Statuata della Vittoria 1984." од "Centro Studi e ricerche delle Nazioni", Accademia d`Europa, Salsomaggiore, Италија
- Награда "European Banner of Arts" со златен медал, Италија
-Откупна награда на Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје, Македонија1985
-    Признание “Cavalier of the Arts”, Accademia Bedriacense, Calvatone, Италија1999
- Награда „Духовен воин“, „Македонски духовни конаци“, Скопје, Македонија

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам, на 23 декември 2016 година (петок), во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Вангел Наумовски“. На изложбата ќе бидат изложени речиси 90 дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски, од кои најголем дел се сопственост на семејството Наумовски од Охрид, а дел за прв пат се презентираат во изложбен простор, потоа НУЦК „Антон Панов“, Струмица, Град Скопје и други приватни лица. Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“- Охрид, НУ Завод и Музеј - Охрид; Hrvatski muzej naivne umjetnosti - Загреб (Хрватска); Muzej naivne i marginalne umetnosti - Јагодина (Србија); Град Скопје; Собрание на РМ; Народна банка на РМ; Стопанска комора на Македонија и голем број институции и приватни лица отстапија работен материјал за оваа изложба, фотографии за монографското издание и овозможија увид во творештвото на Наумовски.Изложбата ќе трае до 28 февруари 2017 година.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 117
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 260
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 381
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…

Беседи

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

« »