логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Обновено-

Од архивата на Преминпортал

Храмот најнапред се воздигнува во срцето на човека

 

Кица Б. Колбе

 

 
   “Многу е тажно кога во црквата врне“, му вели во видение прочуениот иконописец Теофан Грк на ученикот Андреј Рубљов во една сцена од истоимениот филм на рускиот режисер Андреј Тарковски. Обајцата погледнуваат кон разурнатиот покрив. Снег врне врз телата на убиените по крвавата битка на двата руски кнеза, браќа. Теофан Грк е одамна починат. Тој му се јавува на иконописецот, згрозен од глетката на разурнатата црква. Неговото мудро слово го утешува монах Рубљов, занемен од ужасот на битката. Му помага да разбере што е најзначајно за него. Наспроти виорот на братоубиствена борба во историјата: да гради, да живописува цркви. Од тој миг Рубљов се обвива во молк и молитва.

Црквите и како урнатини ги преживуваат распадите на блескавите царства како Источноримското. Тие останаа како чудесни сведоци на живата вера на народот и по долготрајното владеење на Отоманското Царство на Балканот. Со векови потоа ние ги читаме имињата на дарителите, ктиторите на црквите. Црквите го преживеаја теророт на стравотно силните држави како онаа национал-социјалистичката во Германија. Црквите беа засолниште за прогонетите, за противниците на расистичкиот режим. Некои свештеници во знак на солидарност со безимените еврејски жртви одеа доброволно во гасните комори: како католичкиот свештеник Максимилијан Колбе во логорот во Аушвиц, или протестантскиот теолог и свештеник Дитрих Бонхофер. Тие самите тогаш во маченичката смрт стануваа знаци на надеж и солидарност. Црквите остануваа и како урнатини небески белези во опожарените, бомбардирани европски градови по Втората светска војна. Бомбардирањата ги преживеа и Келнската катедрала, иако сиот Келн беше претворен во прав и пепел. Останките од црквите се возобновуваат кога ќе се надмине минатото, кога ќе се најде пат за помирување со него. Така по германското обединување се возобнувуваше Фрауенкирхе во Дрезден, како знак на историското помирување на поделениот народ. Надминувањето на минатото, помирувањето со некогашните непријатели по војните никогаш не може да се случи без покајанието, без потиштеноста пред историските грешки на секој народ. Кога урнатите цркви се возобновуваат, минатото почнува да си заминува сосе мачните траги на раздор и стигма, на раздел и разединетост. Кога урнатите цркви востануваат од своите останки, од нив се креваат гласовите на безимените жртви на минатите крвопролевања. Тогаш се надеваме дека е надмината омразата, оти црквата и како востановено здание, но пред сў, во литургиското значење, никогаш не е возможна без заедницата.
 
Едно царство, она Источноримското, христијанското, ја изгради прочуената "Света Софија" во Цариград во слава на Божјата Премудрост. Она другото, Отоманското, пак, во слава на својата претстава за Бога, но многу повеќе во слава на својот сопствен блесок на земски освојувач, ја преобрази во исламски храм. Не се бореа во тоа преобразување на храмот христијанскиот Бог и Богот на муслиманите. Во тој чин се бореше ситникавоста на земното и световното во нас луѓето, кои во одората на моќни и неустрашливи освојувачи мислат дека на својот Бог ќе му принесат најголема и најдостојна жртва ако христијанскиот храм го претворат во свој. Дури и кога во очите на освојувачите тие храмови личат на слава, тие се само знаци на човечката слабост, на склоноста кон Пировата слава. Во слава на митолошката идеологија на самовљубеноста во сопствената чиста ариевска раса разулавените толпи во Германија 1933 година ги запалија еврејските синагоги. На истиот пламен на омразата беа изложени и некои христијански храмови во Русија по револуцијата. Тажни се жртвите кои на Балканот и ден-денес се приложуваат на идолот на нацијата. Кога заради племенската свест, заради етничката нетрпеливост спрема другите народи се креваат во воздух, се опожаруваат храмовите на "туѓата" религија. Така се разурнуваа христијански цркви и муслимански џамии во сите воени судири по распаѓањето на Југославија во Хрватска, во Босна, во Косово, во Македонија. Затоа не само верниците, туку и оние што не веруваат во Бога, чиновите на уривање, сквернавење и ограбување на црквите беспоговорно ги нарекуваат безбожнички.
Кога црковните места повторно се оградуваат во зданијата на новите цркви, кога се осветуваат, кога повторно го препознаваме во нив небото на земјата, тогаш разбираме колкава е радоста кога во сиот поштук токму црквата останала неразурната.


****



Не само во германските градови синагогите стоеја крај христијански храмови. Еврејската синагога во Скопје се наоѓала во близина на црквата "Св. Димитриј". Кога верниците заради слава на Бога градат храм, посетуваат храм, ним не им пречи близината на храмот на некоја друга религиозна заедница. Таа им пречи само тогаш кога сакаат да го устоличат својот идол на чистото племе, на чистиот етнос. Кога ги обзема самовљубеноста во своето племе, тогаш во луѓето гори пламенот на омразата спрема оние што не се нивни. Пламенот во кој во Германија 1933 гореа синагогите, а потоа и луѓето во логорите, не беше оној на ревносната вера во Бога. Ниту еден верник не би смеел да се осуди да тврди дека верува во Бога, но мрази се туѓо и различно, во религиозна, етничка или политичка смисла. Ревноста во верата најнапред се бори да ја надмине врзаноста на своето срце за земјата, почвата, крвта, природното потекло, племето, родот, народот. Да го надмине сето она што ни го втурнува ликот длабоко во калта на самовљубеноста и не ни дозволува да го здогледаме небото.

Христијанскиот копнеж по небото силно го чувствувам секогаш кога во самрак минувам пред Келнската катедрала. Кога го кревам погледот кон нејзините високи кули. Кога в зима во самрак силно бие камбаната. Кога го забрзувам одот за да влезам во катедралата. Кога стојам пред олтарот на Богородица, заштитничка на Келн. Но и на Скопје. Кога мигновено ме обзема небеска радост. Кога чувствувам колку е убаво да се биде под покровот на дом-црква. Кога пред олтарот во Келн самата од себе во мене почнува да говори пофалната песна на Богородица.

Кога во келнската катедрала ми долетува сликата на металната куќарка на црквата "Св. Богородица Троерачица" крај Вардар. Тогаш ги гледам жените во црнина, кои катадневно служеа и служат во малата капела во Скопје, чекајќи трпеливо еден ден да се востанови црквата "Св. Богородица". Таа малечка капела долго бдееше врз просторот на некогашната голема црква, досега долго обраснат во коров. Никогаш жените во црнина не ги обзеде очај. Никогаш не се поколебаа, оти предолго чекаат. Кога сум во Скопје мојот последен чин пред заминување е посетата на таа капела. На љубопитното прашање за тоа до каде е работата со градбата на црквата, старите жени секогаш ми одговараа со блага насмевка "ќе даде Господ, ќерко". Во минатиот септември тоа ми го кажа една старица, вдовица со лик што ненадејно ме потсети на баба ми. Тоа го почувствува и таа, достоинствено седната зад пултот со свеќи. Посакавме наскоро да се видиме во возобновениот храм на Пресвета Богородица. Знаев јас, знаеше и таа. Срцата во тој миг ни се исполнија со небеска радост. Оти храмот во христијанската теологија најнапред се воздигнува во срцето на човека, онака како што во Псалмот 50 царот Давид повикува "срце чисто подари ми, Боже, и правиот дух, обнови го внатре во мене". Без делувањето на Светиот дух никој не ќе посака да изгради црква.
 

23.08.2007 лето Господово

 

Скопје,2-ри октомври 2018 лето Господово

 

Кица Б. Колбе

Aкварел: Сара Конеска



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 77
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 232
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 348
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »