логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Епископ  Велички Гаврил Светогорец

ЧУДО 33.
За подмладување на еден старец

Bogorodica.Isus.z1.jpgВо братството на еден британски манастир имало еден добродетелен монах, кој имал голема љубов кон пресвета Богородица и многу ја почитувал. Штом ќе го чуел нејзиното име или кога сам ќе го прочитал, паѓал на колена и говорел: „Богородице Дево, радувај се!"
Тој верен љубител на Божјата Мајка, кога остарел, се разболел и не можел да се подигне од старост, па затоа игуменот му доделил еден човек да го служи. Еднаш кога не бил таму слугата, а тој сакал да стане, но не можел, тогаш се натажил. Погледнал на иконата на пресвета Богородица, рекол со вера: „Преслатка моја Владичице, помогни ми!" Во тој час таму се нашла света Богородица и му рекла: „За големата љубов што ја имаш кон мене, ти давам уште триесет години да живееш на овој свет; да имаш сила каква што си имал пред триесет години". Штом го рекла тоа, станала невидлива. А монахот кога се видел здрав, се заборавил од радост. Другите браќа кога го виделе тоа чудо, Ги прославиле Бога и пресвета Богородица, а тој секогаш мислел за овој чуден дар и ја почитувал и ја славел пресвета Богородица. Амин.

ЧУДО 34.
За тоа како света Богородица помирила двајца скарани монаси

Во ист манастир имало двајца калуѓери што постојано се карале. Едниот бил многу богобојажлив, па секогаш Го молел Бога да му прости на собратот за се што прави. Другиот, пак, бил горделив и секогаш го клеветел собратот пред игуменот, божем правел гревови. Кога го чул тоа првиот, многу го сожалувал оној што го клевети без причина, па од срам веќе не му се живеело во манастирот. Но, тврдата надеж во Бога и во света Богородица дека тие ќе ја откријат неговата невиност за да не остане посрамен пред браќата, го задржувала. Еднаш кога биле в црква на утрена, на Божја служба, го видел својот клеветник како стои до него без срам поради неправедните клевети, па не можејќи да ја поднесува неговата близина, излегол оттаму и отишол во малата црква, каде што паднал на земја и со солзи се молел и говорел: „Пресвета Богородице, надеж на очајните и помошнице на беспомошните, избави ме од неправедни клевети". Кога тоа го рекол, ја видел пресвета Богородица како стои во олтарот до Светиот престол заедно со еден свет маж; се клањале и ја пееле песната: „Слава Отцу и Сину и Свјатому Духу"7. Во тој момент света Богородица го погледнала со весело лице и му рекла: „Јас Му се молев на Мојот Син да те ослободи од срамот и Тој го просветил твојот клеветник да се покае за да си ја спаси душата од вечната мака". Тогаш овој се обрнал кон неа, па и рекол: „Те молам, Владичице, кажи ми, кој е тој што стои до тебе и зошто се молите и се поклонувате кон исток?" Света Богородица му одговорила: ,,Тој е свети евангелист Јован, кој ми е даден за син од Христа кога висеше на крстот и немој да се чудиш зошто се клањаме на Бога. Како вие што сте на земјата и пеете и Ја прославувате Пресвета Троица, така и ние на небото се клањаме и се радуваме кога пеете „Достојно и праведно ест..."8. Откако го рекла тоа, Мајката Божја си отишла на небото, но во црквата се осетило силно богоухание, од кое клеветникот дошол во умиление и пред сите изјавил дека без вина го клеветел својот собрат. Потоа клеветниот го кажал пред сите браќа видението што го имал и тие ги прославилс Бога и света Богородица. Амин.

7. „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух".
8„Достојно и праведно е да Му се поклонува на Отецот, Синот и Светиот Дух, Троица единосуштна и неразделна" - со оваа молитва започнува Канонот на Евхаристијата на светата литургија.


ЧУДО 35.
За блудниот војник, чии гревови биле простени по молитвите на Мајката Божја

Имало еден војник кој живеел многу развратно. Тој имал жена, која била добродетелна и богобојажлива и непрестајно го поучувала и го молела да ги пости Богородичните пости. По многу време, таа добра жена го научила на покајание и тој во чест на Мајката Божја ги држел постите за Успение на пресвета Богородица, а, исто така, и пред секој Богородичен празник постел по еден ден. Таа го научила уште и да Му се моли на Бога и пред иконата на света Богородица да вели: „Богородице Дево радуј сја!"
Еднаш кога влегол в црква и се молел пред иконата на света Богородица, наречена „Семилостива", видел преславно чудо: Милостивиот Бог му се јавил за да му го смири срцето и да си ги намрази своите гревови: ја видел света Богородица како го држела малиот Исус, чие тело било целото покриено со рани, од кои течела крв како од чешма. Кога го видел тоа војникот, се уплашил и срцето му се смирило; плачел горко и со воздишки и се молел на света Богородица, велејќи: „Преслатка моја Госпоѓице, моли Му се на Бога за мене нечестивиот да ми ги опрости гревовите". Тогаш чул глас од иконата, кој говорел: „Вие, грешниците, исповедате дека сум Мајка на милостите, а со вашите гревови ме правите да сум мајка на јадовите". Кога го чул тоа, тој паднал ничкум, плачел и велел: „Владичице моја! не гневи се на мене бедниот; ти си помошница и молителка за грешните, помилуј ме и моли се за мене, оти твојата молитва ја прима Благиот Христос".
Зборувајќи така, лежел на земјата, се молел, не смеејќи да си ја подигне главата; чул како света Богородица Му зборувала на Христа: „Сладок Мој Сине! Заради мојата љубов, помилуј го овој грешник, зашто се моли со солзи и си ги кажува гревовите". Господ Исус Христос одговорил: „Не Ми додевај за него, о Мајко, бидејќи не е достоен да му простам". Света Богородица пак му рекла: „Помни ја, Чедо Мое, и познај ја мајчината љубов со каква усрдност сум Те хранела, прости му на овој грешник". - „Право е, о Мајко, не можам да не Те послушам, но треба да говориш според правдата!" - „Не сакам, рекла Света Богородица, да го судиш по Твојата правда, но по Твојата голема милост, затоа што од срце се моли". „Многумилостива Мајко, да не Ти е тешко што не Те послушувам, рекол Исус; помисли дека и Јас, кога Ме распнуваа се молев на Мојот Отец, но не Ме послуша".
Кога видела света Богородица дека неговите многубројни гревови ја исклучуваат Божјата милост, ги свиткала колената и приклонила глава да Му се поклони на Исуса за да Го умилостиви. Но Исус кога видел дека ќе Му се поклони, не Ја оставил, но и рекол: „Во Законот е напишано дека секој треба да ги почитува татка си и мајка си, па поради тоа ја примам Твојата молба и му ги простувам гревовите, но нека дојде да Ми ги целива раните". Кога војникот го чул тоа, се зарадувал и отишол да Му ги целива раните. И за чудо големо, секоја рана штом ја целивал веднаш оздравувала, и така една по една сите рани оздравеле. Кога го видел тоа чудо, се уверил дека му се опростени гревовите и Им благодарил на Бога и на пресвета Богородица и си отишол радосен во својот дом, па и раскажал на жена му за се што видел. Потоа, во договор со жена му, го раздале целиот свој имот и отишле, тој во машки, а таа во женски манастир, каде што живееле богоугодно и си ги спасиле душите.

(Продолжува)

  • Чудата на Пресвета Богородица (XI дел)
  • Чудата на Пресвета Богородица (IX дел)
  • Чудата на Пресвета Богородица (VIII дел) 
  • Чудата на Пресвета Богородица (VII дел)
  • Чудата на Пресвета Богородица (VI дел) 
  • Чудата на Пресвета Богородица (V дел) 
  • Чудата на Пресвета Богородица (IV дел)
  • Чудата на Пресвета Богородица (III дел)
  • Чудата на Пресвета Богородица (II дел )
  • Чудата на Пресвета Богородица (I дел)



    Поуки од Светите Отци

    krusevoexport

    Духовност

    Декември 05, 2019
    7.Vselenski.sobor

    Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

    Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
    Ноември 12, 2019

    Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

    Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

    Свети великомаченик Димитриј Солунски

    Ное 09, 2019 Житија 130
    st-demetrius
    Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

    Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

    Ное 07, 2019 Беседи 296
    7.Vselenski.sobor
    Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

    Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

    Ное 04, 2019 Беседи 181
    Uspenie.Bogorodica.jpg
    Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

    Беседи

    Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

    Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

    Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

    Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

    Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

    Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

    митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

    митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

     Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

    Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

    Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

    Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

    о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

    о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

     Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

    Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

    Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

    Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

    Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

    Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

     Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

    Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

    Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

     Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

    БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

    БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

    Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

    « »