логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Александар Шмеман

✣✤✣

Великиот Пост: пат кон Воскресението

✣✤✣

 Кога човекот се подготвува да тргне на пат, тој мора да ја знае целта на своето патување. Така е и со Великиот Пост. Пред сè, постот е духовно патување, а негова крајна цел е Воскресението - Празникот над празниците. Тој е подготовка за „исполнување на Пасхата како вистинско откривање“. Затоа, мораме да почнеме опитно да ја разбираме врската помеѓу Великиот Пост и Воскресението, затоа што таа открива нешто многу суштествено, открива многу важен патоказ во нашата христијанска вера и живот.

 Дали е неопходно да се објаснува дека Воскресението не е само еден од празниците туку нешто повеќе? Тоа е нешто многу повеќе од прославување на еден настан од минатото, а тоа го знае секој што барем еднаш учествувал во онаа ноќ „посветла од ден“ и којшто ја почувствувал таа единствена радост. Во што се состои таа, зошто на Пасхалната Литургија ние можеме да пееме сега сè е исполнето со светлост, и небото и земјата и она што е под земјата?

 Во која смисла ние го прославуваме „умртвувањето“ на смртта, разорувањето на адот, почетокот на другиот - вечниот живот... ?

 На сите овие прашања има еден одговор: новиот живот, којшто засвети од гробот пред скоро две илјади години, им е даден на сите оние што веруваат во Христа. Нам тој ни е даден на денот на крштението кога, како што вели апостол Павле, се сопогребавме со Христа, за, како што Христос воскресна од мртвите, така и ние да живееме со нов живот (Рим. 6, 4). На тој начин, на Пасха ние го прославуваме Христовото Воскресение, како нешто што се случило и што продолжува да ни се случува нам, затоа што секој од нас го добил дарот на новиот живот и силата да може да го прифати и да живее по него. Тоа е дар што коренито го менува нашиот однос кон сè во овој свет, вклучувајќи го и односот кон смртта. Тој ни дава можност радосно да тврдиме: Нема веќе смрт!

 Но, смртта е сè уште тука, ние сме соочени со неа, а еден ден таа ќе дојде и ќе нè однесе и нас. Но, ние веруваме дека со својата сопствена смрт, Христос ја измени самата природа на смртта, ја претвори во премин - Пасха во Царството Божјо, преобраќајќи ја најголемата од сите трагедии во конечна победа, смртта со смрт уништувајќи ја. Тој нè направи соучесници во Неговото Воскресение, и затоа, на крајот од Пасхалната утрена можеме слободно да речеме: Христос Воскресе и животот царува, Христос Воскресе и мртви веќе нема.

 Ова е верата на Црквата којашто ја потврдиле и направиле очигледна многуте светии.

 Но, сепак, зарем нашето секојдневно искуство нè упатува на тоа дека многу ретко ја имаме таа вера, дека секојдневно го губиме и го изневеруваме нашиот живот што го добивме како дар и дека всушност, живееме како Христос воопшто да не Воскресна од мртвите, како Тој по своето значење, единствен настан, да нема воопшто никакво значење за нас? Сето тоа исходи од нашата слабост, од неможноста постојано да живееме со вера, надеж и љубов, на она ниво на коешто Христос нè издигна кога рече: Барајте го пред сè Царството Божјо и Неговата правда (Матеј, 6,33). Ние сме толку зафатени, толку потопени во нашето секојдневие, што сето тоа го забораваме, а бидејќи забораваме – ние грешиме. И преку таа заборавеност, преку паѓањето и гревот, нашиот живот повторно станува „стар“, малечок, темен, лишен од секаква смисла, станува бесмислено патешествие кон бесмислената цел. Успеваме да заборавиме дури и на смртта, а тогаш, сосема ненадејно, во екот на нашето уживање во животот, доаѓа таа: ужасна, неизбежна, бесмислена. Понекогаш ние и ги осознаваме нашите гревови, па и се каеме поради нив, но не му се предаваме на новиот живот што Христос ни го откри и ни го подари. Ние живееме како Христос никогаш да не дошол, а тоа е единствениот вистински грев, најдлабоката трагедија и тага на нашето номинално христијанство.
 Ако го сфатиме и признаеме ова, тогаш ќе можеме да признаеме што е тоа Пасха и зошто пред неа е неопходен Великиот Пост. Тогаш ќе можеме да сфатиме, дека литургиската традиција на Црквата, целиот богослужбен циклус, постојат пред сè за да ни помогнат повторно да го откриеме и да го вкусиме новиот живот, којшто толку лесно сме го загубиле и сме го напуштиле, и покајувајќи се, да се вратиме кон него. Но, како можеме да го посакуваме она што не го знаеме? Како можеме над сè друго во нашиот живот да ставиме нешто што не сме го виделе, радоста којашто не сме ја вкусиле?

 Со еден збор, како можеме да го бараме Царството за коешто ништо не знаеме?

 Уште од самиот почеток, црковното богослужение претставува наш единствен влез во Царството Божјо, наше заедништво со новиот Живот. Црквата, низ својот литургиски живот ни го открива она што око не виде и уво не го слушна и што не влегло во срцето човечко, тоа Бог го приготви за оние што Го љубат (1. Кор. 2, 9).

 А во средиштето на тој литургиски живот, како негова срж и негов врв, како сонце што со своите зраци проникнува сегде, се наоѓа Пасхата. Тоа е врата што секоја година се отвора во сјајот на Царството Христово, тоа е предвкус на вечната радост којашто нè очекува, на славата и победата којашто уште сега, иако невидливо, го исполнува секое создание: Нема веќе смрт. Целокупното богослужение на Црквата е поврзано со Воскресението. Затоа, годишниот литургиски круг, последователноста на празниците и постовите, станува пат и поклоничко патување кон Пасхата, кон крајот кој во исто време е и почеток; крај на сè што е старо и почеток на нов живот, постојан премин од „овој свет“ во Царството откриено во Христа.

 iskusenijata_na_gorata.jpgНо сепак, стариот живот, животот на гревот и безначајноста не може лесно да се надмине и да се измени. Евангелието бара, и од човекот очекува подвиг за којшто тој, во својата сегашна ситуација е неспособен. Предизвикани сме со визија, со цел и начин на живот којшто е далеку над нашите можности. И самите апостоли, слушајќи го учењето на нивниот Наставник, во недоумица Го запрашаа: Како е можно тоа? Навистина не е лесно да се отфрли ситничарскиот идеал на животот, составен од секојдневни грижи, трка по материјални добра, потрага по сигурност и задоволства, и да се прифати идеалот на животот во кој целта е совршенството: Бидете совршени, како што Е совршен вашиот Отец Небесен (Матеј, 5, 48). Светот, преку сите свои „посредници“ ни зборува: бидете среќни, живејте безгрижно, одете по широкиот пат.

 Христос во Евангелието вели: одете по тесниот пат, патот на борби страдања, затоа што тоа е единствениот пат кон вистинската среќа. Но како, без помошта на Црквата да се решиме на тој страшен избор, како можеме да се покаеме и да се вратиме кон светлото и радосно ветување, коешто Црквата секоја година ни го дава на Пасха. Затоа е потребен пост. Тој е рака, на помош подадена од Црквата, училиште за покајание, единственото нешто што може да нè подготви да го примиме Воскресението, не само како просто одобрување да јадеме, да пиеме и да се опуштиме, туку како вистински крај на сè што е „старо“ во нас, како влез во нов живот.

 Во првите векови на христијанството, главната задача на постот се состоела во подготовката на огласените т. е на новообратените христијани за крштение, што се извршувало за време на пасхалната литургија. Дури и тогаш, кога Црквата ретко крштевала возрасни, и кога институцијата „огласени“ веќе исчезнала, главното значење на постот останало исто. Затоа што, иако сме крстени, ние постојано го губиме и го изневеруваме она што сме го примиле на крштението. Поради тоа, Пасхата е постојано годишно враќање кон нашето сопствено крштение, а Великиот Пост е подготовка кон тоа враќање, тој е долг и тежок напор за наш „премин“ или „пасха“ во нов живот во Христа. Ако, како што ќе видиме понатаму, богослужбите за време на постот до денес го сочувале катихуменскиот и баптисмалниот карактер, тоа не е некаков „археолошки“ остаток од минатото, туку е нешто важно и суштествено за нас. Затоа што постот и воскресението се јавуваат за нас секоја година, со ново откривање и здобивање на она што ни било дадено при нашето сопствено умирање и воскресение во светото крштение.

 Патешествие, поклоничко патување! Само што ќе зачекориме во „радосната тага“ на Великиот пост, ние гледаме далечна, многу далечна цел. Тоа е радоста на воскресението, тоа е влегување во славата на Царството Божјо. И токму тоа што го гледаме оддалеку, тој предвкус на Воскресението, ја прави великопосната тага радосна, а нашиот напор во постот „духовна пролет“. Колку и да е темна и долга ноќта, во текот на целиот пост на хоризонтот ни сјае таинствена и светлоносна зора.
Не лишувај нè од нашите надежи Човекољупче!

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5850
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6654
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6459
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5641
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная