логоFacebookTwitterYouTubeeMail

219191.b.jpg

2 ноември 2015 лето Господово

Потсетуваме што се случуваше на Halloween забавите во 2015 година:Halloween прославата во централен Лондон се претвори во насилство кога полицијата се обиде да затвори нелегално организирана забава.Беа уапсени голем број на учесници во забавата кои нападнаа на полицијата со шишиња, столови и молотови коктели. На интернет се појавија застрашувачки фотографии од пустошењето по лондонските улици, после таканаречената „Nightmare on Scum Street“ „ Halloween забава“, на која беше предвидено настап на бендови со електронска музика.

За време на слична Halloween забава во Симферопол, во ноќта помеѓу 30 и 31 октомври оваа година, во храмот посветен на чудотворната икона на Божјата Мајка „Державнаја“ беше извршен акт на вандализам.

Московските ноќни клубови, пак, и покрај случената трагедија со патничкиот авион и 224  - те жртви со руско потекло, заради што се прогласи и ден на жалост, не го откажаа празнувањето на Halloween. Од споменатите клубови дури изјавиле дека трагедијата нив ни најмалку не ги засега и тие ќе си одат според програмата. Во контекст на ова, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, во својата беседа на неделната богослужба изјави: „... Мене ме порази сознанието дека и ноќва во некои клубови и други места за забава бучно се славеше туѓиот и за нас малку познат ’празник‘, наречен Halloween. Да се помолиме за Господ да не ги казни оние што учествуваа во тоа, а исто така и да побараме љубовта и состраданието да се родат во срцата на нашите луѓе“.

Последните неколку години Halloween забавите се актуелни по скопските клубови. Од фотографиите што се вртат на интернет, станува јасно дека и скопските Halloween забави не отстапуваат многу од светските трендови.

Меѓутоа, имајќи го во предвид она што се случи годинава во Лондон, што треба да очекуваме кај нас во иднина? Зарем и нам ќе ни се случуваат дивеење и демолирање по улиците, напади врз полицијата, крајно дрско и нихилистичко однесување? Дали ова е тоа на што сакаме да ги научиме нашите деца? Сепак, „невините“ детски Halloween маски не се така наивни, и пораката што овој „празник“ ја пренесува не е ни најмалку позитивна, ниту е во духот на нашата славна традиција и менталитет. Зошто тогаш толку благонаклоно го усвојуваме ова деструктивно славење од паганистичкиот Запад? Наместо да се подготвуваме себеси и своето потомство за едно вистински достоинствено празнување во духот на својата автентична и морална христијанска традиција, ние многу лесно се поддаваме на овие туѓи по менталитет и разорни за душата западни пагански ритуали, што го промовираат сето она против кое нашите просветители толку силно се бореле низ историјата. Не е доцна и сега да кажеме „не“ на очигледната завера на Западот за враќање кон бесплодниот паганизам, кој на секаков начин се обидува да продре во нашето секојдневие, потиснувајќи го така она драгоцено духовно наследство, чии носители сме се удостоиле да бидеме, поради молитвите и подвигот на нашите славни предци.

Извор: Православие.ру; Православие.ру; Православие.ру; BBC News

Преземено од: Бигорски манастир

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1014
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 980
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…