логоFacebookTwitterYouTubeeMail

DSC_0132-004

Ние успеавме да ги згрижиме бегалците кои поминуваа по балканската рута. Покажавме што значат добрососедски односи, што значи поддршка во едни комплексни времиња како што се денешниве, за што добивме и признание од Европската Унија

...Интеграцијата на мигрантите е голем предизвик за Европа. Развиениот свет треба да им помогне на бегалците и на мигрантите да го остварат овој идеал, порача претседателот Ѓорге Иванов, на свеченото отворање на 4. Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, посветена на „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“ која вечерва почна во Битола.

Според Иванов, колку и да се меѓусебно различни, светските религии имаат барем едно нешто заедничко, а тоа е дека секоја од нив настанала со повик да се напушти домот, со прогонство, бегство или миграција. Основачите на светските религии биле мигранти, бегалци, прогонети, изгонети...

DSC_0057-002

Не треба да не изненадува што во секоја од религиите централно место зазема повикот до луѓето да тргнат на патешествие. Повик да мигрираат од скептицизам кон вера, од бунтовништво кон помирување, од возгордеаност кон понизност, од омраза кон љубов. Бидејќи, да се верува значи да се патува. Со тоа, од мугрите на историјата и цивилизацијата, патувањето станало најсилната метафора за човековиот живот. А целта на тоа патување е потрага по смисла, значење, дестинација и дом. Но, истовремено, сведоци сме и на една повратна спрега. Како што миграцијата влијае на религијата, така и религијата или идеологијата влијае на миграцијата. Тоа влијание може да биде позитивно, рече Иванов.

DSC_0056-002

 Пример за тоа се мисионерите кои со својата пожртвуваност и со силата на аргументите ги освојуваат срцата и мислите на луѓето низ светот. Низ Хераклеа минувал античкиот римски пат Виа Егнатиа по кој апостолот Павле одел кон Западот, но и аџиите оделе кон Истокот. Од овие простори се и св. Константин ‒ Кирил и Методиј кои биле мисионери кај Сарацените, Хазарите и Словените. Тука се вратиле и нивните ученици, св. Климент и Наум Охридски, потсети Иванов.Мигрантската и бегалска криза со која се соочува Европа, посочи претседателот, е последица на конфликтите на Блискиот Исток, кои, пак се последица на непочитувањето на старата поговорка која вели „Да не се отвораат старите рани“, а дел од тие стари рани се Ирак, Авганистан, Сирија...

DSC_0074-002

 Овој хаос го користат монструозните движења како ИСИС, Боко Харам, Џабл ал Нусра... за да спроведуваат систематско уништување на цели заедници, на нивните домови и храмови. Прогонувањето на луѓе со различна вера и уверување е се поизразено, не само во несекуларни, туку и во развиени и секуларни општества. Во изминатите две години, најголем дел од бегалците што дојдоа во Европа потекнуваа од Блискиот Исток, рече Иванов.

Доаѓајќи во Европа, тие сосема природно, како што кажа тој, очекуваа дека со нив ќе се однесуваме онака како што и тие би се однесувале кон нас – со почитување на вроденото и неотуѓиво човечко достоинство.

DSC_0096-002

 Наместо тоа, во многу случаи наидоа на затворени врати, на страв, предрасуди, недоверба и ксенофобија. Развиениот свет треба да им помогне на бегалците и на мигрантите да го остварат овој идеал, рече претседателот.  Според Иванов, предизвиците се решаваат без страв, бидејќи како што рече, стравот е филтер низ кој ги перципираме само заканите, но не и можностите што се пред нас.За предизвиците говореше и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која предочи дека тоа што претставува предизвик во процесот на еден интегративен пристап во однос на интеграцијата на миграните е одговорот на повеќе отворени прашања.

DSC_0120-002

Поттикнувањето на заедничките форуми, интеркултурниот дијалог, образовните содржини за мигрантите и имигрантските култури, но и правото на поттикнување на различните култури и религии треба да е загарантирано и е нешто на кое треба континуирано да работиме, рече министерката.Свесни сме, додаде Канческа Милевска, дека кризата лесно може повторно да ескалира, и токму затоа од огромно значење е да се потпреме на научените лекции и искуството што го стекнавме.

DSC_0140-002

Ние успеавме да ги згрижиме бегалците кои поминуваа по балканската рута. Покажавме што значат добрососедски односи, што значи поддршка во едни комплексни времиња како што се денешниве, за што добивме и признание од Европската Унија, рече Канческа Милевска.

DSC_0162-002

На свеченото отворање на 4. Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, посветена на „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“ се обратија и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква за Македонија, Вилфред Науснер и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ.

DSC_0180-002

Извор: Министерство за култура на Р.Македонија

Битола, 3.11.2016

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 321
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 788
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1024
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »