логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Како што не учи Светата црква, Христијанинот, примајќи ја Светата Причест, таинствено се соединува со Христа, бидејќи во секоја честичка на раздробениот агнец се содржи самиот Христос.

 

Неизмерно е значењето на Светата Тајна Евхаристија, а нејзиното поимање ги надминува можноститс на нашиот разум. Оваа Света Тајна ја поттикнува во нас Христовата љубов, го вознесува срцето кон Бога, раѓа во него добродетели, ги запира нападите на нечистите сили врз нас, ни дарува снага против искушенијата, ја оживува душата и телото, ги исцелува, им дава сила, ги враќа доблестите – повторно ја воспоставува во нас онаа чистота на душата, која што ја имал Адам до првородениот грев.

 

Старецот Партеније Киевски во една прилика, кога го обзело чувство на стравопочит и пламена љубов спрема Господа, долго во себе ја повторувал молитвата: „Господе Исусе, живеј во мене и дај ми да живеам во тебе“, а тогаш потчул тивок, сладок глас: „Оној кој што го јаде Телото мое и ја пие Мојата Крв, во Мене пребива и јас во Него“.

 

Светата Тајна Причест е најделотворниот лек за сите духовни болести. Свети праведен о. Јован Кронштатски за ова вели:

„Ако почувствуваш дека борбата е тешка и дека не можеш сам да излезеш на крај со злото, побрзај кај твојот духовен отец и моли го да те причести со Светите тајни. Тоа е големо и семоќно оружје во борбата“.

 

Поради тоа, по обичаите на црквата, Светата Тајна Причест следува по Светата Тајна Покајание и Исповед..

 

Свети архиепископ Арсеније, пак, пишува: „Голема работа е да се прима оваа Света Тајна и огромни се плодовите кои таа ги раѓа: Духот Свет го обновува нашето срце, стекнуваме блажено расположение на духот. И затоа што е тоа голема работа, таа од нас бара грижлива подготовка. Затоа, ако сакаш да добиеш благодат од Светата Причест – труди се на секој начин да го паправиш своето срце“.

 

На прашањето, колку често треба да се причестуваме, свети Јован Златоуст одговара:

„Колку почесто – толку подобро“.

Тој, меѓутоа, поставува задолжителен предуслов: на Светата Причест треба да се пристапува со искрено покајание заради сторените гревови и чиста совест.

 

Во животописот, пак, на преподобниот Макарија Велики, запишани се неговите зборови упатени на една жена која што сурово пропатила како последица на бајачи и гатачки: „Си се подложила на искушение затоа што веќе пет недели не си се причестила со Светите тајни.

 

Архиепископот Арсеније пишува: „Непријателот на човечкиот род веднаш сфати каква одбрана, сила, Господ ни дарува со Светата Тајна Евхаристија (причест, м.з.), па затоа почнал да ги оддалечува Христијаните од Светата Причест со најразлични лукавства.. „Христијанинот секогаш мора да биде спремен за смртта и за Светото Причестување“, говорат духовните отци.

 

Духовниот живот во светот не е возможен без Светата Причест, зашто нашето тело копнее и слабее кога не му даваме храна. И душата има потреба за својата небесна храна. Духовниот живот не е апстрактно богословие, туку реален и неоспорен живот во Христа.

 

И децата по своето крштевање па се` до седумгодишна возраст можат да се причестуваат многу често, не само секоја недела, туку и секој ден, без претходна исповед и пост, а по таа возраст како и сите останати.

 

Кога ќе наполнат околу шест години, корисно е децата да се навикнат да се причестуваат на празен стомак.

 

Денот кога човекот се причестува претставува посебен ден за христијанската душа, кога таа на посебен и таинствен начин се присоединува со Христа.

 

Како што кога пречекуваме гости што особено ги почитуваме, ја средуваме целата куќа, се` доведуваме во ред, а сите вообичаени работи се оставаат на страна, така, како празник треба да го поминуваме и денот кога во домот на телото треба да го примиме Христа.

 

Не зборувајте си дека сте неспремни и недостојни за Причест. Ако така зборувате никогаш нема да се причестите, зашто никогаш и нема да бидете достојни, освен по милосрдието Божјо. Не слушај се себе и непријателот.

Оди! Исповедај се кај својот духовник! Причестувај се, зашто не знаеш кога Господ ќе те повика. Биди спремен!!!

 

(Од „Покајанието – Патот во царството Божјо“ – Старец Филотеј Зервакос)

Подготви Мина Даниловска



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5858
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6663
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6468
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5653
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная