логоFacebookTwitterYouTubeeMail

27 јули 2015

"Критиката е дозволена, но осудувањето на свештеници не е. Според поговорката [романска, м.з.], да се критикува некого или нечија работа е исто како да се стави венец околу неа, и тоа е добра работа. Но, да се осуди еден клирик, да се суди во контекст кога сите сакаат да ги осудат токму поради тоа што во нив се пројавува силата и благодатта Божја, и сите постојано покажуваат со прст на нив… да не заборавиме дека и тие се луѓе.Уште повеќе, за нив е полесно да се спасат отколку вие, затоа што тие ја имаат благодатта и Таинствата и задолженијата – и на крај, секако дека и во нив мора да има совест, не мислите така?

И уште нешто да ви кажам – ниту еден свештеник не бива ракоположен без тоа да е волја Божја. Бог го води таквиот човек низ животот.

Но, да се вратиме на почетокот: ние критикуваме секого, освен самите себеси!

Размислете малку – кога ќе одите горе и ќе Го сретнете Христа, и ќе се покаже дека сте го осудувале тој и тој свештеник, дека правел вака, а не онака, или било што друго. Значи, дека сте ја осудувале службата на свештеникот, неговиот живот, и тоа е голема грешка.

Уште еднаш ви кажувам: кога пиете вино, без разлика од каква чаша пиете – кристална или земјена, виното си останува вино. А кога пиете од Чесниот Путир, во него се самите Крв и Тело на нашиот Спасител, зашто претворањето на виното во Крв и лебот во Тело Христово не станува според достојноста на свештеникот, туку по благодатта Божја! И достоен бил ли, или недостоен, неговата служба е благодатна. Затоа не се истрчувајте да го судите, зашто правите голема грешка.

А тука мора да се навратам на претходното – не треба да осудуваме никого, дури ни некој ужасен убиец – а камо ли еден свештеник! Зошто би се натурал во неговиот живот?! Многу остро ќе бидеме осудени поради ова. Сметаш дека си со Христа, а тој не е? Тогаш помоли Му се на Христа да му помогне.

Драги мои, ви повторувам: сите ние сме одговорни за сите грешки што се случуваат во овој свет – секој еден од нас лично е одговорен. Така. Значи, мора да го имаме овој пожртвуван став. Зашто, Тајната на спасението на човекот, на секој од нас, ја носи Крстот. Она што ние треба да го знаеме е дека Крстот е најголемиот дар на земјата, од најголема полза.

Тогаш, каква треба да биде твојата „жртва“? Жртвувај го твоето осудување на другите за грешките што тие ги прават. Присилувајте се сите, кога гледате на Црквата, Христа да Го гледате, како што се вели во една литургиска молитва: „зашто Ти си Оној Кој принесува, и Кој се принесува и се раздава…“.

Свештеникот е одговорен за неговите дела; а ти, од друга страна, ќе бидеш одговорен за твоите, но и за неговите дела, исто така, зашто си го осудувал.

На времето имало некој голем подвижник, кај кого дошол еден верник. Во селото од коешто потекнувал подвижникот имало еден многу грешен човек, па тој го прашал својот посетител: „Се смени ли тој и тој човек, или уште е таков каков што беше?“ Посетителот одговорил: „Не, авво, тој не се промени, истиот е.“

Следниот ден кај подвижникот дошол ангел Господов и го прашал: „Бог ме испрати да те прашам каде да ја смести душата на грешникот за кого што вчера праша, оти тој умре ноќеска: во рајот, или во пеколот? Ти го судеше, па кажи ми го неговиот суд.“ Подвижникот смртно се нажалил, и до крајот на животот просел прошка од Бога, но не ја добил. Видете, тој осудил многу грешен човек, но сепак, осудувањето е осудување. Наместо тоа, тој требало да се моли: „Боже, Те молам, смилувај се на него. Боже, Те молам, заштити го.“

Постојано го повторувам и нагласувам ова, и ве молам за прошка, но: НИЕ сме виновни за гревовите на другите луѓе. Сета трагедија на човештвото е условена од гревовите во нашите животи.

 

Извор: Кумановско- осоговска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1014
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 980
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…