логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

„Некои раководители се поинтелигентни и знаат да одберат способни соработници за реализација на своите идеи, други се опседнати од себични интереси и одбираат полтрони. Очигледно, во Македонија не сме имале среќа интересите на таквите групи да бидат истоветни со интересите на народот“, има речено проф. Борис Чипан

Борис Чипан, една од најважните повоени фигури во современата македонска архитектура, конзерваторство и градителство, на 33 години стана раководител на проектот за конзервација на разурнатата црква „Света Софија“ во Охрид, со стручњаци од Италија, Франција и УНЕСКО. На црквата работеше од 1950-58 (Фото: СДК.МК)

Доаѓа времето кога  архитектот Борис Чипан ќе биде поставен во редот на охридските великани како Шапкарев и Прличев, место кое, како што вели арихтектот Влатко П. Коробар, според трагите што ги остави со сигурност му припаѓа.

Делото на професорот Чипан (1918-2012), проектант, конзерватор, едукатор и публицист, една од најважните повоени фигури во современата македонска архитектура, конзерваторство и градителство, се актуелизира деновиве  со промоцијата, изложбата  и официјализирањето  на „Збирката на архитектот Борис Чипан“ со над 500 артефакти во Музеј на Град Скопје.

 

Скици за конзервацијата на „Света Софија“ во Охрид (Фото: СДК.МК)

Ова прво претставување на оставнината на еден од најомилените професори на Архитектонскиот факултет, чии предавања поради луцидноста, црнохуморниот начин на презентација, бунтовноста аргументирана со ерудиција во генијални размери секогаш ги преполнувала амфитеарите на факултетот, е насловена „По трагите на еден модернист“.

Модерниот и вонвременски дух на Чипан извира од  неговите белешки кои уредно ги чувал дури од студентските денови во Белград, од стотиците страници на рака пишувани текстови и преписки на тема архитектура и урбанизам, од бројните проекти, скици, фотографии кои зборуваат за капиталното дело на една од најзначајните повоени фигури на македонската модерна.

Чипан (1918-2012) рекол дека е привилегиран оти е охриѓанец и дека станал архитект.
Охрид е негова пасија, а конзервацијата на „Св.Софија“ остварување на некаков сон. Има напишано:„Дали тоа беше среќа во животот или средба со судбината?“ (Фото: СДК.МК)

Неговиот син, архитектот  Александар, кој со семејството живее во Австрија, а кој во голем дел од својата личност потсетува на татка си, ни рече:„ Банално е да кажам дека Чипан ми беше и другар, колега, професор… Како што стареам сфаќам сè повеќе филозофии на неговиот живот, и знам само дека тој ми беше татко, а  сето друго е попатно. Еднаш дури и му напишав дека е гордост да се има таков татко. Тој беше опасен тип во секоја смисла, во едукативна, воспитна, во филозофска, секогаш со одмереност знаеше да се однесува со сите. Не ги делеше луѓето на мали, големи, возрасни, деца… Па, така и со нас, неговите деца имаше посебен однос, а потоа и со внуците. Не ги делеше луѓето на учени или неучени. Тој имаше мерило во односот со луѓето“…

 

 

„Чипан многу читаше, читаше сешто, од стручна литертура, белетристика, до фантастика. До крајот на својот живот многу читаше. Што е  реткост, зашто архитектите речиси се неписмени од тој аспект“, вели помладиот Чипан.

Сашо сподели една анегдота, па вели на своја сметка правел шеги зашто и самиот припаѓа на „неписмените“ архитекти кои не читат многу книги. „Како помлади бевме со семејството во Фиренца, и кога се вративме, татко ми заинтересирано и со страст ме прашува за коментар и импресии од  Брунолески, од славната купола. А, јас му викам,  ‘го видов да, супер бутик со најсовремена гардероба’. Се изнасмеавме со неговите зборови –‘да, тоа личи на тебе’“.

Сѐ е веќе историја, митови и легенди околу односот на Чипан со „Св. Софија“, но она што ќе остане секако запаметено е дека јужниот ѕид од наосот на цркавата, кој бил 60 сантиметри искосен, со Италијанецот Форлати, Чипан на 2 и на 4 мај, 1953 го исправаат. Тоа е зафат кој Форлати пред тоа го имал направено на црква во Италија, и никој пред тоа (Фото: СДК.МК)

Семејството Чипан ни раскажа дека овој легат кон Музејот на Град Скопје бил желба на самиот Борис Чипан.

„Тој ни рече дека сета оваа архива која ја селевме неколкупати во иднина ќе ни пречи, ќе се влече по некои тавани, па предложи да ја понудиме на Архитектонскиот факултет, по неговата смрт.  Чипан беше свесен  за своето значење и за квалитетот на неговиот труд,  и беше оптимист  дека некои генерации можеби ќе сакаат да учат и да читаат што има оставено. Но, на предлог на Факултетот, збирката ја подаривме во Музејот каде што има посоодветни услови за чување и за презентација. Благодарни сме до двете институции за големата поддршка и соработка во оформување на овој проект“, вели семејството  Чипан.

 

Сѐ е веќе историја, митови и легенди околу односот на Чипан со „Св. Софија“, но она што ќе остане секако запаметено е дека јужниот ѕид од наосот на цркавата, кој бил 60 сантиметри искосен, со Италијанецот Форлати, Чипан на 2 и на 4 мај, 1953 го исправаат. Тоа е зафат кој Форлати пред тоа го имал направено на црква во Италија, и никој пред тоа (Фото: СДК.МК)

 

Чипан рекол дека е привилегиран оти е Охриѓанец и дека станал архитект.

Охрид е негова пасија, а конзервацијата на „Св.Софија“ остварување на некаков сон. Има напишано:„Дали тоа беше среќа во животот или средба со судбината?“ На „Св.Софија“  Чипан има работено од 1950 до 1958 година. Црквата  била речиси разурната,  па било алармирано на тогашното сојузно ниво на СФРЈ. Била формирана комисија од експерти од Југославија, но поради сложеноста на проектот биле вклучени и стручњаци од Италија и од Франција, се вклучило и УНЕСКО,  а раководител на проектот е тогаш 33-годишниот Борис  Чипан.

Сè е веќе историја, митови и легенди околу односот на Чипан со „Св. Софија“, но она што ќе остане секако запаметено е дека јужниот ѕид од наосот на црквата, кој бил 60 сантиметри искосен, со Италијанецот Форлати, Чипан на 2 и на 4 мај, 1953 го исправаат. Тоа е зафат кој Форлати пред тоа го имал направено на црква во Италија, и никој пред тоа.

Другата случка врзана вечно за Чипан и конзервацијата на „Св.Софија“ е кога го крши ‘рбетот паѓајќи од 8 и пол метри височина. Па има напишано дека по неколкуте обиди да ја најде потпорната греда, не успеал, нозете му виселе напразно, и му останало само да се спушти.

 

Неколку пати Борис Чипан беше предлаган за редовен член на МАНУ и неколку пати беше одбиван. Кога академиците решија да го примат, тој со индигнација одби и рече: ‘Кога сакав, вие не ме сакавте, сега сум престар за тоа“. Зградата на МАНУ е едно од најзначајните проектантски дела на Чипан; – Макетата на МАНУ, архитекти: Горан Мицковски, Андреј Прошевски, Методија Ѓорѓиев (Фото: СДК.МК)

 

Во каталогот за изложбата, која ја претставува првата архитектонска збирка подарена како оставнина во Македонија, а се наоѓа во Одделението за современа архитектура, урбанизам и дизајн при Музејот на Град Скопје што го раководи архитект Фросина Зафировска, емотивен текст има колегата и пријател на Чипан, Димитрие Голубовски. Тој низ неколку цртички на моменти споделени со Чипан, низ многу заеднички поминати  години меѓу другото вели:„Мислам дека тагата беше секогаш со него“. Потоа го цитира :„Да се брза не е ниту корисно ниту отмено“, па се сеќава на МАНУ, едно од најзначајните проектантски дела на Чипан.

Вели:„Неколку пати Борис Чипан беше предлаган за редовен член на Академијата и неколку пати беше одбиван. Кога академиците решија да го примат, тој со индигнација одби и рече: ‘Кога сакав, вие не ме сакавте, сега сум престар за тоа.’“

Студентско летувалиште на Феријалниот сојуз, Охрид (1954) е дело на Чипан

Не залудно архитектите ја насловиле поставката :„По трагите на еден модернист“, зашто сите табори и авторитети во уметничките области се согласни дека Чипан е градски лик, па за него има прибелешки и во односот на боемштината, за модерниот град и стил на живот. Деканот на Архитектонскиот факултет Минас Бакалчев има три тези за Чипан, па вели дека е тој епска личност, наратор и еден од хероите на нашето време. Бакалчев зборува за манифестот на Чипан „111 тези за архитектурата“, објавен во 1986, во, како што вели, вриежот на архитектонскиот дискурс и кршењето на правилата. „Зар е можно по 33 години ништо да не е променето и повторно да ги живееме и да ги поставуваме истите прашања?“, се прашува деканот Бакалчев.

А Чипан пак, има речено дека градовите во историјата ги планирале раководителите на општеството.

„Некои раководители се поинтелигентни и знаат да одберат способни соработници за реализација на своите идеи, други се опседнати од себични интереси и одбираат полтрони. Очигледно, во Македонија не сме имале среќа интересите на таквите групи да бидат истоветни со интересите на народот“.

Колегите велат дека со ваквите размислувања Чипан недвосмислено ѝ се спротивставува на градската реалност на Скопје во последните години.

Вгодина се навршуваат сто години од раѓањето на Чипан, и Музејот планира изложбата да ја постави и во Охрид.

Извор:

http://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/chipan-ja-spasi-sveta-sofija-stana-arhitektonska-ikona/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 234
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 683
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 900
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »