логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Денес, на денот на преподобна Ефросинија и преподобен Сергеј Радоњешки, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во црквата на светиот цар маченик Николај, во манастирот на светата мироносица Марија Магдалена, Стар Дојран. Објаснувајќи го денес Светото Евангелие, Владиката меѓу другото рече:

„‘Но вам, што слушате, ви велам: љубете ги непријателите свои; правете добро на оние што ве мразат; благословувајте ги оние што ве колнат, и молете се за оние што ве навредуваат. На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; и на оној што сака да ти го земе горното алиште, подај му ја и кошулата’ (Лука 6, 27-29).

Зошто некој да стане наш непријател? Зошто некој да нѐ мрази? Зошто некој да нѐ колне? Зошто некој да нѐ навредува? Зошто некој да нѐ удри по образот? И, зошто некој да сака да ни го земе горното алиште? Од две причини: или некое зло сме му направиле, или е демонизиран па мисли дека сме му направиле некое зло, со самото тоа што постоиме. Друга причина не постои. И во двата случаја, без оглед дали сме му направиле зло или мисли дека сме му направиле, оној што ги презема горенаведените дејствија навистина е под влијание на демонот.

Што се однесува до нас, подобро е да бидеме во редот на оние коишто заради својот подвиг во послушание или заради својата просветленост (без да му причинат зло некому) биваат напаѓани од оние што се под влијание на демонот, отколку да се најдеме во групата на оние што под влијание на демонот прават зло, па исто таквите демонизирани им враќаат со зло.

Затоа и Господ вели: љубете ги, благословувајте ги, молете се за нив, завртете им го и другиот образ и подајте им ја и кошулата, за да бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец Небесен и за да бидете совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен. Би додал: за да сведочите дека сте чеда на вашиот Небесен Отец, восиновени во Господ ваш Богочовекот Исус Христос, преку Телото Негово – Црквата, во Светата Евхаристија, а не да речат дека вашиот татко е ѓаволот и дека ги правите оние дела што од него ги научивте (‘Вашиот татко е ѓаволот; а вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата’ – Јован 8, 44).

Деца, знаете ли со кој внатрешен став треба да го доживувате непријателството и злото на луѓето против вас? Така како некој да бара од вас одговор на прашањето: ме љубиш ли... А токму тоа и се случува, „непријателот“ бара да најде во нас, макар и потсвесно, трошка љубов за да се фати за нешто и да се извлече од ропството на демонот (но за тоа другпат). Сите луѓе бараат единствено љубов, но тесен е патот и малкумина знаат каде да ја најдат и малкумина се тие што ја наоѓаат совршената љубов во овој свет и век. А патот според светите Отци е прво: слободно и своеволно апсолутно послушание во добро кон духовниот отец до добивањето на дарот на отворање на срцето и на умносрдечната молитва (не и потоа, зашто тоа би било идолопоклонички однос и идолопоклонство); и второ: секојдневно повеќечасовно пребивање на умот преку молитвата (Господи Исусе Христе, помилуј ме...) во срцето и љубов кон непријателите. Нема премин од степен на просветлување во степен на обожение без љубов и кон непријателите. Тоа е последниот испит.

Но, сепак да почнеме од апсолутно послушание, кое за оние кои се научени да се потпираат на својот разум е камен за сопнување и камен за соблазнување, на кој тие се сопнуваат, не покорувајќи му се на словото... (1 Пeтaр 2, 7-8), а за оние кои сакаат да се восовршат е радост во безгрижноста на децата Божји, изобилство на благодатта и непоколеблив темел на молитвеното тихување. Значи, апсолутно послушание до добивање на дарот на умносрдечната молитва за да не останете робови на демонот, затоа што сте скапо платени; и, нема послушание по добивање на дарот на умносрдечната молитва, затоа што вие сте скапо платени: не станувајте робови на луѓе (1 Кор. 7, 23).”


(според записот на сестрите од манастирот)

 


Преземено од сајтот на МПЦ


Today, on the feast day of Venerable Euphrosyne and Venerable Sergius of Radonezh, Metropolitan Nahum of Strumica celebrated Divine Liturgy in the church of the Holy Tsar-martyr Nicholas, in the monastery of the Holy Myrrh-bearer Mary Magdalene, Star Dojran. Interpreting the Holy Gospel today, His Eminence among else said:

            “’But I say to you who hear: Love your enemies, do good to those who hate you, bless those who curse you, and pray for those who spitefully use you. To him who strikes you on the one cheek, offer the other also. And from him who takes away your cloak, do not withhold your tunic either’ (Luke 6:27-29).

            Why should anyone become our enemy? Why should anyone hate us? Why should anyone curse us? Why should anyone offend us? Why should anyone slap our face? And, why should anyone wish to take away our clothes? It is for two reasons: we’ve either done him some evil, or he’s demon-possessed and so thinks we’ve done some evil to him by our very existence. There is no other reason. In both cases, regardless of whether we have done him evil or he thinks we have, he who does the abovementioned things truly is under the demon’s influence.

 

        

 

            As for us, we’d better be among them who because of their struggle in obedience or because of their illumination (with no evil done to anyone) are attacked by those who are under the demon’s influence, rather than join them who under the demon’s influence do evil and then by like demoniacs are reciprocated.

           

Therefore does the Lord say: love them, bless them, pray for them, offer them your other cheek, and give them also your tunic, so that you be merciful as your Heavenly Father is, so that you be perfect as your Heavenly Father is. I would add: so that you bear witness you are children of your Heavenly Father, adopted as sons in your Lord, the Godman Jesus Christ, through His Body – the Church, in the Holy Eucharist; so that they do not say your father is the devil and you do what you’ve learnt from him (‘You are of your father the devil, and the desires of your father you want to do. He was a murderer from the beginning, and does not stand in the truth, because there is no truth in him. When he speaks a lie, he speaks from his own resources, for he is a liar and the father of it’ – John 8:44).

            My children, do you know with what inner attitude you should experience the people’s enmity and evil against you? It should be as though someone wants you to answer him the question: Do you love me…? And, it is exactly what is going on: “the enemy” seeks to find in us, even if subconsciously, a crumb of love so that he catches at something and gets out of his slavery to the demon (yet about this some other time). All people seek solely love; the road though is narrow and only few know where to find it and few are they who find perfect love in this world and age. And the road, according to the Holy Fathers, is firstly: free and of our own volition absolute obedience in good towards the spiritual father until the acquisition of the gift of heart’s opening and of mind-and-heart prayer (not afterwards as well, since that would be idolatrous relationship and idolatry); and secondly: daily several-hour residing of the mind through the prayer (Lord Jesus Christ, have mercy on me…) in the heart and love towards the enemies. There is no transition from the stage of illumination to the stage of deification without love for the enemies, too. This is the final exam.

            However, let us start from absolute obedience, which for them who are accustomed to trusting to their own reason is a stone of stumbling and a rock of offence, on which they stumble, being disobedient to the word… (1 Peter 2:8), whereas for them who wish to be perfected it is joy in the carefree state of the children of God, abundance of grace, and an unshakable foundation of prayerful stillness. Therefore: absolute obedience until the acquisition of the gift of the mind-and-heart prayer, so that you do not become slaves of the demon, since you were bought at a price; and, there is no obedience after the gift of the mind-and-heart prayer has been granted to you, since you were bought at a price; do not become slaves of men (1 Corinthians 7:23).”

 

(as recorded by the monastery Sisters)

 

Прочитано: {moshits} 

                          
                                              Свети  Јован Битолски


          (Ракописот е пронајден во Битолската Митрополија
          При средувањето на библиотечниот фонд. Оваа беседа
          најверојатно е запишана од некој ученик на Свети Јован,
          а е изречена од самиот Свети Јован во руската црква
          “Света Троица“ во Битола.)


    
          Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!!!


    freskasv.jovanbitolski.jpg     Јас на моето  тело ги носам раните  на мојот Бог, Исус – тоа е натписот, што врз себе го носи секој монах. Овие зборови од посланието  на апостол Павле до Галатјаните ги слушавме и вчера и денес. Што значи тоа – да ги носиш на себе  раните Христови? Да се носат раните Исусови, тоа е работа на сите крстени. Во монаштвото само е истакната  оваа општохристијанска природна  состојба.
Ние сме повикани да  ги носиме Исусовите рани. Да се носат раните – значи да  се приопштиме кон невините страдања. Каво прекрасно дело се разоткрива пред нас во делото на катадневниот живот: да се победува злото, невино страдајќи од него и радувајќи се на тоа.
           Ако ние, од  сето срце, сакаме да ја исполниме заповедта на животот, дадена од  Самиот Бог, тогаш ќе мора  со радост да ги поднесуваме сите невини неволји и страдања од нашите блиски и од околностите во животот. Зашто, ако подразмислиме за етичкиот закон, тогаш ќе сфатиме дека евангелското поведение, вистински може да ни докаже, дека сме навистина христијани.
Ние мошне често грешиме прифаќајќи ја како христијанска оваа или онаа јазичничка заповед  на моралот. Ние на пример, често си мислиме дека е пофално да се љубат оние, кои нас не љубат, макар што апостолот ни вели трезвен збор, оти да се љубат оние кои нас не љубат – нема никаква полза за христијанинот, затоа што и езичниците го чинат истото, т.е. ги љубат само оние, кои нив ги љубат. Ете, ако си христијанин,  тогаш тоа веднаш ќе  се забележи,  од тоа што ќе бидеш способен  да ги љубиш и оние што те  мразат, или  во крајна мера,  човекот кој е рамнодушен кон тебе, да го љубиш со Христовата љубов, да го љубиш  без корист, туку едноставно, како Сонцето кое е образ на Бога, ги љуби сите луѓе  подеднакво, и им свети и на злите и  на добрите.
          Може да се рече  сосема прецизно, дека човекот кој е способен да биде христијанин љубејќи ги оние кои не го љубат него, тој е способен и во друго нешто да биде христијанин, имено во тоа,  за што  сега пишува свети апостол Павле – способен е да ги носи раните Исусови,  невино да страда, искупувајќи ја со тоа невино страдање и  вината на оние луѓе – браќа, кои ги предизвикуваат тие страдања или навреди. Да го слушнеме зборот на свети апостол Петар: Возљубени – вели апостолот, од огненото искушение што ви е испратено за испитување, не плашете се како од страшно доживување. Но, бидејќи учествувате во Христовите страдања, радувајте се, а зарадувајте се во појавата на Неговата Слава и ќе победите. Ако ве злословат заради името Христово тогаш вие сте блажени, зашто Духот на славата, Духот Божји лежи во вас. Од оние Он е хулен, а од вас е прославуван. Само да не пострада некој од вас како убиец, или крадец, или злосторник, или како оној кој посега по туѓото, а ако е  - како христијанин, тогаш не се срами, туку слави Го Бога за таквата судбина.
           Ете што значи да се носат Исусовите рани – да се страда за Вистината, за доброто, да се страда без вина, да се страда како што страдаше Исус.
           Ете каде се препознаваат вистинските христијани: во љубовта кон оние, кои не ги љубат и во страдањата без вина.
           Секоја, па и најниска етика е присутна и кај незнабожците, и кај неверниците. Да Го познаеме Христа и да се радуваме чувствувајќи ја Божјата благодат, ние само се приопштуваме кон височината на духот, преку љубовта кон луѓето кои не не љубат и низ радосното трпение на невините обвинувања, прекори и срадања. Во тоа е  се’, сета суштина на христијанството и овде, ние веќе го чувствуваме воздухот на оностраниот прекрасен свет.
            Молете се за оние  кои ве навредуваат, благословувајте ги оние кои ве проколнуваат, благословувајте ги и не проколнувајте, - рече Христос. А апостолите појаснија дека небесниот благослов ќе го наследи само оној кој благословува, додека оној кој проколнува го раѓа вечното проклетство за самиот себе и може да се спаси само со благослов од братот. Многумина ги нарекуваат “високи“ овие Христови заповеди, за кои сега говорам. Но подобро е тие да се наречат обични заповеди. Зашто сето тоа е едноставно, бидејќи зависи од самиот човек, од мене, од мојата љубов кон Христа, од мојата вера во Христа. Оној четирикрак символ што секој монах го носи на себе, е видлив знак на она невидливото, што го носите сите вие, крстени со христијанско кршевање.
            Крштевањето е ветување, на своето тело да се носат сите заповеди и сите рани Христови, и во исто време, тоа е пружање на небесна помош за лесно извршување на тоа ветување.

 ( Проповед на Свети Јован,
 изречена во недела, 10 септември 1928год, во Б.Ц.)

 

 


Преземено од списанието Домострој бр.15 ’97

Посети: {moshits}

otecnaum.berovo.jpg„Толкувајќи го денешното евангелско четиво, сакам да ги нагласам од една страна теоретската едноставност на христијанскиот подвиг и живот, онака како што е запишан во Светото Евангелие, а од друга страна потребата од реален и личен практичен напор во остварувањето на евангелските заповеди Христови.

Зашто, што има поедноставно од оваа заповед: ‘како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив’ (Лука 6, 31)? Зар сакате некој да ви мисли лошо? Тогаш немојте и вие да прифаќате лоши мисли за никого внатре во вашето срце! Зар сакате некој да зборува лошо за вас, да ве нарече лажговци или крадци, или застрането неморални или теолошки неписмени? Тогаш немојте и вие да ги озборувате, судите и осудувате своите ближни! Немојте ни за вистински случувања, а камоли за она што не се случило!!! Зар сакате некој да ви направи нешто лошо? Тогаш немојте и вие да правите никому ништо лошо. Што има теоретски поедноставо од ова? Секако, во практика треба да вложиме голем напор да ги исконтролираме своите мисли, зборови и дела, но постепено и со помош на Божјата благодат ќе успееме. Никој не станал одеднаш светител, преподобен, туку со континуиран и долгогодишен напор во внимание над самиот себе при исполнувањето на заповедта за љубовта кон своите ближни.

Но, Господ нè опоменува во ова Евангелие да не се залажуваме самите себеси со „љубов од интерес“: ‘ако ги милувате оние што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние што ги сакаат нив!’ (Лука 6, 32). Со ваква „љубов“ христијаните не можат квалитетно да се разликуваат од овој свет и да бидат подобни на својот Господ. Она што нè прави вистински христијани, она што нè дели од овој свет којшто лежи во зло и она што нè ослободува од гревот, ѓаволот и смртта е исполнувањето на заповедта Христова: ‘туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, без да очекувате ништо’ (Лука 6, 35).

Во пракса ова значи да не одговараме на злото со зло. Ваквиот одговор би значел умножување на злото во нашиот живот и во светот. А демонот токму тоа го чека: да пронајде некое зло во нас за да нè извалка и за да го стави нашиот живот под негова контрола. Значи, злото внатре во вас самите вас ве разградува, а не оној против кого е насочено. Ако на злото што ни го прават одговориме со добро, тогаш и себеси се заштитуваме од демонското влијание и на нашиот непријател му оставаме време, можност па дури и сила за покајание... Да внимаваме на кого му служиме! Не можеме истовремено да бидеме и слуги Божји и слуги демонски...“

Митрополит Струмички г. Наум

(според записот на присутните)     



  Hierarchical Divine Liturgy in the village of Rusinovo, Berovo ( 07.10.2007 )


Today, on the Sunday of All Macedonian Saints, Metropolitan Nahum of Strumica consecrated the bell that Mr Vasil Pacurovski had donated to the church of Saint Parasceva in the village of Rusinovo (Berovo area). In the same church His Eminence celebrated Hierarchical Divine Liturgy, at which the faithful partook of the Holy Body and Blood of Christ.

 

“Commenting on today’s Gospel reading, I would like to highlight: on the one hand, the theoretical simplicity of the Christian struggle and life, as it is recorded in the Holy Gospel; and, on the other hand, the necessity of a real and personal practical effort in the accomplishment of the evangelical commandments of Christ.

            For, what is more simple than this commandment: ‘And just as you want men to do to you, you also do to them likewise’ (Luke 6:31)? You don’t want anyone to wish you evil, do you? Then don’t accept evil thoughts about anyone inside your heart either! You don’t want anyone to speak evil of you, to call you liars or thieves, or perversely immoral, or theologically illiterate, do you? Then don’t backbite, judge and condemn your fellowmen either! Don’t do that in case of real events, let alone when something hasn’t even happened!!! You don’t want anyone to do to you anything wrong, do you? Then don’t you either do anyone anything wrong. Is there anything theoretically more simple than this? Certainly, in practice we must put a great effort to control our thoughts, words, and deeds; yet, little by little, and aided by God’s grace we will succeed. No one has become a saint, venerable at once; it takes a continuous and yearslong effort in attentiveness over oneself while abiding by the commandment of love to one’s fellowmen.

            However, the Lord is warning us in this Gospel, not to deceive ourselves with “love for our own purpose”: ‘But if you love those who love you, what credit is that to you? For even sinners love those who love them’ (Luke 6:32). With “love” like this, Christians cannot qualitatively differ from this world and resemble their Lord. What makes us true Christians, what detaches us from this world that lies in evil, and what liberates us from sin, the devil, and death, is the fulfilment of Christ’s commandment: ‘But love your enemies, do good, and lend, hoping for nothing in return’ (Luke 6:35).

            In practice, this means that we must not return evil for evil. Such a response would imply increasing of evil in our life and in the world. And, it is exactly what the demon is waiting for: to trace some evil within us in order to defile us and bring our life under his control. Thus, the evil inside you corrupts you, not the one against whom it is directed. If we respond with good to the evil done to us, then we protect ourselves from demonic influence and we also give our enemy time, opportunity, and even strength for repentance… Let us be wary whose servants we are! We cannot be at the same time both God’s servants and demonic servants…”

 

(as recorded by those present)  

Посети: {moshits}

ВИЕ СТЕ – СВЕТЛИНАТА НА СВЕТОТ 
 

Епископ Иларион Алфеев

ilarion.alfeev.jpgДенес би сакал да ви кажам неколку збора за спасението во светот: не за спасението „од светот“, туку за тоа како, живеејќи во светот, да ги ползуваме нештата, коишто ги предлага светот, за духовна полза. Односно, да кажам како можеме и како треба да го прифаќаме светото што нè опкружува.
Ќе започнам со цитатот од еден анонимен ранохристијански текст, познат како „Послание до Диогнет“, кој датира приближно од II век.

„Христијаните не се разликуваат о другите луѓе ниту по земјата во која живеат, ниту по јазикот, ниту по обичаите. Тие не се населуваат во посебни градови, не користат некој особен јазик и водат живот кој не се разликува од животот на другите луѓе. Единствено нивното учење не е плод на мисли и на изуми на луѓе коишто бараат нешто ново, тие не се приклонуваат кон какво-годе човечко учење, како другите, туку, живеејќи по елинските и по варварските градови, каде кој се затекнал, и следејќи ги обичаите на тамошните жители во облекувањето, исхраната и во сè друго, тие претпочитаат еден зачудувачки и навистина неверојатен начин на живеење. Тие живеат во татковината, но како да се туѓинци. Учествуваат во сите работи во кои учествуваат и другите граѓани, но ги претрпуваат сите непријатности на кои се изложени дојденците. За нив секоја друга земја е татковина, и секоја татковина е – туѓа земја... Со еден зброр, тоа што во телото е душата, тоа е христијанинот во светот. Тие сите ги сакаат, а од сите се прогонувани. Нив не ги познаваат, но ги осудуваат. Тие од сè се лишени, но изобилуваат со сè. Нив ги срамотат, но тие со тоа се прославуваат. Ги клеветаат, но тие излегуваат праведни. Ги злоставуваат, а тие благословуваат. Кога ги казнуваат, тие се радуваат, како да им даваат живот!“

И така, „тоа што во телото е душата, тоа се христијаните во светот“, Секој од нас, христијаните, е поставен од Бога во одреден историски и локален контекст. Ние живееме во конкретен град, во конкретна епоха, нас не опкружуваат конкретни луѓе, на нашиот живот влијаат конкретни околности. И зборовите на Христос, „вие сте сол на земјата“ и „вие сте светлина на светот“, се однесуваат на нашиот живот во овој конкретен свет. Ние не сме повикани да се откажеме од светот, да го отфрлиме светот, да се гнасиме од светот: ние сме повикани, живеејќи во светот, да бидеме „сол на земјата“ и „светлина на светот“, односно, како и душата во телото, да го оживотворуваме светот, да го преобразуваме. Но за да можеме да пројавуваме позитивно влијание врз светот, треба да се научиме правилно да го ползуваме сето она што ни го предлага тој свет. Треба да научиме творечки да му пристапуваме кон светот.

Говорејќи за животот во светот, јас нема да ги изнесувам само моите мисли, туку ќе ги цитирам и кажувањата на еден значаен пастир од XX-от век – свештеникот Александар Јељчањинов. Еве една од неговите мисли за тоа како христијанинот треба да го восприема светот во кој живее:
Условите со кои нè опкружил Господ се првиот степен во Царството Небесно, и тоа е единствениот пат за нашето спасение. Тие услови се менуваат истиот оној час во кој ги користиме, претворајќи ја горчината на навредите, на грижите, на болестите и на тешкотиите во злато на трпението, на безгневието, на кротоста... Постојано, секојдневно, во секој час Бог ни испраќа луѓе, ситуации, дела со кои треба да почне нашата преродба, а ние ги пропуштаме невнимателно, и со тоа секој миг се противиме на Божјата волја која што се однесува на нас. Во текот на сиот наш живот Господ ни помага, праќајќи ни едни или други луѓе, едни или други ситуации. Ако ние во секој миг ги примаме како Божја волја за нас, како решавачки, најважен, единствен миг од нашиот живот – какви (дотогаш сокриени) извори на радост, љубов и сила би се откриле во нашата душа! 

Тоа е клучот на христијанското прифаќање на реалноста што нè опкружува: во сето она што се случува со нас и сето она што нè следи – секогаш треба да го гледаме Божјиот прст, Божјата промисла. Зашто, ништо во нашиот живот не се случува случајно. Доколку сме поставени во сплет на одредени околности, ако се наоѓаме во тешки ситуации, значи дека на Бога така Му е угодно. Испраќајќи ни помош или искушение, Бог секогаш пред нас поставува одредена задача којашто треба да ја решиме. Радост и жалост, здравје и болест, пријатели и непријатели – сето тоа Бог го испраќа заради учење и усовршување, и ние сме должни од сето тоа да извлекуваме полза, да го користиме сето тоа за духовен раст.

Друг клуч кон духовниот живот е секогаш да се наоѓаме на онаа длабочина на која се остварува таинствената средба на душата со Бога. Ако не ја знаеме таа длабочина, не можеме да станеме вистински христијанин. Надворешните животни прилики може да се менуваат, на надворешното ниво може да се одвиваат различни нешта, но главното во животот е она што се случува внатре во човекот. Ако не се научиме на она што отците на Црквата го нарекле „внатрешно пребивање“, ризикуваме да останеме на површината на христијанскиот живот без да разбереме во што се состои суштината на патот на кој сме повикани.

Во животот секогаш има многу нешта коишто нè плашат или предизвикуваат неспокојство, раздразнетост, негодување. Ако човек не умее да се ослободи од сето тоа, ако дозволи околностите да го „совладаат“, нему никогаш нема да му успее да го достигне она длабоко внатрешно спокојство во кое се содржи тајната на христијанскиот живот и тајната на средбата меѓу човек и Бог. Кога надворешните околности ќе го затскријат она што се случува во длабочината, тогаш на човекот не му остануваат сили да работи на самиот себе, да ја обработува почвата на своето срце.

Огромен број луѓе се преокупирани со толку многу надворешни, понекогаш безначајни околности, што сиот нивен живот се претвора во постојано барање на нешто што, очигледно, е недостижно. Тие за сето време очекуваат „подобри времиња“: наместо да се насладуваат со сегашниот ден и со сегашниот час – со часот кога се со Господ, зашто Господ секогаш е со нас – тие луѓе живеат во илузорна надеж за подобра иднина. Но животот минува, и иднината не успева да настапи, а минатото си заминува... А човекот лази по површината на животот, не успева да се симне во оние длабочини во кои единствено заслужува да се живее животот, длабочини во кои животот ја добива својата првобитна вредност.

Како е можно во наше време, кога темпото на животот е забрзан до крајната граница, кога времето до крајност е компримирано и, како што се чини, лета побрзо одошто во изминатите епохи – како е можно да се зачува духовната рамнотежа, внатрешниот мир? Единствен начин е: спуштање во длабочините – во длабочините на сопствениот внатрешен живот, таму каде што душата го допира Бога.

Протекувањето на времето не плаши кога стоиме во место – пишува Јељчањинов. – Треба да се нурнеме во длабочината, во која времето стои.
Уште еден клуч за духовниот живот: правилна распределба на приоритетите. Мошне важно е во животот на човекот сè да биде поставено на свое место, да се воспостави хиерархија на вредностите. Често пати човекот се нервира, се раздразнува, пројавува незадоволство само затоа што на првото место го става она што треба да стои, можеби, на десетото, заборавајќи на главното – на стоењето пред Бога. Ако човековата душа стои пред Бога, тој ќе нема причини за нервози, за неспокојства, за раздразнетост, зашто неговата душа веќе ја добила „единствената потреба“ и се успокоила во стоењето пред Бога.

Стоењето пред Бога треба да биде не толку заднина, фон, колку главна потпора, главен столб во животот. Кога во човекот постои цврст внатрешен столб, тогаш за него не се страшни никакви незгоди коишто можат да го снајдат.
Нашиот живот на земјата – вели Јељчањинов – е подобие на повисок живот.
И нашата задача тука, на земјата, е сè повеќе и повеќе да се приближуваме до тој образ и до тоа подобие, според кои сме создадени од Самиот Бог. Ние сме должни секојдневно, така да се каже, да го чистиме во себе образот Божји, осквернет со гревовите и со сета онаа суета којашто нè опкружува.

Ставајќи го главното на прво место, а второстепеното – на второ, ние можеме, живеејќи среде суетата на светот, од сите нешта да извлекуваме духовна полза. Во овој свет нема толку многу нешта коишто, според својот квалитет, би биле безусловно негативни, или безусловно позитивни. По правило, сето она што нè опкружува може да ни донесе како полза, така и штета. Ако научиме да извлекуваме полза од сето она што нè опкружува, сиот свет околу нас ќе се преобрази. Ќе видиме дека и без да заминеме, како Марија Египетска, во пустина, без да живееме во манастир, без да преземаме какви-годе посебни аскетски усилби, туку едноствавно живеејќи во овој свет – дека можеме да ги достигнеме духовните височини. 

Во врска со ова, би сакал да допрам неколку сосема конкретни теми. Повеќето од нас живееме во градови, и ретко ни се пружа прилика да излеземе во природа. Па сепак, има денови – празници, годишен одмор – кога можеме, ослободувајќи се од сè и заборавајќи на сè, да заминеме некаде на ден-два, на неколку дена или недели, за да бидеме сами со природата. Тоа е мошне важно искуство, коешто не треба да се пренебрегнува, затоа што, живеејќи во услови што владеат во голем, многумилионски град, ние несвесно сме вовлечени во неговиот вештачки ритам – ритамот на трката по материјални богатства. Кога макар на неколку дена ќе ни успее да се извлечеме од тој круг, ќе го почувствуваме дишењето на вечноста, ќе се допреме до природата во која е присутен и во која дише Самиот Бог. Наоѓајќи се во шума, на планина, на речен или на морски брег, можеме да се задлабочиме во слушањето на тоа дишење на Светиот Дух, Кој во мигот на создавањето на земјата, на небото и на морето „лебдел над водата“, и Кој и денес сите нешта ги пронижува и ги оживотворува.

Уште една тема – образование, наука, ученост. Секој од нас има ваква или онаква „специјалност“: во една или во друга област ние знаеме по нешто. Секоја наука и секоја специјализација може да имаат утилитарно, применето значење: во таа смисла тие се неутрални во однос на духовниот живот. Но науката – во онаа мера во која ги открива длабочините на Универзумот, законите што дејствуваат меѓу луѓето, во природата, во Космосот – може да добие религиозна смисла, може да ни го открие Бога. И колку подлабоко се нурнуваме во оваа или онаа наука, толку повеќе таа може да ни послужи за богопознание. Како што рекол еден мислител: „малото знаење нè оддалечува од Бога, а големото нè враќа кон Него“. Човек со тесен светоглед, со ограничено знаење, најчесто има и примитивни религиозни претстави. 

Голем број на отците на Црквата, како што се св. Григориј Богослов, св. Василиј Велики, св. Григориј Ниски, св. Јован Златоуст, минале години и децении во совладувањето на науките и на знаењата од различни области – философија, реторика, медицина, астрономија, математика, геометрија. Тие биле едни од најобразованите луѓе на нивното време. Потоа, откако станале свештенослужители, сите свои знаења ги ставиле во служба на Бога, на Црквата и на луѓето.

Постои гледиштре според кое верата и науката се неспоиви: образованоста и ученоста како да ì се туѓи на христијанската Црква, во која сè се стекнува во простота и со смирение. Постои страв од дијалог, од размена на мислења, од самиот разум како таков. Некои дури и кон богословската наука се однесуваат со недоверба. На таа тема може многу да се зборува, но сметам дека е доволно ако во врска со тоа ги цитирам зборовите на отецот Александар Јељчањинов:
Вообичаениот во наше време страв од мислата, од философијата, од богословењето, не може да се оправда ниту со повикување на Евангелието, ниту на светите отци, коишто мошне многу размислувале и расудувале. Јас не можам да си спомнам за ниту еден од светите отци кој пројавувал страв пред човековиот разум, пред расудувањето, пред разликата во мненијата...

Една важна тема е темата за – материјалните богатства. Макар што Христос рекол дека богатиот тешко ќе влезе во Царството Небесно, тоа не значи дека богатството само по себе претставува пречка во духовниот живот: пречка претставува робувањето на материјалните богатства. Човек може да биде сиромашен, но целиот живот да го мине во трката по пари, може постојано да го измачува жедта за пари. А може, обратно, да биде мошне богат, а да го користи своето богатство за полза на ближните, да го дели со нив. Богатиот човек од приказната на Христос за богатиот и за Лазар, не се нашол во адот затоа што бил богат, туку затоа што, минувајќи покрај сиромавиот којшто лежел пред неговата порта, не го забележувал.

Постојат различни видови богатство, коишто се и пречка, но и начин за достигнување на Царството Небесно. Отецот Јељчањинов вели:
Не треба да се мисли дека постои само еден вид богатство – пари. Може да се биде богат со богатството на младоста, може да се има ризница на таленти, дарби, да се има капитал на здравје. Сите тие богатства можат да бидат пречка за спасението. Материјалното богатство нè поробува, го зајакнува нашиот егоизам, го поматува нашето срце, нè исполнува со грижи, со стравови, бара да се жртвуваме за него, како ненаситен демон. Обично тоа не ни служи нам, туку ние нему му служиме. Но, нели е така и со богатството со здравје, со сила, со младост, со убавина, со таленти? Нели и тие ја засилуваат нашата гордост, го заробуваа нашето срце, го оддалечуваат од Бога? Но, што ако Бог ни испратил некое од земните богатства? Дали нема да се спасиме, додека не се ослободиме од него? Можеме да го задржиме нашето богатсво кај себе, но не за себе, и да се спасиме, само треба внатрешно да се ослободиме од него, да го оттргнеме срцето од него, да владееме со нашето богатство како да не владееме со него, да го имаме, но да не дозволиме тоа нас да нè има, да го принесеме пред нозете Христови и со него да Му служиме.  

Телесното здравје отец Јељчањинов го нарекува богатство. Не се во право оние коишто сметаат дека христијанинот не треба да се грижи за своето здравје, дека не треба да се занимава со спорт... Уште во III век Климент Александриски говорел: „За младите се полезни гимнастичките натпреварувања, а исто така и игрите со топка: сето тоа го зајакнува телото.“ Телесното здравје придонесува за хармоничен раст и созревање на човекот. Древните грчки системи на воспитување му посветувале исто толку внимание на телесниот, како и на духовниот развој. Затоа христијанинот може и треба да се грижи за своето здравје, за своето тело. И ако нè снајде некоја болест, ние не треба да ја оставаме „на Божја волја“: треба да одиме на лекар и да се придржуваме на неговите совети. Тоа, би се рекло, е толку очигледна работа што за неа и не треба да се зборува, но во Црквата постојат „ревнители“ коишто лечењето кај лекар го сметаат за грев и повикуваат во случај на болест човек само да се моли и да се надева на Божјата милост. 

Што се однесува до духовното значење на болеста, често се случува таа да ни биде испратена за духовно оздравување. Како по правило, ние живееме во ритмот кој не дозволува паузи потребни за да се сосредоточиме, да ги собереме мислите, да го осмислиме нашето минато, да се обидеме да го слушнеме Божјиот глас. Отецот Александар Јељчањинов многу боледувал и умрел не доживувајќи ни педесет години. Кратко пред смртта, кога веќе бил тешко болен, ги напишал овие редови:
Болеста е најблагопријатното време за враќање во нашето срце, враќање кон Бога, но со оздравувањето оваа можност повторно се оддалечува во бескрај. Болеста – тоа е школа за смирување, тоа е состојба во која гледаш дека си беден, гол и слеп.

Не само болеста, туку и староста може да се смета за извор на духовна полза. Луѓето што се наоѓаат на прагот на староста или веќе го преминале трој праг, треба да Му благодарат на Бога за тоа дека ги достигнале годините на староста, за тоа дека го проживеале животот којшто нешто ги научил. А годините во староста треба да се искористат за исправање на грешките од младоста, за приближување кон Бога, што на постар човек од многу аспекти му е полесно одошто на млад човек – ако ништо друго, барем затоа што тогаш има помалку соблазни, помалку искушенија, но и повеќе време, повеќе спокојство.

Ќе преминеме на наредното прашање. Како да се однесуваме спрема светските задоволства – театарот, киното, телевизијата? Се разбира, невозможно е тука да се дадат рецепти за сите можни случаи во животот. Но треба да се има на ум дека Црквата, во принцип, не ги отфра ниту театарот, ниту киното, ниту телевизијата. Во делата на светите отци, на пр., кај св. Јован Златоуст, може да се сретнат многу горчливи и остри зборови против театарот. Но, треба да се знае дека театарот во времето на св. Јован Златоуст било место во кое се прикажувале пагански претстави. Во тетрите се воделе гладијаторски борби: сцената станувала место за убиство – не глума на убиство, туку реално убиство на реален човек, коешто се извршувало пред очите на публиката. Затоа е непримерно да се идентификува денешниот театар, киното и телевизијата со театарот од времето на св. Јован Златоуст. Но, и во современите кино претстави и телевизиски емисии има многу нешта коишто еден христијанин не треба да ги гледа. Хорор филмови, филмови во кои се пропагира насилство и убивање, филмови во кои се прикажува разврат – сето тоа му противречи на христијанскиот морал.

Општо земено, спрема телевизиските програми треба да се однесуваме со големо внимание, и да ги избираме само оние програми коишто не му штетат на духовното здравје: емисии од областа на науката, филмови со уметничка и морална содржина. На децата не треба да им се забранува да гледаат телевизија, но треба да ги научиме како самите да избираат што е добро, а што не е добро да гледаат. 

За голем број луѓе телевизијата станала средство со помош на кое можат да се оттргнат од реалноста, да се префрлат во илузорен свет или, едноставно, да го „отепаат“ времето. Сметам дека гревот не е во тоа што човекот гледа телевизија, туку во тоа што напразно го троши своето скапоцено време. На никого од нас не ни е познато колку време ни преостанува во животот. Дали човек, којшто знае дека утре ќе умре, ќе седне и ќе гледа некој хорор филм? Да се троши, да се „отепува“ времето е голем грев. Но да се погледне вреден уметнички филм, кој ќе нè научи на нешто, кој ќе ни открие нешто за животот, за љубовта, за пријателството, за верноста – тоа, секако, не е грев, како што не е грев ниту читањето уметничка литература, читањето световна поезија, или слушањето соодветна световна музика, зашто од сето тоа  може да се извлече полза.

Во врска со музиката, прекрасно се произнел митрополитот Антониј Сурожски:
Ние можеме да гледаме во нотите на некоја партитура, но ако не сме музички образовани, ништо нема да разбереме. Можеме да ги читаме нотите, но само да ги читаме, без да ги репродуцираме во соодветна мелодија. Можеме и да се научиме, и со очите да ги читаме нотите, а со нашиот внатрешен слух да ја слушаме мелодијата. Ако истата партитура ја слушаме на концерт, можеме да се задлабочиме во звуците, тие можат да нè однесат некаде, и преку нив можеме да влеземе во некој друг свет. Зад тие звуци стои композитор со неговото музичко искуство, со искуството на самиот себеси, со искуството и на убавината и на безобразието,и на радоста и на тагата, и на надежта и на очајот, со искуството на сета длабочина на човековиот живот – и свој, и туѓ. А зад тоа лежи сиот простор на животот... цело едно море... 

Очигледно е дека можеме да се научиме да слушаме музика, да читаме стихови, па дури и да гледаме телевизија, за сето тоа да не води кон едни нови граници, да ни открива нови хоризонти, духовно да нè обогатува и да ни помага да ги видиме богатството и длабочината на светот што се одразува преку уметноста. Но, и тука треба да се биде крајно внимателен и да се разбере кои видови уметност придонесуваат, а кои попречуваат на духовниот раст на човекот. Постои современа музика, како што е тешкиот рок, која разурнувачки дејствува на душата, на психата и на сознанието: вовлекувајќи го човекот во противприроден ритам, тој го лишува од можноста да живее природно и едноставно, во хармониија со самиот себеси и со природата.

Следното прашање: како да се однесуваме кон она што ни го предлага светот на компјутерите? Без сомнение, компјутерот е крајно полезен за човек што размислува, што пишува, што се занимава со научни истражувања. Компјутерот го олеснува и го упростува човековиот труд. Во таа смисла, појавата на комјутерите при крајот а XX век е голем подарок на оние луѓе кошто пред тоа пишувале со рака или на машина за пишување. Компјутерот го поедноставува и го поефтинува пристапот до информациите. Денес веќе не е потребно да се купуваат скапи прирачници и речници: тие може да се најдат на компакт-диск или на Интернет.

Но, во светот на компјутерите се кријат и големи опасности за еден христијанин. Делумно, Интернетот претставува царство на секакви задоволства, царство во кое на секого му е дадено право да се искаже, без оглед на неговите морални гледишта. Во Интернетот вооптшо земено, нема никакви ограничувања, освен комерцијални. Влегувајќи во Интернет, човекот станува целосно отворен за секаков вид соблазни: тој може да наиде на такви нешта од кои лесно може да се оскверни. Затоа, влегувајќи во тоа царство, христијанинот треба да биде крајно внимателен, особено трезвен, за да на време ги затвори очите пред она што не треба да го види.

Денес многумина се занимаваат со компјутерски игри, но тоа е мошне погубна појава. Кон крајот на XX век во човештвото се насобрале премногу проблеми со кои тоа не успеало да се справи: за да се оттргне од тие решенија, човештвото ја измислило „виртуелната реалност“, во која човек може да се затвори. И на секој човек, кој не може да се справи со проблемите на реалниот живот, му се нуди можност да се нурне во еден виртуелен, илузорен, измислен живот. Компјутерските игри, по својата суштина, малку се разликуваат од алкохолот и од наркотиците – тие исто така нудат чувство на излегување од реалноста. Човек може да биде длабоко несреќен во „реалната реалност“. Истиот тој човек во „виртуелната реалност“ се претвора во успешен борец, кој ги победува своите соперници, во играч кој, една по друга, ги уништува сите цели.

Компјутерските игри се особено опасни за детската психа: тие во детето развиваат животински инстинкти, страст кон насилство и кон убивање. Во повеќето од компјутерските игри човекот, кој седи пред компјутерскиот екран, за сето време убива замислени противници. За разлика од шахот, кој ја развива способноста за логичко размислување, од спортските игри коишто придонесуваат за развојот на телото, компјутерските игри не само што со ништо не го збогатуваат детето, не го развиваат, туку обратно, на одреден степен од неговиот развој го извлекуваат од реалниот живот, го вовлекуваат во мошне привлечен, но и во исто толку погибелен и духовно опасен свет на илузии.

Би требало да се кажат и неколку зборови за алкохолот и за пушењето. „Виното го весели срцето на човекот“, се вели во 103-от псалм. За разлика од исламот, во православното христијанство не постои забрана за употреба на вино: апостол Павле дури му советува на својот ученик Тимотеј да пие вино, поради стомакот (1 Тимотеј 5:23). Но истиот тој апостол вели: „Не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд (Ефесјаните 5:18). Гревот не се состои во употребата на вино, туку во злоупотребата, во пијанството, во губењето на човечкиот лик под влијание на алкохолот. Гревот е присутен и ако во виното бараме излез од животните проблеми. Грев, конечно, претставува и страста кон алкохолот, робување на алкохолот. Алкохолниот напиток, кој може да ја украси празничната трпеза, не ретко, кога се зема во неразумни количини, доведува да разрушување на човековата личност, до разрушуваење на семејтсвото, па дури и до насилство и до убиство.

Што се однесува до пушењето, оваа навика не претставува пречка за влегување и за пребивање во Црквата. Но, според мене, пушењето е категорички недозволиво за свештеници и за монаси. Сепак, во врска со ова постојат различни мислења. Во Грчката црква голем број свештеници и епископи пушат, а во минатиот век и некои руски клирици гледале низ прсти кога е во прашање оваа навика. (Светителот Игњатиј Брјанчањинов сметал дека пушењето не е пречка за примање на монаштвото; тој, дури, им советувал на монасите коишто не можеле да се откажат од пушењето, да преминат на мирисање на тутунот.) Како и да е, доколку човекот може да се откаже од тутунот, подобро е да го направи тоа. Оној, пак, кој сè уште не го пробал тутунот, подобро и да не се навикнува на него: многу потешко е да се остави пушењето, одошто воопшто да не се проба. Меѓу младите на возраст од десет-петнаесет години пушењето е модерно и престижно: младите сметаат дека со цигара во устата изгледаат повозрасни. Тие можеби и не знаат дека за возрасните е модерно да се откажат од пушењето. Младите не се свесни ниту за тоа дека пушењето е причина за голем број заболувања, дури и смртоносни.

За пушењето постои убав расказ од преподобниот Силуан Атонски. Додека бил уште млад и живеел во светот, еднаш патувал со воз со некој трговец, кој тврдел дека пушењето не е грев и затоа не треба да се забранува. Силуан му одговорил: „А вие, пред секоја цигара помолете Му се на Бога, па дури потоа запалете ја.“ „Но, некако не иде молењето пред пушењето...“ одговорил трговецот. „Секоја работа, пред која човек не може да се помоли, подобро е и да не се прави“ му возвратил Силуан. 

Како заклучок, би сакал да го кажам следново. Христијанинот треба во сите нешта да се држи до правилото на „златна средина“, да чекори по „царскиот пат“. Не треба да го отфрламе сето она што ни го предлага светот, туку треба да се научиме од сето тоа да го избереме полезното, а штетното да го отфрлиме. Како што рекол апостол Павле: „Сè испитувајте, за доброто држете се“ (1 Солунјаните 5:20). Ако се научиме да го прифаќаме светот на ваков начин, тој пред нас ќе се покаже сосема поинаков, ќе видиме колку многу нешта во него се наш помошник и сојузник во духовниот живот. Секој настан, секоја ствар, секоја животна ситуација, секоја средба може да стане за нас духовна лекција која ни помага во изодувањето на патот кон Бога.
 
 
(www.ORTHODOXIA)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}

Епископ Иларион Алфеев

 

monah.pana.jpgВозљубен брате во Господа!
Денес во твојот живот се случи настан кон кој Господ те водел уште од твоето детство и кој ти го посакуваше многу години: ти го прими монашкиот потстриг, се облече во облека на плач и на покајание. Денес, ти се откажа од светот и од сето она што е во светот, според Божјата заповед. Ти го прими монаштвото доброволно, а „не од некаква нужда или присилување“; самиот ти ми ги даде во моите раце ножиците, со кои те потстригов. Денес се изврши твојот потстриг, и отсега твојот живот веќе не ти припаѓа тебе: тој Му припаѓа на Бога и на Неговата Света Црква. Примањето на монаштвото беше чин на твојата волја, но отсега твојата волја треба да се повлече пред волјата Божја и волјата на црковното свештеноначалство, кон кое пристапуваш во целосно послушание.
 Што значи да си монах, и по што еден монах се разликува од обичен христијанин? Одговорот на тоа ни го дава Светото Евангелие. Во него се раскажува за тоа како некој богат човек дошол кај Христос и Го прашал што треба да прави за да има вечен живот. Господ му одговорил: „Пази ги заповедите... Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај го татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!“ А човекот Му одговорил: „Сето тоа сум го запазил од младини; што ми е уште потребно?“ А Господ му одговорил: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси; и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!“ И човекот, како што раскажува Евангелието, си отиде нажален, оти имал голем имот (Матеј 19:16-22). 
Патот на христијанската добродетел се сведува на зборовите „Пази ги заповедите“. А патот на монашкиот живот почнува со зборовите „Ако сакаш да бидеш совршен“. Секој христијанин е повикан да ги пази заповедите, но само монахот е оној кој е обврзан да се стреми кон достигнување на христијанското совршенство. Секој христијанин  е повикан да живее според Евангелието, но само монахот евангелскиот идеал го воплотува во животот на најрадикален начин, стремејќи се во сè да го имитира Христос. Секој христијанин со крштавањето дава завет на верност спрема Бога, но само монахот Му ветува на Бога дека ќе го следи патот на целомудрие, послушание и целосно откажување од материјалните нешта. Секој христијанин е повикан да се кае, но само за монахот плачот мора да стане постојан и секојдневен подвиг. 

Примајќи го монаштвото, ти ја преземаш врз себе одговорноста не само пред самиот себеси, туку и пред оние луѓе на кои ќе им бидеш за пример и кои ќе се обидуваат во тебе да најдат потпора и поддршка. Преподобниот Исак Сириски велел: „Монахот со својата појава и со своето однесување треба да биде пример за секој оној што го гледа, така што – поради мноштвото негови добродетели коишто светат како светлосни зраци – и непријателите на вистината, гледајќи го, дури и без своја волја, да признаат дека кај христијаните постои цврста и непоколеблива надеж во спасение... Зашто, монашкиот живот е пофалба на Христовата Црква.“ И навистина, блажен е оној монах кој на луѓето им ги претставува красотата и величието на животот во Христа; и тешко на оној монах чиј образ на живеење претставува соблазан за верните.

Сакам особено да ти го свртам вниманието кон неопходноста од послушание. Тоа е подвиг кој современиот човек тешко го разбира и го прифаќа, но во него се содржи сета суштина на монашкото дејствување. „Послушанието е основа на монаштвото“ – пишува големиот современ подвижник, архимандритот Софрониј Сахаров. „Послушанието е тајна која се открива само преку Светиот Дух ... Монаштвото, пред сè, е чистота на умот. Без послушание, не е можно да се достигне таа чистота, и затоа без послушание нема монаштво. Надвор од монаштвото е можно да се добијат големи Божји дарови, сè до маченичко совршенство, но чистотата на умот е особен дар на монаштвото, непознат на другите патишта, и монахот може да ја препознае таа состојба исклучиво преку подвигот на послушанието.“  

Нека во текот на целиот твој монашки живот те зацврстува постојаната молитва. Пред сè, моли Му се на Господ Исус Христос, „со името Исусово удирај ги непријателите“, имајќи на ум дека во тоа свето име се содржи голема сила: во него е присутен Самиот Бог со сета полнота на Своето совршенство. Напуштањето на молитвата и на црковните служби е смрт за душата, и нема ништо попогубно за монахот од запоставувањето на молитвената практика. Дури и ако срцето твое се спротиставува на молитвата, дури и ако телото е истоштено, сепак не оставај ја молитвата, зашто во неа е твоето спасение.

Возљубен брате! Ти пред мене си ја исповедал желбата да одиш по патот кој од острастеност води он бестрасност, од тление кон нетление, од темнина кон светлина, од ропство кон посинување Божјо, од земјата на изгонетите во ветената земја. Нека монашкиот живот стане за тебе тој пат, и нека Самиот Господ, Неговата Пречиста Мајка, сите светители кои од века му угодуваат на Бога, бидат твои помошници, застапници, покровители и наставници на тој тежок, но навистина благословен пат. Амин. 
 
Посети: {moshits}
Подготви: д-р Драган Михајловиќ 


 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,
 
Возљубени во Господа браќа и сестри,
 
Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и да е оддалечен од својот дом, гледаме уште во Стариот Завет, во втората книга Мојсеева, Излез, кога Божјиот народ израелски 40 години лута низ Египетската пустина. И што е она што го одржало во живот сите тие тешки години на патот кон дома? - Верата во Бога живиот и нивното постојано молитвено обраќање за помош кон Него. А за да можат да си ја зачуваат верата, Бог им дава заповед и во тие тешки услови на постојано патување да си направат подвижен храм наречен скинија. Скинија која ќе патува со нив до ветената земја. Израилот ја исполни заповедта и ја изгради скинијата, почна да ја посетува и да се моли на Бога. Така еврејскиот народ си ја запази верата, а Бог пак го запази него жив на неговото патешествие и го воведе назад во својата земја, избавувајќи го од ропството. Споменот и значењето на скинијата, на овој патувачки храм, го знаел и чувал секој Израилец. Затоа и не заврши тука, само за време на патувањето, потребата од скинијата, односно од храмот. Потребата од храм беше постојано со верниот народ. И кога веќе беа повторно дома, повторно во својата ветена земја, изградија храм во Ерусалим. Изградија свои храмови секаде онаму каде што беа. Во тие храмови влегуваше и поучуваше и нашиот Господ Бог Исус Христос.
 
Мноштвото на ученици кое го стекна со своето Божествено учење исто така имаше потреба од храм, од место каде што ќе се собираат за да Му благодарат на Бога и од каде што молитвено ќе Му се обраќаат. Имаа потреба, но три века немаа можност да си изградат свои храмови, затоа што беа во постојано гонење од незнабожците. Но верата дека еден ден ќе се градат слободно христијански храмови во кои слободно ќе се проповеда за Христа Бога, постојано живееше во срцата на сите христијани. И после тривековниот период на гонење, светиот цар Константин даде слобода христијаните да се декларираат како христијани, а со самото тоа и да се градат христијански храмови ширум неговото царство. Бројни се ранохристијанските базилики насекаде ширум христијанскиот свет, а особено на територијата на нашата земја. Стоби, Баргала, Мородвиз, Хераклеа и многу други... За жал сите овие прекрасни зданија по само неколку века ќе бидат разурнати со доаѓањето на Словените, како пагански племиња кои немаа однос кон светоста нивна. Но набрзо, кога и сами ја примија спасителната Христова наука, им се придружија на староседелците во возобновувањето на старите цркви и почнаа да градат уште побројни прекрасни православни храмови и манастири. Ако решиме да ги наброиме, колку ли хартија ќе ни биде потребна, кога во секој наш град имаме по неколку цркви, кога немаме речиси ни село без своја црква, без свој манастир негде горе над селото...! Тој период се карактеризира со прекрасни храмови во византиски стил, кои пленат со својата убавина.
 
Повторно следува еден мал период на искушение, кога за време на отоманското ропство беше забранета градбата на цркви, за потоа, кога ќе се укине таа забрана, да никнат импозантните зданија кои го одбележаа овој период. Црквите градени од познатиот градител од тој период, Андреја Дамјанов, красат и ден-денес некои наши македонски градови.
 
После краткиот период на атеистичка заблуда дека Бог веќе не ни е потребен а со тоа и храмови, следува нова експанзија на градби православни насекаде низ нашата татковина. Се гради, се реновира, се реконструира. Се изградија многу нови цркви, се врати сјајот на древната Света Софија во Охрид, Свети Климентовиот храм на Плаушник, Света Богородица во Скопје... Се возобнови и монашкиот живот во многу наши древни светилишта. Со самото тоа и манастирите и манастирските цркви добија нов сјај.
Но потребата од македонски православни цркви не се омеѓи и не заврши во Македонија. Нашите браќа православни Македонци градеа и градат секаде онаму каде што нè има, секаде онаму каде што сакаме да Му се обратиме молитвено на Бога, секаде онаму каде што сакаме да покажеме колку се убави и прекрасни нашите храмови, нашата вера, нашата древна култура. Никнаа и првите македонски православни цркви надвор од татковината - во Канада, Америка и Австралија. Веќе имаме десетици храмови кои со својата убавина и автентичност станаа украс на околината во која што се изградени.
 
Со малку поситни и посрамежливи чекори, нивниот пример го следи и Европа. Се изгради првиот храм во Европската Епархија во Гетеборг, се гради во Малме, а еве денес, по милоста Божја, по молитвите на Света Богородица, Чие Рождество денес го славиме, и по молитвите на нашиот патрон светиот Наум Охридски - чудотворецот, ктиторот и градителот на чудесниот манастир на Охридското езеро, се собравме после оваа Света Архиерејска Литургија да го поставиме камен-темелникот на новиот храм, да го поставиме во оваа толку значајна година за нас како Македонска Православна Црква. Година во која славиме 40-годишен јубилеј од возобновувањето на древната Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ, а црковнава општина 15 години од своето формирање.
 
Заблагодарувајќи им се на браќата архиереи, кои со своето присуство тука го збогатија овој настан, за нивната молитвена поткрепа, ви заблагодарувам и на сите вас што од повеќе страни дојдовте денес да покажеме дека нè има и дека заслужуваме и ние тука да имаме свој сопствен молитвен дом. Да ви заблагодарам, но и да ве замолам на секој начин да го помогнеме градењето на црквата. Велам, на секој начин: и преку финансирање и преку помагање и преку молитва. Секоја и најмала помош е добредојдена. Колку побрзо ќе го завршиме започнатово богоугодно дело, зависи од сите нас и од сите наши даренија и од нашата вера. Црквата не е само храм изграден од камен, црквата е соборот на личностите во неа собрани на Света Литургија во заедница со Телото и Крвта на Христа Бога. Кога градиме црква, сите ние се вградуваме во неа како живи камења. Ако се вградиме, ќе кажеме, градејќи ја црквата, таа нè изгради нас како охристовени личности.  Само ако вака ја сфатиме градбата, црквата ќе ја чуствуваме како своја. Ќе можеме на идните генерации да им кажуваме за нашето добро дело, да им кажуваме и со право да се пофалиме дека сите ние со заеднички сили сме го изградиле храмот, а тие, пак, од благодарност кон своите претци да го очуваат низ сите векови. Но поважно од тоа е што нашите имиња ќе бидат запишани на небесата и што секогаш кога и да се богослужи во неа, народот предводен од свештенството ќе вознесува молитви кон Нашиот Бог Света Троица во кои ќе си споменува за ктиторите, дарителите, украсителите и помагачите на овој свет храм.
Нашиот патрон Светиот отец наш Наум Охридски да нè има во своите молитви пред Бога за брзо и успешно завршување на градбата. А, особено Пресветата, Пречистата Славна Владичица наша Богородица, Онаа Која е поширока од небесата, Онаа Која е храм во кој се всели Бог Словото и од Која се роди Спасителот наш Исус Христос, молитвено да се застапува за нас пред Бога.
 
Денес го славиме Нејзиното Рождество, го славиме и раѓањето на нашиот нов молитвен дом. Дај Боже, наредното Богородично раѓање да го славиме во новата црква!
 
Нека ни е честито и од Бога благословено Рождеството Богородично и честито и благословено поставувањето на камен-темелникот!
 
За многу години, на многаја лета.
     
Посети: {moshits}

Свети Симеон Нов Богослов

1.  За тоа дека смртта на душата е оддалечувањето на Светиот Дух од неа, и дека осило е нејзиниот грев; и дека смртта и трулењето на телото се налик на смртта  на развратената душа.

2.  И за тоа, кои се карактеристиките на мртвост и живост на душата.

3.  За тоа на кој начин се укинуваат трулежноста и смртта; и за тоа дека смртта сега   не е искоренета, туку погазена и сторена ништавна.

4.  За тоа како после смртта се прославуваат телата на починатите Светии; исто  така  и за воскресението и за праведниот суд Божји.

 

 

1. Како што телото умира, тогаш кога од него се одвојува  душата, така и душата угинува тогаш кога  од неа се одвојува Светиот Дух. Осилото на оваа смрт е гревот,  бидејќи смртта и трулењето се последица на гревот. Преку  гревот  душата умрела за вечен живот, одвојувајќи се од Светиот Дух и од Царството Негово. Гледате ли каков е односот помеѓу душата и телото, односно дека  телото не може да живее без душата? И повторно, на кој начин душата се одалечува и го остава телото со кое била заедно, и со чие посредство ја изразувала својата снага и делатност? Гледајќи го ова, помислете дека на сличен начин и првосоздадениот човек бил соединет со Светиот Дух, Создател на се’, Бог; но бидејќи бил опрелестен од лукавиот ѓавол, и ја злоупотребил слободната волја со која Бог го обдарил, ја прекршил заповедта Божја и веднаш бил лишен од благодатта на Светиот Дух, која го закрилувала. После ова умрела и душата, а потоа и телото; и телесната смрт се случила на таков начин, што после неа, која за нас е видлива, ние можеме да ја замислиме и  смртта на душата која  е невидлива: зашто смртта и трулењето на телото е подобна на смртта и развратот на душата.

   Меѓутоа, поинаква е природата на телото, а поинаква е и природата на душата. Природата на душата е мисловна, додека природата на телото е сетилна. И уште нешто: најпрво телото се развратило, а потоа и умрело, зашто од него излегла душата – а тоа всушност и е телесната смрт; но со душата не било така: таа најпрвин умрела бидејќи била напуштена од Божјата благодат, а потоа се развратила. Осквернувањето на душата и е, скршнување од патот на непосредната и вистинска мудрост – всушност, вистинската мудрост е изопачена и постаната развратна, откако почнала похотно да жаднее за се што е зло. Зашто кога ќе се развратат вистинските помисли, во  истиот момент како трње и боцки во душата почнуваат да растат фиданки на зло. На тој начин, како што во мртвото тело се намножуваат црвите, така бива и со душата лишена од благодатта Божја: во неа исто како да се намножиле црви – завист, лукавство, лага, омраза, непријателство, навреда, злопамтење, клевета, гнев, жестокост, тага, одмазда, гордост, нечувствителност, суета, немилостивост, зајадливост, крадливост, неправда, неразумна похот, оговарање, судење на другите, завидливост..., и секое друго зло кое е мрско пред Бога; со тоа човекот веќе престанал да биде според образ и подобие Божјо, онаков каков е создаден во почетокот, туку почнал да поприма образ и подобие на ѓаволот, од кого исходи секое зло.


2. Како што душата, таа разумна и мисловна сила, ги спојува во едно тело -  кое се  состои од многу делови, и тоа плот, коски, нерви, жили, кожа и останатото - сите нив, на чудесен начин врзувајќи ги со својата снага и одржувајќи ги во потполна хармонија, така и сите овие делови на телото си помагаат еден на друг, се поддржуваат еден со друг, бидејќи меѓусебно се поврзани со една те иста душа. А кога душата излегува од телото, тогаш сите овие негови делови, губејќи ја меѓусебната врска, се распаѓаат и се подвргнати на трулење – така и благодатта на Светиот Дух, со својата Божествена сила ја спојува самата душа со Себеси  и ја оживотворува, и како Душа – ги сведува многуте нејзини различни помисли и желби на едната волја Божја, во што и се состои нејзиниот вистински живот; а кога благодатта на Светиот Дух се одвојува од душата, тогаш сите нејзини помисли и желби се расплинуваат и се развратуваат. Спрема ова, само ако е возможно било кое човечко тело без душата да остане во хармонија и во својот поредок, можно е и душата човечка, без благодатта на Светиот Дух да опстои во потребната состојба, во нејзиниот својствен поредок, со сите карактеристики на разумност. Но  првото е невозможно,  а второто уште помалку.

   Всушност е обратно: како што човекот кој нема душа е мртов по законите на овој свет, така и оној кој ја нема благодатта на Светиот Дух, е мртов по законите Божји; и никако не е возможно, таквиот да има живеалиште на небесата, бидејќи секој кој е мртов (во било која смисла), за тоа живеалиште е непостоечки (безживотен). Заради ова, секој човек кој верува во Христа, неизоставно мора да се крсти, за да биде одново роден и обновен со Светиот Дух, постанувајќи нова твар. А ако не се роди одозгора, како што Господ сведочи, тој не може да влезе во Царството Божјо, па дури не може ни да го види; а кој не може ни да го види, за него е уште поневозможно да го задобие.

   Влезот во Царството Божјо не се дарува само заради добрите дела, туку и заради вера. За да го видиме, ние се удостојуваме преку раѓање одозгора, а за да го задобиеме – преку добри дела што ги правиме со силата на верата. Заради тоа, оној кој верува и се крсти со вода и Дух влегува во Царството како роден за него. И повторно, кој се родил одозгора го гледа Царството Божјо и дури тогаш, како причислен на  војниците и учениците (синовите) на Царството Божјо, го задобива заради добрите дела што ги чини, а такви дела никој не може да твори пред да постане војник на Царството Божјо. Зашто, како што човечката природа на светлината на овој свет доаѓа, имајќи удел во Адамовата клетва, така на светлината на Царството Божјо таа доаѓа (од бањата), имајќи удел во благословот на Исуса Христа. И ако не постане заедничар во божествената природа на Христа, ако не ја прими благодатта на Светиот Дух, не може ни да помисли, ниту да стори било што, што е достојно за Царството Божјо, не може да изврши ниту една заповед од оние кои Христос ни ги даде како завет (за да бидеме синови на Царството); зашто Христос е Оној Кој дела во сите оние кои го призиваат Неговото свето име.

   Заради ова Бог постана човек, за да во Него, како во Бог, слезе Светиот Дух, и да пребива во Оној од Кого не се одвојувал, за да подоцна, преку заедничарење и соединување со Него, Божеството се соедини со секој човек кој со Него општи и кој во едно, односно во волјата Божја, ги приспојува сите свои помисли и желби. Тоа и е воскресението на душата во овој живот. Зашто преку општењето, прифаќањето на Богочовекот Исус и земање удел во Него, душата одново оживува и ја прима својата првобитна непропадливост преку силата и благодатта на Светиот Дух, Кој се прима преку  заедничарење со Исуса и пројавува одлики на нов живот задобиен со таа благодат, на тој начин што почнува да Му служи на Бога во светост и правдина пред очите Негови, а не пред човечките, како што говори апостол Павле: “Колку ли повеќе крвта на Христа... ќе ја очисти вашата совест од мртвите дела, за да Му служите на живиот Бог“ (Евр. 9,14).

   Како што во телото кога е живо, очигледни биваат дејствата на душата, така и во душата, кога е жива, очигледни постануваат дејствата на Светиот Дух: добрина, вера, кротост, воздржание. Душата, кога преку верата ќе ја прими мислената сила на Светиот Дух (од која Адам самиот се лишил, престапувајќи ја заповедта, и после тоа скршнал од правите помисли кон беспаќе, се до неможност било што правилно да поима), гледа и разбира дека добродетелта не е ништо друго, туку исполнување на волјата Божја, како што и сите љубители на вистинската мудрост, учители проповедници на Христовото пришествие и верата во Него учат, дека добродетел во вистинска смисла е тоа, кога секој човек кој верува во Христа ја твори исклучиво волјата Божја, однесувајќи се кон богатството на овој свет, како да е мртов; така да, само во делата кои се поврзани со исполнување на заповедите Господови, тој е  препознаван како жив, и дека само во овој круг, манифестира  движење и енергија. Тоа и е, одлика на живост на душата.

3. А подоцна, после воскресението, и телото ќе задобие нетрулежност, која на душата Бог и ја дарувал уште сега, оживотворувајќи ја во овој живот. На тој начин по безграничната милост Божја, се открива еден велик и чудесен домострој Божји: душата бива воскреснувана во овој живот, а телото умира, и пресудата Божја: “Прав си, и во прав  ќе се вратиш“ не се укинува; за време на општото воскресение ќе воскресне и телото, исто така примајќи нетрулежност. Смртта не е укината и не е оставена неделатна во овој живот, туку само е згазена и презрена; зашто кога таа во овој час би била укината, луѓето повеќе не би умирале.

   Бидејќи христијаните, после крстот и воскресението Христово, добија уверување дека умирајќи преминуваат од смрт во живот и во радост на сопребивање со Христа, и тие ја присакуваат смртта. Зашто ако живот на душата е Духот Христов, каква е користа за оној кој Го задобил, од живеење во овој свет, како и од одалечување од онаа радост, која произлегува од соживот со Христа?

   Среќни се оние, кои откако поверувале во Христа, умреле веднаш после крштевањето; зашто тие умреле “облечени“ во Христа и тргнале во друг Живот, носејќи ја царската облека на Божественоста Христова. Но, уште посреќни и поблажени се оние кои поживеале овде и после светото крштение, така што облекувајќи се во царски одежди како во сеоружје Божјо, стапиле  во борба со нашиот непријател ѓаволот, за на крај да го победат со сите негови замки и зли лукавства, благодарејќи Му за таа победа на Христа, Кој бил со нив и Кој им ја дарувал, за дури потоа, после оваа победа, да умрат; тие го проживеале својот век, подвизувајќи се во славата на Христа, Кој овој добар подвиг го наложува на секој што во Него верува. Во тоа е славата Христова, христијаните војувајќи со демоните да не бидат победувани (туку да победуваат), имајќи го до себе непобедливиот Христос. Зашто во секој христијанин, Христос е Оној Кој војува и победува, и Он е Оној Кој го призива Бога, и се моли, и благодари, и страв Божји во душата негува, и бара со молитва и смирение – се тоа го чини Христос, радувајќи се и веселејќи се, кога гледа дека во секој христијанин постои и пребива такво убедување, во кое веродостојно исповеда дека е Христос Оној, Кој сето ова го чини. Заради ова, секој  христијанин во поглед на сите добри дела кои ги прави, треба да исповеда дека не ги прави тој сам, Туку Христос; кој не мисли вака, залудно се нарекува христијанин.

   Луѓето се раѓаат на овој свет за да Го прославуваат и да Му благодарат на Бога, знаејќи дека секое добро од Него исходи. И повторно, после трудот и подвигот направен на ова место на чемер и жалост, каде што се родени, тие умираат по заповест Божја, за да се одморат од болката, со надеж дека некогаш ќе воскреснат и ќе живеат непрестан живот, без никаква тага и немаштија. Бидејќи, иако Христос Кој секогаш е со нив е Оној Кој во нив дејствува, сепак и тие самите, и покрај својата немоќ, прават голем напор за да го одржат Христос во заедница со себе. Заради тоа, сите лукавства и  демонски замки се насочени кон тоа да ги соблазнат христијаните, да ги оттргнат од Неговите раце, и  да ги поттикнат во состојба на самоопрелестување да зборуваат или макар да мислат дека, божем, сами по себе и со сопствен труд изнедриле некоја добра помисла, или кажале некој благоразумен збор,  или сториле одредено добро дело, макар и најнесвесно. И токму против тоа, непрестано е насочен големиот христијански подвиг.

   На секоја богобојазлива душа и претстојат два големи подвига: првиот – да ја задобие благодатта на Светиот Дух, зашто никој нема можност дури ни да стапне на патот на спасението, а уште помалку да оди по него, доколку претходно не ја задобие таинствената благодат на Светиот Дух; вториот, оној потешкиот, се состои во тоа, таа благодат стекната со многу пот и труд, да не ја изгуби.  Ова губење на благодатта се случува од следниве причини: откако благодатта Божја подолго време пребива во душата, одејќи го со неа патот кон спасението, после извесно  време на неа се крева силна и тешка  борба, налик на онаа која ја опишува пророк Давид, повикувајќи кон Бога: “Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене; мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога“ (Пс. 3,1-2), односно (зборуваат) дека твоето спасение не се врши со силата на твојот Бог, туку  со твојата сопствена мудрост и моќ. Ако душата се согласи со оваа сугестија, благодатта си заминува од неа. Но, ако таа, отфрлајќи ги таквите помисли, започне заедно со Давид да Му вознесува благодарење на Бога: “Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја, Ти со Твојата Божествена благодат го совршуваш спасението мое, а не  јас “– благодатта Божја ќе пребива во неа. Тоа е тој втор подвиг, кој следи после првиот: во првиот се задобива благодатта на Светиот Дух, додека вториот, голем подвиг да не бидеме лишени од благодатта Божја која веќе сме ја задобиле, и претстои на душата  до последниот наш здив.  Душата всушност, заедно со блажениот апостол Павле, кој многу се потрудил, должна е громогласно да воскликнува, да ја слушнат сите Ангели и целиот род човечки: “Не јас, туку благодатта Божја која е со мене“ (1.Кор. 15,10) – значи не сум направила јас никакво добро сама од себе, туку благодатта Божја која е со мене. Зашто и апостолите, и пророците, и мачениците, и свештениците, и  преподобните – сите тие исповедале ваква благодат на Светиот Дух, и заради таквото исповедање, а и со помош  нејзина, се подвизувале со добар подвиг и ја завршиле својата трка. Тоа била онаа вера која ја сочувале; тие верувале дека победителка над големите и многу чести и многуразлични тешкотии со кои се сретнувале во животот, а во состојба на таква слабост на човечката природа која во себе ја согледувале, била благодатта Божја чии сотрудници отсекогаш биле. Откако поверувале уште на самиот почеток, дека така е и така мора да биде, го искусиле тоа и на дело, го спознале; а спознавајќи  го тоа, Му заблагодариле на Бога Кој така го устроил; заблагодарувајќи, така исповедале; исповедајќи така, се овенчале; овенчувајќи се, се прославиле, имајќи во себе знаци на обожување, зашто се направиле причасници на Божествената природа, а со тоа и богови по благодат, кои бивајќи богови, можат секогаш да пребиваат со Господа во новиот живот.

   Луѓето, како разумни и мисловни  битија, доаѓаат на светот за да го прославуваат Бога. Единствено тие, од сите разумни созданија се способни да   познаат, да величаат и да Му благодарат на Бога Творецот. Гледајќи на созданието, тие Му се восхитуваат на Создателот, и спознавајќи го Неговото величие, недоспознатливо и безгранично, Му се поклонуваат, Го почитуваат и треперат пред Него; а  при тоа се трудат да живеат во вистина и правда, онака како Му е благоугодно на Бога, покажувајќи го богопознанието како вистинско сведоштво за богоугоден живот и благочестие;  и  обратно, покажувајќи богоугоден живот и благочестие како сведоштво за богопознание. Бидејќи, оној кој поседува богопознание и Го познава Бога, тој без сомнеж и Го почитува, и Му служи, односно верува и Му се поклонува како на Бог, и богоугодно живее: “Секој кој греши, не Го видел Бога, ниту Го познал“, вели св.Јован Богослов (1.Јован. 3,6). И навистина е така. Зашто кој Го познава Бога, природно е и да Го почитува и да трепери пред Него; а може ли оној кој трепери пред Него и се бои од Него, до таа мера да заборави, така што ќе си допушти себеси да направи било што небогоугодно, кога знае дека Бог е секаде присутен и сé гледа? Секој грешен човек нека се увери дека ниту Го видел ниту Го познал Бога, и ако умре во таква темнина и незнаење, подоцна нема да воскресне за ништо друго, освен за вечни маки, вечни – токму заради тоа, што таму нема да има смрт која би го прекратила ова мачење. Оној пак, кој Го видел и познал Бога, и со тоа не си дозволува себеси лекомислено и без страв да падне во грев, покажувајќи на овој начин дека не само што се бои од Бога, туку и Го љуби, ќе премине во другиот живот со надеж и чекање на воскресението на мртвите, и ќе воскресне со неизречива радост заради која всушност луѓето и се раѓаат и умираат. Родените за ваква радост, ако ја презираат и го поминуваат животот во темнина и незнаење на Бога, по воскресението ќе трпат двосилно мачење, сеќавајќи се дека биле родени за неискажлива радост, а и на тоа дека заради својата лекомисленост, ја презреле (радоста) и по своја вина ја изгубиле.

   Заради тоа, никој од луѓето кои доаѓаат на овој свет, а особено никој од христијаните, нека не мисли дека е роден за да се насладува од животот и да ужива во неговите радости, зашто кога тоа би бил крајот и смислата на нашето раѓање, тогаш ние не би умирале! Туку нека има на ум, дека на овој свет доаѓа најпрво за да битствува (да почне да постои) од небитие, какво што претходно бил; второ, за да слично на постепеното телесно растење,  напредува постепено и во духовната возраст, така што преку добриот подвиг ќе се воздигне во онаа свештена и боголепна состојба која ни ја доловува блажениот Павле, говорејќи: “Додека не достигнеме сите... до совршениот човек, до полната мерка на Христовиот раст“ (Ефес. 4,13); трето, за да се удостои со пребивање во небеските живеалишта, вброен меѓу чиновите на светите Ангели, пеејќи ја со нив победната песна на Пресвета Троица, Која, како што Единствена му дарува битие, така со благодатта Своја му дарува и добробит, односно онаа свештена и боголепна состојба за која говоревме.

   Па сепак, и покрај сето ова, луѓето не само што не ги усмеруваат своите дела кон единствената цел заради која и се родиле како луѓе, односно достигнувајќи ја полнотата на мерата на растот Христов да постанат богови по благодат, туку прават сé спротивно на ова и тоа со голема ревност, препуштајќи им се на гревовите на сите можни начини, за на крај да бидат фрлени во вечните маки, заради кои ние не доаѓаме на овој свет. Зашто вечниот адски оган е подготвен за ѓаволот и другите демони, додека ние се раѓаме со назначение, да постанеме достојни за Бога после смртта.
   А кој е достоен за Бога? Праведниот човек, кој пребива во вистината, кроток, благ, исполнет со сострадание, милостив, штедар, добар, долготрпелив, незлобив, човекољубив. Но, ниеден човек не може да биде таков, доколку не постане заедничар во благодатта Божја по верата во Христа; сходно на ова, ако некој не е ваков, очигледно е дека или не верува во Христа, или само се претставува за верен, во суштина останувајќи неверник. Зашто оној кој вистински верува во Христа, тој, или веќе постанал онаков каков што го опишавме, или на сите начини се подвизува да постане таков со помош на благодатта Божја, без која никој не може да постане свет, а ниту може и да го посака тоа.

4. Душата која се удостоила да постане причасница на благодатта Божја, откако самата таа е просвештена, по природно последичен ред го осветува и целото свое тело; зашто, обединувајќи го и одржувајќи го во целовитост целото тело, таа пребива во сите негови делови; со тоа и благодатта на Светиот Дух, како што ја задобива душата, исто така и телото го чини свое пребивалиште. Меѓутоа, додека душата се наоѓа во телото, Сесветиот Дух не ја пројавува сета Своја слава во тоа тело; зашто неопходно е до крајот на животот душата да ја покажува својата добра волја, дали ќе ја следи благодатта на Светиот Дух на доличен начин. Но, кога доаѓа крајот и кога душата се одвојува од телото, откако подвигот е веќе завршен, па душата задобивајќи победа исходи од телото овенчана со непропадливост зашто примерно го совршила својот подвиг, тогаш, велам, благодатта на Светиот Дух и во телото на оваа душа ја пројавува просвештената сила Своја, после што моштите на светителите – голи коски или нетрулежни тела, сеедно – излеваат исцеление и лечат секакви болести. Кога душата ќе се одвои од телото со смртта негова, таа сама без учество на телото, почнува да пребива со целото Божество, односно со благодатта Божја, и самата бива бог по благодат; телото пак останува без душа само со Божеството и ја пројавува пред луѓето Божествената сила преку чуда (не со посредство на душата, туку непосредно од Божеството). Тогаш ни душата, бивајќи  одвоена од телото не  наидува на препреки предизвикани од телесната ограниченост, ниту пак телото заради душата се оптеретува со лишувања во задоволувањето на своите потреби, т.е. ниту со глад, ниту со жед, ни со било што слично на ова. Но, бидејќи и душата и телото се избавиле од секоја потреба и секое искушение на кои порано биле подложени заради меѓусебната поврзаност, сега и благодатта Божја делува без било каква препрека и во двете, така што и душата и телото постануваат во целост Божји, восиновувајќи Му се на Бога заради богоугодното свое живеење кое го покажале во светот, додека пребивале во заедница.

   Меѓутоа, во времето на сеопштото воскресение и телото ќе задобие непропадливост каква што Бог и дарувал на просвештената душа. Зашто, како што вели Свети Григориј Богослов, исто онака како што во овој свет и душата ги поднесувала тешкотиите и неволјите на телото, што било условено од нивната тесна поврзаност, така и тогаш, на телото ќе му биде пренесена од душата, состојбата на радост со која таа ќе располага. Тогаш душата ќе го проземе целото тело и ќе постане ЕДНО со него, и дух, и ум, и бог по благодат, и се’ што е трулежно и смрттно тогаш ќе биде обземено со живот. Зашто, како што во Адам плотта била зафатена со трулежност после гревот, а заради плотта и душата во своите дејства постанала како да е од земјен прав, и сета, приклонувајќи се кон земното западнала во такво незнаење на Бога, што некои не знаеле дури ни дали Бог постои, така и во време на воскресението се’ ќе биде спротивно на ова; со силата на Светиот Дух  овоплотена во благодатта Божја, плотта ќе биде проземена од душата, која веќе пребивала во состојба на зариеност во Бога, во живот вистински, во состојба во која целата душа како да Го имала целиот Бог, та во се’ бил видлив единствено Он. Да кажам уште поедноставно: боголепната благодат на воскресението во идниот век, ќе ја покаже тогаш сета спротивност од оваа состојба во која живееме и пребиваме во овој живот; и како што во овој живот заради гревот смртта попримила сила и моќ, проземајќи се’ со себеси, така во идниот, таа по правда ќе пропадне и самата ќе биде проголтана од благодатта. Смртта, сега згазена и посрамена од Воскресението Христово, тогаш после сеопштото воскресение, ќе биде потполно укината, како што вели свети Павле: “Ќе се укине последниот непријател – смртта“. Сега, во овој живот, смртта пребива во своето време, претставувајќи казна за првиот Адамов грев, прекратување на грешноста, одмор од свештените подвизи; но во идниот век, како што ќе биде укинат животот на овој свет, така и смртта конечно ќе престане и ќе биде укината; и тогаш, како што луѓето нема повеќе да се раѓаат и да живеат на начин својствен за овој живот, така веќе нема ни да умираат како сега, и смртта ќе биде укината.

   Но, тогаш ќе постои еден поинаков, неизречив живот, и поинаква смрт, потешка и погорка од сегашнава, односно вечно мачење. Зашто сите оние, кои овде нема да постанат заедничари со Христа, се наоѓаат во опасност таму да бидат подложени на казната на најтешката смрт, која нема да може да се укине. Во овој свет, Бог воплотувајќи се, дошол да ја уништи смртната пресуда која претставувала полесна казна; но таму во другиот живот, каде повеќе нема да има ваква смрт (која е голема утеха за оние кои го носеле јаремот на маки и страдања, зашто со смртта се ослободуваат од нив), каков лек или избавување може да има?

   Од друга страна, во овој свет од Адам до Христос Господ, не постоел ниту еден потполно спасен човек, бидејќи сите имале удел во прародителскиот грев (од кој, искупувањето сеуште само се исчекувало). А сега, откако се соврши воплотениот домострој на нашиот Господ, многумина постануваат сообразни на Христа (вистински спасени). Затоа, оние кои во идниот живот ќе бидат осудени, нема да им преостане никаква утеха ниту некаква надеж за спасение, бидејќи и тие, подобно на првите, имајќи можност да бидат сообразни на Христа, не сакале. Така, и за паднатите ангели кои  постанаа демони нема да има милост, бидејќи и тие, кога поголемиот дел ангели не оглушувајќи се на волјата Божја останале во својот чин, можеле таа волја да ја одржат, но не сакале.

   О, да ни е и нам, да се сообразиме на Христа, како би се удостоиле за вечен живот, задобиен во Христа Исуса нашиот Господ, Кому нека Му е слава, чест и поклонение со Отецот и Светиот Дух во сите векови!  Амин.


подготви: М.З.

Посети: {moshits}

 (23.09.2007)

Денес, во манастирот на свети Леонтиј во Водоча, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Архиерејска Божествена Литургија. После прочитаното Евангелие, Владиката одржа беседа во која рече:

 

„Прашање на духовен живот и духовна смрт за нас христијаните е нашата согласност и нашето содејство со Божјата промисла за нас, со Божјата волја за нас, со Божјото слово за нас, со Божјото дело за нас. За ова и порано сме говореле, дека од моментот кога жената Хананејка смирено и со благодарност, што значи, со вистинско послушание  ги прифати промислата, волјата, словото и делото Христово, таа во истиот момент ја доби и ја прими благодатта Божја и Самиот Христос. Од тој момент нејзината молитва имаше друга вредност пред Господа: и во тој час оздраве ќерката нејзина (Мат. 15, 28). Како што велат Светите Отци, на оној што ја исполнува Божјата волја и Бог му ја исполнува неговата. Но, она на што во денешната беседа сакам да ви посочам внимание и од што треба да извлечеме поука е друго: 

 

Прво, иако некои работи што неволно се случуваат во нашиот живот ни изгледаат лошо, ние како христијани треба да имаме вера и знаење дека секогаш кога ќе ги прифатиме смирено и со благодарност кон Бога, на крајот Бог ќе ги смени и приведе за наше добро и наше спасение во Него. Се сеќавате на многустрадалниот и праведен Јов, што рече после сите несреќи што му се случија? ‘Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ќе се вратам. Господ даде, Господ го зеде; како што му е угодно на Господа, така и станува. Нека е благословено Името Господово!’ (Јов 1, 21). И што ѝ одговори на својата жена после страшната болест што го снајде? ‘Зар уште си цврст во добротата своја, похули на Бога и умри!’ – му рече таа. ‘Говориш како безумна. Зар доброто го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?’ Во сето тоа Јов не згреши со устата своја (Јов 2, 9-10).

 

Второ, ние во Црква не влегуваме заради здравје, заради успех во работата или заради власт и пари, па дури ни заради спасение – туку заради Него. Затоа што секогаш кога во Црква одиме заради нешто, а не заради Него; и секогаш кога во Црква бараме нешто (па макар и спасение), а не Него – ние всушност градиме со Бога наемнички, а не слободен, љубовен и синовски (личносен) однос.

         

  Трето, имајќи токму ваква дејствителна вера и знаење од опит и имајќи токму ваква безусловна љубов, жената Хананејка не го наруши својот синовски однос кон Бога заради моменталното несовпаѓање со нејзините очекувања на Христовиот однос кон неа, туку напротив, очигледно тој однос се разви и восоврши. Секако, сето ова не значи и не подразбира наша пасивност туку активна борба против злото (Злиот) – ама пред сè во нас, а потоа надвор од нас... Кој ќе се обиде да се соочи со злото надвор од себе без претходно да го победи Злиот внатре во себе (или пред да го всели Добриот во себе), таквиот неминовно против злото од надвор ќе се бори со злото што ќе излегува од него (зашто ниту може, ниту знае на друг начин) и, според светите Отци, ќе стане слуга на Злиот. Но, како да се бориме во меѓувреме со злото надвор од себе? Пред да добиеме умносрдечна молитва, со апсолутно послушание кон духовниот отец! Друг пат Отците не ни оставиле! Со убавина, односно со љубов ќе победиме...Нека е благословено Името Господово!“ (според записот на сестрите од манастирот) 

Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Амин!

Возљубени браќа и сестри, празникот на Христовото преображение е библиски настан којшто е уште едно откровение на живиот Бог во три лица. Зошто Синот се преобрази и заблеска со нетварната светлина на Својата слава, се појави Светиот Дух во вид на светол облак , Којшто го засени врвот на Тавор, се чу и гласот на Бог Отец, Којшто посведочи повторно дека навистина Исус е Христос, Син Божји, Кого треба да Го послушаме. На тој начин на апостолите им се даде голема тајна , зошто на  крајот Господ им рече сето тоа да го сочуваат и да го запамтат и никому ништо да не зборуваат се до Неговото воскресение. Зошто целиот Негов живот и целиот Негов пат на земјата освен што беше откровение на науката на Словото, науката на Синот Божји, подеднакво е и откровение на Троица. На тој начин живеејќи меѓу луѓето Бог покажа дека е Еден по суштина и три по Личности по Ипостаси.


Самото пак преображение беше уште еден чекор поблизу до спознанието на Божјата слава. Зошто Оној Когошто Го гледаа како човек , како оди со нив, како поучува со нив, како страда со нив, се покажа пред нив во славата на Своето Божество. На тој начин овие тројца апостоли, а од нив и сите други, па и сите ние се уверивме дека навистина Бог беше вистински и како Човек и како Бог живеејќи на земјата. На тој начин покажувајќи дека и секој човек, целата човечка природа, ќе се преобрази во истата таа слава и ќе биде по благодат вечно славна со Својот Бог, Којшто е постојано славен. На гората на преображението се појавија и Мојсеј и Илија. Нивното присуство ја покажува целовитоста на библиското предание. Стариот и Новиот завет се отвараат пред нас, и ни го покажуваат целиот вистински Бог, Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух. На тој начин на човештвото му се јавува сî. Она што беше немоќно за човечкиот разум, стана возможно заради милоста Божја да му се открие на човекот. Она што од Стариот завет можеше да го убие човекот , заради непристапноста на Бога, сега му се нуди на човекот во целата негова димензија, зошто и самиот Бог од љубов кон човекот , стана Човек. На тој начин Бог се преобрази за да ни Го покаже нашето преображение. Бог ни посведочи за Себе, сведочејќи за нашата слава. Светите пророци пак посведочија за Него, зошто за Него сведочи целата историја. Амин.

Посети: {moshits}

 
 
Во шеснаесетта недела по Педесетница, кога Светата Црква, на денот на светиот свештеномаченик Антим

 

mark.jpg

 

Време за страв и параноја или време за покајание
Митрополит Струмички г. Наум
 
oNaumBeseda.jpg
Во врска со денешното Евангелие, Владиката Наум рече дека оној што нема и на кого ќе му се одземе и она што (мисли дека) го има е оној што не благодари на Бога за сѐ и што живее себично. Додека, пак, оној што има и на кого ќе му се додаде и повеќе добро и ќе му се преумножи е оној што благодари на Бога за сѐ, без разлика дали тоа што се случува или тоа што го добива во моментот изгледа добро или лошо; оној што сè свое, па и душата и телото и постоењето го принесува на Бога за живот на светот. Оние што немаат и на оние што ќе им се одземе и тоа што мислат дека го имаат се тие што живеат во согласност со своите страсти (славољубие, среброљубие и сластољубие). Страстите за власт, за пари и за телесни наслади се тие што прават човекот, нивниот заробеник, сѐ она што ужива и поседува да го користи само за свои потреби (самољубие) и сè она што ужива и поседува да му изгледа малку. Затоа што таква е самата природа на страстите: тие постојано бараат ново и поголемо задоволување, а после секое задоволување оставаат уште поголема потреба и уште поголема празнина. Секако, Господ на секого му остава време за покајание и потоа сѐ се одзема, а на крајот и самото време дарувано за покајание (преумување). Господи помилуј...!
 
(според записот на сестрите од манастирот)

 Посети: {moshits}


ВЕЧНА БЛАГОДАРНОСТ ЗА ЉУБОВТА И ЖРТВАТА


† Стефан Архиепископ Охридски и Македонски


Слово изговорено на гробот на свети Кирил, во Базиликата Сан Клементе, Рим 24.05. 2007 година

       

Свети оче Кириле – добро Ти дојдовме и добро Те најдовме!

– Ти дојдовме од Македонија – од Твојата и наша Татковина! Дојдовме од земјата на љубовта, од крајот каде што е божествена убавината и бескрајна добрината. Ти дојдовме во име на народот крстен од рацете Павлови и просветен од устите Твои, од народот благословен и пастируван од Твоите духовни рожби - Климент и Наум и од многуте богопратени личности; дојдовме од Црквата Божја во Македонија, олицетворена како Црква Јустини­јанова и Охридска архиепископија, на која Ти и служеше. Дојдовме од име на народот маченик и страдалник, од народот поделен и раселен, дојдовме од каде што се е Господово и Твое во Македонија.
 
            
Учителе, дојдовме да Ти се поклониме и да Ти благодариме: најпрво за љубовта и жртвата, а потоа и за се што направи за нашиот народ и за сите што ги разбраа и примија зборот Твој и наш, и писмото Твое и наше. Да Ти заблагодариме што „со Твоите божествени прсти на мојот народ му ја напиша слободата од гревовното ропство..., што одозгора, со Твоите молитви, му дотече животворна вода..., што со Твоите златозрачни стапки ги упати на прав пат нашите заблудени нозе..., што ја излекува душата од струпјето на гревот, и што всади разум во нашите срца и што во нив ни ја напиша за многумина сокриената богоразумна тајна...“ – како што Те воспеа некогаш и златоустиот свети Климент.

Рамноапостоле, дојдовме да Ти се поклониме и да Ти заблагодариме што направи да разберат оние кои се противеа на нашето словење и на нашето молење како неугодни на Бога, што помогна да разберат дека секој народ може да се моли на својот и за себе разбирлив јазик. Ти благодариме што ги надмудри говорејќи им дека сонцето грее за сите и дождот паѓа за сите, а не само за некои народи, и дека подобро е «в црква да се кажат пет разбирливи, отколку илјадници неразбирливи зборови» (1. Кор. 14, 19).

Просветителе, Ти благодариме што направи Македонија да стане земја – книга, земја - икона и земја – олтар, да стане небо на земјата и земја за небото. Ти благодариме што направи зборот наш да стане непобедливо оружје и сила што се распростре од Солун до Владивосток, што со него ги направи горди и Балканот, и Моравија и Панонија, што на Охрид му остави вечна белина и светлина што не заоѓа.

Свети оче Кириле, Ти дојдовме, како и секоја во изминативе 40 години, на гробот Твој, на вековниот за нас извор за нови сили и поткрепи. – Одовде постојано го црпиме она што ни е најпотребно: и утеха, и надеж, и храброст, и трпение, и се што ни треба. Горди сме што Те имаме и за себе и за другите, што Те имаме за сите. Ти дојдовме, заради Црквата која Ти ја сведочеше – едната и неподелена Црква Божја. Светите и богоугодниците како Тебе им припаѓаат на сите. Господ Сезнајниот посака токму овде, во Рим, близу Павловото да биде и Твоето земно почивалиште, за да сееш и понатаму љубов меѓу луѓето, за да го пропо­ведаш мирот меѓу Истокот и Западот, за да продолжиш со градењето на добра волја меѓу народите...

Просветителе, дојдовме по благословот Твој, за да можеме да ги издржеме искушенијата што ги имаме како Црква и народ, што, како и на Тебе некогаш, и нам некои ни ги оспоруваат јазикот и писмото, историјата и културата, ни го оспоруваат името, ни ја негираат Татковината и се што е македонско. Дојдовме овде, каде што и твоето дело беше признато и благословено. Дојдовме да побараме благослов во годината кога одбележуваме 40 години од целосната возобновена автокефалност на нашата Охридска како Македонска Архиепископија и Црква. Дојдовме и да Ти кажеме дека, и покрај сите распетија што ги доживеавме и ги доживуваме како народ и земја, постигнавме и постигнуваме дела, веруваме, достојни за почит: ја чуваме верата, ја браниме Црквата, се грижиме, според силите, за спасението на душите на богољубивиот наш народ.

Учителе, дојдовме за да не благословиш со благословот Божји што секогаш ни го даваше, и за да Ти кажеме дека, по Твоите молитви, ќе истраеме на патот Твој, по браздата Твоја и Методиева, на делото Климентово и Наумово, ќе истраеме за да се запази достинството на Твоето богоугодно и свето дело.

Свети оче Кириле, благослови нe и моли се за Црквата наша македонска, за народот Божји и државата наша македонска: моли се за оние што нe љубат и за оние што ни прават зло, за да се просветат, моли се за оние што го следат и за оние кои застраниле од Твојот пат – моли се за сите! Биди ни и понатаму постојан застапник пред Семоќниот Господ заедно со брата Ти Медодиј, со свети Климента и со сите Светии. Амин!


† Стефан Архиепископ Охридски и Македонски 


       
        


         

  Посети: {moshits}


Беседа на ден 23.10.2005, спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија


Епископ Велички Методиј



Возљубени браќа и сестри,

Ние постојано со Господовата молитва – онаа молитвата којашто самиот Спасител ни ја остави – се молиме на нашиот Отец небесен “да биде волјата Твоја во сe”. Истото го направи и Симон Петар, кој штотуку го запозна Спасителот како што читаме во Евангелието, му се обрати со истите овие зборови: “Цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме, ама по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата”.

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не значи дека треба да оставаме сe Бог да создава и сe Бог да чини, туку напротив – постојано ревносни во исполнувањето на Божјите заповеди да испитуваме што е она што на Бога Му е угодно, што е она што е според логиката Божја. Зошто нема посигурен пат и нема побезбедно засолниште од она да се исполнува вистински волјата Божја. Тогаш навистина според зборовите на Св.Јован Крстител ние се смалуваме, се смалува нашата волја, се смалува волјата на паднатиот човек, а расте Христос во нас, расте Христовата волја, Божјата волја во нас и тогаш навистина секое дело е благословено, тогаш секоја мисла е мудра, тогаш секој пат е спасоносен. Онака како што беше и спасоносен патот на овие прости рибари покрај Генисаретското езеро коишто на крајот оставија сe и појдоа по Христа, како што беше и нивниот улов голем не само во рибите туку уште повеќе и во верата, уште повеќе и во љубовта којашто ја стекнаа кон Спасителот. А многу повеќе и во нивните зборови коишто ги направи најмудри меѓу сите луѓе на овој свет оние преку коишто Бог благоволи Словото Негово да се распространи по целата земја.

За сето тоа е потребно токму тоа смирение, таа храброст на смирението во којашто ќе ја оставаме нашата логика, ќе ја оставаме нашата волја и ќе ја бараме и ќе ја исполнуваме волјата Божја. Само тогаш навистина и самите ќе се ставиме и ќе се вградиме во тоа апостолство, апостолство на коешто сите ние христијаните сме повикани, не со зборови туку со дела и со живот. Дела и живот, коишто преку исполнувањето на волјата Божја ќе не воведат во нашата единствена татковина – Царството Божјо. Амин

 



 


Беседа на Епископ Велички г. Методиј во манстирската црква „Св. Георгиј“, Криви дол- Скопје, Р. Македонија

Забележала: Елена

Посети: {moshits}


Епископ Велички Методиј (Златанов)



 


 

Возљубени браќа и сестри,

Бог по својата чудесна промисла како добар домостроител и како вистински дарител на секоја добрина и на секоја благост, ни дава нам луѓето сe што ни е навистина потребно токму како што и овој господар на своите слуги им го остави сиот свој имот. И тоа е една мошне важна поента во оваа евангелска парабола, кога навистина Бог сe ни даде и ни даде да господариме со сето она што Тој го создаде и со сето Негово создание, и ни го даде навистина сиот Негов домострој во нашите раце. Токму затоа и Им кажа на Адама и Ева “плодете се и множете се и господарете со земјата”. И тоа господарство требаше да биде исто такво според образот на божествениот Домостроител, совршено, бестрастно, со вистинска љубов и милосрдие.

Но, не постапуваме ние секогаш според промислата Божја. И тоа не е само некаква група на луѓе коишто така постапуваат – едни се добри, другите зли, едни се лукави, други мудри, едни го умножуваат она што Бог им го дава други не – туку секој од нас во нашиот живот знае да биде како третиот, несправедливиот слуга кој наместо оние дарови, оние таланти коишто ги добива од Бога да ги умножи или барем да ги даде на трговците и, како што во едно друго место вели евангелистот “со несправедливо богатство да си го стекне Царството Небесно”. Ние, возљубени браќа и сестри, многу често знаеме тој талант да го закопаме в земја и тие дарови коишто Бог ги дава тогаш кога нe повикува да ги љубиме нашите ближни, тогаш кога не повикува да бидеме трпеливи кон оние што се слаби и немоќни, кога нe повикува со утеха или со љубов да им притекнеме на оние што се во неволја. Зашто не само тогаш кога правиме зло ние го закопуваме талантот, туку и тогаш кога она добро коешто Бог не повикува да го направиме не го правиме и тогаш тој талант којшто Бог ни Го дал го закопуваме в земја. Зошто Бог нe создаде и нe промисли како навистина љубовни битија, како навистина милосрдни битија, како битија кои секогаш ќе знаат со добро да одговорат на секоја животна ситуација; Бог нер создаде во сe добри битија, како што се и ангелите. И секогаш кога не постапуваме како добри битија, така како што Бог навистина очекува од нас, зашто кога ја очекува нашата совршеност, нашата прељубезност, нашата премилосрдност тогаш ние всушност тој дар, тој талант којшто Бог ни го дава - го закопуваме во земја, го закопуваме таму каде што никој и ништо не може да го употреби, таму каде што тие дарови стануваат бесмислени, бесцелни, бесплодни и не вредат ништо.

Токму затоа оваа приказна е толку силна, токму затоа оваа парабола Господ им ја кажува на своите ученици, ни ја кажува и нам како Негови ученици. Постојано во текот на нашиот живот, во подвигот во стекнувањето на добродетелите да си спомнуваме дека не е тоа никој друг којшто знае да го закопа тој талант туку ние самите тогаш кога постапуваме по нашите слабости, по нашите страсти, по некои стихии и привлечности на овој свет. И така мудри и така омудрени и така ослободени од светското слепило да се потрудиме секој талант и оној најситниот и оној најмал дар којшто го чувствуваме во себе и оној најмал дар којшто не го чувствуваме во себе, а го имаме - да го умножиме и преумножиме затоа што не само што Бог тоа од нас го очекува, туку тоа е начинот на нашето спасение, тоа е начинот на којшто ние ќе влеземе во Царството Небесно. Тоа е тој капитал којшто ние треба постојано да го умножуваме и да го вложуваме во таа небесна ризница, или како што вели евангелистот - таму кадешто “ниту црв го јаде ниту р’ѓа го нагризува”. Само на тој начин ќе бидеме навистина богати, богати во Бога, богати во сопственото спасение. Амин

 

 


Епископ Велички Методиј (Златанов)
Забележала : Елена
Фото: Епископ Велички Методиј

Посети: {moshits}


Прва беседа


 


 
БЕСЕДИ ЗА СВЕШТЕНСТВОТО НА
НАШИОТ СВЕТ ОТЕЦ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ


Беседите за свештенството свети Јован Златоуст ги напишал во следниве околности. Во 371 година по Рождеството Христово, додека заедно со својот пријател и врсник Василиј* живееле далеку од светот, епископите се собрале во Антиохија и имале намера двајцата да ги постават за епископи. Веста за тоа стигнала и до нив, па свети Јован, сфаќајќи ја големата важност на презвитерското и епископското служење и сметајќи се себеси неподготвен за правилно исполнување на обврските како пастир на Христовата Црква, се скрил од сите, дури и од својот другар, кого го ракоположиле во чин епископ (веројатно во Ратана Сириска, близу до Антиохија). Набргу потоа Василиј се сретнал со свети Јован и пријателски го прекорил поради одбегнувањето на свештеничкиот чин, на што свети Јован прекрасно му одговорил со овие беседи за свештенството. Според тоа, беседите се напишани по 374 година, но пред 386 година, кога свети Јован веќе бил ракоположен за презвитер**.


ШЕСТ КНИГИ (БЕСЕДИ) ЗА СВЕШТЕНСТВОТО


ПРВА БЕСЕДА


1. Имав многу пријатели, искрени и верни, кои ги познаваа законите на дружење и строго ги почитуваа. Но меѓу сите нив има еден кој ги надминува во љубовта кон мене и толку ги надминува во тоа, колку што тие ги надминаа сите други, кои се рамнодушни кон мене. Тој секогаш беше мој неразделен сопатник: изучувавме исти науки и имавме исти учители. Подеднакво срдечно и ревносно се занимававме со реториката и имавме исти желби, кои потекнуваа од истите занимања. И не само додека одевме на училиште, туку и по училиштето, кога требаше да се посоветува и подобро да се избере животниот пат, и тогаш се покажа дека имавме исти мисли.

2. Покрај тоа, и други причини нашата едносушност ја правеа нераскинлива и чиста: не можевме да се гордееме еден пред друг со славата на татковината, и јас не изобилував во богатство, а и тој живееше во крајна сиромаштија, па мерката на нашиот имот беше исто толку еднаква, како и нашите чувства. И потеклото ни беше еднакво, и сето тоа придонесуваше за нашата слога.

3. Но, кога тој, блажениот, требаше да пристапи кон монашкиот живот и вистинската љубов кон мудроста, рамнотежата меѓу нас се наруши. Неговата чаша беше полесна па се подигна високо, а јас, сe уште врзан за овоземните стремежи, ја понижив својата чаша и ја спуштив на земја, исполнувајќи ја со младешки фантазии. И покрај сето тоа нашето пријателство остана цврсто како и порано, но беше прекинат нашиот заеднички живот, бидејќи не можат да живеат заедно оние кои живеат различно. Кога и јас малку се ослободив од животната бура, тој ме прими со раширени раце. Па и тогаш не можевме да ја повратиме поранешната еднаквост, бидејќи тој ме надмина и по време и по големата ревност, па пак стоеше над мене и достигнуваше голема висина.

4. Навистина, како добар човек кој го ценеше нашето пријателство, тој, отфрлајќи ги сите други, и понатаму го делеше со мене сето свое време, како што и порано сакаше, но сега пречка во тоа му беше мојата немарност. Оној кој беше врзан за судот и кој трчаше по сценските забави не можеше често да го минува времето со човек кој беше врзан за книгите и никогаш не излегуваше во град. Но, кога овие пречки се тргнаа, тој ме привлече кон живот каков што и самиот живееше и ја изрази желбата која одамна ја имаше во себе и веќе не ме оставаше ниту за миг, туку постојано ме убедуваше да ги напуштиме домовите и да се преселиме во заедничко живеалиште. Веќе ме беше убедил и малку недостасуваше сето тоа да се исполни.

5. Меѓутоа, постојаните совети од мајка ми ме спречуваа да му го овозможам тоа задоволство, или подобро кажано, да го прифатам тој дар од него. Кога таа дозна за мојата намера, липајќи ми рече: "Сине мој, јас не се удостоив долго да живеам со татко ти, така Му беше угодно на Бог[1]. Неговата смрт дојде бргу по твоето раѓање и ти остана сираче, а јас предвремена вдовица. А неволјата на вдовицата можат да ја знаат само оние кои ја почувствувале. Со никакви зборови не можат да се опишат бурите и страданијата што ги доживува младата девојка кога го напушта родителскиот дом и сe уште е неискусна во сe, а одненадеж ја потресе неподнослива тага, па е принудена врз себе да ги презеде грижите кои ја надминуваат и нејзината возраст и нејзината природа. Таа треба да го поправа она што слугите поради нивната мрзливост не го направиле како што треба, да ги предупредува заради лошото однесување, да им се спротивставува на интригите на роднините, храбро да го поднесува угнетувањето на бескрупулозните даночници. Ако по смртта сопругот и остави и дете, тоа и создава на мајката многу грижи, иако не создава трошоци и страв, но ако е син, таа секојдневно се плаши и има уште поголеми грижи. Да не ги спомнувам трошоците кои ги има ако сака да му овозможи добро воспитување. Па сепак, ништо од сето тоа не ме принуди да стапам во втор брак и да доведам друг сопрудг во домот на твојот татко. И покрај сите страданија и немири јас трпев и не побегнав од суровите искушенија на вдовството. Мене, пред сe, ме одржуваше помошта одозгора, а покрај тоа, голема утеха во моето страдание беше тоа што постојано го гледав твоето лице и во него како да го гледав пресликан живиот лик на твојот покоен татко. И затоа, додека беше сe уште мал и едвај можеше да гукаш, а тогаш децата им се посебно мили на родителите, ми носеше голема радост. Не можеш да ми кажеш ниту да ме обвиниш дека, храбро поднесувајќи го вдовството, сум го потрошила имотот на татко ти, како што можат да кажат многу несреќни сирачиња. Јас во целост го сочував целиот негов имот, а воедно не жалев пари за да ти овозможам најдобро воспитание, но тоа беа мои пари, кои ги понесов од родителскиот дом. Немој да мислиш дека сега ова ти го зборувам како прекор. Како замена за сето тоа, јас те молам да бидеш милостив кон мене и да не ме фрлиш во второ вдовство и во втора тага и онаа првата, која веќе се стиши, повторно да не ми ја распалуваш. Почекај ја мојата смрт. Можеби наскоро ќе умрам. Младите се надеваат дека ќе доживеат длабока старост, а ние старите не очекуваме ништо друго, освен смрт. Кога ќе ме спуштиш во земја и кога ќе ме соединиш со коските на татко ти, тогаш оди на далечни патувања и преплови ги сите мориња кои ќе сакаш. Тогаш никој нема да те спречува. Но, додека дишам јас, потрпи со мене. Не гневи Го залудно и без корист Бог, фрлајќи ме во таква неволја мене, која не ти направив никакво зло. Ако можеш да ме обвиниш дека те вовлекувам во овоземни грижи и дека те принудувам да се грижиш за себеси, бегај од мене како од злонамерник и непријател, не срамејќи се ниту од законите на природата, ниту од воспитанието, ниту од навиките, ниту од било што друго. Но, ако јас правам сe за да ти овозможам целосен мир во животот, тогаш, ако ништо друго, барем тие врски нека те задржат покрај мене. Иако ти велиш дека имаш многу пријатели, сепак никој од нив нема да ти овозможи таков мир, бидејќи не постои некој кој ќе се грижи за твојата благосостојба така како што јас се грижам".

6. Сето ова и уште многу друго ми зборуваше мајка ми и јас тоа му го пренесов на мојот благороден другар. Но, тој не само што не го промени мислењето, туку уште повеќе ме убедуваше да ја исполнам својата поранешна намера. Кога бевме во таква состојба и тој често ме наговараше, а јас не се согласував, одненадеж се разнесе глас кој и двајцата нe вознемири: се расчу дека нас двајцата сакаат да нe ракоположат во чин епископ. Штом ја слушнав оваа вест, ме обзеде страв и недоумица: страв да не ме земат против мојата волја, а недоумица, бидејќи постојано прашувајќи се од каде им на луѓето такво мислење за мене и задлабочувајќи се во себеси, јас не наоѓав во себе ништо достојно за таква чест. А мојот благороден другар дојде кај мене и насамо ми ја соопшти оваа вест, како јас да не ја бев слушнал, и почна да ме моли како и порано исто да мислиме и исто да правиме, уверувајќи ме дека тој од своја страна е подготвен да оди по мене, кој пат и да го одберам, дали да бегаме или да бидеме избрани. Тогаш, гледајќи ја неговата подготвеност и мислејќи за тоа каква штета ќе $ нанесам на целата црковна заедница ако заради својата немоќ го лишам Христовото стадо од едно прекрасно момче, способно да стои пред Бога за народот, јас не му ги открив своите мисли, иако никогаш од него не скривав ниту една мисла. Му реков дека разговорот за тоа треба да го одложиме за подоцна, бидејќи сега нема причина за брзање и така го убедив да не се грижи, туку цврсто да смета на мене како на истомисленик, доколку навистина нешто слично се случи со нас. По извесно време, кога допатува оној кој требаше да нe ракоположи, јас се скрив, а мојот пријател, кој за тоа не знаеше ништо, го одведоа под некој друг изговор и тој го прими врз себе тоа бреме, надевајќи се дека и јас, по моето ветување, секако ќе појдам по него, или уште подобро, мислејќи дека тој оди по мене. Некои од оние што присуствуваа, кога го видоа дека е тажен што така го доведоа, го фрлија во уште поголема недоумица, велејќи: "Ако оној кого сите го сметаа за похрабар (мислејќи на мене) со големо смирение се покори на одлуката на отците, тогаш не е праведно овој, кој е благоразумен и скромен, да се противи и да се гордее, упорно да одбива и да противречи". Тогаш тој ги послуша овие зборови, но кога дозна дека јас побегнав, дојде кај мене во голема тага, седна покрај мене и сакаше нешто да ми каже, но толку му беше тешко на душата што не можеше со зборови да ја изрази својата тага, туку само се обидуваше нешто да изусти и веднаш застануваше, бидејќи тагата му го прекинуваше говорот, пред нешто да каже. Кога го видов во солзи и во голема мака, и знаејќи ја причината, јас со смеа го изразив своето огромно задоволство и го фатив за рака и ја целивав, славејќи Го Бога што моето лукавство донесе толку добар плод и тоа таков каков што од секогаш сакав. Тој кога го виде моето задоволство и восхит, дозна дека јас уште пред тоа го употребив ова лукавство и уште повеќе се натажи.

7. Кога бурата во неговата душа малку се смири, тој рече: "Ако веќе ме презре и не обраќаш на мене никакво внимание, иако не знам зошто, би требало барем да се погрижиш за својата чест. Сега на сите им ја отвори устата, сите зборуваат дека заради гордоста си ја отфрлил оваа служба и нема никој кој би те заштитил од ваквото обвинување. А јас не смеам ниту да излезам во град, толку многу луѓе доаѓаат и ме прекоруваат секој ден. Некои познаници, штом ќе ме видат некаде во град, ја вртат од мене главата, но повеќето ме опсипуваат со прекори: ‘Ти – велат – си ги знаел сите негови мисли, бидејќи тој од тебе не криеше ништо што се однесуваше до него. Не требаше ти да ја криеш од нас оваа негова намера, туку да ни ја кажеш, па ние секако би презеле мерки за да го фатиме’. А јас црвенеам и ми е срам да им кажам дека и на мене ми беше непозната оваа твоја намера, бидејќи тогаш тие би помислиле дека нашето пријателство било лицемерно. Ако е така, а по оваа твоја постапка и самиот ќе признаеш дека е така, тогаш од другите луѓе, кои колку-толку нe познаваат,треба да се скрие овој наш нечесен однос. Јас не се осмелувам да им ја кажам вистината за нашето пријателство, па сум принуден да молчам и да гледам в земја, да се кријам и да ги одбегнувам оние кои ми идат во пресрет. Дури и ако го избегнам првиот прекор (заради неискреното пријателство), секако нема да го избегнам прекорот заради лагите. Тие никогаш нема да ми поверуваат дека ти и Василиј го изедначи со другите, кои не треба да ги знаат твоите тајни. Впрочем, јас и не се грижам многу заради тоа: така ти било угодно. Но, како да го поднесеме срамот од останатите обвинувања? Едни ти припишуваат гордост, а други славољубие. А оние понемилосрдните ни ги припишуваат и едното и другото, и уште додаваат дека сме ги навредиле оние кои нe бирале, за кои пак велат: ‘Го заслужија овој срам, и уште поголем од овој, бидејќи оставија толку почитувани луѓе, а избраа момчиња кои, така речено, до вчера се валкаа во овоземните грижи, па само на кратко направија сериозно лице, ги облекоа своите сиви костуми и се преправаат како да се смирени, и веднаш ги воздигнаа на толкава висина и им дадоа толкаво достоинство, за какво што не беа ниту сонувале. А оние кои од мали, па сe до длабока старост не отстапуваат во своето подвижништво, остануваат меѓу потчинетите, а сега им заповедуваат деца, иако сe уште не слушнале за законите со кои треба да се раководат во управувањето’. Постојано ме опсипуваат со такви и уште полоши прекори, а јас не знам со што да се заштитам од тоа. Те молам, кажи ми. Мислам дека не, туку така, без причина, побегна и отворено објави противење на толку големи луѓе, туку секако си се одлучил на такво нешто со некоја осмислена и јасна цел. Од тоа јас заклучувам дека имаш подготвени зборови за оправдување. Кажи, каква оправдана причина можеме да им изнесеме на нашите обвинители? А тоа што со мене постапи неправедно, јас не те обвинувам, ниту за измама, ниту за предавство, ниту за мојата наклонетост, која ја имаше цело време. Јас, така да кажам, душата своја ја донесов и ја предадов во твои раце, а ти толку лукаво постапи со мене, како да треба да се чуваш од некакви непријатности. Ако признаваше дека таа намера (изборот за епископ) е корисна, тогаш не требаше да се лишуваш од таквата корист. А ако е штетна, тогаш од таквата штета требаше да ме зачуваш и мене, кој, според твоите зборови, бев поважен од сите. А ти направи сe јас да паднам во замката и не се стеснуваше од никаква препреденост и лицемерие против оној, кој е навикнат со тебе да разговара и да постапува едноставно и без лукавост. Впрочем, како што веќе реков, јас тебе воопшто не те обвинувам заради тоа, и не те прекорувам заради осаменоста во која ме остави прекинувајќи ги разговорите од кои често имавме голема корист и радост. Сето тоа јас го оставам и го поднесувам кротко и молчејќи, но не затоа што мислам дека твојата постапка со мене беше кротка, туку затоа што од првиот ден на нашето пријателство си одредив правило никогаш да не те наведувам на самооправдување заради она со што би сакал да ме повредиш. Дека ми нанесе голема штета, знаеш и самиот, само ако се сеќаваш што зборуваа другите секогаш за нас и што ние за себе зборувавме, т.е. дека е многу корисно за двајцата ако бидеме еднодушни и ако се оградуваме со заемна љубов. Другите зборуваа дури дека нашата едносушност за многумина ќе биде од голема корист, иако јас никогаш не мислев дека можам да им бидам од корист на другите, но зборував дека така барем ние ќе имаме голема корист, бидејќи ќе бидеме недостапни за оние кои сакаат да нe напаѓаат. Никогаш не престанав да те потсетувам на тоа. Сега е тешко време, има многу злонамерни луѓе, веќе нема искрена љубов, нејзиното место го зазеде погубната омраза. Ние минуваме меѓу мрежи и одиме по бедемите на градот (Исус Сирахов, 9, 18). Има многумина кои се подготвени да им се радуваат на нашите неволји, тие се насекаде околу нас, а нема никој да сочувствува со нас, или пак се многу малку. Внимавај со ова одделување еден ден да не навлечеш врз себе голем потсмев и уште поголема штета. "Кога брат, братот свој го помага, тоа е силен град, а тој е како силна тврдина" (Изрек. 18, 19). Немој да го раскинуваш тоа единство, немој да го рушиш тој бедем. Постојано ти го зборував ова, и повеќе од ова, но ништо не предвидував, сметајќи го твоето пријателство потполно здраво, туку тоа го зборував во занес, нудејќи му лек на здрав човек. Но, изгледа дека и не знаејќи му давав лек на болен. И така, јас, бедниот, не постигнав ништо и немав никаква корист од својата грижливост. Ти одненадеш сето тоа го отфрли. Ни не помисли дека ме пушташ како брод без товар во бескрајното море, не помисли ниту на опасните бранови со кои треба да се борам. Ако се случи од некоја страна да одекне клевета за мене, потсмев или некоја друга навреда и нетрпеливост (а тоа мора често да се случува), кому ќе се обратам? Кому ќе му се пожалам? Кој ќе сака да ми помогне, да ги одбие клеветниците и да ги натера повеќе да не ме навредуваат, а мене да ме утеши и да ме зацврсти во поднесувањето на туѓите непристојности? Нема никој, бидејќи ти многу се оддалечи од оваа сурова борба и не можеш ниту гласот да ми го слушнеш. Знаеш ли колкаво зло направи? Признаваш ли, барем по поразот, каков смртен удар ми нанесе? Но, да го оставиме тоа. Она што е направено не може да се поправи, ниту пак од безизлезна ситуација може да се најде излез. Туку, што ќе им кажеме на другите? Со што ќе се браниме од обвиненијата?

8. Златоуст: Биди спокоен – му одговорив. Подготвен сум да одговарам не само за тоа што ме прашуваш, туку и за она за што ми простуваш, ќе се обидам да се оправдам колку што можам. И ако може, најпрво од тоа ќе ја почнам својата одбрана. Јас би бил многу неразумен и неблагодарен ако се грижам за мислењето на другите луѓе и би преземал секакви мерки за да ги запрам нивните прекори упатени кон нас, а при тоа ако не можам да го уверам во својата невиност, оној, кој за мене беше помил од сите и кој толку ме штедеше, не сакајќи дури ниту да ме обвини за она, за што, според неговите зборови, сум му згрешил. Би бил неразумен ако моето внимание кон него е помало од неговата грижа за мене, бидејќи тој не се грижи за него, туку уште продолжува да се грижи за мене. Значи, со што те навредив? Од ова прашање имам намера да запловам во морето на одбраната. Со тоа ли што употребив итрина кон тебе и ја скрив својата намера? Но тоа послужи и на твоја корист, иако беше измамен, а и на корист на оние, на кои со своето криење те предадов. Ако криењето во секој поглед е зло и ако никогаш не треба да се практикува, дури и ако служи на корист, тогаш сум подготвен да прифатам казна каква што ќе посакаш, или уште подобро, бидејќи никогаш не сакаше да ме казнуваш, самиот ќе се казнам така како што судиите ги казнуваат злосторниците фатени на дело. Но, ако криењето не е секогаш штетно, туку може да биде добро или лошо, во зависност од намерите на оној кој се крие, тогаш немој да ме обвинуваш бидејќи си измамен, туку докажи дека таа итрина беше употребена на зло. А додека тоа не се докаже, не само што не треба да се прекорува и обвинува, туку би било праведно дури и да се пофали таквиот за итрината, ако некој сака да биде благодарен. Благовремената итрина, направена со добра намера, носи таква корист што многумина често биле казнувани бидејќи не употребиле итрина. Ако сакаш сети се на најголемите војсководци, почнувајќи од далечното минато и ќе видиш дека нивните трофеи најчесто биле под итрина и дека тие повеќе се прославувале од оние кои победувале со непосредна сила, бидејќи овие вторите победувале со големи загуби на пари и луѓе, така што немаат никаква корист од својата победа и како победници живеат во иста немаштија како и победените, бидејќи војската им е истребена, а резервите потрошени. Покрај сето тоа, тие не можат целосно да живеат во победничката слава, бидејќи голем нејзин дел понекогаш им припаѓа и на победените, зашто се победени само по тела, а не и по дух. Бидејќи, кога би било можно да не паѓаат од ударите и кога не би умирале, тие никогаш нема да ја загубат својата смелост. Но, оној што ќе победи со лукавство, истовремено го изложува непријателот и на неволји и на потсмев. Во првиот случај и едните и другите (и победниците и победените) се пофалени за храброста, а во вториот случај не е така, туку трофејот во целост им припаѓа на победниците, а не е неважно и тоа што тие, покрај трофејот, во својот град донесуваат и голема радост, предизвикана од беспрекорната победа. Многу пари и многу луѓе не е исто како и разумната душа, бидејќи тие се трошат кога постојано се употребуваат во војна, а оние кои се служат со нив бргу остануваат без сe, додека разумната душа со употребата станува сe поголема. Ова не е така само во војна. И за време на мир можат да се најдат случаи на голема и неопходна корист од итрина, и тоа не само во работи значајни за општеството, туку и во домаќинството, во односот маж - жена и жена - маж, татко и син, пријател и пријател, дури и во однос на децата кон таткото. Така ќерката на Саул никогаш не би можела да го спаси својот маж од рацете на Саул ако не употребила итрина кон својот татко, а нејзиниот брат (Јонатан), сакајќи веќе спасениот да го спаси и од нови опасности, го употребил истото средство како и жената на Давид (1. Цар. 19, 20 глава).
Василиј рече: Сето тоа не се однесува на мене. Јас не сум ниту непријател, ниту противник, ниту сум од оние кои сакаат да нанесат навреда, туку токму спротивното. Сите свои мисли секогаш ти ги доверував тебе и постапував така како што ти заповедаше.

9. Златоуст: Но, добар мој, затоа и реков дека не е така само во војна и против непријателите, туку и за време на мир, според неволјите, понекогаш е корисно да се употреби лукавство. За да се увериш колку понекогаш тоа им е корисно не само на оние што го употребуваат, туку и на оние кон кои е насочено, оди кај некој лекар и прашај го како ги лекува болните, па од него ќе слушнеш дека некогаш не е доволна само нивната вештина, туку понекогаш употребуваат и итрина и со нејзина помош им го враќаат здравјето на болните. Кога заради тврдоглавост на болниот и покрај тежината на болеста советите на лекарите стануваат бескорисни, тогаш, по неопходност, лекарите се служат со лукавство, за со помош на него, како на сцена, да ја скријат вистината. Ако сакаш, ќе ти раскажам за една од многуте итрини кои, како што имам слушнато, ја употребуваат лекарите. Еден човек одненадеж добил силна треска и температурата сe повеќе растела. Меѓутоа, болниот ги одбивал сите средства со кои би можела да му се намали температурата. Наместо тоа, барал и ги преколнувал сите кои му приоѓале, да му ја исполнат желбата и да му донесат вино, за со него да ја згасне жедта што го мачела. Но, ако некој се согласел да му го овозможи тоа задоволство, не само што ќе му ја засилел треската, туку кај несреќникот би предизвикал и помрачување на умот. Овде сите лекарски знаења станале беспомошни, но затоа применетата итрина дејствувала силно, како што сега ќе слушнеш. Лекарот зел глинен сад, тукушто изваден од печка, го потопил во вино, но бил празен и во него ставил вода. Наредил собата на болниот да се замрачи со темни пердиња, за да не се забележи неговата итрина, а потоа му дал на болниот да пие од садот, како да е наполнет со вино. Болниот, привлечен од мирисот на виното, го зел садот в раце и без да проверува што има внатре, воден од силната жед и измамен од мирисот и полумракот, алчно испил сe што имало во садот. Штом се напил, веднаш почувствувал олеснување и ја избегнал опасноста во која се наоѓал. Ја гледаш ли користа од итрината? Но, ако ги набројувам сите итрини на лекарите, разговорот не би имал крај. Може да се каже дека, итрината не ја користат само оние кои го лекуваат телото, туку, честопати и духовните лекари. Така блажениот Павле привел кон Христа илјадници Јудејци (Дела 21, 20-26). Со таа намера го обрезал Тимотеј, додека на Галатјаните им пишувал: "Ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне" (Гал. 5, 2). Заради тоа тој бил под законот, иако оправдувањето на законот сметал дека е штета во споредба со верата во Христа (Филип. 3, 7-9). Голема е силата на таквата итрина, само ако не се употребува со лоша намера, или подобро речено, такво нешто и не треба да се нарекува итрина, туку претпазливост, благоразумност и вештина на изнаоѓање излез од безизлезна состојба и исправување на душевните недостатоци. Така јас Финес нема да го наречам убиец, иако со еден удар прободел двајца (4. Мојс. 25, 8), како ни Илија заради стотиците убиени војници со нивните педесетници и заради обилниот поток од крв кој го пролил убивајќи ги жреците демонски (2. Цар. 1 глава; 1. Цар. 18 глава). Ако тоа не го забележуваме и ако гледаме само на човечките дела, не обрнувајќи внимание на нивните намери, тогаш некој и Авраам може да го обвини за чедоморство, а неговиот внук и потомок за злочин и за измама, бидејќи некој (Јаков) го освоил првородството (на својот брат), а некој (Мојсеј) ги пренел египетските ризници во израелската војска (1. Мојс. 27; 2. Мојс. 12, 35-36). Не, не! Нема да си дозволиме таква дрскост! Ние не само што не ги обвинуваме, туку и ги прославуваме заради тоа, бидејќи Бог ги пофалил заради тоа. Измамник треба да се нарече оној кој злонамерно го употребува тоа средство, а не оној кој така постапува со здрав разум. Честопати е потребно да се примени итрина за со неа да се донесе голема корист, додека човекот кој оди само право, честопати му нанесува голема штета на оној од кого не ги крие своите намери.


--------------------------------------------------------------------------------

* Овој Василиј би можел да биде епископот рафанејски, бидејќи Рафанеја е блиску до Антиохија во Сирија, каде што Златоуст тогаш живеел.
Црковниот историчар Сократ Схоластик (петти век) мисли дека овој Василиј бил свети Василиј Велики. Но, тоа не може да биде тој, бидејќи свети Василиј Велики е постар од Златоуст и не бил школски другар на Златоуст, а и не е ракоположен во Антиохија, туку во Кесарија. Цариградскиот патријарх Фотиј (+891.г.) мисли дека тоа е Василиј Селевкиски, кој бил на Четвртиот (Халкидикиски) вселенски собор во 451 година, значи, многу помлад од Златоуст. Според тоа, не може да биде ниту тој. Други сметаат дека тоа е Василиј Рафанејски, кој се потпишал на актите на Вториот вселенски собор одржан во Цариград во 381 година. Тој би можел да биде Василиј за кого Златоуст пишувал.
** Свети Јован Златоуст бил ракоположен за презвитер од Флавијан, епископот антиохиски, во почетокот на 386 година. На оваа книга "Шест беседи за свештенството" на крајот е додадена и Златоустовата беседа по ракополагањето за презвитер. Оваа беседа се нарекува негова прва беседа која ја кажал во црква. Таа се однесува на "самиот себе, на епископите и на народот".




[1] Антуса, мајката на свети Јован Златоуст, останала вдовица во својата дваесетта година.




 

Посети: {moshits}


Архимандрит Лазар (Абашидзе)

 



Колку малку простор оставаме во нашиот живот за вистинската вера! Колку нештата, со кои е исполнет нашиот живот, навистина ги правиме со вера? Нештата што ги правиме ниту оддалеку не се сите „според верата“, макар што ни изгледа дека денес многу сме се потрудиле „заради Бога“. А и самата вера може да биде различна: дури ни верата не е секогаш силна, спасоносна: но и бесовите веруваат, а треперат (Јаков 2:19) - демоните не само што веруваат, туку, дури, ни најмалку не се сомневаат во постоењето на Бог, во постоењето на рајот и на пеколот, па дури и знаат сигурно дека ќе бидат предадени на вечниот оган во пеколот заради своите зли сплетки, а сепак не помислуваат да се поправат. Голем број луѓе изјавуваат дека длабоко веруваат, покажуваат извесни постапки дека навистина во извесна мера веруваат. Па сепак, и тука најчесто не се работи за вера којашто спасува!

Која е, всушност, верата којашто човекот го прави заедничар со Бога?

Постои вера којашто го доведува човекот до патот кој води во Царството Небесно, како „воведна вера“, и постои „активна вера“, „жива“, „вистинска“ вера којашто веќе води по тој пат и нè воведува низ самата врата. Или, уште, и вака: едната само води до царскиот дворец, но не смее да влезе внатре, зашто не познава никој од царските слуги, а втората има познанства, добри врски со дворјаните, може да дојде дури и до Самиот Цар, за да го претстави некој свој познаник и да го препорача на Самиот Цар. Меѓутоа, не значи дека првата вера нема никакви надворешни дела и дека е само „вера без дела“ (Јаков 2:17), како што често мислиме. И тука можат да постојат мноштво дела, па дури и „бурна“ активност, коишто сепак не се дела од длабока вера, туку обратно: со внимателно проучување, тие дури сведочат за слаба, тромава, полужива вера. Тие дела кријат во себе голема примеса неверие и сомневање, и попрво се работи за доверба во самиот себеси отколку за доверба во Бога и во Неговата совршена Промисла. И едната и другата вера се манифестираат формално: само што првата работи „според логиката“, „според разумот“, со „пресметливост“ и со „внимателност“, а втората со тајни сили коишто ì се недостапни на логиката, коишто дејствуваат според сосема други закони, поточно, според некое длабоко внатрешно чувство на Божјото присуство и препуштање на самиот себеси на Него, препуштање на текот на Неговата прекрасна Промисла, како што човек се препушта на водената струја кога сака да плива.

Раководејќи се само со „почетната“ вера, човекот сè му доверува на својот разум и на пресметката (макар што донекаде се прилагодува и го управува текот на своите расудувања според христијанските книги и православната наука), но туке сè уште нема вистинска доверба во Бога и самопожртвување. Тука сè уште постои оној „шаблонски“ принцип: „имај доверба, но проверувај“. Да, човек како да се плаши дека ќе згреши, дека ќе се излаже, како таквата внимателност да е сосема оправдана (зашто, како во спротивно би ги разликувал лагата и лажните пастири, лажните браќа, ако човекот не проверува со својот разум, со читање, со споредување?). Па сепак, без оглед на тоа, во тоа нема жива врска со Бога. Затоа на човек не може ни да му се објасни во што е неговата грешка, каде нешто важно превидел, зашто тој ќе разговара мошне логично, разумно, „исправно“. А се работи токму за тоа човекот да се откаже од таа разумност и да се препушти на „безумието“ на верата (1 Коринтјаните 3:18-19). Но тој повторно ќе каже: „Можам да се препуштам на таквото „безумие“, но прво морам да размислам за да не згрешам“. Значи, човекот како да оди кон Бога, но „оди сам“, често размислува за Бога, но „сам“, со „својот ум“, работи нешто заради Бога, „по вера“, но работи со „свои сили“, „со сопствена ревност“, со проверена и добро проверувана „вера“ тој се „моли“, но не Го моли Бога, туку Му „говори на Бога за самиот себеси“. Човекот тука е самоиницијативен и само ја „осигурува“ оваа своја иницијатива со „молитва“.

Активната вера започнува дури тогаш кога човекот ќе се препушти на „патиштата Божји“, кога ќе му здосади неговата сопствена „логика“, „грижливост“ и „разумност“, кога ќе го обземе некоја необјаснива „безгрижност“, „неразумност“ и „несообразност на мислите“ и кога наеднаш во ова „безумие“ на верата ќе се открие нејзината сопствена прекрасна, хармонична логика, највисок разум, некоја друга, многу поубава и поидеална сообразност на поимите, но сето тоа сега веќе споре други закони и правила коишто во целост се пронижани со присуството на тајната и со најблиското присуство на Самито Творец и Промислител на светот. Кога човек ќе стапне на патот на живата вера, тој не мора многу да размислува, да прави логички системи, туку само да чекори напред и да ја наоѓа хармоничната и жива вистина којашто се наоѓа пред него; тој веќе не ја пресметува исправноста на постапката, туку само се учи да спознава каде е волјата Божја, од која негова страна обично се открива и што му пречи за да ја види. А тоа е една сосема поинаква вера!

Кога човекот учи да плива, успехот го постигнува дури откако на крај ќе научи да се опушти и да и се „препушти“ на водата - дури тогаш водата го одржува на својата површина без каков и да е негов напор и напнатост. Но, штом ќе ги згрчи мускулите - телото како камен почнува да тоне. Покрај сето наше „религиозно спознание“, „духовна начитаност“, „познавање на православните канони“, „знаење на верските догмати“, останува уште едно големо прашање: оставаме ли ние во нашиот живот место за Самиот Бог  да нè води, да нè подучува, да нè оживува заради општење со Него? Со допирот со живата вера започнува преминот на човекот во нова состојба, кога тој самиот станува сè помал во својата свест, а Бог сè поголем, кога човечкото се топи, а Божјото се шири во неговото срце, кога душевното му го отстапува местото на духовното. Дури тогаш започнува автентичен духовен живот. Сè што постоеше пред тоа, претставуваше само мечтаење за духовен живот.

Жива вера е кога човекот го бара Бога веднаш, тука, кога тагува што со Него нема живо општење, што некаков ѕид му го заградува патот кон Бога Кој, всушност, е сосема блиску; кога повикува и бара од Него само живототворен допир. Тој не верува само во Бога, туку, исто така, Му верува на Бога. Другата „вера“ е повеќе „предворје“: човекот само мечтае за Бог, верува во Него, но верува во некој далечен Бог кон Кој треба долго да се оди со сопствени сили и со сопствен разум, а патот да го определува според ѕвездите.

Кога навистина започнува „верата на верата“ и „живеењето според верата“? Кога сме поверувале со разумот дека Бог навистина постои и дека Тој ги создал сите нешта? Дека секогаш нè гледа, дека ги знае сите наши постапки и мисли? Дека, порано или подоцна, ќе застанеме пред Него и ќе дадеме одговор на проживеаниот живот и на слични прашања? Ако сето ова сме го прифатиле и сме поверувале, сме се „наштимале“ за таквото верување, ако сме Му го потчиниле нашиот поглед на светот, ако сме подготвени со збор да исповедаме сè што сме примиле, тоа, сепак, сè уште не е онаа жива и активна вера. Дури ни кога во нас постои извесно чувство на страв и на стравопочит пред Божјите патишта, голем број возвишени мисли и воодушевени изблици на чувства при читањето на Светото Писмо и на поуките на светите отци, уште многу нешта можат да недостасуваа до почетокот на вистинската вера! Тука може да бидат присутни уште многу нешта коишто исходат од нас самите, многу наша самоиницијативност, „примитивна“ извештаченост, а само малку место за да дејствува Самиот Бог, Неговиот Живототворен Дух!

Кога трпеливо се држиме до молитвата, кога го повикуваме Господа, Го молиме за помош, тагуваме што „не нè бидува за ништо“, се молиме за милост, спасение и за поука, кога го славиме Бога и Му благодарием - сето ова е веќе почеток на живо обраќање и на вистинска вера. Но, дали и тука навистина „молиме“ и „бараме“, „се каеме“, или само застануваме во молитвена поза, а од себе очекуваме добро и правда, чистота и светост? ... Но, Господ не рекол: „без Мене нема да ви биде лесно да го правите тоа што го сакате“, туку рекол: „Без Мене не можете да направите ништо“ (Јован 15:5). А колку често се напрегаме самите и се обидуваме да истиснеме некое добро од себе, без воопшто да прибегнеме кон Божја помош во срцето, обраќајќи ì се на силата Божја само формално, а во суштина сè очекуваме само од самите себе! Најчесто и најмногу од сè сиот товар, како и сета пресметка и сето подигање на зградата на нашата пристојност се потпираат врз нашиот разум, на неговите префинети и хармонични конструкции, на полетните мисли коишто ни изгледаат како најсветли и најсјајни расудувања. Но, токму тоа е најголемото зло. Накратко кажано, за да се моли, човекот, пред сè, треба да се смали! Дури и денес, кога човекот заминува во манастир, отфрлајќи ги на крај сомнежите, двоумењата, отфрлајќи ги нечиите одвраќања и наговарања против таквиот чекор; кога и тука се труди, се моли и, дури, настојува да живее исправно и во склад со поредокот, сè уште многу место може да остане за истиот оној егоизам , и сè уште може да не постои живото општење со Бога.

Но еве, на прв поглед, човекот извршува различни работи во манастирот, по „послушание“, се труди и живее според оние правила и мерила коишто му се укажани, сите нешта ги прави по „благослов“, понекогаш дури и самите околности го бараат тоа од него, и тој веќе не „живее според својата волја“ - што уште е потребно за да оживее неговата вера?

Меѓутоа, сите луѓе работат, и оние што веруваат, и оние што не веруваат. Овие последните често против својата волја поголемиот дел од животот и од работата го исполнуваат по нечија заповед, по присила  или од страна на луѓе, или од околностите, и тие често, совладувајќи ја слабоста, стануваат од креветот штом зората ќе зазори, и одат на тешка и монотона работа, често се смируваат и кротко ги поднесуваат тешките и неправедни навреди и сиромаштијата. И тие често времето го минуваат во читање или во некое ракоделие, размислуваат за ова или за она, и тие целиот свој живот го минуваат според јасно зацртани правила и распореди. А сето тоа е без вера и затоа е залудно. Но, и во манастир човекот може да биде без длабока вера и исто така да се навикне на истите оние општочовечки тешкотии, да се навикне на местото, да се задоволи со одреден надворешен мир, со „непроблематичност“, и самата внатрешна смиреност ја смета за почеток на духовниот живот и за извесно почетно достигнување, за благодатен плод. Всушност, исто така е можено, слично на маловерните или на безверните луѓе, едноставно тука да го проживее својот век во извесно жално спокојство, како во полусон, не познавајќи го живото општење со Бог, само мечтаејќи за себе како за човек кој живее монашки.

Постои голема соблазна вистинскиот христијански живот, страдалничкиот пат, со многу плач, патот на барање вистинска чистота и праведност, да се замени со живот во духот на фарисеите, со смирување на својата совест во хармонични и правилни рамки на церемонијалност, со уредување на надворешниот живот, со блескава игра на разумот којашто радува со својата возвишеност, со игра на разумот којшто настапува во улога на красноречив оратор. Зарем е малку тоа што живееме на осамени места или на места донекаде лишени од современиот комфор, што не се забавуваме секојдневно гледајќи ја блескавата, бучната и весела арена на светските разоноди? Но, и мирјаните често живеат и се трудат на некое место коешто е лишено од комфор и разновидост, и тоа воопшто не го прават заради задоволување на своите силно изразени страсти, туку само заради некој мал мир којшто го дозволува најскромната плата. Значи, нашиот живот, при отсуство на жива, активна вера може, навидум, да стане наивна, но во суштина обична световна, земна „гунгула“ со исти грижи и нервози како и во светот, со исти ситни перфидно потхранувани приврзаности и страсти, коишто цврсто се вгнездиле во длабочините на срцето и само однадвор да добива облик на духовност, да биде украсена со религиозност. Сето ова е дамнешна болест, фарисејски квасец, на кој Господ ги предупредувал сите Свои ученици.
 
Во манастирот законот на послушанието е основен и неопходен услов за манифестирање на живата вера, која сè повеќе оживува и навистина води до Бога. Само тука се дава место на Бога; токму тука човекот мора постојано, со самите дела, да ја покажува својата вера и реално, а не имагинарно, да го спознава дејството на себлагата Божја Промисла, всушност, да го чувствува приближувањето и грижливиот допир на исцелителната и спасоносната Десница Божја. Ете каде е потребна само и единствено верата, а сите лични „умеења“ и „мудрувања“ ја губат сета смисла, па дури и многу пречат. Единствено тука се раѓа самоодрекувањето, одрекувањето од самиот себеси. Дури тука започнува вистинското чекорење кон Бога. Вон овој закон, сиот труд, макар и да е „најдобродетелен“ и „општествено полезен“, во суштина малку вреди, зашто не е осветен. Така е и со водата: макар и да е најчиста и напрозрачна, многу се разликува од водата којашто е осветена во храмот: првата ја гасне само физичката жед, ја измива само телесната нечистотија, додека осветената вода исцелува и ги чисти душевните болести и нечистотија, и носи во себе духовна сила.

 



подготви: д-р Драган Михајловиќ

 

Посети: {moshits}

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1216
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1761
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1173
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…