логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020 15:45)

Го знаете сите евангелието за сејачот и семето. Знаете дека имаше зрна семе кои паднаа покрај патот, на камен и во трње, и кои не донесоа плод. И знаете дека имаше зрна семе кои паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едни сто, други шеесет, а други триесет. И го знаете Христовото објаснување за зрната семе посеани на добра земја: „а посеаните зрна на добра земја се оние што го слушаат словото и го примаат и принесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто“. Тоа се оние луѓе кои смирено се подвизуваат и кои, во свое време, носат плодови, според вистинитите Христови ветувања. И тоа значи дека едните од нив го чистат своето срце од страстите, дека другите го просветлуваат својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва и дека третите се обожиле и станале синови Божји по благодат и миротворци.

И претпоставувате дека секој еден од нас, што ги сее зрната од семето на побожноста, внимава на два момента. Првиот и најважен е зрната да не се расипани или празни, што зависи од тоа дали говориме вистина и дали ја живееме таа вистина. Ако не говориме вистина – зрното е расипано, а ако не ја живееме вистината – зрното е празно. Дали говориме вистина и дали ја живееме таа вистина, пак, зависи од просветленоста на нашиот ум и дарот на умно-срдечната молитва. Со други зборови кажано, ако немаш влезено и допрено до своето духовно срце, нема да влезеш и нема да го допреш ни туѓото, па не знам каква вистина да зборуваш; напротив – можеш само да станеш наметлив и одбоен. Вториот е дали зрната паѓаат на добра земја. Вториот момент, не зависи толку од сејачот.

Тоа што зависи од сејачот е малку да ја подготви земјата на која паѓаат зрната. Во таа смисла примете го и моето толкување на ова евангелие: семето што паѓа покрај патот ги објаснува оние „христијани“ што се поистоветуваат со нацијата, или народот, или племето и родот, на кои им припаѓаат по крв и по култура. Не може словото Божјо да донесе плод во оној што наместо со Христос се поистоветил со нешто друго, и затоа го изгубил својот христијански идентитет. Семето што паѓа на камен ги објаснува оние „христијани“ што се поистоветуваат со државата во која се родени. Не може словото Божјо да го прими длабоко во себе и тоа да му донесе плод на оној што својата сигурност ја потпира на овој свет и неговите сили, а не во Бог. Семето, пак, што паѓа во трњето ги објаснува оние „христијани“ што се поистоветуваат со некоја партија. Не може словото Божјо да донесе плод во оној чиј разум и тело се расеани по световните грижи за задоволување на своите телесни и душевни страсти. Тоа се трите темнини кои низ вековите незабележливо се напластиле и одомаќиниле меѓу „христијаните“, кои ако не бидат тргнати, напразно се сее семето.

Неверието и поистоветувањето, за мене, се една и иста темнина, затоа што имаат ист резултат – одрекување од христијанскиот идентитет. Затоа и кога пишувам ги ставам на исто рамниште, на пример: мнозина од оние христијани кои ќе се пробијат низ темнината на неверието и на поистоветувањето со државата, народот и партијата, само телесно стануваат членови на Црквата, крстени и причестени итн., затоа што не ја откриваат тајната на восогласувањето на начинот на својот живот со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаат, како и со местото и улогата што ги имаат во Црквата; и во најдобар случај, душевно остануваат во областа на религиозната невроза. Од овој пример уште гледаме и дека не е доволно и само формално да се стане христијанин, туку треба верните да ги краси и живот христијански, и тука, како клучна, се појавува улогата на духовниот отец – посебно во делот на восогласувањето на нивниот живот со тоа што треба да претставуваат. И, уште се подразбира дека духовниот отец нема задача национално да освестува, туку духовно да преобразува. Нема ништо полошо од пропагирање лажен патриотизам во црквата. А, и различни се алатките за двете различни цели. За втората цел, алатка е самиот духовен отец.

Само оној духовен отец што ќе го сочува својот христијански идентитет, односно Божјата благодат во себе, а истовремено ќе покаже пастирска грижа, проследена од конкретни подвизи и жртви (на пример – монаштво), за нацијата (народот), државата и партиите (не, партијата!), меѓу кои делува, само тој ќе успее, како спроводник на благодатта, да го направи плодоносно сето тоа за кое пастирски се грижи, во слава Божја. Значи, на поистоветувањето му се спротивставуваме со пастирскиот антиномичен пристап. Се одрекуваме и од својот световен идентитет и, ако треба, и од сѐ свое, па дури и од својот живот, само и само за да го сочуваме Христовиот, односно христијанскиот идентитет, и во исто време, благодатно, светотаински, го преобразуваме и осветуваме и својот световен идентитет, и личен и народно-соборен.

А, што се однесува до соборноста на Црквата – нека не ве збунуваат луѓе неуки, загубени во лавиринтите на дуализмот! Сум ви рекол дека соборноста е, пред сѐ, аскетско-исихастичка, односно суштина на животот на човек кој своето срце го очистил од страстите и го добил дарот на умно-срдечната молитва, а потоа и црковно-евхаристиска. Ама од каде да го знае тоа тој што нема опит, т.е. неукиот? Очигледно е, по последните црковни случувања, дека соборноста на Црквата не се содржи толку во национално-административната поделба и црковните јурисдикции, зависни од овосветската политика и демонскиот етнофилетизам, а посебно не во нивните формални врски и односи, туку, пред сѐ, во срцето способно да го собере и да плаче за целиот свет...

Ние сме тие кои треба да Го следиме Светиот Дух Господ и да сме украсени со Неговите плодови; Он сигурно нема да нѐ следи нас во нашите раскол-проекции, помесни поделби и нељубов. Затоа и Христос Богочовекот вели: по плодот (на умно-срдечната молитва, оти нема друг) ќе се препознаете меѓу себе, а не по видот на дрвото и големината на гранките (а не по големината на националните цркви и нивните јурисдикции, како и по нивната политичко-религиозна поврзаност). Нашата вера е во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква.

А, поопшто, плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон (Гал. 5, 22–23). Е па..., нема... И нема ни да има...

Ви пишувам, ако сакате да имате некаква врска со Светиот Дух на Црквата, инаку слободни сте да си терате како што сте си тргнале...

Пресвета Богородице, просветли ја нашата темнина и спаси нѐ!
 

Митрополит Струмички Наум

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7289

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1107
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1046
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…