логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Малолетно девојче распнато меѓу чувствата и правниот систем 
Ѕвездите на економскиот тим на Обама 
Со насилство, порнографија и коцкање се освојуваат гледачите
Почнува судењето за случајот „Изгрев“
Ќе ги смени ли законот состојбите во државната администрација?
Сé помалку првачиња во Прилеп
Запалено грчко знаме во Струга
И Ристо Гуштеров по правда во Стразбур
Театри по болниците, лекарите со уплав од пациентите
Законски, а не политички причини за укинување социјална помош 
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад 
  
Тужбите за клевета на Интернет стануваат тренд во светот. Не и во Македонија   
   
  
„Директорот ја украде фабриката“. „Премиерот лаже“. „Министерот е клипан“. Ако сте во Англија и овие реченици ги напишете на Интернет, ќе ве тужат. Дури, и ако ваков разговор сте воделе со макар едно лице, или во тесна група пријатели.

Регулацијата на Интернетот како пазар е предизвик на законодавствата и на здруженијата за слобода на говорот низ целиот свет, откако тужбите за клевета на Интернет и другите средства за комуникација земаат замав. Онлајн-разговорите се следат и тогаш кога не се насочени кон широка публика. Овој тренд засега ја заобиколува Македонија.

- Досега нема покренато тужба за клевета на Интернет. Кај нас прописите не само што не се толку децидни, туку се и многу општи. Клеветата единствено е регулирана во два члена во Кривичниот законик и не се гони по службена должност. Доколку некој напише нешто навредливо за вас, можете да му поднесете приватна тужба. Ако авторот не е познат, мора да се покрене и постапка за докажување на авторството - вели адвокатот Филип Медарски.

Според англиското законодавство, некој што се почувствувал навреден од текст за него објавен онлајн има право да го тужи авторот на текстот, сите што го презеле и што го објавиле.

Нема право на приватност во комуникацијата. Дури, се смета дека секој „клик“ е нова објава.

Ако напишаното го преземе весник, може да биде казнет и дистрибутерот што го продава весникот. Во Пакистан е казниво и ако по СМС-порака испратите нешто што државата може да го смета за навреда на претседателот.

Информатичарите во Македонија велат дека и кај нас Интернетот веќе има влијание на медиум. Како пример ја посочуваат социјалната мрежа „Фејсбук“, која има повеќе корисници во споредба со дневните медиуми.

- Воведувањето цензура би било катастрофално. Ако се случи тоа, ќе доведе до зголемување на отпорот. Искуствата од други држави покажуваат дека сите прописи со кои се зголемува контролата на државата врз изразувањето под изговор заштита на граѓаните, потоа се користат за политички цели. Но, би требало граѓаните да си ги знаат правата за да може да се заштитат од закани и обиди да им се наруши угледот преку Интернет од клевети и навреди.

Многумина што ја злоупотребуваат слободата на говор за такви цели мислат дека Интернетот обезбедува анонимност, па преку него кажуваат работи што не би се осмелиле некому да му ги кажат в лице.

Во секој случај, потребно е да се постигне рамнотежа, но никако на штета на слободата на изразувањето - вели Филип Стојановски, програмски координатор во фондацијата „Метаморфозис“.

Говорот на Интернет внимателно и со загриженост се следи во повеќето западни земји.

- Има приказни што треба да бидат раскажани. Но, луѓето се плашат да ги објават по електронски пат оти се плашат од тужби. Тоа е закана за истражувачкото новинарство - оценува раководството на Националната унија за новинари на Велика Британија. Тие под своја заштита имаат и блогери од оваа држава.

Македонија не се појавува многу во индексот на цензура. Државата е во „сивата зона“, средина меѓу земјите во кои има многу цензура и тие во кои цензурата е помалку видлива.

 


Државата толерира сајтови со говор на омраза

Можностите на новите технологии се злоупотребуваат низ целиот свет. На ниво на ЕУ, интернет-провајдерите се должни да чуваат таканаречен „бекап“ од целиот сообраќај во рок од 6 до 18 месеци, во зависност од државата. Информатичарите посочуваат дека овој пример е несоодветен ако се примени во пошта - на пример, поштарите да прават копии од сите писма и да ги чуваат извесно време за да и ги стават на располагање на полицијата, ако има таква потреба.

- Кај нас е забранет говорот на омраза, а државата толерира сајтови што имаат таква содржина. На пример, песни од хулигански навивачки групи насочени против други граѓани. Слободно функционираат сајтови со хомофобни содржини. Се интервенира поединечно, кога ќе биде засегнат некој центар на моќ, но не и системски - велат информатичарите што се запознаени со регулацијата на Интернетот во Македонија.
  
   
Автор: Сунчица Стојановска  - Нова Македонија

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 374
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 270
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 372
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »