логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 21

На христијанинот му претстои двојна битка, и тоа внатрешна и надворешна; последната се состои од оддалечување од земните разоноди, а првата се одвива во срцето со помислите што ги сугерираат лукавите духови.

1. Оној што сака вистински да Му благоугодува на Бога и навистина ја замразил спротивната страна на злобата, потребно е да води битка Crkva.ptici.jpgпреку подвизи и борби од два вида: во видливите работи на овој свет да се оддалечува од земните разоноди, од љубовта кон она што го врзува за светот и од гревовните страсти, а во скриените работи да се бори со духовите на злобата, за кои апостолот рекол: „Нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата" (Ефес. 6, 12).
2. Откако ја престапил заповедта и бил истеран од рајот, човекот е врзан на два начина и со двојни окови: во овој свет со житејските дела, љубовта кон светот, т.е. кон плотските задоволства и страсти, кон богатството и славата, имотот, жената, децата, роднините, татковината, местото и облеките, со еден збор, кон се што е видливо, од што словото Божјо заповеда да се одврземе доброволно (затоа што секој човек доброволно и се приврзува кон се што е видливо), па откако ќе се одврзе човек, ќе се ослободи од сето тоа, да може да стане совршен исполнувач на заповедите; скришно, пак, ја заплеткуваат, ја валкаат и со оковите на темнината ја оковуваат душата духовите на злобата, па така таа не може ниту, колку што сака, да Го љуби Господа, ниту, колку што сака, да верува, ниту, колку што сака, да се моли, затоа што од времето на престапот на првиот човек спротиставувањето во се, и отворено и скришно, завладеало со нас.
3. Затоа, кога некој, откако ќе го слушне Божјото слово, ќе стапи во подвиг, ќе ги отфрли од себе житејските дела и врските со светот, ќе се откаже од сите плотски задоволства и ќе се одврзе од нив, тогаш, истрајно насочувајќи ја мислата кон Господа, тој може да дознае дека во срцето постои една друга борба, друг скришен отпор, друга битка на помислите од лукавите духови, и дека му претстои еден поинаков подвиг. И на тој начин, со несомнена вера и големо трпение непрестајно повикувајќи Го Господа, очекувајќи од Него помош, можно е уште овде да се здобиеме со внатрешно ослободување од оковите, мрежите, ограничувањата и темнината на лукавите духови, т.е. од дејството на скриените страсти.
4. Оваа, пак, битка може да биде прекратена од благодатта и силата Божја, затоа што човекот, сам по себе, не е во состојба да се избави од отпорот, од скитањето на помислите, од невидливите страсти и сплетките на лукавиот. А ако некој е призврзан кон видливите работи на овој свет, се заплеткува со многуразличните земни врски и се предава на злоштетните страсти, тој нема да познае дека внатре во него има друга борба и битка. И о, камоли човекот, кога со напор ќе се оттргне и ослободи од овие видливи светски окови, материјални грижи и плотски задоволства, и ќе почне постојано да се прилепува кон Господа, да се трга настрана од овој свет, па макар и по ова да дојде до состојба да ја познае борбата на страстите, којашто се вгнездува внатре во него, и внатрешната битка, и лукавите помисли! А ако, како што рековме погоре, не се откаже со напор од светот, не се одврзе со сето свое срце од тоа да ги посакува земните нешта и не добие желба целосно да се прилепи кон Господа, нема да ги познае скришните измами на духовите на злобата и потајните злоштетни страсти, туку ќе си остане туѓ на самиот себе, затоа што не ги знае сопствените рани и, имајќи ги во себе скриените страсти, нема да ги осознае, но уште и доброволно се приврзува кон видливото и се прилепува кон световните грижи.
5. А оној кој вистински се одрекол од светот, се подвизува, го симнал од себеси земното бреме, се ослободил од суетните посакувања, од плотските задоволства, од славата, кариерата и човечките почести, и со сето срце се оддалечува од ова, тој - кога Господ во овој видлив подвиг му помага кришум, според мерката на откажувањето на волјата од светот, и кога тој самиот целосно, т.е. со телото и душата се зацврстил и постојано престојува во служење на Господа - наоѓа во себе отпор, скриени страсти, невидливи окови, скриена битка, невидлива борба и невидлив подвиг. И на тој начин, испросувајќи од Господа, добивајќи од небото духовни оружја, какви што ги набројал блажениот апостол: оклопот на правдата, шлемот на спасението, штитот на верата и духовниот меч (Ефес. 6,14-17), и откако ќе се вооружи со нив, ќе може да им се спротиви на скришните сплетки на ѓаволот, вложени во лукавствата што тој ги составува, Откако ќе ги стекне овие оружја преку молитвата, трпението, просењето, постот, а најмногу од се преку верата, ќе биде во состојба да се подвизува во борбата со началствата, властите и светските управители. А на тој начин, откако во содејство со Духот и преку својата ревност во сите добродетели ќе ги победи спротивните сили, ќе стане достоен за вечниот живот, прославувајќи го Отецот и Синот и Светиот Дух. Нему слава во вековите! Амин.

 

Издавач: ЃаконијА

Посети: 309

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6449
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5636
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная