логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 ДОАЃААТ ГОСТИ ОД ШВЕДСКА, НОРВЕШКА, ШВАЈЦАРИЈА, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА...


Светски дизајнери на Скопска недела на дизајн!


Над 200 учесници од десетина земји ќе ја посетат третата Недела на дизајн која ќе се случува во Куршумли ан


Над 200 учесници од десетина земји, 12 креативни работилници, 36 комерцијални изложби и шест концерти на регионални бендови во вечерните термини ќе понуди третото издание на Недела на дизајн во Скопје, која ќе се одржува од денеска до 6 октомври во Куршумли ан. Манифестацијата ќе биде отворена вечерва, а од среда до затворањето в недела ќе има содржини преку цел ден, почнувајќи од 10 часот со слободен влез за посетителите. Ќе има работилници за креативни претпријатија, за експериментален дизајн на продукти, дизајн на звук, за музички театар, дизајн во комуникацијата, работилница за поетичен дизајн, детски работилници за рециклирање и игра, работилница за гастрономија на која ќе се создаваат и претставуваат специјалитети... Меѓу изложбите ќе биде и таа за презентација на прототипови на современ македонски мебел изработени од 13 млади дизајнери. Оваа изложба во 2014 ќе патува на регионални фестивали за дизајн. Ќе се претстават дизајнери од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Шведска, Норвешка, Велика Британија и Швајцарија, која е земја во фокусот на годинашната скопска недела на дизајнот.

Во пресрет на манифестацијата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција истакна дека Неделата на дизајн е платформа неопходна за долгорочен, стабилен и прогресивен развој на оваа сфера, дека со овој амбициозен проект се консолидирал креативниот сектор кај нас и, како што рече, голем број индивидуалци или групи на дизајнери веќе храбро почнаа да се позиционираат на пазарот. Токму на оваа манифестација својот креативен производ ќе го промовираат и неколку апликанти на првиот конкурс на Министерството за култура за креативни индустрии.

"Скопската недела на дизајн е за нас особено значајна манифестација поради нејзината обединувачка димензија на сите чинители во секторот Дизајн. Преку богатата програма и бројните работилници кои ги раководат етаблирани предавачи и ментори, младите македонски креативци секоја година добиваат извонредна можност да создаваат производи кои понатаму се претставуваат и на изложбите кои се дел од манифестацијата. Во оваа смисла Неделата на дизајн е скапоцена инвестиција во создавањето автентичен македонски дизајнерски производ, конкурентен на светските пазари", истакна Канческа-Милевска.

Директорот на "Недела на дизајн во Скопје" Александар Велиновски рече дека настанот има три главни цели - да се подигне креативноста во Македонија со вклученост на повеќе лица и компании, да се развие производството и новите пазарни вредности и Македонија да се афирмира како нова дестинација за дизајн.

Програмскиот директор на манифестацијата Марта Наумовска додаде дека работилниците ќе бидат алатки кои ќе им помогнат на претпријатијата како да ги разберат купувачите на новото време, односно, да знаат зошто се прави некој производ и за кого. Иднината на успешните претпријатија, рече Наумовска, е во издржаната приказна која само ако е искрена може да се продаде.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 22, 2020
3.angeli.so.truba

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се соочи човештвото. Радува фактот дека и покрај ограничувањата поради пандемијата, фестивалот се одржува по петти пат. Целите на фестивалот, зачувувањето на моралните…
Август 27, 2020
TVITer21

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од страна на комисијата, по што беа сумирани резултатите и беше дискутиран финалниот избор. Комисијата имаше мошне слични ставови во изборот. За победници на конкурсот за млад…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 606
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Апр 29, 2020 Литература 632
3.angeli.so.truba
Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 597
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »