логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


   „‘Несветите свети’ и други раскази“ – книга на годината во Русија -
На 5 септември во салата на Станиславски и Немирович-Данченко беа врачени годишните национални награди на „Книга на годината“, една од најпрестижните книжевни награди во Русија. Во номинацијата „Проза на годината“ победи книгата на архимандритот Тихон (Шевкунов) „‘Несвети свет’ и други раскази“.

„За мене ова е прекрасна и, морам да признаам, навистина неочекувана радост што книгата, чија главна тема е скриениот човеков пат кон Бога, е удостоена со така големо внимание и интерес од жирито и читателите“, се заблагодари отец Тихон.

Книгата „‘Несвети свет’ и други раскази“ издадена пред единаесет месеци, стана, како што тврдат медиумите, најпродавана книга од времето на Советскиот Сојуз. За тоа кратко време доживеа шест изданија и нејзиниот целосен тираж е милион и сто илјади примероци. „Несвети свети“ веќе е преведена на англиски, грчки и српски јазик, а во тек е преведувањето и на други јазици.

 

Некој подвижник еднаш рекол, дека секој православен христијанин може да раскаже свое Евангелие, своја Радосна вест за средбата со Бога. Секако, никој не ги споредува тие сведоштва со книгите на апостолите, кои со свои очи Го виделе Синот Божји, Кој живеел на земјата. И сите ние, иако немоќни и грешни, сепак сме Негови ученици, и нема ништо поубаво на светот од созерцувањето на поразителните дејствија на Промислата на Спасителот за нашиот свет.

Manastir.info.jpg

Предговор
 Еднаш, во една топла септемвриска вечер, ние, тогаш сосема млади послушници во Псково- Печерскиот манастир, провирајќи се низ премините и галериите на древните манастирски ѕидини, удобно си седнавме високо над градината и полињата. Низ разговорот ние почнавме да се сеќаваме како секој од нас завршил во манастирот. И колку повеќе се слушавме еден со друг, толку повеќе се зачудувавме.
 Врвеше 1984 год. Ние бевме петмина. Четворица растевме во нецрковни семејства, но и кај петтиот, син на свештеник, претставата за луѓето кои одат во манастир, малку се разликуваше од нашите, какви и да се, советски. Само една година претходно, сите ние бевме убедени дека во наше време, во манастир одат или фанатици или луѓе безнадежно пропаднати во животот. Да! – и уште жртви на неразделна љубов.
 Но гледајќи еден на друг, ние гледавме нешто сосема поинакво. Најмладиот од нас имаше осумнаесет години, а најстариот – дваесет и шест. Сите беа здрави, силни, симпатични млади луѓе. Еден блескаво завршил математички факултет на универзитет, другиот, без оглед на неговата возраст, бил познат уметник во Ленинград. Трет, главниот дел од неговиот живот го поминал во Њу Јорк, каде што работел и неговиот татко, и дошол во манастир на трета година од институтот. Најмладиот – синот на свештеник, надарен резбар, само што го завршил учењето во уметничко училиште. Јас исто така неодамна го имав завршено сценарискиот факултет ВГИКа. На кратко, световната кариера на секому му ветувала да стане најзавидна за такви младичи какви што бевме тогаш.
 Тогаш, зошто ние дојдовме во манастир и со сета душа сакавме да останеме овде засекогаш? Ние добро го знаевме одговорот на тоа прашање. Затоа што на секого од нас му се откри прекрасен, со ништо неспоредлив свет. И тој свет беше безмерно попривлечен, отколку тој, во кој ние дотогаш ги проживеавме недолгите, но исто така по свое, среќни години од својот живот. За тој прекрасен свет, каде што живеат по совршено други закони, отколку во обичниот живот, свет бесконечно светол, полн со љубов и радосни откритија, со надеж и среќа, искушенија, со победи и наоѓање смисла на поразите, а најважно – за моќните јавувања на силата и помошта Божја, сакам да раскажам во оваа книга.
 Јас немав потреба да измислувам ништо – сè, што тука ќе прочитате, се случувало во животот. Многу од тие за кои ќе раскажувам, се живи и сега.

 Manastir.info.jpg

Manastir.info.jpg

 

Превод: Златко Дивјаковски

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5859
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6663
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6469
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5654
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная