логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.JoakOsogovski.jpg
1
Вовед
Откако прими видение и дејание, свето украсувајќи ги чуствата, твојот живот си го насочил по патот на божествените заповеди, бидејќи на монасите им се покажа како светол светилник, упатувајќи нé и просветлувајќи нé кон богопознание. Затоа со љубов го величаме твојот спомен, преподобен отче наш Јоакиме и поради тоа ти викаме: моли го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен. (седален на утрена на свети Јоаким Осоговски)

sv.JoakOsogovski.jpg


Монаштвото како начин на живот кој преставува доброволно одрекување од светот и облекување во светла облека на бестрастие, на просторите на Македонија, за прв пат се појавува со доаѓањето на светите Климент и Наум Охридски, во областа Кутмичевица, на бреговите на Охридското Езеро, во првата половина на X век. Но, како нов начин на подвизување и издигнување на духот кон Бога на овие простори се појавува пустиножителството, на кое како втемелувач се јавувува свети Јован Рилски. Неговиот пример го следат и светите Гаврил Лесновски, Прохор Пчински и Јоаким Осоговски кои почнале да живеат како монаси отшелници, животот го поминале во пост, бдеење и молитва, далеку од очите на луѓето, а поблиску до Бога, станувајќи на тој начин основачи на големи манастири.
Манастирот на св. Јоаким Осоговски Чудотворец, многустолетен чувар на духовноста, и како камен изграден на каменот од непоколебливата вера Христова, е изграден да сведочи за големината на светецот и неговиот живот. Тој од своето основање, па до ден денешен, бил и продолжува да биде извор на жива вода од која се напојувале и се напојуваат многу жедни души за Словото Божјо.

2. За монаштвото во куси црти
Освен мирјаните и клирот, во Православната и Римокатоличката црква, во текот на историскиот развој на Црквата се оформил посебен
ред членови на Црквата – познат под името монаси или калуѓери. Двата збора се од грчко потекло. Зборот καλόγηρος или καλόγερος е составен од два збора и тоа: καλός - добар и το γίρος - старост и означува човек кој е среќен во својата старост, добар старец, во најширок смисол, за секој монах, без оглед на возраста. Зборот μοναχός значи осамен, оној што живее осамено1.
Монаштвото е интегрален дел од животот на христијанската црква и се однесува пред се на начинот на живот и подвигот кој е најблизок на евангелскиот идеал. Поимот монаштво изворно означува осамен начин на живот на побожните христијани, живот во самотија,
одвоен од светот и семејството, во сиромаштво и секаква послушност.
Другото, често употребувано име за монаштвото е ангелски образ, што значи дека монахот практично се уподобува на самите ангели кои
непрестано го фалат и величаат Бога. Суштинската смисла и цел на монашкиот начин на живот е во потполно и безрезервно исполнување на сите евангелски заповеди за односот на човекот кон Бога и кон луѓето. Сите животни потреби на монахот се сведуваат на најмала и најосновна можна мера, а целиот живот се сведува на молитва, пост, скрушеност и скромност. Од самиот почеток, монаштвото пред се сé одликува со безбрачност, односно девственост (завет на безбрачност), потоа сиромаштво (завет на сиромаштво и неврзаност за овоземните работи и потреби) и послушност (завет за послушност) на својот духовен отец2.Според тоа монаштвото е здружение на членови на црквата,
кои дале доживотни завети на воздржливост, сиромаштво и послушност – и оние кои живеат со тие завети3.
1 Цисарж А. Бранко; Црквено правоI, (општи део и организација цркве) Београд,1970, 60
2 http://www.pravoslavje.net/index.php?title=монаштво
3 Цисаж А. Бранко; Црквeно право ..., 60

а) монаштвото во минатото
Почетокот на монашкиот живот е поставен уште во првите векови на Христијанската црква. Негови претечи беа оние подвижници4,
кои што, откако не нашле во светот благопријатни услови за подвизи, бегале од него во пусти места и таму, далеку од животните цели, се
предавале на благочестиви дела – молитва, пост и богомислие5.Старозаветните пророци (Илија, Даниил, Јеремија) како и св. Јован
Крстител и Апостолите во Новиот Завет, биле пример на многу христијани кои целиот свој живот во потполност го посветувале на Бога и
помагале на своите ближни. Уште пред појавата на Христијанството, кај Евреите, на пример Есените и Терапевтите, живееле монашки. Во
новозаветните текстови често се спомнуваат вдовици (Дела 9, 36-41; 1
Тим. 5, 3-16) кои се посветиле на молитва и добротворство6. Во житието на преподобен Антониј Велики, напишано од св. Атанасиј
Велики, се вели дека во почетокот никој не знаел за пустински живот, туку оние кои сакале да служат на Христа и да се спасат, живееле
осамено во близина на својата населба, односно во осамени места во околината на своето село.
Привлечноста на пустината, целосната преселба, започнува во времето на Константин, кога империјата станала христијанска. И баш од
таа веќе христијанска империја, и од тој поцрковен свет, започнува бегството во пустината. Не треба да се мисли дека причина за тоа бил
тешкиот живот во светот, бидејќи и во пустината животот не бил многу полесен. Монаштвото е одрекување од светот воопшто, одрекување од
сè што е во светот. Ориген забележал дека христијаните живеат
„спротивно на законите на световниот град“ (άντιπολιτευόμεθα) . Ова се
однесува особено на монасите. Монаштвото е „друг начин на живот“,
живот надвор „од она во што градот живее“, и со тоа претставува нов,
своеобразен „град“ (πολιτεία).
4 Поимите „подвижник“ и „монах“ се синоними
5 Малицки. И.,Петър, История на християнската църква втори период, 1994 год. 288
6 http://pravoslavje.net/index.php?title=монаштво
4
Монаштвото во христијанскиот свет претставува нешто „друго“, некој „против град“ – антиполис. Против град затоа што е друг град...
Монаштвото секогаш претставува и означува излез од светот, напуштање на природниот општ механизам, отказ и одрекување од сите
граѓански врски, одрекување од семејството и сродството, татковината. Монахот апсолутно мора да биде „бездомник“ во светот (άοІκος - според зборовите на св. Василиј Велики). Но, ова никако не означува излез на анархиски простор. Древното монаштво е сосема социјално. Дури и отшелниците живееле во заедница, во посебни колонии и населби.
Општежитието, „киновијата“, се јавува како соодветно овоплотување на монашката мисла. Киновијата е социјален организам, братство,
соборност. Во пустината се оди заради устројување на ново општество –
на периферијата на империјата никнува ново и автономно општество.
Христијанскиот свет се поларизира, а христијанската историја се одвива
во антинамичен напон, напон помеѓу империјата и пустината7.
Религиозното пак значење на зборот пустина има различен смисол,
во зависност од тоа, дали станува збор за геогравско место или пак е во
врска со историјата на спасението. Првото значење на зборот пустина
означува земја, која што Бог не ја благословил; во неа водата е реткост,
како што било во рајот до појавата на дождот (Битие 2:5), оскудна
вегетација, а услови за живот невозможни (Иса. 6:11); да се претвори
некое место во пустина, значи да се врати во првобитниот хаос (Јер. 2.6;
4,20-26) што и го заслужиле гревовите на Израилот (Јез. 6:14; Плач 5:18;
Мат. 23:38). Затоа во неплодна земја обитаваат бесови (Левит 16:10;
Лука 8:29; 11,24), сатири (жртви или идоли) (Левит 17:7; 2. Лет. 11:15) и
други ѕверки (Иса. 13:21; 14:23; 30:6; 34, 11-16) и сл.
Меѓутоа во Библијата има и друго гледиште: Бог сака да го
преведе Својот народ низ таа „страшна пустина“ ( 5. Мој. 1:19), за да ги
воведе во земјата каде тече мед и млеко.
Со тоа се менува првобитната симболика, пустината ни
напоменува определена епоха од светата историја – епоха на раѓањето
на народот Божји. Библиската симболика на пустината не треба да се
споредува со некоја мистична самотија или бегство од цивилизацијата,
7 Протојереј Георгије Флоровски, Источни оци 5-8 века, манастир Хиландар,1998,143,144
5што значи дека не се враќаме на идејата за пустинска самотија, тукусамо времено преминуваме преку пустината, за што како праобраз ни се
јавува исходот Израилев8.

 б) монаштвото денес
Монашкиот живот претставува живот и состојба какви пред падот постоеле во Рајот, и не постои сомнеж дека први монаси биле Адам и
Ева. Старозаветните монаси навистина живееле живот како што живеат денешните монаси. Според тоа како ги опишува старозаветните книги,
пророчките кругови биле групи кои се создавале околу просветлениот човек, каде што се учеле својот живот да му го посветат на Бога. Доколку внимателно ги разгледаме овие пророчки групи ќе видиме дека тие во суштина не се разликуваат од денешниве свети заедници, манастири каде што монасите имаат игумен, исполнувајќи го послушанието и молитвата и исцелувајќи се, за да се удостојат и тие да бидат пророци.
Составот на апостолските групи потсетува на монашките заедници. Учениците оставиле се за да го следат Христос. Начинот на кој се
устроени апостолските цркви потсетува на устројството на денешните манастири. Доколку внимателно се навратиме кон црковното предание,
ќе откриеме дека низ пробите што денес ги поминуваат искушениците за да станат монаси, се истоветни со оние што човекот морал да ги помине за да стане христијанин. Во секој манастир, искушениците се исто како и катихумените во раната Црква. Тоа е вистина гледана од внатрешниот духовен живот. Во раната Црква на крштението му претходел катихизисот; денес искушеникот поминува низ степен на покајание и очистување: кога ќе помине тој степен; тој прима „ друго крштение“ и открива што значи доаѓањето на Светиот Дух. Тогаш тој, со Божјо
допуштање, може да се искачи на повисоките степени на духовниот раст
9.
8 http://www.krotov.info/spravki/temy/b/blagoslovenie.htm
9 http://www.preminportal.com.mk/content/view/5573/54/
6
Првото доаѓање на св. апостол Павле на европско тло, при благовестењето на Евангелието меѓу незнабожците, се случува во
Македонија. Оттогаш на ова балканско парче земја доживено во поширока или во потесна смисла, почива апостолскиот благослов.
Оттогаш, сите форми на подвиг во Црквата се појавиле и тука. Рамноапостолни, маченици, проповедници, учители, архиереи,
преподобни... Oваа земја раѓала и раѓа свети души10.

 

3. Збор два за преподобните од агиолошка гледна точка
Самиот израз преподобен е составен од два збора, пре (лат. prae), префикс во сложени зборови, што значи пред, однапред, во
поглед на место, време, положба и сл. и подобие (гр. ομοιωσις), состојба на совршенство на кое е повикан секој човек, створен по ликот и
подобието Божјо (Битие 1,26), совршенство кое што го изгубил со паѓањето во грев и кое повторно го добива во Исуса Христа (Мат.5,48;
Ефес.4,13). Подобието е основно насочување и движење на ликот кон Божјото совршенство, од каде и доаѓа динамичниот карактер на
православната антропологија и духовност. Ако ликот е природно својство, подобието е плод на слободна волја и подвиг, синергија.
Човекот се движи помеѓу ликот и подобието, надминувајќи ја на тој начин спротивноста меѓу “стариот“ (огревовен после подот) и “новиот“
човек, обожен во Христа (Ефес.4,24).11
Преподобни се нарекуваат оние светци, кои ги примиле Христовите зборови: Затоа излезете од нивната средина и одделете
се! (1. Кор.6:17), го напуштиле светот и целосно му се посветиле на Христа.
Во Православната Црква не постои хиерархија меѓу светиите. Не постои систематизација на некои кои се повеќе или помалку значајни
како свети. Кога велиме маченик, преподобен, исповедник, свештеномаченик, јуродив, рамноапостолен, тогаш, всушност, станува

10 http://www.mpc.org.mk/manastirite.asp
11 http://www.svetosavlje.org/biblioteka/recnik/A.htm
7
збор за именувања кои упатуваат на особеноста на личниот пат на осветување. Тоа се именувања кои во основа ни помагаат да сватиме
дека човекот може на различни начини да стане свет, да живее иаполнувајќи се со светоста во Бога: живеејќи во манастир, во пустина,
во семејство, меѓу богати и сиромаси, меѓу здрави и болни, меѓу туѓинци и скитници и повторно преку добродетелите да расте во светоста.
Според подвизите се и епитетите на светиите. Свети отци, или светители се оние учители на Црквата од редот на епископите, кои со
своето архипастирство го просветувале Христовото словесно стадо. Такви се великите отци на Црквата: свети Василиј Велики, свети Григориј
Богослов, свети Јован Златоуст, свети Атанасиј и Кирил Александриски,
свети Фотиј Цариградски, свети Кирил и Методиј, свети Климент
Охридски итн. Оние, пак, коишто живееле како монаси, подвижници и
пустиножители, се нарекуваат преподобни отци и мајки, како што се
преподобните Антониј и Макариј Велики, потоа Наум Охридски,
преподобните оци Јоаким Осоговски, Прохор Пчински, Гаврил Лесновски
и Јован Рилски, преподобна Параскева и Марија Египетска. Потоа
постојат оние свети во Црквата коишто за верата Христова многу
пострадале, меѓутоа не биле убиени. Биле прогонувани и мачени, но не
умреле со маченичка, туку со природна смрт. Тие се нарекуваат
исповедници. Како што се, на пример, свети Максим исповедник, свети
Мартин исповедник, свети Теофил исповедник струмички и други. За
разлика од нив, пак, свети Ѓорѓи, свети Димитриј Солунски, света
Екатерина и Варвара, света Злата Мегленска, свети Климент Анкирски и
други големи ревнители за верата Христова, кои со страдание и со
живот сведочеле за Бог Троица, се нарекуваат свети маченици и свети
маченички. Ако се тие, пак, од редот на монасите, кои што маченички
умираат, се нарекуваат преподобномаченици, а ако се од редот на свештенството – свештеномаченици итн.12


12 Православен пат, Списание на скопската епархија,година 2, бр. 2,јануари-февруари, 2004, 7 и 8

 

 

 

 (Продолжува)

 

 УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
СКОПЈЕ


ДИПЛОМСКА РАБОТА
Св.Јоаким Осоговски Чудотворец
Изработил:Александар Смиљков
Ментор: Проф.д-р Ацо Гиревски
Скопје
2010

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5852
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6658
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6462
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5650
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная