логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.LIt.Bogorodica.jpg
Св. Силуан Атонски, За мирoт во душата
 Сите сакаат  да имаат мир , но не знаат како да го постигнат. Свети  Пајсиј Велики се гневел и Го молел Господа  да го избави од раздразнетоста.  Господ Му се јавил и му кажал:
„Пајсиј , ако сакаш да не се гневиш, не посакувај ништо, никого не осудувај и не мрази, и нема да се  гневиш“.


Така и секој човек ако ја отсече својата волја пред Бога  и пред народот, секогаш ќе има мир во душата, а кој што сака да ја исполнува својата волја , никогаш нема да има мир.

Душата која што се предала на Божјата волја, лесно ја поднесува  секоја скрб и болест, зашто и во болеста таа се моли  и го созерцува Бога:
 „Господе, Ти ја гледаш мојата болест;
Ти знаеш колку сум грешен и немоќен, помогни ми да истрпам и да благодарам на Твојата благост.“
 
И Господ ја  олеснува болеста, и душата ја чувствува  Божјата помош и бива благодарна и весела пред Бога.

Кога ќе  те снајде некаков неуспех, помисли:
 „Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно ќе ми биде добро и мене и на другите“, и така душата , постојано во мир ќе ти биде. А , ако некој ропта: тоа не е така, она не е добро, никогаш нема да има мир во душата, макар и да го држи постот и многу да се моли.

Апостолите  имале голема предаденост кон волјата Божја ; така се запазува мирот. И сите свети и големи луѓе  ја истрпувале скоја скрб, предавајќи и се на Божјата волја.

Господ не љуби , затоа ние треба да не се плашиме од ништо, освен од гревот, зашто  заради гревот се губи благодатта .  А без Божјата благодат ѓаволот  ја прогонува душата , како што ветерот го прогонува  сувиот лист или чадот.

Потребно е да запаметиме добро, дека ѓаволот и самиот отпаднал заради гордоста и секогаш  се стреми  да не турне  по истиот пат  и нас, и мнозина се опрелестија.  А Господ ни кажал:
 „Научете се од  Мене на кроткост , и смирение  и ќе најдете  спокојство на вашите души“.

„ О, Милостив Господи, дај ни го Твојот мир , како што си го дал мирот  на Светите  апостоли:
 „Мирот Mој ви го давам“,  „дај ни  и нам да се насладуваме  на Твојот мир. Светите апостоли го примиле Твојот мир  и го излеале врз целиот свет и спасувајќи ги луѓето, не го губеле мирот и тој не се намалувал во нив“.
 
Слава на Господа и на Неговото милосрдие, зашто  Тој  многу не љуби   и ни  го дава Својот  мир и благодатта на Светиот  Дух.

Како да го запазам душевниот мир  на среде соблазната на денешното време?
Ако се суди според Писмото и според карактерот на денешните луѓе, ние живееме во последните времиња и најмногу треба да го сочуваме душевниот мир, без кој што не можеме да се спасиме, како што кажал големиот молитвеник на Русија , преподобниот Серафим.


 Додека бил жив Преподобен Серафим  и по неговите молитви Господ ја чувал Русија; а после него се јави нов столб, се издигна од  земјата до небото, отец Јован Кронштадски.  Ќе кажам за него, тој е од нашето време и сум го видел како се моли, додека другите не сум ги видел.

Се сеќавам, како после Литургијата  кога го доведоа екипажот и тој сакаше да  се качи , народот го опкружи, за да прими благослов ,  и среде тоа множество душата непрестајно му пребиваше  во Бога , и среде толпата тој не се расејуваше  и не го губеше душевниот мир. Како тоа го постигнуваше?  Тоа е моето прашање.

Тој го постигнуваше тоа и не се расејуваше , зашто го љубеше народот  и не престануваше за него да се моли на Господа:
„ Господи, дај им го Твојот мир на Твоите луѓе“;
  „Господи, дарувај им го на Твоите раби  Твојот Свет Дух, за срцата да им ги загрева со љубовта Твоја  и да ги упатува во секоја вистина  и добро“;
  „Господе, сакам мирот Твој да биде  врз целиот Твој народ, кој што Ти до крај си го возљубил и на кого  што си  Го дал Својот Единороден Син, за да го спаси светот“;
  „Господе, дај им  ја Твојата благодат за да Те спознаат  во мир и љубов , да Те возљубат и да кажат, слично како  апостолите на Тавор: „Господи, добро ни е со Тебе да бидеме“.


 Така постојано молејќи се  за народот , тој го запазуваше својот душевен мир , а ние, го губиме, зашто во нас нема љубов  кон ближниот. Светите апостоли  и сите светии  посакувале спасение на луѓето и пребивајќи среде народот, пламено  за нив се молеле.
Светиот Дух им давал сила  за да го љубат народот. Така и ние, ако братот  свој не го љубиме ,  нема да можеме да имаме мир. Секој нека помисли на тоа.


Слава на Господа, што не не` оставил сираци, туку ни го дал Светиот Дух на земјата. Светиот Дух ја подучува душата на неискажлива  љубов  кон луѓето и жал за секој заблуден.


Господ се сожали на заблудените и  го испрати Својот Единороден Син  за да ги спаси;  и  Духот Свет  не  учи на таа жалост кон заблудените  кои што одат во адот.


Преподобен Пајсиј Велики се молел за својот ученик кој што се одрекол од Христа, и тогаш му се јавил Бог и му кажал:
 „Пајсиј, за кого се молиш, нели тој се одрече од Мене?“
 Но, Прподобниот продолжил да го сожалува  својот ученик и тогаш Господ му рекол:
 „ Пајсије, ти се уподоби  на Мене во љубовта“.


 Така се придобива мирот и нема друг пат освен тој. Ако некој многу се моли и пости , но нема љубов кон непријателите , не може да има душевен мир. И јас не би можел за тоа да говорам , ако Светиот Дух не ме беше научил на љубов.

Грешната душа, заробена  од страстите, не може да има мир и да се радува во  Господа дури и да ги поседува  сите богатства на земјата  и да царува над целиот свет.
 Ако на таквиот цар кој весело пирува  со сите кнезови на престолот со целата своја слава , одеднаш му кажат:
 „Цару,  сега ќе умреш“, душата  би му се вознемирила  и растреперила од страв  и тој би ја видел својата немоќ.

А колку бедни има  кои што се богати само со љубовта во Бога   и на кои, ако им кажат:
 „Сега ќе умреш“ би одговориле во мир:
„Да биде Божјата волја . Слава на Господа , што си спомнал на мене и сака таму да ме земе, каде што прв разбојникот влегол.“

Има бедни, кои што не се плашат од смртта , но ја пречекуваат  со мир, подобно на Праведниот Симеон, кој што вапел:
„Сега го отпушташ  Твојот раб, Владико, според зборот, со мир.“


Каков  бил мирот во душата на Праведниот Симеон,  можат да разберат само тие , кои што го носат мирот Божји во душите или  барем  го  почувствувале.
 За тој мир Господ им кажал на Своите ученици :
„Мојот мир ви го давам“. Којшто го има тој мир,  заминува во вечниот живот со мир и со зборовите:
„ Слава на Тебе Господи,  зашто сега доаѓам при Тебе  и вечно ќе Го гледам лицето Твое  во мир и љубов.  Твојот тивок, кроток поглед   душата ми ја привлече  и таа тагува по Тебе“.


Треба  да го вразумуваме братот  кротко, со љубов. Мирот се губи, ако душата се возгордее или се превознесе пред братот; ако осуди некого или посакува да го вразуми ближниот, но не кротко и со љубов; ако јадеме многу или се молиме немарно,  заради сето тоа се губи мирот.


Но, ако се навикнеме усрдно да се молиме  за непријателите  и да ги љубиме, мирот засекогаш ќе ни пребива во душите, а ако го намразиме или го осудиме братот , умот ќе ни се помрачи  и ние ќе го изгубиме мирот и дерзновението кон Бога.


Душата  не може да има мир, ако не се подучува  во Божјиот закон  дење и ноќе, зашто тој закон е напишан од Духот Божји, а Божјиот Дух од Писмото преминува  врз душата, а душата чувствува  наслада и пријатност во тоа  и веќе не сака да го љуби земното, зашто љубовта кон земното ја опустошува душата и тогаш таа бива  безволна  и разгневена   и не сака да се моли на Бога.


 А непријателот, гледајќи дека душата не е во  Бога, ја расколебува и слободно внесува во умот тоа што сака, ја гони душата од едни кон други помисли и душата го поминува целиот ден во таков безпоредок и не може чисто да го созерцува Бога.


Тој што го носи во себе мирот на  Духот Свет, тој излива мир и врз другите.
Светиот Дух е љубовта. Така вели Писмото и тоа го покажува опитот.
Душата не може да има мир, ако со сите сили не Го молиме Господа да ни даде да ги љубиме сите луѓе. Господ знаел дека нема да ги љубиме непријателите свои и затоа ни дал заповед:
 „Љубете ги непријателите свои“.
 Ако не ги љубиме непријателите свои, душата наша ќе биде спокојна само понекогаш, но ако ги љубиме, мирот пребива во душата наша ден и ноќ.


Чувај го мирот на благодатта на Светиот Дух во душата наша; не го губи за дребни нешта. Ако дадеш мир на брата си, Господ ќе ти даде неспоредливо повеќе, а ако се погрижиш за братот, и на твојата душа неизбежно ќе дојде грижа.


Ако дојде блудна мисла, изгони ја веднаш и тогаш ќе го сочуваш мирот во душата своја, а ако ја примиш, душата ќе ти ја загуби љубовта кон Бога и веќе нема да имаш дрзновение во молитвата.


Ако ја отсечеш волјата своја, ти си го победил непријателот и за награда ќе добиеш мир во душата, а ако ја исполниш волјата своја, ќе бидеш победен од непријателот и униние ќе ти ја мачи душата.


Оној кој е заробен од страста на среброљубието, тој не може да го љуби Бога и ближниот свој; умот и срцето на таквиот човек се зафатени со богатството и тој нема дух на покајание и скрушеност за гревовите, и душата не може да му ја познае сладоста на Христовиот мир.


Душата што го спознала Господа секогаш  сака да Го гледа во себе си, зашто Тој доаѓа во душата тивко и ѝ дава мир, и без зборови сведочи за спасението.


Ако царевите и управниците на народите ја познаваа Божјата љубов, никогаш не би војувале. Војната се испраќа за гревови, а не за љубов. Господ нè создал од љубов и ни наредил да живееме во љубов и да Го славиме.


Ако началниците ги запазуваа Божјите заповеди, а народот и потчинетите ги слушаа со смирение, на земјата би имало голем мир и веселба, но заради властољубието и непослушанието на гордите, страда целата вселена.


Те молам, Милостив Господе, дај му на целиот народ од Адама до крајот на вековите да Те познае, зашто Ти си благ и милостив, за да се насладуваат сите народи на Твојот мир и сите да ја видат светлината на Твоето Лице.
Твојот поглед е тивок и кроток и ја привлекува душата.


Преведе од бугарски:
М. Даниловска Мина
 
http://bg-patriarshia.bg/index.php?file=heritage_peace_in_my_soul.xml

 

 Друго:

Свети Силуан Атонски - „Научете се од Мене на смирение и кроткост”

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5864
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6667
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6473
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5657
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

29/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная